Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. wild-rose

    wild-rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    5
    Јас веќе незнам ни што ми се случува со другар ми девојки кажете?
    Јас сум заљубена во едно дете(си се муваме и најверојатно ништо не му значам) и ми се случува некогаш да си се исплачам кај другар ми, тој буквално знае се за мене, јас знам се за него, си го сакам како брат, заедно пораснавме, заедно учевме и се друго, си имаме разбирање еден за друг, ама од друга страна е многу атрактивен(па и јас) и искрено многу го ценам начинот на кој се однесува кон девојките(таквите како него се навистина ретки). Јас бев многуу опуштена со него, и тој со мене, и сите баш сите мислеа дека има нешто меѓу нас, цело друштво не зезаше дека ние сме идеален пар, создадени еден за друг ова она...и нас тоа не ни сметаше, само се смеевме на тоа, затоа што јас знаев дека тој има друга и ме сака како другарка и тој знаеше дека сум заљубена во друг, секогаш излегувавме заедно во друштво, си титкавме, се шегував за неговите девојки, тој се шегуваше за овој мојов(другар негов е) ама пред некое време моја добра другарка ме шокира...таа исто излегува со нас, се шегуваше на наша сметка дека си одговараме, исто слободна со него...призна дека го сака.сега почна да се менува се.тој си има друга, ама осеќа нешто кон другарка ми, зборував со него и сака да раскине со таа што е сега за да има нешто повеќе меѓу нив. Верувајте, кога разбрав за нив се радував буквално како дете мало со играчка, и прва сум нивната врска да успее, ама сега е напнато. секогаш кога излегуваме пазам што зборам, више сите пазат да не излета некоја шала за нас, за да не биде љубоморна, не сум така слободна како што бев за таа да не ме свати погрешно и се одалечувам од него, тој забележува ама што да правам. Сега сум јас љубоморна, затоа што ми недостига све од што се тргнав, глупостите кои ги правевме заедно, муабетите, зафрканциите, одење-идење, не сакам да го изгубам само затоа што таа е љубоморна. Го знае само 4 год, а мене цело детство со него ми помина со него... што да правам, сакам се да биде како порано пред тој да ми се налути зошто правам така и толку се повлеков...
     
  2. kikeee

    kikeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    za wild-rose

    поразговарај со другарка ти, кажи и дека ти не можеш залудно да го оставиш целото детство зад себе, кажи и дека другар ти стварно ти значи, и дека нема причина таа да биде љубоморна зашто ако веќе можело да се случи нешто помеѓу тебе и него, веќе одамна ќе се случело.. па ако ти е вистинска другарка ќе сфати.. Со среќа :D
     
  3. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Не верувам во машко- женски пријателства! Дефинитивно машките како пријатели се поискрени,подобри од нас жените но според мене кога тогаш ќе се појави нешто повеќе од пријателство, било од машка, било од женска страна.. Ама затоа пак верувам во искрени женско - машки ( читај геј ) пријателства ! :)
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Мој совет ти е да не се одалечуваш од таков другар кога веќе толку се знаете и како што гледам ептен го сметаш за другар .... врската помеѓу него и другарката може да трае само недела, месец и да раскинат ако воопшто и почнат да одат а ти со него се знаеш ехххххеееееее ...... затоа биди си како што си била, другите што сакаат нека зборуваат, а она би требало да сфати и крај тоа е ...... тешка ситуација ама нема потреба да го изгубиш другар ти поззз :)
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Постои се разбира. Не можам да се заљубам во некој кој од самиот почеток не ме привлекувал и во него сум гледала само пријател. Мислам дека си е индивидуално кај секој човек.
     
  6. i-v-i

    i-v-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    НЕМА ТАКВИ ПРИЈАТЕЛСТВА ! (од лично искуство :D ) ..освен ако едниот е хомо..е сега можеби некој ќе ме нападне бидејќи смета дека има вистински другар или другарка односно верува во машко женско пријателство..но нека подразмисли дали е убеден во тоа дека немало нема или ќе нема било какви чувства и погледи од своја или спротивна страна.Секако тука не спаѓаат оние површни пријателства (пр подалечни соученици колеги и слично).зборувам за најдобри пријатели ;)
     
  7. wild-rose

    wild-rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    5
    Мој совет ти е да не се одалечуваш од таков другар кога веќе толку се знаете и како што гледам ептен го сметаш за другар .... врската помеѓу него и другарката може да трае само недела, месец и да раскинат ако воопшто и почнат да одат а ти со него се знаеш ехххххеееееее ...... затоа биди си како што си била, другите што сакаат нека зборуваат, а она би требало да сфати и крај тоа е ...... тешка ситуација ама нема потреба да го изгубиш другар ти поззз :)Имаш право,...
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    буквално се согласувам ... и јас имам најдобар другар долго време и во него гледам втор брат како и он во мене што гледа сестра ... ако пријателството е искрено ке опстои ...
     
  9. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    108
    Мислам дека постои пријателство помеѓу машко и женско... имам многу машки другари. :)
    ... се е до тоа како ќе се поставе женското... :!:
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Се согласувам :) постојат и тоа како .Имам доста другари , и супер се согласуваме ...дури знаат да бидат и подобар другар од женските.Е сега нормално дека доколку покажувате симпатии кон нив , можеби ќе преземат нешто повеќе.Добро кажа се е до поставеноста.
    Имам неколку другари со кои ептен добро се сложувам , и во ниеден момент тоа не преминало во нешто повеќе ....туку напротив како браќа си ги сакам :)
     
  11. V.Unknown

    V.Unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Да, постојат. Имам толку многу другари и тие ќе ми останат само другари и никогаш ништо нема да се деси помеѓу нас. Еднаш кога ќе погледнам некој како поблизок пријател, неможам да бидам со него па светот нека се преврти. Имам 2 најдобри другари со кој што сум више од 5то одд што се вика и се случило на пијано или незнам што да се пољубиме, но потоа се останало исто помеѓу нас, исто ко да не се ни случило. + повеќе ми прилега машко отколку женско друштво, бидејќи многу девојќи ми имаат набиено нож во грб а таков случај со машко не сум имала. По драги ми се машките, но тоа е мое мислење. :)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.869
    Има гооооооооооолема веројатност во одреден момент кај некој од нив да се јават чувства, а потоа не е исто. Не сакам да генерализирам, сигурно има и некои кај кои не се јавиле чувства, ама во најголемиот број - да.
    Можеби на помлади години ова повеќе се случува. Мене кумот ми мнооогу добар другар, со него можам да разговарам за се и сешто. Значи тој ми е другар, кој сум го запознала преку маж ми. И со него контактирам многу повеќе од колку маж ми што контактира. За чувства никогаш не може да стане ни збор, ама друго е, сум го запознала кога веќе сум била во врска, и другар на маж ми е... тоа е сосема друга ситуација.
     
  13. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Мислам дека може и верувам дека постојат машко-женски пријателства. И кога се во врска двајца нели треба првин да се другари, а потоа и љубовници. Но, барем за мене може да постои и само искрено пријателство помеѓу момче и девојка. Имам другари кои мислам дека кога веќе сум ги прифатила и засакала како другари не можам на друг начин да ги гледам. (но сепак не се знае Никогаш не се вели никогаш).
    Сега неможам да генерализирам, има секакви исклучоци но ... повеќето девојки веруваат и се ЗА вакви пријателства, но кај машките не е така. Сум разговарала на оваа тема со припадници на другиот пол и ме убедувале дека неможе да постои само пријателство помеѓу машко и женско.
     
  14. tinnalove

    tinnalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Искрено мислам дека машко-женски пријателства не постојат , можеби ќе бидете блиски пријатели одреден период , но после тоа ќе се деси нешто повеќе.Не зборувам за машко - женски пријателства во големо друштво , туку ако си имаш еден другар на кој можеш да му се довериш целосно и да му се јавиш во било кој дел од денот за било што е тогаш верувајте дека по извесен период ќе прерасне сето тоа во љубов . Го осетив на своја кожа пред 3 год. :)
     
  15. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Според моите лични искуства, или јас сум се заљубувала во моите другари или они во мене. Сепак, мислам дека постои машко-женско пријателство, иако после некое време можат да се појави нешто повеќе помеѓу нив.
     
  16. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Постојат машко женски пријателстав барем јас така мислм ..
    Има другари кои ми се како брака и не би можела да ги гледам со други очи освен како другари :)
    И мислм дека машките занаат многу поубаво
    да се дружат одколку ние женските .. имам другар кој ми е скоро како брат .. порано кога не бевме толку блиски ми се свигаше но сеа не не можам да го гледам со други очи освен како добар другар :!: ..
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    постојат секако, доколку се постават границите :)
     
  18. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Незнам. Јас можам на едната рака да избројам колку машки пријатели имам, сите пријателски врски ми преминуваат во љубовни, а навистина сакам „добар“ другар со кој можам да разговарам за се!
     
  19. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    238
    Машко-женски пријателства,постојат и јас лично имам такво.Никогаш ниту сум имала некои чувства кон него,ниту тој кон мене,едноставно сме биле секогаш тука еден за друг и во добро и во лошо.
     
  20. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Имам повеќе другари отколку другарки :D :D :D :D :D :D