1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машкуданка

Дискусија во 'Дете' започната од Elenuskaa, 21 мај 2012.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Еј не го карајте девојчето! :!: :rofl: И јас бев машкуданка. :$ Еден период кога имав 3-4 години.Играв само со машки.И само од играчки ги признавав колите,камиончињата.Играв фудбал со машките.Најдобри другари ми беа.Додека сите другарки играа ластик и вртеа хулахопи,јас играв фудбал. :lol:
    После некое време ми помина само од себе тој период,па почнав да си се враќам во нормала. :rofl: :rofl:
     
  2. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    во малово имаме една ваква |(
    не ја поднесувам некој ден ќе ја фатам за прцул :fubar:
    има 13-14 години и на улица со малите деца од по 9-10 години игра фудбал :^)
    вчера која видов си го бришеше лицето со дресот многу се запотила а маливе па и се пулат во цицината :rofl: свашта
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    ќерка ми е машкуданка...си игра само со машки во градинка, сака да игра со коли, авиони, камиони, ајрон мен и сл.
    ама период и е..секоја недела нешто ново ни вади.
     
  4. my.name.is-love

    my.name.is-love Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Ништо страшно :) остајте го девојчето да си се развива како што треба на нејзин начин.
    И јас бев машкуданка како мала, си играв само со машки, не се играв со кукли туку со џамлии, пиштоли, чатали, колички...
    За време на пубертетот се изменив, полека полека заличев на женско.
    Мислам дка нема потреба од паника, така можете само да го искомплексирате девојчето.
     
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Мислам дека тоа е периодично :) Јас бев машкоданка. Имав коса до половина ама ја ставав во капче како фифти цент што носи на страна :D Широки маици, и широки фармерки . Згодничка сум , ама во широко и ден денес се чувствува удобно. Важно тоа помина, сега се шминкам, ја пуштам косата, носам балетанки.
    Пред тоа изгледав вака
     

    Прикачени фајлови:

    • eminem.jpg
      eminem.jpg
      Големина на фајлот:
      42,6 KB
      Прегледи:
      342
  6. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Едно девојче може да стане машкуданка свесно или несвесно и тоа да трае еден период или со тек да време таа фаза да се претвори во навика и нешто за што таа се чувствува подобро. Според мене не е ништо страшно,па не можат сите да бидат принцези во розово и да го посакуваат својот принц, некоја ќе се погоди да биде раперка и да сака да истепа се околу неа. Реално гледано, тие деца не дека не се свесни на својот пол, туку се најверојатно воодушевени од спротивниот и сакаат да постигнат нешто за да бидат како нив, да го исполнат тоа. Јас никогаш не сум сакала да бидам машко и не сум поминала низ овој период. Вистина е дека без проблем сум се дружела со машки и сум играла со нивни играчки, но моите кукли и фустанчиња биле на прво место.
    Пример за ова ми е братучедка ми, која има 12 год. и од кога знам за неа-таа сака да биде машко. Има помало братче и дозволи собата да и биде во зелена боја под изговор дека братчето е малечко и сака да му удоволи а неа и е сеедно. Кога ќе влезете во таа соба се е зелено и преовладуваат мотори,автомобили и пиштолчиња, а ретко виси и некоја кукла во некој ќош. Мајка и се лути што е таква и ја кара, ја дотерува во фустанчиња, со панделки и различни балетанки- но таа дома се враќа со искинати хулахопки,пепелави обувки, бушава коса и испотена од трчање. Омилен спорт и е фудбал, таа е единствено девојче што игра во цело одделение, ги знае сите фудбалери и клубови. Запознаена е со секоја машка игра (од брат и, аха!),секоја марка на автомобил и се воодушевува од возење,брзина,кумплуг,менувач и сл.. Може ќе и помине оваа фаза и желба да биде машко(кога јавно и секаде ја искажува) а можеби и не...
    Исто така и сестра ми беше ваква ама и помина. Почна да бара автомобилчиња и да игра само со машки. Но тоа и траеше премногу кратко. Сепак таа е фамилијарната шмизла! :lol:
     
  7. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    и кај мене беше ова проблем едно време кога имав 11 год иста таква бев се што сакаат машките и јас..ја натерав догаш мајка ми да ме запише да тренирам фудбал...но тоа извесно време траеше а сега нее
     
  8. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    И јас бев "машкуданка" а си имам и некои навики останато па што?!До 6 одд. сум играла фудбал од сабајле до вечер,многу подобро се чуствував со машко друштво,имав и другарки,но другарите ги сакав повеќе :D Играв кантер,ГТА, (сеуште ги играм :D )и ред други игри кои беа етикетирани како машки,не ме занимаше :) Фудбалот беше и остана мој омилен спорт,но не значи дека ако играш фудбал дека треба да се облакаш мушки,да не носиш штикли,итн,да не бидеш женско.Се случува и некој ден да облечам дуксер на брат ми онака лагано,па убаво си се осеќам.Секој ден сум различно облечена :D
    П.с тоа според мене е само процес низ кој минуваат некои дечиња :),со тек на време сами ќе си почнат да ги бараат "женските'' работи,кога ќе сватат дека другите девојчиња прават нешто поразлично од нив :)
     
  9. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Офф лелее јас се родив во улица каде шо има повеке машки отколку женски..И најнормално се прилагодив и во градинка додека сите девојчиња играат со барбики и ластик вртат хулахоп..Јас со машките колички возам.. :lol: на улица девојчињата играат ластик јас фудбал..И морам да признаам дека бев подобра во фудбал и од машките :!: леле а кога џонглиравме сите 4-5 јас 10 :lol: 8) И кога мајка ми ке ми купеше некој барбика така ми стоеа во една кутија..А со количките си играв..Потоа се преселив во друга маала каде шо имаше повеке женски и тогаш енос почнав да си играм со барбики :lol: И сега неможам фудбал да играм се сум заборавила..Сега играм со компијутерот :lol: Ама кога ке ми текне..Ехх колку инетресно ми беше мене детството.. :)
     
  10. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Јас бев исто машкуданка до 8 години ( не ме оставаа повеќе .Пубертет демек.И плус затоа што се преселивме)Си играв со пушки и пиштоли ,со количиња,се надгледував со машките јас да сум највисока ,јас да сум најсилна и најдобра во фудбал. :tmi: Кога ќе ми купеа барбики ,јас ги демонтирав .Една рака ќе најдеше мајка ми зад телевизор,главата си ја шетав секаде со мене :!: .Сега сум за 360степени сменета.Можам да се пофалам дека го имав најубавото детство.Нормално играв и со женски ,но подобро се осеќав во машко друштво.Ништо лошо не ми нанесе . :?:

    Сега сакам да ви кажам за едно познаничка.Девојчето има исто 8 години ,но се гледаме ретко.Е!Кога ќе се видиме стандард прашање и е :„Дадо ти имаш девојка?"
    И сама си признава дека сака девојчиња.Е тоа е веќе нешто друго .Се облекува како машко и само со стап шета во рака. :sweat:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Темава ме врати во моео лудо детство хахаа
    Цел живот бев мушкаданка(се додека не го сретнав мм,замислете сите го свиѓаа а тој баш со мене сакаше да биде)таква со капче,со скејтерки,со стартки лелеее и додека го пишува ова се чудам како може да се сменам толку.
    Кај мене у маало само машки ја бев единствено девојче и така ја си играв со нив камајкамај :rofl: фудбал
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Јас бев машкуданка до пред 2 години :$ играв со машки фудбал ( и сега играм) игравме со пушки пиштоли,му ги земав смалените алишта на брат ми..се така се облекував (и сега му ги земам,за по дома ) :lol: па дури сега почнав со женски повеќе,ама уште си се дружам со машки,поубаво ми е :rofl:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Јас никогаш не бев машкуданка. :*
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не е важно тоа што е машкуданка (па и јас сум) но треба да и објасните дека насилството е не во ред (не ми се верува дека јас го пишувам ова).
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била машкуданка, ниту некогаш сум сакала да бидам машко.
    Секогаш сум се чувствувала убаво во своја кожа т.е. со уживање сум ги правела работите кои секое девојче ги прави. И како мала, си носев фустанчиња и си играв со кукли. Сега имам една другарка која повеќе и лежи да се однесува така. Навистина и одговара, таа тоа природно си го прави. Секогаш носи широки маици, тренерки, патики во секоја можна комбинација, капчиња и тн. Игра фубал, слуша рап, не се шминка. Многу е убава и симпатична што значи дека не го прави тоа за да си лечи пубертетски комплекси. Кога би се дотерала секој би помислил колку е убавко и симпатично девојчево. Кога ќе треба некаде да се оди сите ќе облечат штикли, фустанче, ќе се нашкинкаат и се тоа, а она во фармерки, маичка и балетанки (скраја да е ако ги облече некаде освен за нешто посвечено) Ама ете, премногу добра другарка е и ми е една од најдобрите, многу ја сакам и се дружам со неа. Понекогаш и таа кажува дека некогаш навистина претерува и сака да се смени, ама ете другиот ден пак ќе ја видиш во широка црна маица од татко и, во патиките кои се исти како оние кои братучед и ги носи. :D
     
    На sweet-star и Dog-lover им се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    си бев во детството
    па интересно ми беше..се плашеа и децата од маало од мене :lol:
    се помина сега само сеќавања :)
     
  17. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Најдобрата другарка е полу-машкуданка фудбал,кошарка,пантолони,дуксерки и само на лето ЛАКИРАНИ НОКТИ :o :o :o
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Од како знам за себе се чуствував и се сакав ваква како што сум типична женска личност, со никакви други примеси :D несватливи ми се овие машкуданкиве ама шта чеш :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Јас сум си машкуданка од 2 години и не се обидувам да се променам. Сепак, тоа не значи дека носам само широки тренерки. Не дека сум голем обожавател на шминки, фустани, глупости...Со други зборови, ги мразам шминките, носам фустани понекогаш . Сакам да се тепам, знам дека не е убаво, но забавно ми е (добро, наречете ме ментално пореметена ако сакате).
     
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Значи скоро сите мислења ги прочитав од темава и повеќе од пола од вас не биле/не се машкуданки. :)

    ЈАС бев машкуданка и тоа страшна. Знаев дека е проблем но ми беше убаво. Не знам до која возраст играв фудбал со постари машки (мислам дека имаа завршено средно).Се собиравме на едно игралиште со друштвото (со машки) и игравме фудбал а јас бев најдобра во тоа. Многу често се степував со други машки (никогаш со девојче). Еднаш една наставничка дојде да ме тргне од детето кое го задеваше брат ми и јас неа и одвраќав, многу бев некултурна. Бев единственото девојче на терен со фудбалот во рака. Имаше понастрана клупи и таму седеа девојчиња на моја возраст и постари. Тие обично седеа за да бидат гледани од машките кои играа фудбал и мене тоа ме нервираше затоа што сериозно им го одзимаше вниманието од фудбалот на моите другари. Да бидам искрена малку се гнасам од она што сум била. Не сакам машкуданки.

    Бев таква до 14-15 години и ме смени женското друштво на една школска. Можеби на тоа мое понашање најмногу влијаеше брат ми.

    И ме нервирате што викате дека сте машкуданки затоа што носите дуксери, тренерки и слично. Дефинирајте се како "машки девојки" а не "машкуданки". Има секако останато нешто "машко" во мене, затоа сум "машка девојка" сега но во границите на нормалата. Инаку обожавам што сум жена.