израснав во мало каде што се дружевме сите и женски и машки од тоа време имам еден ако може да се нарече другар заедно пораснавме, а и соседи бевме еднаш после долго време се видовме и нормално беше се(колку само се смеевме на детските глупости) еве и од конверзејшн каде што одам, се дружиме со едно многу фино момче, и се е баш супер,онака другарски без провокации или слични нешта а запознавање преку овој или оној секогаш завршувало неславно(преку дечко на пр) и се се погагало во стил ти беше со другар ми, кога ке раскинете или јас ке предизвикам да раскинете сакам да те имам, ама другарство...
Јас имам повеќе машки другари отколку женски . Имам еден другар, брат си го викам и буквално да треба рака да ставам во оган за него ќе ставам. А знам дека и тој би го направил истото без да бара нешто за возврат. Ваков другар имам само 1, а имам уште 5-6 со кои сум многу блиска, ама сепак како овој претходно што го кажав имам само 1. Имаме разговарано буквално на сите теми во животов, знае апсолутно се за мене исто и јас за него, па никогаш не се појавиле чувства. Сме биле во најразлични ситуации двајцата во врска, двајцата сингл, едниот во врска другиот сингл и никогаш не сум почувствувала ништо за него а сигурна сум дека и тој за мене. Всушност овде нема рецепт дали постои или не се зависи од личностите и нивните сфаќања за љубовта и пријателството. Некои не можат да бидат пријатели затоа што секој од спротивниот пол го гледаат како потенцијален партнер, а некои пак со пријателите не можат да се замислат во врска. Колку луѓе толку карактери. Макар што сепак верувам дека секој посакува да има таков пријател, да го праша како би постапил тој во некоја ситуација, како размислуваат луѓето од неговиот пол, што ги првилекува, што ги одбива... Затоа секој со карактерот, јас лично кажав имам таков другар што кога би пробала да се замислам со него во врска не можам, смеа ме фаќа. Едноставно го гледам како брат кој никогаш не сум го имала Едит, ми текна една поговорка. Friendship can often result with fallin in love, but love in friendship can never happen.
машко-женските пријателства се нормална работа, ако се вистински! а за тоа дали се вистински, секој сам ќе си одлучи.
Не сум определена дали верувам или не во вакви пријателства иако имам и од двата типа.Имам 2 другари од детство кои ми останале другари,но имам и еден другар кој има(ше) симпатии кон мене и ме бакна на екскурзија,но тоа остана на толку и се однесувавме како да не се случило.И сега кога имам дечко "другарот" си знае каде му е местото.
верувам многу! имам двајца другари со кои сум ептен блиска и си ги сакам како браќа и никогаш не сум помислила да имам нешто повеќе со нив, можам се да им кажам дури имаат и повеќе разбирање за некои работи отколку другарките. точно е дека кај поголемиот дел машко-женски пријателства се јавува симпатија барем од едната страна ама во моментот кога ќе се премине границата на пријателство преставуа се. сум била 2 пати во таква ситуација каде што ми се пуштал „другар“ или пак симпатијата да е од моја страна... да се пробале да имаме нешто ама таа врска не успева а сега нема ни здраво со нив. втора работа: доколку има симпатија од една страна а не го покажува тоа пак другарството нема да трае многу зошто не е нормално да слушаш од некој што ти се допаѓа да ти кажува за некој друг, што значи тоа дружењето не трае премногу, секогаш се трга „заљубената“ страна. Јас со другариве се дружам повеќе од 3-4 години и се си кажуваме, никогаш не се појавило симпатија а и ако се појавило свесни сме биле сигурно дека не вреди да се уништи другарството така да и тоа поминало, што значи супер си функционираме и ептен си ги сакам КАКО ДРУГАРИ
машко & женско- најдобри другари... може или НИКАКО?!? Од секогаш тврдев дека постојат овие пријателства амааааа.... МИ СЕ СЛУЧУВА нешто спротивно!!! Сте имале ли некогаш најдобар другар што секогаш бил со вас, ви помагал во се, сте проживеале СЕ со него, ви ги знае сите бивши, ве тешел кога сте плачеле по нив, буквално се знае за вас, ве има видено во најлоши изданија... иииии некако толку сте се поврзани со него... не можете да кажете дека го гледате како брат зашто станувате љубоморни на сите девојки што му се приближуваат, неговите бивши ги мразите од дното на душата... М0жно ли е да се поврзеш толку заради заедничките интереси, разбирање, поминување многу време заедно?!? Што ако се изгуби тоа пријателство ако се проба нешто повеќе од другарство и не успее ?! Сте проживеале нешто вакво?!?
го имам и прекрескна сум што секогаш е до мене и јас до него...до пред пола сат беше на крофни и кафе кај мене...си го викам братче дури така си го и осекам...па и снајката ми е погодена
Верувам дека постои машко-женско пријателство кое не мора секогаш да биде проследено со врска. Воедно верувам и дека е посилно од она женско-женско другарство. Јас сум опкружена во глобала со машки, и мојот најдобар другар го гледам повеќе како постар брат. Ниту сум почувствувала нешто кон него, а верувам ни тој кон мене. Ме гледа како сестра, дури и мајка му ме нарекува не по име, туку ќерка ми. За одредени теми, да, верувам попријатно е кога се разговара со другарка, но не во секој момент. Напротив, многу попаметни совети сум добила од машки, него од женски. Исто така сметам и дека секогаш дали од несигурност, тоа што општеството така наметнува, природата или не знам што, се појавува некое чувство од едната страна. Моментално и ништо сериозно, минливо и скриено, но не доволно за да се растури постоечкиот однос.
Јас не верувам во машко-женско пријателство, едноставно неможам да поминувам многу време со некое машко без да имам чувства за него, уште па и сама, не.
Ваквото пријателство е многу добро доколку ниеден нема чувства кон другиот. Знаеш дека нема да ти завидува, да те оговара и да ти забие нож во грб и т.н и т.н
Баш и немам некое најпријатно искуство со машко-женско пријателство, па и затоа не верувам во истото. Отсекогаш повеќе сум имала другарки отколку другари, а и секогаш се погаѓа кога ќе запознаам некое машко и ми оди муабетот со него, или тој ме свиѓа мене или јас него. Тие два-тројца што ги имам што ми се да речам најдобри имаат некои геј-претензии, не мислам на прав геј, да му се допаѓаат машки, туку мислам на малце женско однесување и поголема желба да се биде едно машко меѓу повеќе женски.
Верувам затоа што постои стварно,и во врска со некои проблеми повеке може да ти поможе и оти и ние знаеме ддека машките дават по искрени одговори од женските,често другарките го кажуваат тоа што сакаме да го слушнеме,оти постојат многу женски шо не сакат вистината да ја слушнат,и ги мразам таквите,епа која е поентата тогаш ако ме прашват,зато секогаш кажвам в лице шо мислам,оти не можам да се лигајчам
Постојат доколку: - Двете единки, имаат развиено свој љубовен живот поединечно, не взаемно. - Не се сингл и двајцата, или евентуално да се сингл но во некоја преодна фаза. - Не се привлекуваат физички. - Не се гледаат често и не се слушаат секој ден. Кога се прекршува една цртка од наведениве, не станува збор за пријателство веќе. Најчесто завршува со скриени симпатии од едната страна. А и често од најдобри пријатели никнуваат доброразвиени и успешни врски. Ова е правилото. Се останато е исклучок. Не викам дека не постојат, но сепак се исклучоци.
Мислам дека другарство постои. И искрено, мислам дека тоа е по искрено одколку пријателство помеѓу две девојчиња. Барем нема љубомора НО се додека не почнат да чувствуваат еден за друг...
Имам најдобар другар, се запознавме некаде пред скоро 6 години. Од тогаш до сега сме поминале многу, секој ден и секаде заедно, бев тука за него кога поминуваше низ тешки периоди. Сега сме сосема различни личности двајцата, тогаш бевме деца, но заедно созреавме. Неразделни бевме до пред некое време, и уште би биле сигурна сум, само сега обврските си го прават своето. Како и да е, уште успеваме да се гледаме често и да го одржиме односот кој го имаме. Го сакам како брат, и никогаш ама баш никогаш не ми се јавиле поинакви чувства за него, а сигурна сум дека и тој од првиот момент ме гледа како сестра и ништо повеќе. Па според моево искуство, можно е пријателство помеѓу машки и женски.
Во машко - женско другарство некако ама ич не верувам. Пријателство тоа е друга работа, да се слушата чат - пат да пиете кафе еднаш на два, три месеци тоа може, но не верувам во другарство со секојдневно слушање, одење на кафе, кажување на секакви тајни е во тој случај мислам дека барем од едната страна ќе се појават чувства и во тој случај другарството нема логика да продолжи.
Можни се но треба да постои одредена симпатија но ниеден од двајцата да не сака врска. Тоа се најубави пријателства .
Јас имам повеќе машки другари отколку женски и не мора да значи дека секогаш после долгото другарство следува врска . Мојот најдобар другар ги знае сите мои тајни апсолутно се и секогаш кога ми е тешко барам совет од него. Го гледам како постар брат кои никогаш не сум го имала и никогаш не сум почувствувала нешто кон него ни тој кон мене .
Не се согласувам со тебе еве јас со моите другари се гледам скоро секој ден и никогаш не сум почувствувала нешто кон нив, секогаш сум ги гледала како постари браќа кои се тука за мене во добро и во лошо. Машко женско другарство постои само ако не се привлекуваат физички.
Машко-женски пријателства не се можни, според моето искуство.Секогаш ми се случувало или тие мене да ме привлекуваат, или јас нив.А со тие со кои што сега сме само другари, порано било истото, од нечија страна имало привлекување... Можеби има машко-женски пријателства, и тоа само ако едниот ги крие своите чувства за другиот...