1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка Тереза - светица или „ангел“ од пеколот?

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 3 септември 2016.

?

Со оглед на бројните негативни контроверзии, треба ли Мајка Тереза да се прогласи за светица?

Анкетата е затворена на 3 септември 2018.
  1. Да

    17 глас(а)
    15,7%
  2. Не

    64 глас(а)
    59,3%
  3. Не знам

    27 глас(а)
    25,0%
  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Херкул Драги сега се фати со тоа што реков избрани се од народот? Хм,па јас само малку со твоите фори се изразив,ти почна со користење на избори и на партии :D
    Да ти појаснам еве,избрани од народот значи прифатени,што не е јасно.
    Не знам во глава ти може си правиш филм за политики,за партии,па што толку Православието го викаш партија,и не сте живи значи и во религија ако не го смешате Груевски,уште Латас фали :Dтоа си е твое мислење,јас сум немоќна тука.Нема што да се убедуваме и натегаме веќе,слави си кој сакаш,твое право.
    Па да,само за Господ добро знаеме дека е безгрешен,уште стојам на тоа дека нема да одговорам дали биле безгрешни православните светци и дали имало преувеличување за нив како што тврдиш ти,само едно ќе ти кажам за крај Патот ,Светлината и Вистината ги има само во Православието која е вера установена директно од самиот Исус,е сега ти види натаму дали ќе живееш во заблуда или ќе си ги отвориш очите.И дај доста беше сигурно им здосадивме на луѓево,се едно те исто,секој го брани своето,на различна бранова должина сме за жал :D

    П.с за какви измислени чуда зборуваш? Па нема човек што не знае дека најголемите чуда се случиле во Православие и се случуваат секојдневно.
    Кажи ми за чудо во католицизам,кажи ми за чудо во будизам,ислам?
     
    На korisnichka, Orthophill и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Прво,по дефиниција,партија е зедница на луѓе кои делат исти државни и опшествени интереси и убедувања.Што значи неточна ти е споредбата на политички партии со деноминации.Сакајќи да бидеш саркастичен,само покажуваш дека општото знаење ти е нула.
    Второ,скаран си ептен со историја.Да не сум во право,ќе знаеше што е Големата Шизма и немаше да лупаш глупости дека Православните и Католиците во се се исти а уствари се во се дијаметрално спротивни.
    Трето,Светците ги канонизира Синодот на Црквата на која тие Светци припаѓале.За тоа има посебна комисија која долго време ги истражува животите на оние кои треба да бидат прогласени за свети.Има одредени критериуми.. како дали има правено чуда,каков живот живеел тој Светец.. дали има некоја црна дамка итн итн..
    Четврто,ете сега кај и да е,МПЦ ќе го канонизира Гаврил Велички и уште неколку други.Тоа ќе биде јавно,па ако сакаш иди присуствувај.Да знаеш дека и во 21-век има Светци.
    Петто,отвори книга по историја и види што е и кои се причините за Големат Шизма.
    А зошто е Православната Црква вистинска.. тоа можеше да го истражиш до сега сам,наместо овде како свекрва да се караш со кој ќе стигнеш.
     
    Последна измена: 9 септември 2016
    На korisnichka, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас уште не дознав која е таа православна, а која е католичка партија?
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Мислев дека никој не се огласил низ македонските медиуми, но не било така, имало барем на интернет портали некој што размислува со своја глава и згора го спомнува не-пренесувањето од македонските медиуми на оние контроверзни страни за Мајка Тереза иако цел свет и соседството пишуваа и известуваа за тоа денови пред и по канонизацијата. Ги пренесувам најинтересните извадоци од текстот „Света Телма:

    "Ох, зборувајте ми за хуманисти за кои страдањето на сиромашните е божја волја, а не светска неправда и продукт на пеколната распределба на ресурси за преживување меѓу луѓето. Зборувајте ми за светци кои тежат милиони, лекуваат во услови полоши од денешни ветеринарни ординации, а кога самите се болни ги преферираат клиниките во Калифорнија. Такви „светци“ богами во Македонија има многу, дури и премногу. Па, ако ни е до туризам не мора да играме на картата токму на оваа скопјанка."


    "За темната страна на ликот и делото на Мајка Тереза, со факти аргументирана од славниот Кристофер Хиченс, луѓе инволвирани во нејзините болници, научници од Универзитетот во Монтреал, нејзини волонтери итн., за критиките околу нејзиното канонизирање во светица говореа, на пример Индипендент, Вашингтон пост, Гардиан, ама не и нашите мејнстрим медиуми. Еве, со сигурност не и Телма. Па која е поентата да имаме академици и медиумски уредници кога истите одбиваат критички да размислуваат, да истражуваат, да разобличуваат митски наративи особено кога истите доаѓаат од центри на моќ како Католичката црква."

    линк кон целиот текст:
    http://okno.mk/node/58390
     
    На Bender Rodriguez, A-j-a, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Еден ден од кога Државата јавно ја објави т.н.“Татковинска прослава за Тереза“ се случи потопот во Скопје, во кој се удавија 23 души. По еден месец, на денот кога во сред центарот на Скопје кулминираше оваа прослава на нечестивите, каква што никогаш претходно не била видена во православна Македонија, удира земјотрес во Скопје од над 5 степени по Рихтер, кој се јавува еднаш во 120 години.
     
    На Selest, Vitaly, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    ^Сеуште веруваме дека поплавите и земјотресите се казна од дедо Боже, а не природна појава? Океј... :D
     
    На eloves, Lella и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Ајде бе, кога прогласуваат католички светци тоа се нечестивите и Господ го казнува народот за тоа, а кога прогласуваат православни светци демек Господ дава благослови и плодни години? :) Демек на Господ му е убаво кога луѓето обожаваат православни светци, а се гневи кога обожаваат католички светци?

    Некој католик на ова би ти одговорил дека кога православните христијани отидоа да се поклонуваат на „светиот“ оган во Ерусалим, избувна пожар во Македонската православна црква во Сиднеј, во српската православна црква во Њујорк, во манастирот Валаам во Русија како и пожар во грчката православна црква во Мелбурн.
    Затоа повнимателно малку со овие сосила наместени коинциденции :) Господ воопшто не сака кога луѓето обожаваат други луѓе без разлика дали се тоа со етикета православни, католички, протестанти, адвентисти, мормони итн.
     
    На Lella и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Се опишуваат след на настани,конекцијата помеѓу нив дали е "случајна" не навлегувам.
    А и она со огновите има и православна гледна точка, али и неа нема да ја опишувам.Освен што би ги потврдил настаните.Со уште една случка која ја пропушташ да ја кажеш ,а тоа е дека за цело време додека траеше велигденскиот пост,најмногу нереди се случуваа со шарените "црвени,жолти,зелени.."...."јајца".
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ќе напишам уште еден коментар за сестра Тереза.
    Чудно ми е оние кои се борат против канонизацијата на оваа римокатоличка светица, главно како факти ги имаат следниве работи:
    1. Дека сестра Тереза не им помагала доволно на тие што умирале. И дека нејзините прифатилишта немале доволно добри услови. Факт е дека пред сестра Тереза, немало никакви прифатилишта и дека луѓето умирале по улиците. Сестра Тереза барем се погрижила луѓето да умрат како луѓе. (Да се потсетиме дека најголемата добродетел на свети Товит, од Стариот Завет била што ги погребувал луѓето.) Интересно е дека оние кои ја напаѓаат за овие работи забораваат дека тие ништо не направиле за да им го олеснат животот на оние кои страдаат во Колката. Да направеле нешто, ајде и да ги сфатиме дека имаат право да кажуваат.
    2. Била против абортусот, контрацепцијата и разводите. Овој нејзин став се заснова на ставот кој по овие прашања го има Римокатоличката црква. И тука пречка за канонизација би било ако таа се противела на овие ставови. Истите ставови ги има и Православната Црква, со исклучок на ставот за развод, кој го дозволува во случај на прељуба или физичко малтретирање.
    3. Ја обвинуваат дека земала нечесни пари. Но и тука не гледам голем проблем. Ако некој, кој крадел се покае, прво нешто што треба да направи е да го врати украденото или пак да им го даде на сиромасите. Сестра Тереза, како христијанска калуѓерка, немал право да ги одбие прилозите од оние кои се кајат. Истите тие прилози не можат и не смеат да завршат како дар за изградба на храм Божји, но како помош за сиромаси можат да се употребат.
    4. Сестра Тереза не може да биде Православна светица, не поради тоа што и` го замеруваат атеистите и протестантите, туку поради тоа што таа пребивала во ерес(исповедајќи дека Светиот Дух исходи и од Отецот и од Синот, а не онака како што не` учи Светото Евангелие дека Светиот Дух исходи од Отца преку Сина) и надвор од Црквата. Секоја друга забелешка е надминлива, зашто нема човек да поживее, а да не згреши. Светец не е оној кој не згрешил, туку оној кој се покајал за своите гревови и прави дела спротивни на своите гревови.

    Според сево ова кажано, римокатоличката црква има право да си ја прогласи сестра Тереза за светица, па дури и за рамноапостолна (зашто да бидеме реални го прошири Светото Евангелие, додуша искревено, во Индија и ја рашири римокатоличката црква). Ние Православните треба да сме рамнодушни на тоа.

    Околу татковинската прослава на сестра Тереза, мене ми сметаше тоа што им се дозволи на римокатолиците да одржат литија низ градот, да поминат низ триумфалната капија и да служат миса на плоштад. Уште повеќе ме налути тоа што левичарите, протестантите и секуларистите нигде ги немаше да се побунат што ете се руши секуларизмот и се служат миси на плоштад. Ги немаше да протестираат... Иако римокатолиците во Македонија не се ни 0,1%, ама ако Православните излеземе со литија или да служиме литургија на плоштад сигурно веднаш ќе се јават и ќе се побунат... Иако ние сме 60%.

    ПС: Ирена Цветковиќ, ниту е, ниту може да биде некаков си фактор околу прашањето кој може или кој треба да биде светец. Нека си ја гледа платата што и` стига за работната позиција - активист(активист и старлета се работни места кои никако не можам да ги сфатам, би му благодарел на секој, кој би ми ги објаснил).
     
    На Selest, Philippa, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Jas znam deka na zemjava site sme sveti ziveeme vo ovoj svet nema sega da kazeme ee ovoj e posvet ovoj poneesvet tuka sme site isto. Samo bog e nad site nas tuka sme site isti, I stvarno e ova glupavo spored mene proglasivanje na svetci, ajde utre zadutre I Angelina Jolie da ja proglasime za svetica, site humanitarci cvetci neka se
     
    На Rama и Vitaly им се допаѓа ова.