Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Се согласувам со Крејзилејди . Јас во друштвото имам и машки и женски.Испаѓаме секој ден заедно. Им кажувам се и ми кажуваат се (добро сеа има некои работи што и ги кажувам само на најдобрата другарка). И супер ми е со нив.Ги гледам само како другари. Еден од нив ми се свиѓаше пред почнеме многу да дружиме али после тоа не. Сватив дека го гледам само како другар.
    Така да машко-женско пријателство ПОСТОИ. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ама јас никаде не напишав дека машко и женско пријателство не постои секако дека постои и јас имам многу машки пријатели во друштвото што излегувам со нив, се дружам, разговарам ама :!: сметам дека неможе машко да ми ја замени најдобрата другарка, секогаш постои одреден степен на растојание помеѓу машко - женско пријателсво.
    Сепак може има вистинско машко - женско пријателство да излегувате многу често заедно сами, секојдневно слушање и гледање али во овој случај многу е голема веројатноста за помешување на чувствата!
    Еве видете ја границата на машко - женското пријателство :lol:
    http://www.me-chitash.com/stil/ljubov/973-znaci-koi-ukazuvaat-deka-prijatelot-ke-vi-stane-momce
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Машко женско пријателство не како искачам друштво имам другари .. него како најдобар другар со кој постојано си со него се знае за тебе се знаеш за него.. такво пријателство не постои тоа кога тогаш ќе прерасне во љубов.. ниту едно машко неможе да ја гледа најдобрата другарка само како другарка реткост е .. машко како машко ...
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во вакви пријателства, иако сум една од ретките. Не се машките само за бакнување и задоволување на потреби, машкото е поверен пријател од женското зошто не завидува и знае да даде вистински совет. Поздрав до сите мои машки другари :)
     
    На ParadisoGirl и crazylady им се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Машко-женски пријателства постојат :!: . Јас имам одличен другар со кој никогаш не сме биле во никакви други релации. Го запознав како дечко на моја блиска личност и тогаш се зближивме како другари, а после нивната врска ние продолживме да се дружиме. Сега е женет со друга и ние се уште сме одлични другарчиња, само што не се гледаме толку често затоа што се преселија во друг стан. И со жена му одлично се согласуваме, некогаш дури и си пиеме кафе без него.
    Друг случај ми е кога пред многу, многу години јас го сметав за другар, тој посакал повеќе (одамна, кога бевме средно), но многу пријателски расчистивме дека немам таква намера и сега сме навистина другарчиња :) . Веќе 20 години. Еднаш дури и ми рече вака: Среќа што не ти се свиѓав тогаш, да ти станев дечко никогаш немаше да бидеме вакви другари :) . А имам и другар од факултет со кој сме навистина блиски, знам дека се можам да му кажам, а и тој е многу, многу искрен со мене. И пак ќе кажам, и после толку години, ние се дружиме и никогаш ама никогаш немало некоја скриена тензија меѓу нас. И сега, со семејствата кои ги имаме двајцата, ништо не е сменето.
    Инаку, ни маж ми не веруваше дека ми се другари и само другари додека не ги запозна. Сега и да му кажам одам со тој-и-тој на кафе не ни помислува на ништо друго :P , освен дека ќе се заборавиме од правење муабет.
    Имам и други ОК познаници, но овие ми се баш другарчиња. И многу си ги сакам, ама баш и само како другари.
    p.s. Толку многу објаснувам само за да ја доловам ситуацијата како е можно машко и женско да се другари и тоа скоро по 20 години :)
     
    На ParadisoGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Имам другари со кои се дружам, буквално од пелени, во школо продолживме и сеуште се дружиме. Не поминува недела да не отидеме на кафе и да се намуабетиме. Порано и заедно излегувавме, но ние девојките од друштвото си фативме дечковци и се одделивме малце од нив. И затоа можам со двете раце да се потпишам дека тоа пријателство постои.
     
    На ParadisoGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    И јас верувам дека постојат такви пријателства затоа што си имам другарче од пелени ,комшија знае се за мене и јас за него па не се појавиле некакви чувства го гледам како брат и ништо повеќе а знам дека и тој ме гледа така .. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Постојат,постојат,постојат! :D
    Дури викаат дека машките се подобри пријатели од женските..Верувам во тоа,ама немам многу блиски машки другари. Еден е на кој можам потполно да му верувам... Меѓу нас никогаш немало ништо повеќе,се дружиме уште од малечки и секогаш сум го гледала како брат, а тој мене како сестра. Денешниве времиња се такви што секогаш има сомнежи кај ваквите пријателства,на пример баба ми: Ааааа,што ќе правиш кога _______(мајка му на детево) ќе ти стане свекрва? |(
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Не верувам дека машко-женски пријателства постојат затоа што секогаш кај едната страна ќе се појават симпатиии спрема другиот ,а можно е доколку поминуваат повеќе време заедно таа симпатија да прерасне во љубов .Познавам такви пријателства каде ако раскинеш со девојката/дечкото ќе си се тешат во прегратки кај другарката/другарот и после пак ке речат ние си се сакаме како брат и сестра е како не ви верувам сигурно :!: што според мене тоа веќе не е пријателство.Некои ќе речат врските помеѓу двајца кои биле добри пријатели се најдобри ,но јас не се сложувам затоа што ако тие биле добри пријатели претпоставка се си раскажувале меѓу себе за сите врски и партнери и после ќе доаѓа до префрлувања при секоја расправија.
     
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Моето мислење е дека постојат. Колку другари имам, но никогаш спрема нив на сум не сум чувствувала нешто повеќе од пријателство, ниту тие спрема мене. Верувам дека постојат. И со нивните девојки се согласувам одлично. Нема љубомора - бидејќи нема љубов. Само искрено пријателство. :angel:

    btw: :clap: за оние кои го делат моето мислење и веруваат во овие пријателства.
     
    На skeridoll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    и јас се слагам :) :clap: за мене и за некој друг :)
     
  12. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Имам дечко кој има една пријателка која е муслиманка....со неа се знае малку пред да се запознаеме јас и он! е сега писевме почесто на мсн и во почетокот ми кажувасе за неа дека му се допаѓала ....но после извесен период после неколку месеци се засакавме и одтогаш вели дека не му е ништо повеке од пријателка....ама сакам да знам и ваше мислење дали е тоа верно што го кажува....колко тоа можи да биди возможно?
     
  13. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас НЕ верувам во машко-женските пријателства. Секогаш кај еден од нив ќе се појават поинакви чувства. Запознаена сум со случај, каде-што машко кое има сериозна врска, има многу блиска другарка, тој нема никакви намери со неа, ја почитува и цени само како другарка, а таа со тек на време почнува дискретно да флертува со него, народски кажано да се гиба, и тоа кога е присутна и девојката на дечкото. Е ми се гади од такви кучки и заради тоа не можам ни да верувам во ваквите пријателства и никогаш нема да го сменам своето мислење !
     
    На Alanna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Јас лично не верувам во машко-женско пријателство бидејќи мн пати ми пропаѓале тие пријателства |( ...И тоа најчеста причина-пријателот се вљубува во мене :^) ... не сепак не велам дека не постојат... :)
     
  15. skeridoll

    skeridoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Да, секако постојат јас сум пример за тоа имам еден вистински другар на кој се му казувам и он истотака нема ништо повеќе од другарство сме зборувале и за ова, ниту љубов само едно големо поштовање си имаме иако тој повеќе е приврзан за мене а јас забегувам по малце но верна сум на тоа пријателство.. :D
    Just need to find!!Keep searchin'
     
  16. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Верувам во машко-женските пријателства. Мојот најдобар другар го знам 2 год и кога ми треба нешто се обрајчам кај него ни тој ни јас не замислуваме нешто повеќе од тоа.. ;)
     
    На skeridoll му/ѝ се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Се зависи од двајцата „пријатели“. Кај некои засекогаш останува пријателство, кај некои преминува во нешто повеќе кое подоцна може но и не мора да биде возвратено, и тука како кула од карти се руши се што се градело со години претходно.
    Мене лично ми се случило токму тоа-пријателството со машка личност да премине во нешто повеќе (од негова страна, но не и од моја, и затоа пропадна едно прекрасно пријателство, не можеше повеќе да поднесе да ми биде „само“ другар), и затоа не можам да кажам дека секогаш може да опстои. Од друга страна, околу мене имам докази за машко-женски пријателства кои се уште опстојуваат и одолеваат на страстите за пропаѓање :)
     
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Една од најболните теми за мене воопшто.

    Секоја една моја врска која ми значела почнала од другарство со истиот.
    А сепак сум имала машки и уште имам машки другари.

    Знаете кога е возможно ова пријателство? Кога или сте генерација,или имате некои добри 5 години генерациски јаз,кога вие имате дечко или барем се трудите,кога тој има женска,или барем се труди,кога никогаш не би можеле да го гледате како ваш потенцијален дечко,ама не сте ни размислувале за ова! Е тогаш е можно!

    Мене лично ова само еднаш ми се има десено. Т.е. сега кога размислив,абе си имам јас другари,али оние кои стварно неможам да се гледам никако поинаку со нив,освен така. Другарски.

    Другото,се отишло во ораите. Од пријатество не останало ни Б. И сеуште се двоумам по ова прашање и уште неможам да дадам конкретен одговор,дали постојат или не,бидејќи сум самата сведок и доказ дека и постојат и не. А и сум имала доста пријатели за кои сум била свесна дека ќе ги мувам некој ден,само не сум знаела кога. :lol: :D

    И уште сум нерешителна по ова прашање.. :?:
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    До пред некое време верував но сум била слепа.

    Не сум гледала од околу што се случува и не сум умеела да читам говор на тело и секојдневни муабети меѓу редови.
    Моментално сум во период во кој не верувам во пријателства меѓу машко и женско :x бидејќи чувствувам дека токму едно 4 годишно друарство ќе пукне и ќе се прекине а најмалку го посакувам тоа.
    Тој ми е другар кој знае се за мене,другар со кој ги делев сите средношколски денови,потпора во се,подршка во се,секојдневно вракање од школо,по некое излегување,партнер на матура,дружење муабети....едноставно не можам да верувам моментално во ваквото пријателство.

    Бидејќи пријателството не е пријателство доколку сфати човек дека едната страна крие-чувствува нештп повеќе (во овој случај "другар ми") .
    Кога веќе се почувствува некоја хемија која не асоцира на секојдневното дружење туку нешто повеќе,крај е на она што се случувало претходно.


    Чудна е привлечноста на двата пола,човек не знае што го очекува и дали тоа што го чувствува денес ќе го чувствува и утре или пак нешто друго го чека.
     
  20. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Можно е под неколку услови:
    1. Да не сте по цел ден заедно
    2. Да не е згоден и
    3. Да не сте заедно под дејство на алкохол. :)
    П.С. и по можност да е геј :D
     
    На Biba22, crazylady, gothchick и 1 друга личност им се допаѓа ова.