Па баш затоа затоа што никогаш не верувам дека машко -женско пријателство би било искрено пријателство секогаш ќе се родат чувства од некоја страна.
Верувам во машко женски пријателства, повеќе машки другари имам отколку женски и многу подобро со машки се разбирам, испаднаа полојални другари во мојот случај.
Многу се ретки машко - женските пријателства, бар оние искрените. Ги има, ама како Халеева комета. Повеќето се лажни и само чекаат шанса да биде нешто повеќе.
Postojat se duri ne bidat rastureni od ljubomora na partnerite. Inaku masko prijatel e bogatstvo da imas za nas zenite. Poiskreno prijatelstvo ne postoi. Od pricona sto nie zenite sme nogu ljubomorni i zavidlivi i se gledame kako konkurencija
Тешко опстануваат овие пријателства поради околината и испревртените дезинформации кои ги шират личности кои немаат попаметна работа.
постојат. Јас имам најдобар другар, се дружиме над 15 години. Сега и на неговата вереница сум и една од најдобрите и најблиски другарки.
Имам повеќе другарки, пријателки, со години, најдобри другари ми биле девојки, се чувствувам среќен во врска со тоа. Жените се пред сѐ луѓе, немам наклоност да размислувам во однос на нив како „месо“, не ми било проблем да сум во friendzone (никогаш поради ова не ми страдало „егото“), некои мажи не разбираат дека „дружењето“ со жени им дава искуство, им овозможува цел спектар на поинаква „перцепција“ на светот ... Надминување на сексуалноста е исто така ослободувачка, иако сум имал другарки кои биле многу посексуално налонети од мене, и кон мене.. Мислам дека луѓето се губат во погрешните претстави за другиот пол и затоа не им успева комуникацијата. Жените се многу послични до мажите отколку што мажите мислат, но и многу поразлични.
Постојат, најчесто се меѓу девојки и геј момци, но има и меѓу момци и девојки кои се хетеро. Вториве се поретки поради тоа што голема е веројатноста едниот од нив да развие некакви чувства и да сака да ја премине онаа граница (friend zone). Во моја околина познавам само едно машко-женско пријателство на две хетеро особи (мои школски) кое опстанало, двајцата се во брак ама девојкава и девојката (сега сопруга) на другарот, станаа многу блиски, овој ги запозна. Често ги гледам на вечери, собиранки, се дружат веќе и фамилијарно како парови. Јас сум во првата категорија, имам две најдобри другарки со кои се дружиме повеќе од 15 години. Збориме за се, од најбош муабети, до најинтимни работи и проблеми. Двете се во брак, али не се од оние што кога се мажат, ги гледаш само на крштевка или на детски роденден. Бракот и децата не ги изменија, истиот жар на дружба го имаме како и пред 10/15 години.