Шала на страна, ми нема нешто понезрело и поповршно од верување кај возрасни дека пријателство меѓу маж и жена е невозможна ствар. А и заборавате дека постојат геј луѓе, па значи само стрејт личности од вашиот пол доаѓаат во предвид за пријатели. Зарем секоја особа од полот што ве привлекува ја гледате како потенцијален партнер...?
Ебате идејата. Него.. што е тоа што можеш да научиш од мажи, а не можеш од жени? Баш ме интересира...
Многу пати сум фрустриранa кога слушам од машка страна дека не можат да бидат пријатели со мене, само затоа што ме сметаат за убава и се прашувам себеси: Каква врска има убавината, со пријателството? Напротив, сакам да се дружам со убави луѓе (внатре и однадвор). А што е со поставување на граници, почит, искреност ..... Глупав изговор за нашите примитивни инстинкти. Признавам, мојата реакција може да биде: „Ах, ова е она што го нарекувам убав маж“, мојата долна вилица стигнува до подот и смешно - глупавиот израз со веѓите кога ќе го видиш Но, тоа е ирелевантно за мене, сакам да го гледам како мој пријател и едно убаво доблесно човечко суштество и секогаш да остане така. Ако се сака може да се биде пријател со спротивен пол,се е до нашите искрени намери,не е се во сексот бе луѓе.
До сега колку и да сум пробувала да воспоставам пријателски однос со машко секогаш флертувале и си пробувале нешто поише .. Така да незнам ств што да мислам за оваа тема ..
А зошто да не постојат пријателства и кај поголеми деца од 20,30,40 тина.....години? Ако нашиот партнер(дечко,девојка,сопруг,сопруга)е наш најдобар пријател од спротивен пол,со кого делиме телесна и духовна љубов,зошто не би можеле да сакаме и друго човечко битие од спротивен пол и да ни биде добар другар со кого ќе делиме само спиритуална љубов? Не ја гледам поентата,спротивниот пол да го гледаме само како секс објект за расплод. Тоа е нашата грешна падната природа.
Не можеш да разбереш пошто не си машко. Ама еве пак ќе ти објаснам. Машките имаат многу поголеми нивоа на тестостерон од жените - со тоа значително поголем сексуален нагон. Што значи, ако ти си убава нивното тело им кажува дека си погодна за секс што значи не постои можност за другарство. Затоа сите другарства што постојат помеѓу мажи и жени се од времето кога не биле во пубертет. Заклучок: од биологија не се бега. Ако некое машко се впушти во таква пријателска врска што по мене е лоша идеја тоа за него е uphill battle против најосновните инстинкти.
Не се согласувам со тебе,драг мој пријателе,бидејќи секој здрав човек без разлика на пол има сексуален нагон. Разликата меѓу нас и животните е во тоа што ние сме совесни битиа и можеме,само ако сакаме, да си ги контролираме нашите нагони. Нема белки на секој маж кој ми се допаѓа да му барам,во смисла: "Дај ми бе,а ако не ми дадеш ич не му ја мисли да ми бидеш пријател" И што ако е убав ? Супер за партнерката што ја има,ужива со него.Тоа не е пречка да бидам искрен пријател со него и покрај тоа што ме привлекува физички и духовно. Мислам дека Вие мажите сте само големи бебиња и си се самосожалувате и ги оправдувате Вашите слабости.
Би бил другар со тебе ако ми кажеш зашто да се мачам кога можам да бидам другар со машко со тебе нешто друго.
Не е биологијата крива за фактот што машките патат од хроничен неебитис, за жив грев да ги гледаш по чаршија како скокаат од женско на женско, со еден единствен критериум - вагина да имаат меѓу нозе. На раат да не е една жена од накотени пичко патеници.
Не велам не, тешко беше дур најдов другари ради постоењето на овие неебнатите. Инаку имам другар кон никогаш ми се нема пуштено ни пак јас го имам гледано на тој начин. Чудно, знам. Додуша ве сфаќам ако сте средно и ова да мислите. Ако сте постари ... Имам лоши вести за вас.
@Anon е само искрен, па и во право. Зборам од лично искуство, тешко со машко само пријател/другар ..макар да, имам еден другар хомосексуалец - е со него сум на чисто.
Е па тука лежи проблемот,што на пријателство со спротивен пол се гледа како на "измачување" а не како "љубовен подвиг". Критериумот,искрената намера,чистотата на нашето срце..... Зборувам за наша меѓусебна коегзистенција,не се белки мажот и жената создадени само за "онаа работа",создавање на потомство и толку... За пријателство ич да не правиме муабет. Позз.
Ама верувам и другите шо пишиме поинаку е од искуство. 5-6 години се дружам со исти машки индивидуи и три години се дружам со машко кое можам да речам дека ми е најдобар другар, а не е дечко ми. Ако некој неебнат гледа шанса во секоја женска индивидуа и неќи да троши време на неа ако не "му дај", ама би трошел исто време и пријателство на пријател од машки пол оти ништо "не му должи" е апсурдно, ниско и ептен ептен за греота. Додуша и јас не би сакала таков во моја близина па би биле на иста фреквенција.
Да искрен е,ама дали е во право не сум сигурна.Тоа е само негов став и на многумина други. Мислам дека многу пропуштаат. Вака ќе си набиеме комплекси мои драги дами,убавината што ја поседуваме ќе си ја сватиме како пречка,проклетство а не доблест.
И јас не се согласувам со Анон. Геј машко не може да има најдобар другар? Имам другари, периодов не толку блиски (од други причини се имаме дистанцирано). Со еден имам спиено во ист кревет, па никому ништо. А убава девојка сум, и згодна. Да, кога ќе се запознаам со ново машко што одма иницира "пријателство", ретко е тоа со искрени намери. Ама не значи дека секое машко во женско гледа прилика за секс. И жените имаат потреба од секс, па не рипаат на секој згоден. Мажи со вакви размислувања само покажуваат други ниски вредности.
Па е измачување ако очекуваш од твоите другари да те гледаат во очи кога ти имаш длабоко деколте на пример Ако ти се облакаш во тренерки, не се шминкаш, косата ја носиш во репче... Тогаш да, ќе пиеме пиво и ќе гледаме фудбал. И ќе бидеш пеер тогаш. Ќе бидеш one of the guys. А ако сакаш да бидеш женствена девојка тогаш го ставаш другарот во тешка ситуација кај што од една страна те гледа како другарка и сестра а од друга како девојка што го пали. И тоа е моето прашање. Зашто да се ставам во таква ситуација? Крај краева, реков еднаш, не разбирате зашто ме сте машки. Затоа читам коментари од типот и ние имаме сексуален нагон, не треба да ме водат ниски страсти ти реков ми рече. Имај мадиња една недела и ќе те прашам.
Се развиваат чувства, да не се лажеме. Некогаш у ист период, па од тоа излегува прекрасна врска, некогаш у различен период, па ако се пројде тоа и секој си најде друг партнер, пријателството може да опстои. Мене бар тоа ми се случи. Иако сум сигурна дека другар ми има чувства за мене, сепак јас сум во врска, но се приметува дека кога ќе се спомне дечко ми или он ако го спомне, друга реакција и слично. Сепак, ништо отворено ми нема спомнато и затоа уште и се дружиме, а така беше и порано дур беше обратно од моја страна. Се правам дека немам приметено затоа што не сакам долгогодишно другарство да расипам и секако не ни има нешто друго шо можам да напраам у ситуацијата. Кога ќе најде и тој женска сигурна сум дека тоа ќе му пројде зошто и кај мене беше така кога бевме помали. Во тинејџерски години најтешко е вакви другарства да се одржат, после е полесно, бар од мое искуство. Пошо сега се дружам со колеги, никој не го гледам на поинаков начин од тоа, се е сосем колегијално и другарски. Можеби затоа што не ми се толку блиски или зошто имам партнер, но друго е во средно, кога одеднаш 600 емоции у ден осеќаш, тогаш е најкритично за вакви другарства. Сепак сакам да верувам дека има вакви другарства.
Значи сакаш да кажеш по дифолт дека жените треба да бидат грди и несредени само за да можат да седат и да се дружат со машки пријател ... Со самото тоа покажуваш дека ти се водиш како индивидуа со многу ниска свест со самото тоа што неможеш да си ги контролираш нагоните кога би видел убава и привлечна жена па дури и да не ти е пријател.. И немој да мислиш дека само ти имаш мадиња и тоа ти е некоја привилегија да гледаш на работите на тој начин со чист примитивизам на потребата за олеснување на твоите потреби. Епа си патиме од таквите видови како тебе со расипани умови и ниска свест при што на жената и преостанува да биде покриена од глава до пети за ти да можеш да си го исконтролираш нагонот иначе она е крива што шетала со кратки сукњи и деколте..