Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка ми не ме остава да дишам

Дискусија во 'Дете' започната од Look, 28 јуни 2012.

  1. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    ту уште повеќе спротистави се нека свати дека не може таа да ти управува со животот.....
    кажи и убаво дека си млада и да престане да ти се меша во се
    SO SREKJA :*
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Само контра ефект ќе добие ако повеќе и се спротиставува, туку треба да се најдат на иста бранова должина за да почнат да комуницираат. Не велам дека треба 100% се да и кажува туку така од време на време да и се доверува за да ја освои довербата кај мајка и.
    ....тоа е, мајка е, се грижи
     
    На Look и Serafima им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.387
    Многу ја нарекоа болна,мислам малку претежок збор :^) Како и да е ,очигледно е дека мајка ти има некој комплекс,проблем ама со самата себе.Мајка ми отприлика така строго се однесуваше со мене,ама кога бев средно,и отпосле сфатив дека била во право за се.Ајде оправдано,тогаш во пубертет,навистина ме можев да расудам некои работи,ама ете ти можеш.
    Со тек на време ќе се смири,и ќе прифати не може цел живот да прави така.Или едноставно жената ај што е загрижена како мајка-дури и премногу ,изгледа сака да контролира се.Ако до порано си ја слушала за се,и сега кога ќе и се спротивставиш,уште толку ќе си земе сила :worried: Убаво кажа Славица,џабе ќе и викаш ти,она тебе-ништо нема да постигнете,ќе се нервирате и двете.Најубаво кога ќе ти збори-игнор и терај си по твое.Можеби кога ќе види дека никакво внимание не и обрнуваш,малку ќе се свести и ќе седне убаво да поразговара со тебе,како што доликува на мајка и ќерка .
     
    На Look, Serafima и slavica999 им се допаѓа ова.
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    А зошто не најдеш прилика да разговараш со татко ти? И јас не сум блиска со татко ми ама кога ке зачкрипи, знае да застане на моја страна (за изненадување). Ти не мора да му кажуваш се во детали онака кажи му што совети ти дава мајка ти, слушни го и негово мислење. Ова исклучиво на само, зашто ако се вмешаат ламјите, отиде работата.
    Сега се сетив на една ситуација вака од една моја другарка. Мајка и на неа и на сестра и нон стоп им трубеше да најдат богати дечковци. Другаркава имаше едно "нормално" дете, со факултет фин, културен ама оваа мајка и во врат и дишеше, ја чекаше да си дојде од град пред улица да види кој ќе ја испрати. еднаш дури почна да ја удира на сред улица зошто била со него...другаркава раскина со дечкото, фати еден богаташ во Ск, тој цело време ја малтерираше, нигде не излегуваше, овој идеше по швалерки секој ден, она седеше сама во "палатата" . За среќа рсакинаа сега она живее со цимерки и работи, ама не е ниту пола од тоа што беше. Нема самодоверба, повлечена е. Што е нај трагично на мајка и уште не и дојде памет, сеуште ја малтретира со темата ајде најде ли некој богат? Болна работа. Сега е повеќе фокусирана на помалата сестра, па другаркава дише по малку.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Да, во право сте- сака да има контрола на цел мој живот. Пред некој ден ја избришав од фејсбук и направи милион проблеми како сум можела тоа да го сторам, па морав повторно да ја додадам. Навистина не знам повеќе како да се справам со неа. Пробав се, но пак и пак и пак истото. Ќе ме полуди.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Најверојатно не сум компетентна да ти делам совети во врска со мајка ти, сеуште не сум мајка па да знам како јас би се однесувала но знам како со мене се однесувала мајка ми, а мене не ми било ни малку пријатно. Чепкање по фиоки, по телефон, по ташна, по паричник..мешање во приватноста и сл.

    Не си мала, затоа ќе ти дадам само еден совет..
    Мајка ти не мора да го знае секој твој чекор. Животот е еден, постави си твои правила на игра и играј.
    Утре нема да го живееш нејзиниот живот, туку својот. Земи ги конците во свои раце и уживај :)
     
    На Lolo5, Look и kikav им се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сега се сомнева дека имам дечко и почна да станува хистерична. По цел ден сум дома, навечер ако излезам на саат-два почнува да вреска, да ме навредува, како сум можела да излегувам секоја вечер и сл.. И покрај тоа што секогаш бев примерна, еве сега втора сум на факултет во стипендисти, не завидувам никому, ама пример земам како мои врснички одат на одмори во други држави, го живеат животот максимално додека за мене ненормални кавги се прават ако направам два чекори од дома.

    Некои од вас ме советуваа да бидам побунтовна и сега тоа го применувам. Ете вчера од дома излегов со карање и врескање, ама не е тоа, тоа.. Ти го расипува целото расположение кога знаеш дека ништо од тоа не си заслужил. Таа е повторно иста. Со мене се однесува како да имам 12 години.
    Сега заминувам на факултет во друг град, дечко ми најверојатно и тој ќе дојде, ама што ми менува тоа кога повторно сум зависна од неа. кога повторно може да прави што сака.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Леле ти навистина имаш голем проблем. И навистина не знам што да те советувам освен да бидеш малку посебична. Мајка ти нема никаков осет за тоа дека тебе ти треба слобода не си 12 годишна, дека е нормално да имаш дечковци и таа се однесува толку детињасто што бара од тебе да фатиш некој кој е богат. Затоа биди посебична, не мисли на неа, си ја избришала од ФБ? Избриши ја пак, ако ти не сакаш некој да чита постојано што објавуваш односно што правиш на ФБ тогаш многу јасно дека ке го избришеш од пријатели, макар и мајка ти да е во прашање. Ке одиш на факултет на страна велиш. Супер можност, нема да може да биде со тебе 24/7 и да ти кажува што да правиш па сега почнува твоето време. Излегувај, биди си со дечко ти, излажи ги дома дека имаш некој трошок за на факултет нека ти пратат нешто екстра пари и оди на вечера во убав ресторан со дечко ти. Немој да ги жалиш бидејки очигледно тие не те жалат тебе. И навистина е за грев ова што го прават. Значи изитри се, не дозволувај да те гази бидејки ако тоа го прави мајка ти тогаш што може да очекуваш од останатите? Ако не си ги иживееш следните години настрана на факултет ке ти биде подоцна жал. Но, не велам да го запоставиш факултетот. А кога ке го завршиш, веке ке неможе ништо да направи. Ке си најдеш работа и ке си бидеш независна. Ова е мое мислење и јас вака би направила да сум на твое место. Со срека :*
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ми се заканува како ќе ме следела, начисто ќе ме утепала и сл работи. Вчера и` викам дека ќе одам кај другарка ми да играме карти со друштво и ми вика: „Ооо од каде ти во такви друштва, што ќе ти е тоа. Ајде јас ќе те однесам (за да провери дали навистина таму одам).‘‘
    Буквално ми е страв од дома да излезам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ти имаш сериозен пробелм најсериозно.Несакам да е навредувам или обвинувам мајка ти но очигледно е дека таа си има некои проблеми со здравјето и со психата.Како може да се однесува така со 20 годишно девојче,ало! Или си мамино галениче,па сака да го следи секој твој чекор,од што и е страв дека би тргнала по лоши патови,и со лошо друштво.И мисли најдобро за тебе се гржи.Но ова навистина е несфатилво.
    Најпаметно ти е да седниш и да разговараш со неа како возрасна.Кажи и дека не си веќе мало девојченце,кажи и нека те остави да дишиш на раат.Полнолетна си.Имаш свој живот.И свесна си за самата себе си.И јас ќе речам биди побунотвна.И со среќа! :*
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  11. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Па не ја бриши стави ја во рестриктед и само нека те гледа на слика.
    Не си дете, еднаш ти кажав што мислам за тоа што го прави мајкати ,не сакам да се повторувам.
    Од мене совет оди и смири се со бившиот ако имаш шанси или започни си врска со овој сега,а на мајка ти ке и кажеш дека турско заврши 1913 и ако уште еднаш ти сапомне нешто околу тоа бегалка ке одиш за најголемиот клошар што го познаваш, мислам дека тоа ке ги смени работите.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.418
    Пол:
    Женски
    Само разговор со татко ти е решение, тоа е мое мислење. Колку и да зборуваш и да и се противиш, таа пак си тера по свое, и на крајот, твојата бунтовност изгледа дека уште полошо ќе направи. Разговарај насамо со татко ти, кажи му како се чувствуваш, како се однесува мајка ти, и дека е време малку да попушти (малку повеќе). Замоли го да поразговара со неа, да и укаже на грешките кои ги прави со нејзината строгост. Мора така, посебно затоа што сега ќе одиш на студии. Возрасна личност си, верувам дека зрело и паметно размислуваш, и можеш да ја решиш ситуацијата во своја корист.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    (јас сум исфрустрирана од мајка ми и затоа пишам на темиве за мајка... )

    лоок те сваќам апсолутно со каков проблем се соочуваш мојот случај може беше поблаг од твојот но јас се спасив со тоа што заминав во странство на студии, и работев сама за да немора да ме гледаат и финансиски...

    сакав скроз да бидам независна од неа од нив за да немора да им должам ништо... мојата мајка цел живот ми прави проблеми, јас имам трауми уште од прво оделение, толку притисок толку нервоза имам доживеано што неможам да објаснам, и сето тоа продолжи и сеуште трае, она се обиде да ме раздели со мм толку многу пати, дури и на денот на свадбата отиде во болница демек лошо и беше... (докторот не најде ништо) и сега ми звони и ми шири само негативна енергија, ме обвинува за се, како јас ќе сум го умрела татко ми од нервози. алоо што направив јас, завршив, работам самостојна сум се омажив со човекот што го сакам и што ме сака бескрајно, наместо да се среќни бараат причина да ме омаложуваат.

    но јас се сменив пред многу години, трпев трпев но преживеав толку многу работи што го сменив односот спрема нив, посебно спрема неа и погодете што нормално сега маж ми ме терал да се однесувам така сум се дрогирала јас и незнам што уште... јас се одалечив од нив, не одам кај мајка ми и реков да не ми се јавува неможам да ја трпам веќе...
     
    На Lolo5, eli25 и Look им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ,,Мама,, или има некој психички проблем, или е хипохондер или пати од ,,желба за внимание,,.
    Таа наместо да се радува што ќерка и е успешна во животот и цврсто гази по него таа лечи некои си свои комплекси преку тебе или климаксот ја трефнал ептен. Остави ја малку, игнорирај ја да си размисли малку што прави и како прави. Читам дека не е од сега ама сигурно има некој си проблем (можеби семеен или сл.) за да така постапува кон тебе.
     
    На Lolo5 и joelle им се допаѓа ова.
  15. rainbow123

    rainbow123 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    значи вака и јас имам ваков сличен случај само во мојов е то шо мајка ми е на некој начин заостаната во то шо пример ко че и речам дека сакам да носам штикли идното лето таја ми вели дека требало да носам после 20 год. Јас имам 13 год ама сум 8 одд. и од мојава генерација сите за нова год че носа втората вечер штикли а мене нема да ме пушти мајка ми .И според мое мислејне е рано за штикли на моја возраст да носи некој ама па глупо ми е и мене, само јас да делам по чизми :(.Ваш совет?

    Си викам ја погодив темава
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.165
    Пол:
    Женски
    Дека си мала, мала си, мајка ти ако е заостаната немој да бидеш и ти, што е важно што останатите ќе носат штикли, зарем ти помина младоста и не можеш да носиш повеќе штикли, ти си дете бре сеуште. Ич немој да се вознемируваш, другарките, ако се другарки нема да те исмејуваат. Рано ти е сеуште, почекај барем до средно, што си летнала да пораснеш толку рано а? И да се обични чизми, најди некои убави, модерни, не мора да бидат на штикла. И да те предупредам, сакаш да си ја уништиш новогодишната ноќ со тоа што цела ноќ ќе останеш на штикла, ко за прв пат нема да ти биде лесно да знаеш. Ама те нападнав, ама навистина не ве разбирам бе девојчиња, што сте летнале да пораснете толку рано, уживајте додека имате време, не мора да се брза толку многу :^)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мајка ми дозна за мојата врска и почна да прави проблеми. Почна да се тресе и да ми кажува дека никогаш, ама никогаш нема да дозволи, дека јас сум ја разочарала, дека ќе се разболела од мене, дека ќе сум ја носела на душа, дека ЌЕ СЕ ОТРУЕЛА ако јас продолжам со него, дека попрво ќе умре отколку да дозволи. Ми вика да сум нашла дете од фамилија, да бил богат. Како што и некои од вас ме советуваа јас и признав дека сум со него, дека сакам да бидам со него во иднина, ја молев конечно да разговараме како мајка и ќерка, и кажував дека знам што правам, дека јас имам право на свој избор, конечно барем еднаш да ме остави да бидам среќна, но несака, несака и несака да попушти. Ве молам луѓе помогнете ми, навистина не знам што да правам, не помага ни искреност. :(

    Ми е страв да не си наштети себеси или да не се разболи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    На истите ставови наидов кај татко ми. ;( Два саати ме затворија во соба и почнаа да ми кажуваат како требало да најдам човек кој ќе биде богат, фамилија која ќе им одговарала, со богат се ќе сум постигнела. Ве молам помогнете ми, не знам што да правам. Неможам да се откажам од него. ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нема шанса да се отруе ;)

    Кажи и дека ако продолжи така, дека ти ќе ја отруеш и без тоа немаш корист од неа- да видиш како ќе замолкне веднаш ]:)

    Ова сега за новиот е?
    И кажи им да не се прават мангупи и да не те уценуваат оти ќе ги пријавиш во полиција дека те малтретираат, и дека ако треба и пред телевизија ќе кажеш какви маки доживуваш во 21 век.
    (Не дека тоа ќе го направиш, како што нема ни да ја отруеш, ама малку нека се заплашат)
    Покажи малце став и заби, и не потклекнувај.

    Ако ти кажат дека нема веќе да ти даваат пари и дека ќе те отпишат од факултет, пак с`ржи им, кажи им дека мора да ти даваат, дека си им дете и дека не си толку глупа како што мислат и дека нема да потпаднеш на тие нивни финти и дека ако само пробаат така да те уценуваат дека ти ќе ги пријавиш во полиција.
    Овде спомни за некој дел од бизнисот кој што можеби не е целосно чист, не знам сега јас, карикирам, ама секој што работи приватно сепак нешто прикрива, па спомни им дека ќе ги пријавиш за тоа, ако не ти даваат пари и така.
    Ова ти давам идеи како да се браниш, со напад и знај дека нема да попуштат веднаш, ама ќе попуштат.

    Оти веќе не е за дечкото, туку за нивниот однос кон тебе- виделе дека можат да управуваат со тебе и претерале.
    Е не може то тако :devil:
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.165
    Пол:
    Женски
    Леле па ти си била на мака бе душо, собери сила и ич не се замарај. Ако ти кажат го напушташ факултетот, кажи им супер, ќе работам и ќе се отселам од дома, нема да ве трпам, а ниеден родител не го сака тоа, поготово ако се како твоиве, ним им е битно само статутот и името, сликата која ќе ја остават пред другите. Што смета дека ќе ти биде многу подобра идеа, да се отргнеш од нив, не знам точно каква ти е ситуацијата, ни колку години имаш, ни ништо, ама со такви родители и доктор на науки да станам ми е џабе, тие се незаситни и цел живот ќе бараат повеќе. Јас имав притисок од моите во однос на финансиите, па штом можев се осамостоив и сега сум независна, подобро здравје, а факултетот не ми бега, ќе завршам постдипломски кога и да е, мирот ми е поважен.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.