Сигурно веќе знаете дека поради мајка ми раскинав три годишна врска и кога помислив дека конечно ќе ме остави на мир, повторно ме малтретира. Пред некое време запознав едно дете (кое е многу културно, фино, добро, едноставно душа е). Почнавме да правиме муабети на разни општи теми и муабетот со него ми одеше толку многу добро што мислам дека никогаш не сум сретнала толку слична личност на мене. И тој ми го кажува истото, ми кажа дека поради својата наивност бил премногу пати повреден и од девојката и од нејзините дома и дека мене ме гледа со поинакви очи. Јас не сум спремна за нова врска и веднаш му дадов до знаење дека може да бидеме само пријатели и тој прифати. Толку убави зборови (другарски) ми кажуваше што за момент заборавав на огромната болка поради раскинувањето. Тој бидејќи живее во близина дуќанот од тетка ми неколку пати дојде тука. Мајка ми го виде и одма направи гримаса. Сфатила дека неколку пати се имаме допишувано на фб (тетка ми ме набедила) и мајка ми едноставно полуде. Почна да ми се дере на цел глас „Како можеш да фаќаш работа со онакви клошари, што бараш да го вртиш околу тебе онаков лигушко, ти си ненормална, ти си глупава, повторно ќе се зацапаш во некој клошар, ти му даваш шанса зарем не гледаш дека ти се додворува ти си премногу глупава да не знаеш да го откачиш‘‘ Јас почнав да плачам и да ја убедувам дека детето е премногу добро, дека јас не сум му дала никаква шанса, дека сме само другари. Не ми веруваше почна уште повеќе да ми вреска и побара да и го отворам цел мој фб за да се увери. Јас се налутив и и` реков да ме остави на мир, а таа почна да ме тресе и ми рече „Што ти е тебе будала една, јас да неможам да зборнам со тебе, сакаш да те утепам.‘‘ Откако раскинав со бившиот тотално сум сама, немам никого, другарките што ми беа се во долги врски и немаат потреба да се замараат со мене, а ова дете беше единственото што ми подаде рака, што се однесуваше со мене како со најмилото нешто на светот, а таа повторно си го направи своето. Додека сите мои врсници лудуваат, се возат по мотори низ цел град, се дружат, лудуваат, излегуваат кога ќе им текне, јас не сум подизлезена од дома и пак душата ми ја извади. ВЕ МОЛАМ давајте ми совет затоа што јас ќе полудам. Неможам повеќе. Како можеше да бидам олку голем малер ваква мајка да ме роди?! Како? Почнувам да мислам дека таа е многу лоша личност. Ми го уништува животот, верувајте. Што ќе ми речам сега на детево? Толку беше добар кон мене..не заслужува така да го навредам.
Сум ти давала совет за твојот проблем. Без навреда, на мајка ти очигледно и фали нешто. Совет мислам дека нема. Затоа што се работи за искомплексирана личност, со не така висока интелигенција. Единствен совет е да почнеш да се осамосталуваш и да не и обрнуваш внимание. Ако збори, од едно уво влага од друго излага. Друго решение не гледам, затоа што она и онака не би те сфатила. Навистина ми е жал и сигурно не би имала така лесен живот со таква мајка. Она ќе ти се меша цел живот во твојот приватен живот, без разлика дали некогаш ќе најдеш некој што можеби ќе и го прави ќеифот. Немаш 10 години па ти да и даваш пасворд од фб и да и докажуваш нешто неа. ДА, мајка ти е, ама се си има граници. Извини за песимистичкиов пост, ама јас не гледам можност како би го решила тој проблем. Освен да и се спротивставуваш или пак подобро кажано ја игнорираш и си правиш како што ти одговара.
Мене ми се чини дека мајка ти сака да те изолира од цел свет, а ти лесно подпаѓаш под нејзино влијание. Не ја слушај за се, мислам, пресуди сама за што е во право и треба да ја послушаш, а за што не. И не си ни мала ни глупава да не можеш да си избереш пријател. Едноставно, почни малку побунтовно да реагираш на нејзините ставови и живеј си го својот живот, сепак тој е твој живот не нејзин.
Толку убаво ни одеше муабетот, тој сега дипломира, па си правевме муабети за факултетот и слични работи, а таа повторно си го направи своето. Што ќе му кажам сега? Ми пишува Лук каде си, што ти е, да не ти згрешив нешто, извини ако сум ти згрешил, а мене ми е страв да му вратам. Ако му ја кажам вистината ќе го навредам. Тој е премногу емотивен и скршен од претходната врска (и родителите од девојката го навредувале исто вака), ќе го распарчам едноставно. Јас и викам „Како можеш вака да судиш по изгледот (а детето е симпатично, само слабо и не е толку богат како што бара таа, иако јас не го гледам како дечко, ама таа не може да верува во пријателство), прво запознај му ја душата на човекот, па после суди. Што дека некој ќе биде предотеран, а има расипана душа? Наместо ти мене вака да ме учиш, јас те учам.‘‘ И таа ми вика „Е како не, на оној исушен ќе му давам шанса, како од нешто болен да е.‘‘ И понатака верувајте ми е страв да додавам уште нешто. Ако продолжам да комуницирам со него ми е страв да не го изнавреди, како што веќе му се изнасмеа во лице, а тетка ми скоро и да го избрка од дуќанот. Тој сетил и ми вика „Некако се чувствувам отфрлен.‘‘ Тотално ме раздели од сите блиски луѓе што ме сакаа и ме вреднуваа. Ме направи да бидам сосема сама. И секогаш истото ќе ми го прави додека не види богаташи по нејзин вкус до мене. Wow- Ако јас станам бунтовна којзнае што ќе ми направи. Јас еден збор настрана да и преречам полудува и одма им кажува на тетка ми и баба ми и сите како мршојадци ми се нафрлаат.
Искочи на кафе со него и објасни му се убаво. Ќе сфати. Отворено разговарај па дури и побарај совет. Ако студираш глеј заврши поврзо и најди работа...и некако отсечи се од неа. Мајка ти е, ама тоа не значи дека треба да ти го води она животот и да те малтретира. Биди побунтовна. Прво нека се погледне себеси па нека збори за другите. Какво ниско однесување. Дури чудно ми е како може да си ти толку различна од неа и разумна и да го цениш човекот поради тоа што е, а не поради парите.. затоа што очигледно цел живот ти го полнела мозокот со глупости. Мора да се спротивставиш. Што може да ти направи? Да те заклучи дома? Зошто не разговараш со татко ти може ќе те сфати.
Девојко ако стварно имаш 19 години, мислам како воопшто можеш да дозволиш мајкати така да се понаша со тебе? Приберисе, еднаш спротистависе, стисни ги забите, тешко ќе ти биде, но да се игра на таков начин, да ја отфрлиш некоја личност која за некое време може да ти стане пример иден сопатник или најдобар пријател, мислам дека нема смисла, спротистависе, кога таа ќе ти зборува нека не те допира она што ти го кажува, сака да те претвори како неа, пати од тој комплекс, ако се мажила млада можда не сака ти да уживаш во младоста, отвори ги очите, не е касно да превземиш се во твои раце и да си среќна!
Лук навистина многу ми е жал. Велиш дека и тетка ти и баба ти исто се однесуваат? Зарем нема некој да ја подучи и да те поддржи? Браво за тебе што сепак и покрај тоа што си била цел живот во такво опкружување, ти си се изградила во една сосема поинаква личност. Жалосно што сеуште луѓето ги ценат по изгледот и материјалната состојба. Многу погрешно, го кажувам тоа и од лично искуство. Тогаш Лук, пробај да бидеш посамостојна, не мора за се да зборуваш со мајка ти, за се да се советуваш со неа. Изгради си една своја приватност до која таа не ќе може да стигне. Се надевам дека ќе успееш да си го живиш животот по свое.
Може изгледа пречудно, ама со татко ми имаме прееемногу далечен однос. Никогаш не сме разговарале за такви теми. И кога би се осмелила да му кажам што ми прави и тој самиот ќе помисли дека дечково ми е дечко, а и таа самата ќе му го сврти умот и ќе изнакажува милион лоши работи, а тој секако ќе и поверува нејзе. Според неа јас сум детенце што не знае ништо и што треба секој збор од мајка ми да го слуша (Ова ми го викаат тетка ми, баба ми и таа). Ако кажам еден збор што не им се допаѓа тогаш јас сум лоша ќерка, јас сум ѓубре совет што не сфаќа, јас сум за жалење... Верувајте скрос сама сум. (Ова не е самосожалување, реалност е).
имав читано за проблемот за предходната тема со врската што сакалаза богат партнер но не искоментирав ништо, но сега мајка ти ја претерала навистина, Жената е Болна ( извини вака ) и опседната со тебе, сака живот за тебе што можеби таа го немала, мисли дека ти си нејзина марионетка и можи да управува со твојот живот, жената не е во право во односот спрема тебе, сосема е некоректен, она не се прави на дете, ама и ти си крива, како што гледам многу кутиш спротистави и се барем еднаш, кажи и дека повеке нема да ибиди како таја сто сака, прави тоа ти што сакаш, едноставно не и обрнувај внимание, таа ке вреска ама ке се помири дека не мози да те контролира, ако треба и раздерии се , Сепак се работи за твојата иднина, не туку само се жали, направи нешто од зборување и од жалење никој не видел ќар
Па јас мислам дека има некое решение..Мислам дека треба да разговараш со мајка ти и по мое мислам дека така ќе се среди се..А јас мислам дека мајка ти кога била млада сигурна сум дека некој ја повредил мн. јако шо сега мисли дека сите се такви..не му ја секирај ЕДЕН ДЕН СЕ КЕ БИДЕ ПОДОБРО! + совет од мене прај се дека ја слушаш ништо не и возвракај туку кути си ии ке ти вика ке ти вика ке свате дека си ја "сватила" шо ти збори аа ке мисле "ок сватила шо сакав да и кажам"..А ако сакаш да се гледаш со детето нз само ми9слам дека ке треба да се гледате скришно..нишо др.. Позз. ВЕРУВАЈ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СЕ КЕ БИДЕ ПОДОБРО!
И да му вратам сега на детево? Цела вечер ме моли барем збор да сум му пишела, се чуди што ми е. А во никој случај неможам да му признаам, зошто едноставно ќе го скршам. Греота е, не заслужува и од мене да ги чуе истите зборови. Тој е душа.
Лоок то давав совети и во другата тема, за жал таа приказна не испадна среќна, и ќе ти кажам само едно,не дозоволувај друг да ти го води твојот живот. Секој сам си ја крои судбината, и сам си го живее животот,а тој за жал е еден, нема реприза. Ти живееш живот или на мајка ти е? Не сакам да навредувам како некои други, мајка ти е знам, секогаш што и да ти направи треба да се прости, ама ако ти го дала живото не значи дека таа треба да управува со него и да ти го загорчува. Мислам искрено дека никој до нас нема да ти помогне, овој преблем излегува надвор од границите. Гледаш дека таа тактика не вродува плод, на искреност и слушање на мајка ти, во врска со љубовта. Имаш 19 години, млада си но не си дете, присбери се летово и мораш да донесеш одлука, мајка ти или ти. Како што ја преставуваш мајка ти е предоминантна личност која по никоја цена нема да остапи од своето, па макар и цената да е твојата среќа. Замини од градот во кој си, оди во друг град да студираш, по можност, ако имаш сила и вработи се, за да можеш сама да научиш да се носиш со животот. А мајка ти очигледно нема да се смири додека да те види со синот на Доналд Трапм, по цена и да си најнесреќна на свет. Ако ти значи детево, и сакаш да се отргнеш пиши му, и не го губи контактот. Врати си ги старите пријателства ама оние виситинските, затоа што ќе ти треба подршка во животот од некој, неможеш сама. Олади ги сите односи со мајка ти, престани било што да и кажуваш, зашто како што те читам ти се понесреќна си слушајќи ја неа. Жал ми е за мајка ти затоа што незнае каква грешка прави, и реално порано или подоцна целосно ќе те изгуби. П.С Веројатно сите овие постови ти звучат грубо и ладно, но верувај ми не се, од срце ти посакувам да си го средиш ова, затоа и пишувам, инаку речиси никогаш не давам љубовни совети или од овој тип. Знам дека ти е тешко и верувај ми жал ми е,и иаку не те знам, криво мие што се се чувствуваш така. Не заборавај ова ти се најубавите години, ако сега се елеиминираш од светот и од забавата, за 10години веќе ќе треба да бидеш одоговрна и зрела личност. Мразам вака да солам памет и се да излега толку лесно а напротив верувам дека е проклето тешко да пишуваш тука и читаш а да немаш излез,ама имаш. Тежок ама постои. Бодри се со дететво кое викаш ја помнала истата мака, милион пати ппоуаво од нас ќе те свати, па макар и како другар, па дај боже и повеќе. Биди силна и стисни заби, тешко ќе биде, но ако си сигурна и истрајна ќе успееш. Ти посакувам среќа, да се запишеш онака каде што сакаш, и прави се за да отидеш во нова средина, ќе се искалемиш и исчеличиш и мислам дека ќе бидеш многу посигурна и појака него сега.
А зошто па да му ја кажиш вистината? зошто да го отурниш од себе? ако ти годи неговото друштво биди со него, и пиши му договорете се да излезите, мајка ти не мора да знае, и плус како што викаш дека ако одиш ск таму ке биидиш доста слободна или таа ке иди да те контролира секој ден ? молим те значи како да не се чуди детево ко стварно немаш понашање девојче, знам дека хаос ти е животот со мајка ти ама ти не правиш ништо, не се трудиш ич за да го смениш тоа што ти се дешава, само се жалиш како што напоменав, еднаш ситуацијата земи ја во свои раце, ма и колку да е напорна и захтевална мајка ти , никој ама значи никој не дозволува некој друг да мусе меша во животот, а ти сии токму таа, па бори се девојче,, направи нешто за себе инаку вака цел живот ќе си се жалиш и жалиш.. Бараш совети, овде ти имат даено премногу феминки совети, но ти ни еден немаш послушано и упорно се жалиш како ти е секој ден, секоја минута, па послушај сите имаме исто мислење, значи така треба, таа е реалноста...Извини на грувиве зборови, но самата си виновна за ова што ти се случува.
Look, мое мислење е дека треба да и се спротиставиш, да и покажеш дека и ти имаш свое мислење, свој живот кој ќе го живееш така како што сакаш ти. Покажи заби, покажи цврстина и став, па дури и сето тоа да заврши со караница. Очигледно е дека ти не си задоволна од својот живот во моментов, па направи нешто за да го промениш тоа. Да уживаш во најубавите години. Не би сакала да кажувам лоши зборови за мајка ти, непријатно ми е, само ќе кажам дека воопшто не е во право. Ни најмалку. Вистина е дека родителите го посакуваат најдоброто за своите деца, ама мајка ти како да не сака ти да бидеш среќна. Разговорот со мајка ти се сомневам дека би помогнал, затоа земи ги работите во свои раце и не дозволувај таа да раководи со твојот живот. Таа може и треба да ти дава совети, ама да ти наредува и забранува не. Ако треба кажи и го тоа отворено, па дури и да нема кој да застане на твоја страна. Помисли дека тоа е твое право. Пробај да ги обновиш старите пријателства, па од тоа сигурно ќе се родат и нови. Само не се откажувај, сфати го сето ова како еден кризен, но минлив период, биди свесна дека ти си силна и можеш да се избориш за својата среќа. А за детето, секако дека е најкоректно да седнеш со него и да му објасниш како стојат работите. Ако ти сакаш, ако ти е пријатно во негово друштво, продолжете да се гледате. Тоа никој неможе да ти го забрани. И пробај колку што можеш да се оддалечуваш од мајка ти, обиди се да станеш самостојна личност.
Значи навистина неможам да поверувам Значи јас имам 14 години и мајка ми никогаш ама никогаш не ми е рекла да не се дружам со момчиња! Дури понекогаш ме прашува кој ми е симпатија/дечко. И ако не го решаш овој проблем зборувајќи со неа тогаш остави ја што сака нека зборува, ти си имаш твој живот. Веќе си возрасна личност! Остави ја мајка ти што сака нека прави, тоа е твој живот, живеј го како ти сакаш и престани да ги слушаш што другите ќе кажат! :wink: И потполно се согласувам со crazyinlove19.
И јас имам впечаток дека бараш совет ама не превземаш ништо. Како да имаш страв од мајка ти. Сфати дека тоа е твој живот, и ние сите тука ти кажуваме дека она не е во право. Скоро 99% од мислењата се со слични совети. Мора да бидеш јака, да си ја вратиш самодовербата и да тргнеш по својот пат. Дистанцирај се од неа. Ако сакаш да се видиш со дечкото, иди! Не треба за тоа да ја информираш мајка ти! Збори отворено за овој проблем со него! Дотерај се, работи на себе, мисли дека ќе си најдеш работа и ќе бидеш самостоја, па она што сака може да збори. Биди малце своеглава и упорна во она што го сакаш. Ако пак ти збори против дечкото, спротивстави се! Кажи дека тоа е твоја одлука и дека мора да го прифати тоа, сакала или не!!!!!!!!!
Искрена ќе бидам. Ме чуди како од таква мајка,излегла ваква,добра личност. Не знам колку твојата мајка ги остварила своите амбиции во животот и колку сте имашни,какви ви се односите дома,но имам чувство како да сака низ тебе да оствари нешто што не можела таа или едноставно да се изживува. Мислам дека ти е време полека да го градиш односот со татко ти,зошто не можеш независно од нив да пораснеш и малку да се ослониш на татко ти. Побарај поддршка и разбирање од него на само,кога не е таа тука,можеби и ќе се изненадиш од неговото разбирање. Мајка ти не можеш да ја промениш,и искрено,иако ти е родител,реална си и веќе си помислила дека можеби е лоша личност. Без оглед на се,мајка ти е и ќе ја сакаш,но реално,да,таа е лоша личност со погрешни критериуми кои ти за среќа не си ги стекнала. Оди си по патот,ако продолжува,игнорирај ја,не одговарај на лични прашања,покажи лутина и не разговарај ако треба за да те доживее сериозно. Не си мало дете за така да те навредува. Не си ни глупава,ни ненормална,ти си на место.
Се извинувам за оф топик, ама не можев да преќутам за ова. Можеби не сум компетентна да и делам совети на Лук, ама Sartela, ти ова сериозно??! Што треба да прави девојчето? Лук се обидела на секој можен пристоен начин да ги среди односите со мајка и, ама ете, не бива. И ти неа ја обвинуваш дека немала понашање и дека сама е виновна. Нечуена работа, жими се. Понекогаш кога читам вакви постови се прашувам, дали воопшто размислувате пред да кликнете "Испрати"? Се препрочитувате? Иначе, Лук, како што кажав погоре не сум баш компетентна да делам совети на темава од Х причини, ама во главно мислам дека советите од поголемиот дел на девојките се на место и би требало да ги прифатиш. Ти посакувам многу среќа и трпение, и се надевам дека се' ова набргу ќе заврши и ќе има среќен крај.
Ти пишува дека имаш 19 год.Ако имаш толку (сигурна сум дека толку год имаш,ам ај) тоасш ти си доволно возрасна да знаеш дека немора да ја слушаш мајка ти.Знам дека мајка ти не е во право,ама веке не си дете.Лук знам дека ти е тешко,ама имаш доволно години за да можеш сама да си решиш.Неможе мајка ти на 19 год да ти брани да излгаш со некој шо го свигаш. Па тоа не е нормално .Мајка ти има сериозни проблеми.Извини ама морав вака да се изразам. И немора мајка ти да знае дека се гледате,па на крај краева не и кажувај,најпаметно. Како и да е ти си паметна и нормална девојка и знаеш што правиш,па затоа биди само трпелива и храбра и знај дека се ке се реши дали порано или покасно ке се реши.
Немора мајкати да знае дека тие пријател. Само кажиму да не иде кај теткати вдујкан дека ти не си таму .. и потајно гледајтесе некаде.. Немора мајкати да го знае секој чекор..ама ич ништо не и кажувај .. Терајси по свое! -со среќа...!