Девојче, ги прочитав сите постоови во оваа тема, и никаде не прочитав што правиш ти со своите 19 години? Студираш? Работиш? Имаш намера да студираш, да работиш? Прочитав во постовите на другите феминки дека ќе студираш во друг град, дека ќе работиш (но тоа се, претпоставувам, нагаѓања), а од тебе не прочитав такво нешто (освен ако си пишала во друга тема). Во случај да студираш во друг град, не се секирај, набрзо се ќе се среди (мајка ти ќе ја изгуби контролата врз тебе). Во случај да работиш, исто така ти се зголемува шансата да се осамостоиш и да се одалечиш од мајка ти. Но, едно сакам да потенцирам: колку и да те гуши мајка ти, колку и да се обидува да управува со твојот живот, колку и да се однесува лошо кон тебе (да те навредува), знај дека таа ти е мајка и дека го сака најдоброто за тебе. Е сега, во случајов, тоа што таа мисли дека е добро за тебе не се поклопува со твоето мислење (и можам да кажам со општото мислење), но не значи дека ти мисли лошо или не те сака, или сака да те уништи. Едноставно, такви се нејзините ставови, такво е нејзиното убедување. Не ти препорачувам да се караш со мајка ти, бидејќи што и да ти се случи во животот, на крај таа ќе биде тука за тебе. Но, не мора се‘ да и кажуваш. Терај си по твое. Дружи се со кого сакаш, не мораш да и се исповедаш ама баш секогаш - така прават сите што ги знам. Тоа не значи дека не ја почитуваш и дека не го слушаш нејзиното мислење, туку, дека на крај секој сам си носи одлуки за својот живот и сам си ги сноси последиците од тие одлуки. Исто така мислам дека треба да се зближиш со татко ти. Не мора на оваа тема да правите муабет. Правете муабет за било што друго, важно е тој да ти верува тебе, да знае дека си способна сама да одлучуваш за својот живот, само во тој случај тој ќе застане на твоја страна во вакви ситуации.
Hе би сакала да употребувам лоши зборови кон нечија мајка, посебно не на некого што нели не го познаваме, но дефинитивно она низ што поминуваш е пекол. Mожеби пати од синдром на висока вредност, дека сите други се испод неа, дека најдобрто се сведува исклучиво на пари, а не на памет и добрина. Да ми се случеше ова на мене, јас нервно ќе попуштев, затворена во 4 ѕидови изолирана од светот, и од некого што го знаеш пак не можеш да му се отвориш затоа што не би ни те сфатил. Mислам најлесно е да ја извреѓате мајка и, огорчени од тоа што го доживува ама тоа не е лекот. Mислам, подобро преќутете него да кажувате дали бил некој заостанат, ментален, болен, и да се лечи. Или посоветувајте, или молчете. Cериозно. Hајлесно е да осудуваш, ама да дадеш еден искрен конструктивен совет ... Mило ми е што си нашла искрен пријател, кој може да допре до тебе затоа што имате иста приказна. Jас би те замолила и препорачала да не го изгубиш. Mожеби и повеќе вреди од таа 3 годишна врска и измачувањето околу неа, кога не можел целосно човекот да те сфати и помине преку тоа. Додека детево (не е дете, има завршено факс, ама така ми дојде) влева надеж дека можеш да пронајдеш утеха (не во смисла љубовна, дај боже и тоа да биде понатака), да се потпреш на нечие рамо, најмногу тој знае што чувствуваш. HEMOJ ради каприците на мајка ти да се затвораш уште толку во себе, како во некој оклоп и светот да ти биде исполнет со тага и солзи, немој значи млада си, не си го прави тоа на себе. Имаш потенцијал, имаш добра душа, паметна и си целосна спротивност на мајка ти. Eве, ќе издржиш до септември па ќе се запишеш на факс веројатно во друг град па малце ќе се ослободиш од таа стега. Да знаеш дека ако те следи цела оваа тага, нема да можеш да се посветиш на факсот, немој тоа да си го дозволиш. Mој совет е да останеш во контакт со него, не знам зошто сега после сите тие зборови искажани од мајка ти како материјалното е подобро, омаловажување на човек според физички изглед, ти сеуште толку многу да бидеш повредена од тие зборови. Hе си ги чула прв пат, нема ни да биде последен. Eдноставно, кога веќе ја знаеш каква е, не дозволувај да допрат до тебе тие зборови. Tе разбирам, чувствителна си, и ти си човек, но мораш да сфатиш дека треба да бидеш посилна. Имаш години, не си мала, ете тука негде сме со возраста, не премолчувај, твојот живот е прашање, не дозволувај да губиш вистински пријатели, едноставно биди цврста, животот не им е на сите мед и млеко, обиди се барем ако не можеш да се спротивставиш (зошто од неа зависиш), да не и го тераш толку многу кејфот. Oти полошо ќе биде. И HEMOJ да го отфрлаш детето од тебе!
Што сфативме каква е мајка ти, сфативме тоа е завршена работа ама ти? Сеа мене сигурно ќе ми се свртат феминкиве, ама ти си ми едно чудо големо. Постојано си на истата тема, прво со дечкото, сеа раскина со дечкото одма со друг имаш проблем. Па после цело пекање по дечкото, на крај он е ваков таков не се трудел за тебе. Aj да не навлагам во твојот карактер. Излези бре девојко најди другарки дружи се, постојано си на истата релација, дечко-мајка. Па ај мајка ти што е каква што е, ама ни светот не се врти околу дечковци. И немој да кажеш дека ти е само пријател, кога очигледно е колку ти годи тој и дека е прашање на време кога ќе се случи нешто меѓу вас, проблемот е што ти реално нема да имаш чувства за него, туку ќе си бараш лек за скршеното срце, па таа врска може да биде само грешка. Смени си го животот, најди други приоритети, запиши се во школо за танц, иди на аеробик, ќе запознаеш нови луѓе, најди ново хоби, потполни си го времето, испразни ја сета негативна енергија. Сфаќаш ли дека најголемите болести доаѓаат од стрес? Паузирај извесно време од мажи, скршеното срце го лечи само време, а не замена. Од септември те чека нов живот, радувај му се на тоа, никој нема да ти стои над глава, да те навредува и омаловажува и да си ги лечи сопствените комплекси преку тебе. Диши малце, одмори, уште после првиот семестар сама, подалеку од мајка ти, ќе се ојачаш и нема да дозволиш толку лесно да ти влијае. Ќе станеш силна и ќе се грижиш за себе, ќе свртиш грб на се што те разболува и ќе си го живееш животот како сакаш.
Ах бе Лук, од вчера те читам на темава и стварно за првпат во врска со твоиве проблеми на крај памет не ми паѓа шо да те посоветувам, па само те поздравив колку да видиш дека сум тука... За мајка ти, ни муабет ни ќутек не помага ко шо викаат старите. Лошо е тоа што се`уште зависиш од неа, инаку лесно е. Ако не ти се многу захтевни студиите, да си пробаш и да си најдеш некоја работа напоредно...колку-толку ќе ти даде сигурност или барем уште сега барај работа. Тешко е (од искуство велам), но не и невозможно. Само осамосталување и „чао пријатно“ на мајка ти ќе ти го решат проблемот. За сите оние кои се сомневаа дека можеби мајка ти била во право, еве им доказ дека не е само до бившиот ти дечко, туку до неа. Џабе да и` се збори, она е од оние луѓе кои мислат дека секогаш се во право дури и по цена сите други да се грешка...ги има и такви...штета. А роднините повеќе сакаат да се ситат на проблеми отколку да ти помогнат да ги решат...на нашиве заостанати простори така е за жал...и после единствено оправдание им е де бе денешниве млади многу се диви, тешки на простување...абе аајде, имам такви муабети слушано. Штета што со времето не си успеала да се зближиш со татко ти...колку-толку би ти дал поддршка, aко ништо друго, затоа што со тие нејзини размислувања и него го вреѓа...
kravce-Не ми треба мене како дечко (како што кажав јас нему тоа убаво му го објаснив и детето ја заборави таа тема). Не ми треба маж по секоја цена. Што ме направи ти мене? Значи стварно неможам да разберам. Значи неможе да се има другар, се е тоа дечко?
па и во твојот случај та дечко та другар, таа не ти дозволува да ги имаш, и со тоа тие двата поими идат на едно исто гледиште , а и сама кажуваш дека ти е убаво со детете, самата нагласи дека дека би можел да ти биди дечко, инаку мора да се потрудиш, ти не правиш ништо ! , пак ќе речам, самата си до некаде виновна за ова се, бидејќи и колку да е силен притисокот никој не дозволува некој друг да го командува, а ти само седиш пак ќе напоменам се жалиш, не ги применуваш советите што ти ги даваме, и чекаш да падни нешто од небо за да се среди ситуацијата, ова не е филм бе девојче па си мислиш на крајот се ќе биде совршено..ако не направиш нешто ти сама, излегувај дружи се, ке почниш на факс таму ке запознаеш деца, сигурна сум дека таму мајка ти нема да доаѓа често, ама ти толку време си издржала и си седиш со скрстени раце, направи нешто инаку пак и пак вака ке ти остани ситуацијата дури и во бракот...МИСЛИ ДЕВОЈЧЕ МИСЛИ СМЕНИ НИШТО ДОСТА Е ЖАЛЕЊЕ, ЗЕМИ ЈА СИТУАЦИЈАТА ВО СВОИ РАЦЕ
Абе од кај знаете дека не ги применува советите, сте размислиле дека можеби пробала се што е во нејзина моќ, но мајка и едноставно НЕ МОЖЕ да попушти? Ако не сте се нашле во ситуација како нејзинава, не може да знаете како е. Бара ново решение, нов совет, не нешто веќе кажано претходно. А според мене, најдобро е да се зближиш со татко ти, да имаш на некој начин сојузник. Можеби е на твоја страна и сега, ама ти не го знаеш тоа, затоа што не си зорувала со него, затоа што не сте блиски. Заборави на разговор со мајка ти, молење да го смени ставот не бива очигледно, плус каква е до сега, таква ќе биде секогаш. Дејствувај без нејзино знаење и одобрување,не мора се да знае, а за тоа секако дека има начин. А со дечково биди отворена,кажи му како стојат работите, нема да го повредиш, ако е таков како што го опиша ќе разбере. И бидете во контакт без да дознае никој, ако навистина толку вреди и му веруваш.
Ах бре мила, не се развива тук така машко-женско пријателство, поготово кај двајца ранливи особи кои си се нашле слични. Не сакав јас тебе да те навредам, туку сакав да ти укажам дека тоа што го имаш ти со овој дечко, лесно може да премине во нешто повеќе, а нема да биде искрено поради околностите твои, а и негови. Жал ми е ако ме сфати поинаку. Искрено, те имам читано повеќе пати и постојано си во некоја тешка ситуација, носиш толку товар на себе, а ние младите го имаме животот пред нас, светот. Биди најпрво среќна и задоволна со себе, да можеш да уживаш во себе си, сама себе да си си доволна, па потоа и со пријателите. Зашто тешко е кога среќата ти зависи од друг, а тој друг лесно може да го снема. Она што јас сакав да ти го кажам (зашто веќе имаме слика каква е мајка ти, и овде ниеден совет нема да ја промени) е да најдеш задоволство во нешто што ќе го правиш за себеси, што ќе те исполни. Замисли да почнеш да си креираш работи, ако имаш машина за шиење дома цел ден да си се врткаш со тоа, да си создаваш, да се радуваш на тоа. Тоа во моментов ти е потребно, после толку тешка и долга врска, после толкав товар, тебе ти треба одмор, а не друг товар (зашто товар би ти било повторно да криеш и лажеш за да одржиш едно ново ете пријателство во живот)а од септември, друга песна...ете тоа сакав да ти го кажам
Look, те читав и во претходната тема и ти дадов мое мислење и тогаш. И сега ќе ти дадам мое мислење за оваа случка. Напомена дека дечкото излегол од долга, и штетна за него, врска; а исто така пиша дека ти јасно си му ставила до знаење дека не сакаш врска во моментов и тој се согласил тоа да го почитува. Јасно е дека на дечкото му се допаѓаш, инаку зошто би сакал да биде во твое присуство? Се согласувам со тоа што ти го пишала Кравче - после машко-женско дружење, не може, а да не се појават чувства, неизбежно е. Немој да ме сфатиш погрешно со следново: двајцата сте излегле од долги врски, ти не сакаш со него врска, но можно е тој да сака и тоа едноставно колку да му дојде подобро на душата. Немој да му дозволиш да бидеш rebound, не е добро тоа. Можеби и тебе ќе ти биде полесно, ама ние девојките знаеме и да се врземе. Пак ќе се надоврзам на постот од Кравче, не ти треба уште еден товар во животот - ти треба новост, забава, свежина. Имај си го како пријател, не велам не, бидејќи имаше напоменато дека другарките ти се во долги врски и дека само тој ти е како потпора, но внимавај многу да не сака да има нешто со тебе само колку да му дојде полесно за бившата. Пази да не те најде ранлива, бидејќи ранлива си во овој момент - можеби е и тој, ама на нас девојките раскинувањата ни паѓаат потешко. Што се однесува до мајка ти, не сум компетентна да зборувам многу за тоа, бидејќи се соочувам со сличен проблем. Мојата мајка е премногу заштитнички настроена кон мене, ме чува како ружа под стаклено звонче. Мене во последно време многу почнува да ми смета тоа, бидејќи ќе направам 21 година за 20ина дена и едноставно ме гуши, се однесува кон мене како дете. Иако знам дека само се грижи за мене и сака да ме заштити. Те разбирам како ти е, совршено. Не знам дали ме читаше последниве неколку дена и низ што поминав, ама јас за таа моја врска на мајка ми не и кажував, бидејќи сакав да имам приватност - сама да се справам со некои работи. Таа како што е презаштитнички настроена кон мене поради Х причини, на секаков начин се обидуваше да дознае како ми е од сам почеток па до крај. Разликата е во тоа што, твојата мајка барем те прашала да и покажеш што пишуваш. А, мојата се осмелила да ми чита пораки во мобилниот, ми влегла на фејсбук, како што го нашла пасвордот зачуван на компјутерот - ми ја наруши целата приватност. Бев уништена од таа нејзина постапка - се чувствував како да не ми верува. Очајно постапила за да проба да ме заштити - без да ми дозволи да ги научам сама своите грешки. Мојот совет до тебе е следниов: не дозволувај мајка ти да ти го диктира животот, убаво те посоветува Кравче. Од септември ќе почнеш на факултет во друг град, ќе запознаеш многу нови луѓе, ќе бидеш послободна. Тоа е твојата предност во ситуацијава, за разлика од мојата. Дружи се со детето, ама внимавај што ти пишав погоре. Те поздравувам и среќно.
Не дека нешто сум поголема, и можам да ти помогнам.Ама ќе ти кажам мое мислење. Значи вака ја прочитав речи си целата приказна и овде и таа во другата тема. И навистина незнам што има толку мајка ти против тебе,и заради таа твоја мајка да раскиниш 3 годишна врска... Несакам да ја навредувам или пак обвинувам мајка ти, но не е фер таа што го прави ова со тебе,сепак си возрасна имаш 19 години,што не си веќе мала.Доволно си зрела за да размисуваш сама. А и како што гледам мајка ти е самобендисана така кажано зошто не ти дозволува да се допишуваш\дружиш со ова момчево.Зошто го нарекува клошар? Сиромашен е каков е? Што таа го нарекува така?! Мајка ти е преценета личност според мене,а мој совет пробај да се зближиш со татко ти.Можеби татко ти не размислува исто како и мајка ти.И можеби тој е на твоја страна. А во врска со ова другарчево,зошто да не се дружиш пример за почеток,и пробај убедија мајка ти кажи дека ти е само другар,речи и дека неможе таа да ти забрани со кого да се дружиш.Или пак крај-краева не и кажувај дека се дружите.
Луѓе, луѓе! Најмалку што и’ треба сега е ние да ја осудуваме додатно. Никој не е во ничија кожа па да знае што е и како е. Мака ми е вака што ти испаѓаат работите искрено. Немојте така да се залетувате веднаш со дечкото. Сега јасно дека имате заеднички теми оти сте се нашле на иста бранова должина, но не избрзувајте. Сега како што ви е и на двајцата скршено срцето, вие само барате утеха еден во друг, ко што спомна и кравче, чинам. Дај Боже понатака да се развие нешто, зошто па да не, ако си одговарате и се’? Но немој сега. Дајте си време да ви помине болката и да се запознаете подобро. А за твоиве дома, не знам. Па дотолку бре? Комплекс е тоа, искрено. Најлошо нешто е родителот да ја батали среќата на сопственото дете за преку него да остварува работи кои не ги постигнал самиот тој во младоста. Крајно е да собереш храброст и да и’ кажеш отворено дека си пати од тој комплекс. Ќе ти вика, нема да сфати, оти таквите се убедени дека секогаш се во право, но барем ќе знае што мислиш, ќе знае дека си се спротиставила. И искрено, кога-тогаш ќе пукне. Најубаво ќе ти е да си ги средиш мислите и полека да почнеш да си го преземаш животот во твои раце и да се осамостојуваш. Сега на студии во друг град нема да ја има можноста за толкава контрола врз тебе. Единствено ако не се пресели со тебе или да најми детективи да те следат. Ама не е дотолку, се надевам. Ќе си запознаеш на факултет нови фацки. И пробај работа да си најдеш, каква-таква, твоја пара. Некој ден ќе примети мајка ти дека те губи. Може подеднакво бурно ко и сега ќе реагира, може пак и ќе ја чукне нешто дека те изгубила, па ќе смекне колку-толку. Засега дури да се разбистриш, излези, дружи се, уживај си. Ќе си дојдат работите на свое место. Ах да, кога веќе ти чепка по приватноста, може да ја наведеш некако на форумов да прочита што мисли секој друг и да види дека размислувањата не и’ се на место.
У никој случај немој веќе да ќутиш на ова што ти се случува, биди малце позустра, спротистави и се, не си ставај на срце се што ќе каже и бунтувај бре, девојче! Докажи и дека не е у право, со секој твој акт докажувај и дека не е во право со тој нејзин материјалистички фазон Кревај и живци нек се дере нек се инати, нека крека, од земја нека се траќа, ти вади и низ нос! прочитав у еден пост нешто да се гледате скришно,дрн дрн. НЕ! Ако сакаш да се гледаш со него, гледај се со него, кога ќе ве види заедно, запознај ја со него, предупреди го каква е и запознај ја. Веќе си доволно возрасна да се спротиставиш на некој начин на кој таа и да сака, да не може да ти замери. Биди цврста, и истрајна во твоите одлуки, ама да знаеш дека ако толку сакаш да дружиш со ова момче и те разбира толку колку што велиш, тогаш кажи му ја ситуацијава, да знае што се случува, и двајцата да си држите цврст однос за да не може да раскачка. Многу добро знам како е да бидеш потиснат од некого и да се труди да предизвика поинаку да размислуваш, и без разлика што ти е мајка, тебе никој не може да ти забрани да размислуваш онака како што размислуваш, да правиш онака како што правиш, нормално, се додека тоа не стане погрешно, но и тогаш треба некој да те посоветува, а не да те влече за рака и со прст да ти покаже кај да се фатиш. Поздрав и се најубаво
Look убаво ли ти е кога те сожалуваат? Ти треба ли тоа? Ако не, тогаш до сега ќе си направела нешто. Мајка ти не прочитав нигде дека ти ставила нож под грло или дека те истепала крвнички. А и не си мало девојче, сигурно си физички и посилна од неа, млада си. Така да, што тебе те кочи од тоа да и кажеш прво со убаво да излезе од твоја соба кога ти чита на фејсбук, да те остави на раат, или едноставно да не ти се појавува пред очи некое време. Ќе ти скрати џепарац? Нема да те пушти да студираш? Ќе те претепа? Што? Од каде тој страв од мајка ти? Секој треба да ја сака својата мајка макар била најлоша на свет, или барем да ја почитува од проста причина што таа буквално го донела на свет од својата утроба. Ама немој те молам да кажуваш дека се трудиш да одржиш некоја хармонија или мир меѓу вас две, никој нормален не би останал рамнодушен на вакви тортури какви ти овде ни опишуваш. Овде и на другата тема доби купишта совети, да дојдеме ние лично да разговараме со мајка ти не можеме. За поддршка сме сите секогаш овде, ама џабе е се тоа кога ти си таа што треба вистинската акција да ја направи, а имаш 100000001 идеја и предлог како да го направиш тоа.
После сите овие совети и го реков токму тоа. И повишив глас, и реков дека не може да ми чепка во приватноста, и реков дека ме прави несреќна, дека премногу ми се меша и сака контрола на цел мој живот и таа секако сето тоа не го прифати. Ми рече „Кому преговараш ти кажи ми? Која сила си ја земаш така да се однесуваш со мене? Ти не знаеш совет да послушаш, ти си своеглава. Ова никој не го прави на својата мајка, колку лошо дете имам. Наместо се мене да ми кажуваш кој ти се додворува, па да ти дадам совет дали чини дечкото или не, наместо да сме како другарки ти вака се однесуваш.‘‘
Си требала да и кажеш дека премногу си возрасна за да потпаѓаш под било чие внимание веќе, дури и под она на сопствениот родител. Кажи и дека знаеш дека ти мисли добро, ама веќе знаеш како сама да се грижиш за себе. Мајка ти и ти мисли најдобро верувај, само е премногу посесивна во врска со тебе и мора да се навикне дека си веќе девојка, а не девојче.
Уште милионпати да и кажуваш вака, колку и да ти се контра секогаш кога ќе преговара вака да и кажуваш, и да не го прифаќа да и го кажуваш, низ нос да и го вадиш, ко шо ти реков погоре, со секоја твоја постапка пасивно да ја наведуваш на истото. Никој не може да дава правила ако некој не е покорен на истите, бре. Прај шо сакаш. Крај краева, татко ти е шо е у куќата? И него му го пере мозокот? Седни со татко ти па поразговарајте, не е работава само за момчињава, ова е поконкретен случај, она е сигурно и за се вака ограничена.
Look, немој душо да се расправаш со мајка ти. Ништо нема да добиеш од тоа, само нервози и стресови. Како што веќе ти реков порано, таа е убедена дека тоа што ти го сугерира е најдобро за тебе и нема сила што ќе ја убеди во спротивното. Затоа, ако навистина од септември одиш да живееш во друг град, издржи уште малку. Штом излезеш од дома, таа не ти може ништо. Нормално, ако не и се спротивставуваш, таа ќе мисли дека успеала и нема толку да те гњави. А во меѓувреме, се согласувам со предлозите на некои феминки: најди си некое хоби, излези дружи се, размешај се меѓу луѓе, оди на фитнес, аеробик, измисли нешто- не седи дома. Ем меѓу луѓе, ем подалеку од мајка ти. Дружи се со кого сакаш, не мора се‘ да и‘ кажуваш на мајка ти, веројатно не те следи по градот? Ајде поздрав!
Лук бре сонце бе, мака ми е многу вака што минуваш низ ваков пекол. Поготово поради сопствен родител. Неможам ни да ти судам ни ништо. Само сакам да ти кажам да бидеш искрена и отворена со детево со кое се имаш запознаено. Сфаќам дека го сакаш ко другар и дека сте се зближиле ами баш поради фактот што се осеќаш сама и нормално секој еден кој ке каже дека Те Сфаќа ке биде дел од тебе./ Нормално е тоа баш поради тој факт. Едноставно, биди искрена со детево кажи му како стојат работите, после остави на него да одлучи. Подобро вака биди искрена . За со мајка ти , мое мислење е дека е крајно време да почнеш да се зближуваш со татко ти. Едноставно дај напор и се од себе да ги средите и зближите односите. Биди искрена И отворена и кон него. Објасни му како се осеќаш. Нз зашто ама верувам дека тој ке те сфати. Пробај, дај напор, прв пат може нема да биде, втор пат може пак д ане биде ама трет пат сигурно ке сфати човекот. Верувам дека е различен карактер од мајка ти. Она може ке му ја полни главата , више него сигурно, ама биди упорна и дај му до знаење дека не си таква ко што мајка ти те претставува. Едноставно, дај си шанса и дај шанса на нив двајца. Сепак, не сите карти се изгубени Од се срце ти посакувам да се среди ова више најсериозно ...
Она ти вика дека си лошо дете,а не сфаќа дека она е лоша мајка...Како може до толку да е злобна и да сака да ти уништи врска од три години и сега кога си нашла нова љиубов и таа не е во ред...Е неможам да поверувам...Срамота...
Пишувам покасно, ама ете да си кажам мое мислење, ако не е доцна... Прво, за мајка ти никој нема да биде доволно добар. Освен таа ако ти најде утре некој, по нејзин мерак. Второ, Не видов колку години имаш, ама биди малку поцврста и поостра во односот со мајка ти. Секако, на културен начин. Ако те родила, не значи дека ти си нејзин роб. Трето, ти кажуваш за детево, ама мене жал ми е за тригодишната врска. Ако раскинот е само поради мајка ти, навистина би сакала да го побараш назад и да се смирите.