Не постои во Саудиска Арабија, овде не гледам причина зошто не би постоело. Отсекогаш сум имал повеќе женски другарства него машки, и коа сум бил во врска и коа бев свршеник и коа сум бил сингл, без разлика. Порано беше 60-40 во корист на жени, денес е уште повеќе, некаде 80-20. Претпоставувам дека тоа до некаде се должи на фактот што отсекогаш сум бил да кажам "разгален" од страна на женски лица низ детство а можеби не е тоа. Што и да е, имам филтер и без разлика на нивниот изглед не ги гледам како сексуални објекти во никој случај. И нормално, си има детали во дружење кои човек ги може со машко и кои со женско иако и тоа веќе се менува последно време. И што со тоа, нит сум се пропедерчил нит ништо, едноставно така биднало во животот да имам многу повеќе женски пријателства. Она што можам да кажам е дека женските пријателства во поголем дел се покажале како потрајни и поискрени, а тука се и еден куп братучетки кои уште повеќе го потенцираат сето ова. Не знам на која планета живеат оние кои тврдат дека пријателство не било можно.
Можно е секако, ако сакате пријателство. За воља на вистината, јас своите партнери скоро секогаш сум ги бирала од група пријатели/соработници, затоа што потребно ми е многу време да стекнам доверба и не се спанџувам никад со мажи кои ги знам недела/две, месец/два. Потребно ми е многу повеќе време за да се опушта. Сум расипала едно пријателство поради моите чувства кои не беа возвратени, но не поради чувствата, туку поради потребата мојот "пријател" да има пријателка со која ќе може да флертува, да му го дрка егото, да пие кафе, да се дружи, да си исполнува време и да си ги пополни сите емотивни празнини додека не си најде соодветна сексуална партнерка. Технички, не сум расипала пријателство, туку сум раскринкала саможивник тежок, и од оваа перспектива драго ми е што тоа пријателство/врска не постојат, затоа што само би страдала непотребно.
Ова е интересна перспектива, никогаш не би рекла дека машките пријателства се помалку трајни. Мислев само женските пријателства се тенки со издржливост. Лично, скоро сите пријателства ми биле со машки, тие со женски се бројат на една рака и чудно завршиле. И држава сменив и пак можам да речам дека е истиот тренд. Не гледам разлика во градење однос со маж или жена, градиш однос со личност, не со неговиот пол.
Постојат ама ретки се или скоро и да не постојат, повеќето на крајот завршуваат со чуства/симпатии еден спрема друг или пак само едната личност а другата не. За жал кратко траат.
Немам машки другари веќе. И тој еден што ми беше се заљубивме, дечко ми беше и не заврши добро. Од мое искуство не верувам во вакви другарства.
Да, можно е машко женско другарство . Според мислење на мој другар другарството ќе трае се додека женската страна не ги пречекори границите. Можеби и е во право . Познавам и бивши партнери кои денес се многу добри другари . Мислам дека тоа најмногу зависи од карактерните особини на двете лица .
Верувам дека постои, а и самата сум дел од машко-женско пријателство. После моето семејство и мојата најдобра другарка, другар ми е личност во кој имам најмногу доверба. Се запознавме сосема случајно кога ни беше најтешко, а маката не натера да станеме блиски, да се здружиме, карактерно се сложуваме, се споделуваме и си помагаме. Го почитувам премногу како личност пред се и како другар, а и тој мене.
Верувам но доколку дружењето е во одредена мера.Доколку е преголема блискоста секогаш едниот ќе развие чувства, барем моето искуство со блиски другари заврши така.
Jas veruvam vo masko-zenski drugarstva. Imam 5 drugari i se druzime so godini. Nikogas nisto ne sme imale edni so drugi nitu pak se gledame na toj nacin. Nie sme best friends forever sto bi se reklo i taka ke ostane.
Не верувам во машко/женски пријателства. Секогаш од некоја страна ќе се развијат чувства. Јас немам пријатели од спротивниот пол а не би ни сакала да имам.
Зашто да немаш? Јас баш би сакала. Одма ќе го ќарам ако ми се свиѓа. Мислам дека најубавите врски од пријателство започнуваат. Why not.