мојот бест бест френд е машко..згора на се бевме и цимери..никогаш ништо не се случи, секогаш најубавите и најискрени совети сум ги добивала од него и знам дека секогаш можам да сметам на неговата подршка што и да се случи ..затоа големо ДА за машко женското пријателство.
Да постои, израснав во улица каде што немаше девојчиња на моја возраст и се дружев само со машки и ете и ден ден се дружам и со никој од нив сум немала нешто и не ни сум размислувала да имам.
NE POSTOI......OD LICHNO ISKUSTVO........EDNIOT KOGA TOGAS KE JA ZAEBEEE..ILI PORADI NEPOGODENI OKOLNOSTI ..KE PREKINE DRUG......A NA TIE SO SEUSTE SE VO SREKJNI PERIODI.....DAJ BOZE USE DOLGO DA IM TRAAAAT d
Имам другари, но со нив не се гледам многу често, а и за да спречам било што им кажувам те сакам како брат и одма се повлекуваат. Но, тие со кои што сум била поблиска секогаш, ама секогаш ми се пуштиле. Мене само со еден ми се има случено да има нешто и од моја страна. Значи има ама ако не се многу блиски, или ако си се ептен грди еден на друг
да да и мене жена ми така ми викаше те сакам како брат ама се не ме сака така јас мислам дека тоа не е можно помегу машко и женско зборам за единки значи он и она а не сеа имам еден куп машки другари не значи еден е секогас нај нај близок нели
дефинитивно постојат... имам другар кој често ме советува... иако е 3 години помал од мене дефинитивно занекои работи можам повеќе да му се искажам него отколку на некоја моја другарка.. дури и мислам дека машките повеќе знаат да чуваат тајни него девојките...
дефинитивно постојат... имам другарка која често ја советувам бидејки има врска околу 3 години... иако е 4 години постара. Знам се за нејзе, знае се за мене. За што и да е, арно лошо, одма се слушаме, а се знаеме повеке од 10 години
постои...не постои... Мислам тоа си е индивидуално... за некои луѓе другарите се само другари и ништо повеќе... Но за други пак контактот со спротивниот пол не може да биде нешто повеќе од флерт, врска, мување итн. Не ме чуди ако слушнам за другарство помеѓу машко и женско и ќе верувам дека се добри другари...но уште помалку ќе сум изненадена ако после некое време слушнам дека тие двајца ,,другари,, си имаат врска или го прекинале другарството заради љубов која повеќе не можела да се крие!
Постои! Како што имам најверна другарка така имам и најверен другар и имам 100% доверба во него... Одкако знам за мене, знам и за него. Секој ден сме заедно и ако не го видам ако не испиеме кафе заедно почнувам да се нервирам ... Сме биле во иста каша, каде е тој таму сум и јас, тој се тепа јас се тепам ... И мислам дека нема да дојде до тој степен тој да ме издаде мене за нешто иако ги правиме глупостите заедно или да дојде до нешто 'друго'... Знае со кој сум била, каде сум била се до детал и неможам ако не му се исповедам исто и тој ... Тој ми е повеке од брат. Имам многу пријатели ама ја немам таа доверба во другите... Едно кога го знаеш некој цел живот друго кога некој го знаеш од 'вчера'
Имам другар кој е 1 година помал од мене.Никој не го сака бидејќи се дружи само со женски.Но,тој несака да се тепа со машки,не е безобразен,онака добро дете.Малку е смотан А инаку тој ми е само онака ДРУГАР.Не дека се дружам со други машки,но зборам со некоии
Дефинитивно постои . Јас имам другари на кои што им кажувам се и кои што ми кажуваат се. Дури понекогаш има некои работи кои што попрво би му ги кажала на другар ми одколку на другарка ми затоа што поише би ме сватил
јас верувам во вакви пријателства, бидејќи и имам пр. тој шо ми е нај нај нај другар ми е воедно и прв другар првата слика од мојот живот ми е кај шо играме се него, комшии сме, сме спиеле заедно, одиме сегде заедно и досега ништо се нема случено меѓу нас позз
Машко-женските пријателства дефинитивно се подобри од женските пријателства. Сепак другарот не може да ви љубомори дека изгледате убаво, дека сте си купиле некое ново парче облека или дека сте си фатиле нов дечко. Исто така машките знаат да ислушаат, а тајната да ја чуваат, а не ја објават одма откако ќе им се доверите. Најмногу мразат оговарање, и тоа е причината поради која вашата тајна ќе остане на сигурно. Единствено нешто што е негативно во овие пријателства е што во скоро 90% од случаевите преминуваат од пријателство во љубов, најчесто другарот се заљубува во другарката...
Нормално дека постои! Дури мислам дека другарите знаат да бидат многу пофер него девојкиве.Ми се допаѓа тоа што се отворени и знаат да ти дадат добар совет.Има другари што се поверни и подобри од било која другарка.
Го делам истото мислење со SexyLady. Јас мислам дека можеш да имаш пријател со кој ќе споделуваш се, дури некогаш ќе знае подобро да те сфати, посоветува, но сепак мислам дека со текот на времето, ако не двајцата, барем едниот се заљубува во другиот.
леле абе зенски како да верувам во тие маско-зенски другарства кога на секое потенцијално маско другарце, тој е дозивува поинаку , и на крајот секогаШ испагја те сакам, сакам да бидам со тебе, дај ми санса, ама другарство а секогаШ со сите зенски и маски се однесувам природно, не сум некоја крената Што сака да заведе некое момце и навистина на тие девојки/зени сто им успеваат ваквите другарства не мозам да сватам во сто е тајната
Уште од малечка, бидејќи во мојата населба немаше девојчиња на моја возраст, детството го поминав со машки, играв фудбал, кошарка, игравме со пиштоли и што уште не, па така од мала повеќе се дружам со машки одколку со женски.Често знаат да ти дадат совет на повеќето проблеми што ги имаш и знаат да те ислушаат ако не знаат како да ти помогнат, чуваат тајни, не те оговараат позади грб и секогаш се тука кога ти требаат, добро барем моите другари се такви..Така да според мене постои машко-женско пријателство
Кога ја видов темава на памет ми дојде „многу ретки, многу вредни„. Постојат. Да, верувам во нив. Повеќе верувам во машко-женски, него во чисто женски пријателства. Машките се поверни и поискрени како пријатели.
Според моето лично искуство машко - женски пријателства не постојат! Тие најчесто завршуваат со неславно завршена, пријателска-неуспешна љубовна врска-без врска.