Не сум се нашла во таква ситуација, слабак и плашливец сум за таков чекор, а тек па каков режисер на црни мисли. Ама знам како е едниот родител постојано да е на печалба, во мојот случај татко ми. За секој од семејството е тешко, ама за тој што е сам во странство е најтешко и го разбирам татко ми за неговите однесувања и немири кои ги има, и лошото скршнување од патот. Фала му на Господ сега не е сам и никогаш веќе да не биде сам. Со мајка ми беа големи жртви за нас цел живот и се уште се.
И мајка ми и татко ми оделе во странство на пола година. Од мала сум навикната. Првиот пат имав 7 години ама не памтам дека сум се чувствувала тажно. Ама затоа на 12 години веќе кога бев свесна што се може да се случи.. стравот беше присутен. Ако родителот што останува се грижи за детето како што треба, се трпи..