1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Или во превод: најмногу што може да се извлече од една девојка е секс или романтично партнерство. Другото е трошење време и мачење. Не ме ни чуди што немаш другарки. :D

    Ептен ми се жални маженцава што тврдат дека вакви пријателства не се возможни бидејќи само откриваат кое мислење го имаат за женскиот род. Би се согласила конкретно за нив. Со нив не е возможно ни пријателство, ни врска, со тие размислувања.

    Темава е outdated. Вакви ,,дебати" се на ист интелектуален ранг како Дали да се дружам со луѓе од други националности? или Како да се облекува една девојка за да не ја наречат лесна?
    Ало луѓе што ви е. Не е ни прашање дали две индивидуи од различен пол можат да имаат пријателство. Очекувам вакви примитивни дилеми да се јавуваат само кај 13 годишни или инсели што мислат на секс 24/7.
    Имам стрејт атрактивни машки другари. Ни тие мене ме гледаат ко секс објект ни јас нив. Бидејќи сме разумни човечки суштества што не сметаат дека луѓето од спротивен пол се средства за ебење и ништо повеќе.
     
    На IM.TMKQ, Someonespecial, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Мене ми пропадна едно пријателство од таа причина,чувства од двете страни и престанавме да контактираме :wasntme:
     
    На Anon и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Зошто пак се фаќаш за машкоста,хормоните итн,ги земаш како оправдување.
    Се сметам себеси за модерна жена,но не нападна во облекување,носам и тренерки и не се шминкам понекогаш,но никогаш не би се осмелила да се појавам во јавност несредена како и на било кој начин да го ставам на искушение мојот пријател со мојот изглед.
    Решение според тебе е
    "Бурка"или да се запуштиме ние жените ?
    Назад во камено доба?
    Само изговор за оправдување на телесната слабост.
     
  4. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не... Не разбираш или погрешно си разбрала.
    Убаво е објаснето на крајот од постот. Зошто би се замарал било кој маж да гради машко-женско пријателство кога носи потешкотии само по себе?

    Јас секако дека можам да ги контролирам нагоните. Ова не е муабет за мене лично.

    Поентата е ова: замисли дека си голем љубител на мали кученца. Слатки ти се и сакаш да ги галиш и да ги сакаш и се.
    Арно ама некој ти вика дека не смееш да ги третираш како кученца туку ќе ги третираш како волци. И на крај ти вика, па види, ако сакаш,ако не не мора да бидеш околу нив. Логично би одбрала да не се ставиш во таква ситуација.

    Секако... Сега ќе морам да ширам и понатаму зашто секој си разбира како си сака... Не води тоа кон жените да бидат во бурки. На работа имаме професионален однос и дрес код.

    Башка да отворам една друга димензија на проблемов:
    Ова се ме потсетува на една ситуација кај што еден машки член на форумов раскажа ситуација кај што тој ја тешел девојката што му била другарка, а во која бил заљубен и ја слушал низ солзи како му објаснува дека посакува да има дечко како него.
    Што ќе се случи ако некој од двајцата се заљуби во другиот? Не зборуваме за секс сега. Нема муабети за нагони итн. Чисто љубов. Што тогаш?
    И пак, зашто да се приближам до личност, да се отворам, да бидам искрен и да зборувам со неа за работи што би можел да ги расправам со машко другар, кога во секое време демне опасноста да јас во неа се заљубам и да ми биде до знаење ставено дека не постои иднина тука зашто сме другари.

    It's just unwise на крајот од денот.
     
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Види јас немам "телесна слабост". Смешен ми е терминот искрено.

    Јас имам пишувано на темава. Ако земеш да бараш ќе ми ги најдеш постовите.
    Не е дека немам другарки. Туку неколку пати ми се имам десено девојки што сум ги сметал за другарки да развијат чувства за мене. И сум сфатил дека оваа идеја за машко женско другарство е едноставно лоша идеја. Кога постои алтернативата за машко-машко другарство оваа првава идеја бдеднее во споредба.
     
  6. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Според почетокот на напишаното ти самиот избираш дека ќе има потешкотии во едно пријателство меѓу маж и жена заради тоа што тоа е твој начин на гледање на работите и уште од самиот старт жената како единка ја гледаш како предизпозиција да се заљубиш во неа. И тука одма отпаѓа во вода секое можно пријателство што ти би го воспоставил со женско бидејќи едноставно не веруваш во пријателство воспоставено со жена и тоа е тоа. Ти одиш по твојата програма што ти се всадила и си ја имаш зацртано и затоа можеби неможеш да разграничиш што би преставувало пријателството.
    Затоа и постојано го потенцираш пријателството меѓу маж со маж затоа што мислиш дека секоја воспоставена комуникација со жената веднаш може да прерасне во љубов и привлекување.
    Јас не мислам така..
    Секој трга најпрво од себеси безразлика дали е или не е моабет за тебе лично. :)
     
    На Dessa и Lella им се допаѓа ова.
  7. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Па добро,твој став,но лошото искуство што си го имал со другарки,не е причина да ги избегнуваш сите девојки во иднина кои навистина посакуваат да ти бидат искрени пријателки.
    А и не е толку страшно ако се јават невозвратени чувства.
    Животот продолжува....
    Мислам дека самите ние си се повредуваме, а не луѓето.Нашата суета.
    Не ги избегнувај жените за пријателки,верувај ми.....(и оние убавите:)).
    Не знаеш во кого се крие вистината:)
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Секоја воспоставена комуникација? Не. Не. Не...

    Значи за мене другар е нешто повеќе од познаник, колега, некој со кој сум се нашол на кафе. За мене другар значи брат. Во добро и во зло.

    За такво ниво на блискост зборам кога зборам за другарство.

    И пак не ми одговори како ќе ги спречиш мажите и жените да се заљубуват едни во други и со тоа да или ги уништуваат другарствата што ги граделе или да страдаар тивко знаејќи дека љубовта им е невозможна.
     
  9. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Па не ги избегнувам. Едноставно не се зближувам повеќе одошто мислам дека е мудро.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Тешко на бисексуалните луѓе (посебно мажи пошто нели поголем сексуален нагон имаат), според „експертиве за биологија“ како Анон треба да гледаат сè што мрда како потенцијален сексуален партнер и да немаат воопшто пријатели :( (facepalm) :D
     
    На VoodooGirl, IM.TMKQ, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Јас неможам да ти кажам како да спречиш нешто :rofl::rofl:
    Ти сам треба да си се познаваш доволно за да знаеш како да постапиш. Чим неможеш никако да спречиш да се вљубуваш во жени ..
    Не им се случува на сите мажи и жени што се долгогодишни пријатели со фамилии и све такво нешто. Пак ќе искоментирам дека секој трга од себе од своите верувања и гледишта.:)
     
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Значи според логикава мажите што имаат пријателки се хомо, јер прав маж не може да го обузда својот нагон кон секој шо има П меѓу нозе и ради тоа нема женски другарчиња:drunk:
     
    На Anie93, Mantub, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ах,мудро!
    Понекогаш нашиот мозок може да не збуни,многу прашалници.Според мене поважно е како ќе ја доживееш личноста преку срцето.
    Постапувај како ти вели срцето.
    Јас сакам да верувам и одлучувам да верувам во машко-женските пријателства,со сите разочарувања попат:)
    Позз
     
  14. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Значи на темава зборам општо. Дали е добро или лошо да се градат машко-женско пријателства. Не зборам за себе лично. Јас немам проблем од ваков тип.

    Ти ми одговараш како јас лично да имам личен проблем. И ми се чини, се со цел да избегнеш да дадеш контрааргумент. Ок не мораш.
    Добра карикатура на муабетот. Јак придонес кон темава. Секоја чест.

    Види ако сакате да правите straw man нема да си го губам времето.

    Ако сакате да дебатираме со аргументи тука сум.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Ама Аноне, ти збораш како било кај мнозинство. Ти можиш да збораш само за себе и затоа сите тебе те земаат за пример.
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Зависи од индивидуите како гледаат на поимот пријателство. Ако се дружам со некого очекувам фер однесување, а не потајни желби
    (ако веќе ме засакал не би си дозволил да ми ги "вреѓа" почетно поставените граници т.е би нашол разумен начин како да си каже, а не подмолно да се наметнува)
    . Сум била приморана да селектирам некои личности оти ме гледале на начин на кој што јас не го оправдувам.
     
    Последна измена: 12 јануари 2020
    На Traveler91 и Dessa им се допаѓа ова.
  17. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ужасно ми се гади како во Македонија речиси никој не верува дека такво пријателство е изводливо. Искачаш со машко и одма те буцка цела фамилија за потенцијалниот "зет". (facepalm)
     
    Последна измена: 5 август 2021
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Така некако ќе му дојде
     
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Лично, многу подобро се разбирам со мажи генерално. И кога веќе генерализирам, мислам дека тоа произлегува од фактот за стрејт ток, нема скрито-покрито.

    И изгледот не е секогаш тема за некаков изговор.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Многу т'нка работа. А не треба да биде така, но така се програмирани луѓето од околинскиот фактор, повеќе од често да не се гледаат како личности, туку полот им е пресуден.
     
    Последна измена: 6 август 2021
    На venus♡ и Hoping им се допаѓа ова.