1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машкуданка

Дискусија во 'Дете' започната од Elenuskaa, 21 мај 2012.

  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Побарав ни не најдов слична тема ако има се извинувам :)

    Се работи за сестра ми луѓе незнаеме више што да правиме со неа, цело време е со машки работи окупирана
    девојчињата на нејзина возраст бараат кукли, барбики
    а она бара фудбал, стрела, топ, газози, собира сликца со фудбалери се тепа со кој стигне, се задева со сите незнам многу е немирна пробавме со убаво не бива мајка ми проба со ќотек и тоа не бива
    а не чини така па не е она мала да неможе да разбере има 8 години, 3 одделение е
    наставничката само од неа се жали сите во одделението ги задевала, ги тепала

    Дајте кажувајте како да ја смириме
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Таа си е таква и неможе да ја смените ни со ќотек ни со ништо. Ај речи му на некој добар да биде лош ,ќе биде ли?-Не, затоа што не е таков. На манијакот кажи му не зјапај по жени ,ќе зјапа пак.
    Ќе направите полошо ако и укажувате секој ден дека е лошо тоа што ја интересира, тоа што го прави ,може да се повлече во себе и да ве замрази сите дома . Сеуште е дете.
    Имам ваква другарка малку поголемка од мене . Се смени кога се заљуби но повеќе кон саканиот отколку кон околината . Ги тепаше сите деца кога беше мала и машки и женски и помали и поголеми, играше со камиончиња и пиштоли ...рековме тогаш беше дете, сега е дипломирана професорка и на пат за магистрирање ,следна цел докторирање . Упорно цели кон она што го сака а и лесно го добива зашто повеќето потсвесно чуствуваат страв :D
    Има добра страна што ем е понежен пол ем посилна :) нема да се плаши од ништо.
    Силна ,самоуверена, кој не би сакал да биде таков?!
    Прифатете ја таква каква што е ,секако карајте ја за тепањето но со ќотек ништо не се решава , а и не постои начин да ја искорените машкуданкоста ,посебно не со тепање.

    Јас не сум машкуданка ,но ако имам ќерка сакам да биде :)
     
    На Lolo5, heart.stealer и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Јас имам една другарка, 6 одд е, и стално е во машки облеки, тренерки, дуксерки, преокупирана е со спорт, а толку е мила на лице, никогаш не се тепа и најмирна е, најмногу учи, а сепак ја интересираат машките работи, никогаш не ја интересрало шминки, фризури, лакови, сукњички, дури и се чудам што би облекла на полуматура. Ама ние не можеме да бидеме исти, секој има различни интереси.
    Мене ми е интересно да видам некоја женска во "машки стил", некоја јака долга дуксерка, наочари, така распуштена, да се дружи со машки.. сето тоа ми е разбирливо, ама па да се тепа со другарчињата и тоа во 3 одделение? Сега е мала, ама се надевам дека ќе свати кога ќе порасне. Не да го смени начинот на облекување (доколку го има) или повеќе да ја интересираат машките ствари тоа е нејзина работа, ние не можеме против тоа, никој не е ист и секој сака да биде оригинален и убав на свој начин, туку да не биде толку насилна и да не ги задева сите во одделението.
    Викаш дека ништо не помогнало, не знам дали би помогнал еден разговор, затоа што со ќотекот ништо не се постигнува. Или да ја оставите сама да се смири, но и тоа не е можно, ако постојано се задира што ќе биде ако некого ненамерно да го удри?
    Најдобро е да ја фатите убаво и да и разговарате малку за нејзиното однесување, ќе најдете поблаги зборови да и објасните и ќе и речите дека ако биде мирна ќе ја наградите со нешто што најмногу сака. Сите деца не се исти, па затоа исто не сваќаат, иако има 8 години, сепак е дете, а може да сваќа кога ќе и зборувате. Ти како поголема сестра ќе и кажеш, нешто во контекст као ако имаш проблем треба се мене да ми кажеш, полека- полека ќе стигнеш до она што сакаш да и го кажеш.
    А за ова со облекувањево за женскиве мене не ми е ништо страшно, реков не се сите исти и можеби ако ја имаат првата менструација ќе се промени или пак ќе си го изгради стилот кон подобар.
    Иако малку заbegav со темата, мене ова ми е една интересна тема за дискутирање, и баш би сакала да се облекувам така наречено како машкуданка. Симпатично ми е.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа што учителката не може да ја смири и постави авторитет врз неа е нејзин пропуст. Нема метод како психолошки и педагошки да постапи со неа па нека бара и мала кривица во неа. Треба да се спушти на нејзино ниво и да бара начин како да ја стави во ред.
    Голема е, и со ќотек по дома нема ништо да постигнете. Доволно е само да ја казните со некаква казна на пр. нема играње фудбал зашто направила некоја глупост. Во крајна линија подобро е да игра фудбал отколку да седи пред компј. по цел ден.
    Машкуданка е глуп збор и не го разбирам. Ако е девојче немора да значи дека ќе седи по цел ден со кукли и нема да се задева. Денес децата се хиперактивни и мора некаде да ја ослободат таа енергија. Форсирајте ја со спорт па и фудбал нека биде, ќе се издува и ќе спласнат страстите али ќотек никако. Тоа е само фаза која ќе и помине. Еве за некоја година ќе влезе во пубертет па ќе почне да се срамува - нормално е.
    Е тешко се растат деца :wasntme:
     
    На HappilyLoved му/ѝ се допаѓа ова.
  5. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Можеби има симпатија и несвесно го копира. Не се разбирам многу во деца, но сепак тепањето не е решение. Само муабет, пристап како со возрасна личност да и дадеш на знаење дека може да има доверба во тебе. Заповедување на крај, ако се друго не успее.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мислам дека немате потреба за загриженост во однос на тоа што е ’машкуданка’, но сепак треба да се обрне внимание на насилството кое го покажува. Веројатно се работи за револт, одбивност кон нешто или пак предизвикано од нешто, а вие треба да одредите и испитате одкаде доаѓа проблемот.

    Инаку и јас бев машкуданка до 3та средно, носев широки фармерки, шминка ни најмалку не ме интересираше, а не пак штикли и слични ствари. Не бев заинтересирана ни за коса, ни за дебелина,ама баш ништо. Искрено ни јас не се сеќавам како се промени тоа, како преку ноќ да беше. Ми текна еден ден дека сакам и јас да се облечам во кратка сукња, дека сакам коса да испеглам , па и штикли да пробам. Така да , тоа мислам дека не треба да загрижува. Човекот го менува својот стил тогаш кога ќе сфати дека не му одговара, а доколку го задржи тогаш тоа е тој, така се чувствува свој, па како таков и треба да се прифати.
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    И јас бев до 5то одделение, т.е. додека не ме фати пубертет. Тогаш почнаа малце „поженски“ работи да ме интересираат, да се облакам во фармерки, тесни маички но дружењето со машките никогаш не прекина и до ден денес јас повеќе се сложувам со машки и повеќе се дружам со нив. Ме нервираат девојчиња едноставно, премногу ми се лигави, досадни, напорни. Кога бевме на тие години пубертетски мислев дека ќе ги ишамарам сите од одделение затоа што вриштеа, пискаа како и повеќето девојчиња во пубертет :D Ми идеше не знам... да ги искршам!! И било кое машко кога ќе ме закачнеше се тепав никогаш не останало да не вратам на некој. И мило ми е што сум била таква! Пред некој ден на автобуска одат две девојчиња, позади нив некое машко го закачна едното девојче коа му се згна другарка и го искрши луѓе, па и така треба знаеме колку се напорни тогаш малите кретенчиња :D
    Ќе и помине чим ја фатат бубачките, но тоа што прави проблеми не е во ред и можеби треба да ја однесете на психолог, дали училишниот или друг, бидејќи сепак дисциплината во училиште ако сега не ја научи, кога?
     
    На Rocker му/ѝ се допаѓа ова.
  8. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Се знае што е девојче, нежна, со долга косичка... Добро може да носи некој широк дуксер, или некоја машка ситница како капа и слично, ама цело време да се облекува како машко тоа не можам да го смислам |(
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    НЕ секој пат, таа си е женско, а по облекувањето не може да сватиме каква личност е всушност таа, ама сватливо е дека така носат некои дрски, храбри и јаки женски. Тоа не значи дека другите не се силни, ама го докажува, симболизира тоа, ако можам да се изразам вака а не дека е машко девојчето, овој стил, ако може да се нарече стил, ептен ми се допаѓа, за преку ден на пример, а на вечерни излегувања ќе се скоцка тип-топ :) Би го испорбала за 1-2 година стилов. :D
    Ако се облака така не значи дека е МАШКУДАНКА, туку дека има таков стил и дека се шминка, се дотерува, ама и се допаѓа и тој стил... а, машкуданка се вели за оние девојки што се облакаат како машко, никогаш не носат штикли, преокупирани со машки работи, пушки, пиштоли, се дружат со машки, фудбал ова-она... Според мое гледање на работава. :?:
     
  10. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    До кога дискриминација и поделба на полови? Жената не е понежен пол, самата се прави таква, неспособна и зависна од мажот. Кој тоа кажува како треба да се облекува еден маж или една жена? Болното општество? Некој друг ќе ја диктира модата, а ние слепо ќе ја следиме? Секој со својот вкус и начин на живот. Немате никакво право да критикувате!
     
    На Lolo5, Cka, La.Reina.Del.Sur и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Како што кажавте можеби со тек на време ќе се смири дај боже, инаку не је тепаме да речиш кој знае колку еднаш, два пати по газот и толку, никако не маваме шамари или по глава
    Мене не ме нервира многу тоа што сака машки играчки, камиони, коли, стрели, фудбал.. мене ме нервира тоа што со сите се задева, нбе гледа дали е поголем, помал, машко, женско се задева и око не и трепнува, не размислува некој поголем од неа ќе ја удри на лошо место после за каде сме
    Инаку пробавме и со казна и рековме дека ако не е мирна нема велосипед (тоа најмногу го сака) ма џабе брате не ја интересира ништо живо, бунтовна е се да е по нејзино...
     
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Работава може да се реши,ама не со ќотек туку со малку поголеми казни.......нема да и кажете дека ако не е мирна нема велосипед,туку стварно ќе и го земете и нема давање,па ќе видиме дали ќе се смири....
    Јас така мислам,а ако не бива стварно незнам...
     
  13. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    За какво смирување зборуваш... ако сакаш да ја смириш за насилствто во ред, но ако сакаш од неа да направиш супер женствен човек... е тогаш не, затоа што таа е тоа што е и ти треба да ја сакаш без разлика на се. Вака само можеш да ја искомплексираш и да мисли дека се што прави не е добро и да и предизвикаш многу проблеми во пубертетот и животот општо. Не дозволувај да ја направиш искомплексирана личност.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Хаха и јас бев иста до пред 2-3 години :) Немам сестра ни братучедки, така да израснав со машки, негде до 8мо одделение се дружев само со 2-3 другарки а имав 20 другари, тренирав аикидо, играв фудбал, у серва бев прва у маало, израснав на дрво (најчесто на слива и цреша се пентарев), носев широки пантолони широк дуксер и ланци нешто у стилот на 50 цент и слушав рап од 11-12 години :D И ете незнам што како гром од ведро небо ми дојде едно сабајле да ја земам ташната на мајка ми и едни тесни фармерки што ми скапуваа во плакар и таква да тргнам во школо. До крајот на месецот си ја сменив целата гардероба :D А и многу се тепав, нема везе машки женски, сега не без причина ама пак, тепав :D

    И тоа е добро до негде, не дозволував некој да ме гази и да прави со мене што сака. Хахаха и највисокиот и најкрупниот "човек" во клас ми рече (со извинение на речникот): Да ти ебам рацете, маваш ко муж! Секогаш враќав ако некој ме удри.

    Ама период е, ќе и помине и никако несмеете така да се однесувате со неа, мене и ми се допаѓа тоа што е таква :) Си има став девојчето, сака да е различна и ми се допаѓа тоа што сака да тренира фудбал наместо да седи дома на фејсбук, да игра фармвил или шо ти ја знам :)
     
    На Lolo5 и slavica999 им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    И јас си бев таква. Нон стоп играв фудбал со машки, играв со колички и пушки војничиња.
    Но имаше периоди каде и куклите ми беа преокупација. Тоа се само периоди.
    Тоа што се тепа ќе и помине, претпоставувам дека не е којзнае какво тепање.
    Се е тоа период. Мајка ти не смее тоа со тепање да го смирува.
    Едноставно на нејзина возраст казната е најдобро нешто. (според мое размислување)
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    И јас кога бев мала само со машки се дружев и машки работи ме интересираа. Не гледам тука ништо страшно - како детето да гледа разлика меѓу машко и женско???
    Тие поделби повозрасните ги прават. :^)

    И обратно, имало случаеви кога на машките им се кажувало: срамота е да си играш со кукли, и тоа затоа, зошто му е забрането сака да си игра.
    А, што разбира дете дека е срамота и од што е срамота?

    Беспотребно искомплексирување на децата од најрана возраст. :^)

    Децата меѓу нив се сакаат и си играат. Тој епитет `машкуданка`, пак ние возрасните сме го дале.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Elenuskaa
    Јас мислам дека не е Бог знае колкав проблем тоа.
    Ти зборувам од лично искуство.
    Пиштоли, фудбал, стрели, скејтборд, ролери, точаци, тепање, карате... Јас воопшто не личев на женско.
    Мајка ми немаше шанси да ми облече фустан, а ако облечев беше тоа еднаш годишно и тоа за на свадба. Пантолона на пантолона, дукс на дукс... Почнав да барам да ми купуваат машка облека, носев алишта на братми. Се тепав со сите машки.
    Само што наставниците не се жалеа многу на мене.
    До некаде и ден денес сум таква, ама знам да се стабилизирам пошо не ми личи на годините. До пред 3 години бев нонстоп во широки пантолони ;)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не значи дека ако покажува сила и се тепа дека е машкуданка, тоа ипак зависи и од домашно воспитување.
     
  19. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Машкуданка .. Јас не го разбирам овој збор, навистина. Незнам што подразбирате под истиот? :^)

    Уште од мала татко ми велеше за мене прав машкудан, само за машко си била ти.

    Јас се облекував по спортски, тренерчиња, патичиња..
    Сакав фудбал и сеуште истиот го обожувам, гледам фудбал секогаш кога ке уграбам момент за пред ТВ.
    Сакав да тренирам фудбал - не ми беше дозволено бидејки истиот бил за машки. :^)

    И, што се случи?
    Почнавме да одиме со сестра ми на ракомет (демек тој за женски) отидов на првиот тренинг, потоа оставив, баталив, едноставно мене ми беше задоволство да тренирам фудбал а не Ракомет.

    Си играв со децата на улицата газози, останатите играа барбика, јас со машките - си играв газози.
    Тоа ме исполнуваше, тоа и го правев.
    Не ми беше важно што ми залепија етикате Машкуданка. Важно јас си бев среќна, задоволна, исполнета, мало палаво девојче.
    Не ми беше важно кој - што вели, ни тогаш, ни сега.

    Знаеме и сега со истите тие машки што сме играле „машки игри„ да се присекаме на старите добри времиња, да се зезаме, да се смееме. Не ми е страм што сум играла со машките газоза, бишка..и ред други игрици. додека останатите женски играле барбики, вештерки ..

    Не се тепав со децата ама страшно се нервирав ако некој ја погледне на страна сестра ми, па за истото , добро, знаев малку да се спречкам. :lol:

    На роденден сите ми носеа женски работи, лакчиња, шминки и остале тракатанции , женски маици, јас едноставно и ги давав на сестра ми. Дома се лутеја, незнаеја што да ми прават. Леле детево..
    И да, јас бев ок, само имав семејство кое не ме разбираше, несакаше да ме свате.
    Прв пат во животот се нашминкав за матура, да, така е. Истото не ме прави помалку женско од било кое. За матура прв пат облеков фустанче, фризуричка (адекватно за женско) и не, не сум заличила само тогаш на женско, туку и секој пат, на секоја моја појава.

    Сеуште носам тренерчиња, патичиња, маички и сл. иако имам 20 години. На некои им е глупо, на некои не. Секој различен вкус, став, тоа е.


    Тек сега, пред неколку дена си го купив првото фустанче (неброеји го та од матура, од маме и тате), првите шминки, лак, штикли..

    Едит:
    И што ми беше муабетот...
    Сакам да кажам, ако сака така да се облекува и истото да го прави, да игра фудбал, да вози велосипед, нека повеле. Што фајде кога ке ве послуша, ке се шминка, ке облече штикли, а кога потајно ке плаче во себе? :?:
    Со тек на времето ке свате некои работи.
    А останатите прифатете ја како таква. Неможете вие да ја промените.
    Едино можете да влијаете на нејзиното насилноство, да не се тепа во школо, со добри разговори, укажување на грешките исл. ако треба , едно 1000 пати ке и го кажете, ке свате, сепак е дете.
    Со ќотек и со казни тешко дека ке постигнете послушност, авторитет.
     
    На Lolo5, Kiki13 и LGBT им се допаѓа ова.
  20. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Ке се смени,тоа се периоди,инаку фудбалот не е само за машки :!:
     
    На Lolo5, Dog-lover и Kiki13 им се допаѓа ова.