Навистина верувам во машко-женски пријателства и мислам дека машкото е многу подобар другар од женското затоа што знае подобро да чува тајни и нема потреба да дрдори на некој друг за тоа што му имаш доверено. Јас имам повеќе машки другари и навистина ми е пријатно кога си правам муабет со нив. Исто така мојот дечко ми беше другар подолго време пред да ми стане тоа што ми е денес и навистина ми е мило што се случи по таков пат зошто го знаев многу добро и ми одговараше како личност, многу брзо ми стана мил и некако чобек од доверба уште тогаш. Сакам да кажам дека повеќето случаи од ваквите пријателства можеби и завршуваат со врски но оние кои не завршат така се навистина искрени пријателства и вреди да се имаат.
Од цело мое женско друштво, само јас верувам во вакво пријателство. Сите останати велат дека не постои и дека не веруваат. Јас повеќе преферирам да се дружам со девојчиња, но сепак имам еден другар, кој не би го менувала за ништо на светов. Не се знам премногу долго со него, но сме толку блиски, толку верни еден на друг што тоа никогаш не сум го постигнала со некоја од другарките. Секоја можна тајна што сум му ја кажала, останала запечатена во неговите мисли, никогаш ништо не кажал, ниту пак јас сум кажала. Машките многу подобро знаат да чуваат тајни, знаат да те ислушаат кога ти е најтешко, а не како некои другарки едвај чекаат да завршиш со твоето „гњавење“, а и секогаш е добро да се слушне совет од спротивниот пол, да се дознае како размислуваат машките и слично. Машко-женско пријателство-постои, дефинитивно.
Дефинитивно мислам дека постои такво пријателство бидејќи и самата имам машки другари кои дефинитивно повеќе ги ценам од женските. Сепак сметам дека тоа е индивидуално за секој ...... досега сум немала случај некој другар да почнам да го гледам како нешто повеќе или пак они мене. Секако дека на машките не можеш да им кажеш некои работи како што би кажала на женско ама за ислушување се секогаш тука и знам дека од нив нема да излезе што сум кажала, знаат да го чуваат за себе она што им го кажувам и затоа ги ценам
Уверена сум дека постојат такви пријателства бидејќи имам машки пријатели, ама од искуство знам дека ако сакам да бидеме пријатели и понатаму не смеам да имам поинакви чуства кон него.
имам САМО машки другари ...да оние кои никогаш не би ме погледнале со други очи , никогаш немало измешани чувства , од мали нозе се знаеме поминале толку години а сеуште сме истите за разлика од девојките , машките во пријателствата се далеку пофер и посикрени во секој поглед лично многу сум се разочарала од другарките, така да мали се шансите некоја да добие прилика да ја заслужи мојата доверба ..се откажав , добро ми е и без нив си имам јас другари за во добро и лошо , можеби се бројат на прсти но сепак ги имам
И јас мислев дека имам машки другари но видов дека се лажам.Другари кој во секој момент ти кажуваат леле колку ме палиш ти се јавив да те слушнам а и да ти кажам дека моментално го д*кам на тебе.Чекај бе ти што се занесуваш така ме изнервира и сега едвај здраво му вика.Со еден демек другар другар на училиште нон стоп заедно и ете бидна нешто....Така да од лично искуство не верувам...
Во врска со машко-женските пријателства, моето мислење е дека постојат, меѓутоа за одржување на ова пријателство, потребно е многу повеќе па може да се каже и труд на почетокот, за јасно да се постават границите помеѓу двајцата, односно ако е пријателство во прашање, отворено да се зборува за можната симпатија помеѓу двајцата и да се отстранат сите надежи дека истите би стапиле некогаш во љубовна врска. А љубовта си постои, секако ти го сакаш тој пријател и тој тебе, меѓутоа треба да си подготвена, како и тој дека вашата љубов цел живот мора да остане платонска, ако сакате пријателството да успее...
Mislam deka ne postoi..iako cesto se obiduvam da go dokazam sprotivnoto.. zosto mi se svigaat mnogu deca i taka mi se prijateli no stalno se smekame nekogas namerno nekogas ne...kolku i da mislam deka nekoj mi e prijatel vo nekoi momenti mi se slucuva da go posakuvam na nekoj nacin...:/
Имаше еден филм мислам и во него една девојка многу убаво кажа: Кога се запознаваш со момче , во истиот миг го ставаш во една од двете групи. Или е boyfriend material или не. Тие што не се boyfriend material одлучуваш дали сакаш да ти се пријатели или не. Работата е во тоа што не во сите машки, може да видиме потенцијален партнер. Во оние кои гледаме дека нема шанси да се стапи во интимен однос, веднаш гледаме да поставиме друга релација-другарска. Ова секако не важи за сите, не е правило. За мене конкретно да, кога с запознавам со некој веднаш знам дали би можело нешто да испадне од тоа, правам некоја крута проценка и предвидување. До ден денес имам пријател, кој понекогаш ме разбира за се, и најпогоден ми е за муабет. Машки совети вредат мнооогу повеќе и се далеку поискрени одколку советите на женските пријателки.
Според мене машко-женски пријателства постојат.. во моето друштво сме неколку женски и само едно машко но супер си се сложуваме, делиме тајни, разговараме, тој знае се за мене, јас се за него..секогаш ми дава совети.. супер е. машките знаат да бидат и подобри пријатели од женските (не оговараат, искрени се, итн итн...)
Хммм па не знам дали верувам....Еве пример:во друштво сме 4 женски и 4 машки.Ние женскиве никогаш немавме помислено на нешто повеќе со нив кога почнавме да се дружиме.Ама поинаку испадна.Еден од нив ја засака другарка ми и малку се оддалечија тие двајца.После тоа двајца од машкиве со другиве две другарки се муваа краток период.А додека се тоа се случуваше јас и еден од нив прво се шмекавме,па се смувавме само еднаш.Сега сме сите во ок односи,дури се опуштивме до тој степен што буквално за се разговараме и се си кажуваме.Заедно сме постојано,ама сепак неможам да дефинирам дали ова стана вистинско пријателство?
Да, постои во одредена граница. Немам најдобар другар, т.е. имав, но мислам дека тој може да те теши и смее кога ти е тешко, заедно да кажувате вицеви и да се смеете, но сето тоа да има одредена граница..значи ако сте 24/7 заедно и ако кога тој треба да оди некаде со некој другар, а претходно си го викнала со тебе, и се јави љубомора-тогаш тоа е дефинитивно повеќе од другарство. Не верувам во толку блиско другарство меѓу машко и женско. Koга-тогаш барем едниот ќе почне да чувствува нешто повеќе.
Во принцип, повеќе ценам машки пријателства. Машките не се толку покварени ко женските и ценат другарство повеќе. А да не зборам па за тоа дека не се лутат за ситни глупости и не замеруваат како што прават девојките.
Јас искрено верувам во машко-женски пријателства и имам многу другари што од нив не сум слушнала коментари што покажуваат дека се заинтересирани( покрај тоа што сама сум свесна дека сум убава и атрактивна)за мене на тој начин. А прилично сум блиска и многу искрена со еден другар, заедно пораснавме, заедно учевме а никогаш немало ништо повеќе, јас знам се за него, тој знае се за мене и не ни сметаат коментарите од другите во врска со тоа и искрено да, јас верувам во ова пријателство само што проблемот е што никој друг не верува
Според мене, не постојат. Имам многууу докази за тоа. Порано кога се дружев со една другарка, имаше еден другар, значи баш како брат и сестра беа.Секој пат искачавме со него.Премноу се дружеа, и сеа сеуште се дружат. Но,еден ден другарками ми кажа дека уствари тој другарот е нејзина најголема љубов... Значи пазете, тој се и кажува за девојки, денес бил со оваа, утре ќе искача со оваа, и оваа другаркава се си ќути а во себе врие и ден денес тој не осетил дека оваа уствари го сака него... Се чувствуваат како брат и сестра,сеуште. Е чим толку големо другарство, има љубов, не верувам во другарства помеѓу машко и женско. Ја искрено сум немала другар за машко,добро сеа.. Баш онака најдобар другар не.. Се или они во мене ќе се заљубеа или ја ќе ги засакав... и така пропаѓа другарството...
машко-женски пријателства верувам но до одредена мера сум имала добар пријател до средно ми бил како брат се сме си кажувале ме советувал но тоа е се ниту во еден момент не се јавила привлечност помеѓу нас тоа е до самите личности колку ги разликуваат односите од другар до љубов е сега има и такви кои ги познавам кои од другарчиња преминале во врска искрено иако велат дека таа врска е најдобра јас не мислам баш така затоа што тој мене и јас него за се сум му се доверила со кој сум била како ми било и од утре заедно па тек на расправија да ми префрли или како што споман девојката над мене таа го сака а тој не ни забеежал и несвесно ја повредува со тоа што се и се доверува инаку за пофалба е тоа колку се само машките добри другари за разлика од нас девојките кои секогаш за се лутат или си њубоморат една со друга и секогаш се исмејуваат една со друга пред дечковци и сл
Па во повеќето случаи да, ама не е правило. Ако и двајцата си имаат граница, и знаат кој е максимумот на нивната релација, тогаш не мора да значи дека ќе се појават чувства. Или ако само на машкото на пр.му се појават чувства, тој може да преќути, и да ја помине таа фаза, без девојката да знае.
И јас еднаш го кажав ова . Но навистина кога е искрено пријателство постои. Имам пријател од машкиот пол и не би го менувала за ниту една жена . Долги години се познаваме без интереси и желби едноставно тука сме за нас и тие околу нас од време на време. Тоа трае од детството па до денес ... и никој не може да го смени тоа .Во него имам втор брат .