1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка Тереза - светица или „ангел“ од пеколот?

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 3 септември 2016.

?

Со оглед на бројните негативни контроверзии, треба ли Мајка Тереза да се прогласи за светица?

Анкетата е затворена на 3 септември 2018.
  1. Да

    17 глас(а)
    15,7%
  2. Не

    64 глас(а)
    59,3%
  3. Не знам

    27 глас(а)
    25,0%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.043
    Пол:
    Женски
    Хахах не мислев на таков пат... :) Мислев на тоа дека во животот треба да минеш низ некои сложени фази за да добиеш титула светец...
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Мене само ме чудат двојните аршини кои се применуваат за Мајка Тереза и останатите светци.

    Според мене, единствената разлика помеѓу (сега) Св. Тереза од Калкута и било кој друг светец е само во тоа што Мајка таа живеела во 20-иот век, како медиумска личност, а другиот живеел пред 10 века, на пример.

    За Мајка Тереза ги знаеме и позитивните, но и негативните аспекти и контроверзи - за светците од минатото, само она што е запишано за нив - значи само најдоброто.

    За тоа дали Мајка Тереза направила доволно во животот за да стане светица се сомневаме и дебатираме, а „светоста“ на сите други светци никогаш не ја доведуваме во прашање.

    За „чудата“ на Мајка Тереза сме скептични или воопшто не веруваме во нив, а чудата на останатите светци ги прифаќаме здраво за готово.

    И така натаму.

    Не мислам дека Мајка Тереза е ниту помалку, ниту повеќе заслужна да стане светица, во однос на сите други кои станале светци во минатото - секој од нив дал некаков (поголем или помал) придонес за христијанството.

    Само, би било добро со истиот скептицизам со кој се гледа светоста на Тереза да се погледнат и сите останати светци. :)
     
    На Lella, Victorian, Херкул и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    За светица не е мое да знам дали треба или не треба да се прогласи.
    Знам дека правела некои добрини и има записи за тие дела, така да , ми се допаѓа тезата: делата го прават човекот - човек, или не човек, зависи од делата...
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мајка Тереза за православните христијани му доаѓа како естрадна звезда.
    Да не беа сиромашните и на улица оставени, поточно кажано фрлени деца во Калкута, немаше да постои светица мајка Тереза.
    За мене МТ е жена која со својата вера во Бога и со убедувањето дека Бог ги сака сиромасите и отфрлените, дека нив ке ги благослови, ги наполни Ватиканските сефови наместо да го зголемуваше бројот на болници, бројот на прифатилишта за напуштени деца, бројот на болнички кревети, да ја поткренеше таа беда во Калкута...она остави многу умрени деца и фетуси по улици да ги јадат кучиња.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    zs?
     
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Онака.. :)
     
  7. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    жива сум
     
    На korisnichka и HUNK им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    @Херкул Драг Херкул нема тука никакви двојни аршини ,или партии.
    Јас само кажувам од Православна гледна точка како е што е.
    Сакале вие да прифатите или не,без разлика како умрел Св Климент дали маченички дали не,или да ги земеме во обзир и другите светци,секој еден е позаслужен да биде светец од горенаведената која како што кажа избегала и била умна за да не ја затворат поповите..абе умна била,ама па и знаела каде бега и кој ќе застане зад неа,не за џабе се сите оние контроверзии во врска со неа.
    А пример за Св Климент,Св Никола или незнам кој друг нема ништо матно..поздрав
     
    На Orthophill, maca cvet и Bulgarian им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Што се се случува низ светов, какви катастрофи, овие во Ватикан и нови светци најдоа да прогласуваат. Ајде сега сите што верувате и го оправдувате ова, помолете се на Мајка Тереза, можеби ќе не направи похумани. (lalala)
     
    На maca cvet и Rama им се допаѓа ова.
  10. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Видовме што кажуваш. Светците од православната партија се најјаките и тие со право се светци и на следните избори пак треба да ги гласаме да бидат светци рамо до рамо со Господ, а тие „светците“ од католичката партија треба под итно да си дадат оставка зашто не заслужуваат да бидат светци и се е матно околу нив... мајка Тереза не умрела со маченичка смрт.. ама чекај малку, па ни Св. Климент од православна партија не умрел маченичи?... ама нема везе, он е пак позаслужен пошто има членска од православна :)

    Чекај малку, сакаш да кажеш дека тие Климент и Никола биле безгрешни??
     
    На Lella, ceca-1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    За какви партии зборуваш? Зошто со сила пробуваш да создадеш кавги? За нас Православните постојат само нашите светци и во нив веруваме, нив ги славиме, нови светци не ни требаат, во 21 век незнам дали постои човек кој би бил светец... А такви како Мајка Тереза има многу, еве на пример Тоше, и тој помагаше и што треба светец да го прогласиме? Путин?? колку милиони луѓе спасил од глад и сиромаштија знаеш? и што треба светец ли да го прогласиме? Гледајте си во својата чинија, верувајте во какви светци сакате но не пробувајте да ги наметнете на Православието. :)
     
    На Bitter-Sweet, HUNK и Rama им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    @Херкул А каде тоа јас реков дека се безгрешни? И дај молим те смешни ти се споредбите со партии и избори!
    Значи на овај свет никој не е безгрешен освен самиот Господ.
    А конкретно светците од Православието,како што милуваш да кажеш ти избрани се од народот,оти народот ја знае вистината и секогаш ќе ги избира ;)нема да ти одговорам дали биле безгрешни,не сум била покрај нив да го знам тоа,ама до ден денешен не излегле никакви контроверзии или матни работи за нив,ама можам да тврдам како се правеле со силна вера,како водени од Светиот Дух исцелувале болни,слепи прогледувале и сл.
    А дали во Католицизмот го има ова? Дали таму владее Светата Троица? Не! Не за џабе и се вика расколничка црква,јас се извинувам ако те навредувам со ова,ама ми ги извади сам зборовите од уста.
    Значи како хуманитарка ја прифаќам Мајка Тереза по 4757 пат ќе кажам,ама не и како светец,барем јас лично не ја прифаќам како таква.
    А и добро кажа @Vitaly денес има добри и хумани луѓе,ама тоа не значи дека е доволно да станат светци.
     
    На Orthophill, Vitaly и HUNK им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.043
    Пол:
    Женски
    @Rama ти ако си православна нема што да ја прифаќаш или не прифаќаш Тереза. Добро кажа @Vitaly за нас Православните постојат само нашите светци и во нив веруваме. Да беше некој православен светец прогласен тогаш можевме да (не)прифаќаме ама вака можеме само став да си изнесеме за нејзината титула.
     
    На Orthophill, ceca-1 и Vitaly им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ај првиов дел од постов, ок... Ама вториов, поголема неинформираност и небулози немам прочитано одамна.
    Во времето на пази-социјализмот, религијата беше одделена од државата, како што е и денес. Во социјалистичка Југославија постоеја народи кои веруваа во различни религии.
    Постоеја и постојат христијани/католици и православни, муслимани, евреи и луѓе со други вероисповести.
    Во времето на Југославија, Македонската православна црква е признаена, луѓе славеа и слават православен Божиќ и Велигден и католички и Бајрам, никој не им забранил никогаш, ни деца да крштеваат ни сунет да прават. Мајка ми и татко ми, и двајцата се родени во 60 и некоја и двајцата се крстени.
    Јас незнам со кој памет пишувате вакви работи, кога прво и основно, постојат милиони и милиони ЖИВИ сведоци на тоа време и ќе постојат уште многу долго. Југославија беше туку речи вчера, а не пред 3000 години па вакви лаги и невистини да ви поминуваат лесно.
    И каква е таа православна партија? Јас прв пат слушам?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet Па да де Православна сум.И реков дека општо кажувам од општа гледна точка за прифаќањето,не само од мое лично име како поединец,оти насекаде гледам во околина,или на фб како ја величаат женава,како да е наш светец,ете тоа ми беше поентата...јас се повлекувам од натамошна дискусија.
    Се напнавме ептен со католициве :D
     
    На Orthophill и Bulgarian им се допаѓа ова.
  16. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    На анкетата гласав "Да" од едноставна причина. За градењето на воинот на коњ луѓето се бунеа дека тоа ќе го грди плоштадот и дека се переле пари преку него. А оти никој не се побуни за тоа дека Аце е еден од најголемите тиранини и убијци од кога постои човештвото? Никој не е светец, нели? Е така ние му се восхитуваме на најголемиот освојувач а се буниме за Тереза, која и да перела пари, пак има нешто арно напраено хехе
     
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    Познатото,крадат ама градат:(
     
    На Vitaly и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    „Народот ги избрал светците, народот ја знае вистината и секогаш ќе ги избира... со ова баш ме потсеќаш на Груевски кога вели „Народот ќе одлучи на избори“ :)
    Кој народ? На кои избори? Историјата не познава такви избори, ниту пак референдум каде што биле гласани и избирани светци за православната партија... али добро е, еве сега научивме четврт критериум за избор на светец - мнозинство од народот да го дадат својот глас за избор на светец.

    Прво велиш „никој не е безгрешен освен самиот Господ“, а потоа велиш „нема да ти одговорам дали биле безгрешни“ :) Епа самата си одговори. А зошто не си слушнала за нивните матни води, тоа не е дека тие биле безгрешни, туку затоа што такви работи не се запишувале во преданијата (приказните и легендите), туку само добрите работи и плус се додавале разни легенди, преувеличувања, се измислувале чуда и сл.
    Да живееле тие стари светци денес (независно дали од католичка или православна партија) и те како ќе знаевме за нивниот грешен живот.

    Затоа е глупо да се споредуваат античките светци (со селектирана и преувеличена историја), со денешната мајка Тереза која живеела и ја вршела својата мисија во наше модерно време, во време на живи сведоци, во време на медиуми, комуникации и социјални медиуми каде што не може речиси ништо да се сокрие од јавноста.
     
    На Lella, Asparagus и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Колкава ограниченост, заслепеност и индоктринираност е потребна за да се тврди дека само светците на православната партија се вистински светци, а сите оние од опозициската католичка партија тие не се достојни да бидат светци. Зошто? Затоа што некои од нив не умреле маченички? Па многу и од православните светци не умреле маченички. @Rama вели народот ги гласал православните светци. Па ако е така, католиците денес по бројност се 3 пати повеќе од православните, што значи како гласачко тело се далеку побројни да ги надгласаат православните светци.
    И после ми велиш за какви партии зборувам? Јас не можам да видам никаква разлика меѓу ВРМО-овците и СДСМ-овците од една страна и православните и католиците од друга. Истото однесување, истата ограниченост, истата индоктринација, истото слепо бранење на својата партија и пошто-зашто непризнавање на опоцициската партија.

    И објасни ми те молам зошто би постоеле луѓе кои би биле прогласувани за светци во 9, 11, 13 век, а тоа не би било можно во 21 век? Помал е капацитетот на човекот за добри дела? Или затоа што денес, во модерно време на медиуми и комуникации, не може да се сокрие и темната (гревовна) страна како што тоа се правело со постарите светци?
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ајде ајде ако збориме сега која партија или која религија е подобра до утре ќе треба да водиме дискусија...Благодатниот оган зошто на католиците не се симнува ?? Доволна ми е мојата вера православна и немам потреба да се восхитувам на други светци и други религии но ги почитувам и не се обидувам да и наметнам наши светци.Мајками е католик, таа си верува во едни светци а јас и таткоми во други. И немам ништо против, прогласувајте светци колку сакате, во нашиот свет тоа нема да се случи, се надевам. Ние никогаш нема да бидеме добри за вас бидејќи сме православни...
    Затоа што нема таков човек кој би бил светец, хуманитарци има многу но човек во денешно време да биде светец тешко. ако таквите како Мајка Тереза ги сметате за светци тогаш Тоше и Путин за мене се светци.. :) И нормално дека ќе си ја бранам својата партија и вера, што треба да ја предадам? За семејството верата и татковината душата се дава а не да ја предадеш... :)
     
    На Orthophill, Rama и HUNK им се допаѓа ова.