Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка ми не ме остава да дишам

Дискусија во 'Дете' започната од Look, 28 јуни 2012.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Татко ми сакал луѓе кои ќе му одговарале на интелектуално ниво, да можел да направи муабет кога ќе седне на маса (дека неговиот татко нема факултет, а инаку се многу отмени луѓе), да сум барала богат човек, со богата фамилија секаде се стигнувало, дури во иднина би можеле да ми помогнат за работно место и слични работи. Навистина се разочарав од татко ми. Ова не го очекував од него, и тој бил ист како мајка ми.
    Навистина не знам што да правам. Сите ли родители размислуваат вака?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.895
    Look точно е родителите се тие кои ти дале живот,ама ако продолжат вака со вакво понашање ќе ти го уништат.Како што читам од твоите постови на нив им е многу важно да имаш маж кој ќе биде добро ситуиран( читај богат) за да имаш убав живот. Гледам дека разговорот со нив многу не помага, ама барем кажи и дали ќе биде подобро да се земеш со некој кој има пари, а кој нема да го сакаш или да бидеш со секој просечен кој ќе го сакаш.Љубовта не може да ти ја заменат парите.Колку само постојат бракови кои се склопени баш поради тоа што децата им се влијателни и богати фамилии ама и многу брзо се распагаат.Затоа викам кај има слога има и бога.Денес разводот не е табу тема како порано, лесно се вегува во брак и лесно се преќинува тој брак.
    Прашај ги како ќе реагираат ако се најдеш во ситуација да после треба да се разведеш со човек кој не си го сакала.Тогаш ќе бидеш со уште поголеми трауми и ќе нема да сакаш да ги погледнеш заради тоа што ти го направиле.Ти си доволно воздрасна да знаеш каков избор да направиш во животот, а тоа притискање и котроли од родителите да управуваат со тебе само те оддалечува од нив :x .Освен тоа нели размислуваат дека нема да живееш со нив цел живот, а со траумите кои ти ги приредуваат сега кога треба да си најбезгрижна и да уживаш во младоста, после кога ќе си заминеш од таа куќа нема да сакаш да ги погледнеш ниту пак ќе те интересира за нив :x
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Неможам да поверувам дека ова ми го прават. Не знам како да се соочам, а нема теоретски шанси да се сменат нивните ставови. Ми го диктираат цел живот.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Тешко ти е бидејќи си растргната на две страни. Од една страна дечкото кој го сакаш а од друга страна родителите. И нив ги ставам во категоријата на луѓе кои ги сакаш без разлика колку и да грешат. Да, знаат колку парите се битни на овој свет, но не и пресудни за да бидеш со некого. Ама ти пробај да им кажеш дека не се побитни од нивното дете. Сакаат пари и несреќно дете?Пари се печалат, значи во животот од ништо можеш да стекнеш нешто но и тоа нешто можеш лесно да го изгубиш.Само љубовта и слогата останува. Прочитав дека студираш и дека си втора година, ќе дипломираш и ќе пробаш сама да се снајдеш. Можеби тогаш ќе разберат дека веќе си пораснала. :?:
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Се додека си под нивен кров ќе ти го диктираат животот. Знам, заебано е до коска ама мене ме чуди како до сега не сте воспоставиле некаква си нормална комуникација.
    Еве јас како родител од оваа гледна точка никогаш не би го советувала моето дете на тој начин - да ожени некоја богаташица која ќе го носи на грб цел живот и ќе му биде некој си бек ап :tmi: . Јас како мајка ќе сум најгорда на свет да тоа како индивидуа успее само во животот што ќе ме направи среќна. Нормално е дека ќе помагам и влечам за него колку можам ама никогаш нема да се мешам во негов избор за животен сопатник. Ако тој е среќен и спокоен и јас ќе сум.
    Пробај на некој си ваков начин да допреш до нив што не верувам дека ќе им го смениш ставот затоа што тие се зрели оформени личности и најверојатно така задоени и израснати или оваа транзиција им го извадила паметот.
    Не ти преостанува ништо друго освен да се бориш за себе и свој став ако си 100% сигурна во твојот избор.
     
    На Lolo5, Annath, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ај ти кажи му на татко ти дека не се вртит светов само околу парите.
    Има и многу други работи поубави што се од парите.
    Животот е тркало денес можеш да имаш утре да немаш !
    Џабе имат татко ти факултет,ко немат ум! Се извинувам на изразов,али тоа е.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А да пробаш варијанта, на дволичност ? :?:

    У стил, ’Да у право сте, ке барам некој богат дебел маж, а ке бидам со типов чисто онака да не ми е досадно, ке ги слушам вашите совети, зашто светов без пари не може а човек без пари е никој и ништо.. ’ и така лај си лај си мажи им очи шо се вика, не се нервирај, ко ке заминеш у другиов град на факс, терај по свое, се додека не се вратиш пак дома, па биди лизна мазна и у стил “Да ,мамо и тато у право сте.“

    Пробај вака ко некоја Ас карта у ракав ...

    ;)
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.392
    Look човек да помисли дека си од аристократско семејство, па никој не чини за твоите.
    Се чудам, не дека нема вакви случаеви, лично јас знам, ама претеруваат.
    Што повеќе да те советуваме, исцрпено е се, твојот проблем никако да се реши.
    Или земи исели се, почни да работеш, па биди независна од нив, или пак, прави се дека ги слушаш, ама игнорирај ги, додека да завршеш факултет или додека да се вработеш. Друго нема.
    Муабети и слични ствари кај твоите не пројдуваат. Што луѓе ќе беа. Пари па пари.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ете сега мајка ми ми рече како не ќе сум смеела од дома да подизлезам. На 20 години заложник ќе ме држи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.163
    Пол:
    Женски
    Драга а дали си ти сигурна дека токму тој дечко заради кој пишуваш во другата тема е вреден во моментов за сите твои проблеми. На страна од амбициите на твоите, мислам дека треба да ја смириш топката. Сеедно дали се работи за тој дечко или за некој друг, родителите не се тие кои ти го режираат животот, ако си доволно паметна можеш да го завршиш факултетот и да излезеш од дома како слободна жена, а можеш и попусто да се расправаш со твоите за некој кој не ти е вреден. Не велам попушти, биди ти таа која ќе се повлече, велам размисли малку, можеби не е вредно сето тоа, можеби тој не е вреден, можеби и навистина надвор има некој кој има малку повеќе памет, а таквиот твоите не можат да го оспорат верувај ми, па и на трепки да застанат.
     
    На Lolo5 и Look им се допаѓа ова.
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Јас навистина не знам што ќе правам со овие родители. :( Дека студирам во друг град по цел ден не излегувам таму, единствена релација ми е факултет-дома, постојано учам, кога ќе дојдам во мојот град единствена опција ми е да излезам и да го видам дечко ми и повторно проблеми ми прават. Татко ми полуде дека викендов излегов три вечери по ред, почнал да и вика на мајка ми како на готово мене ме носел кај него (со тоа што ме земал за викенди дома да си дојдам), викал како немало да ме земаат со кола други викенди, па ја сама да сум се малтретирала по автобуси ако ми се исплаќало.
    До кога ова, до кога!!!!!!!!!!!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Со автобус да си идиш? :o Па дали се тие нормални?
    :yawn: :yawn: :yawn:
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^Навистина не знам која ти е поентата со ова, но сакав да кажам дека муабетот му беше иако тие ќе дојдат со кола во градот каде што студирам ( бидејќи имаат постојано работа таму), немало да ме земат, па јас да сум одела по автобуси ако ми одговарало.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Оди легни си...
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Mалтретирање е богами ако имаш проблеми со возењето па мораш да се труиш со апчиња да не ти се гади.А патување со автомобил е полесно за организмот.Зборувам од лично искуство :)

    Нејсе не е важно тоа моментално.Look мораш да најдеш некое решение,вработи се некаде,стани независна,оди си од дома па макар и да прекинеш со факултет на одредено време ако е потребно.
    Знам и дека не е најдобар совет кој е даден но знам јас како е да ти се мешат родителите во животот.
    Мораш да почнеш да не зависиш од родителите бидејки доколку не прекинеш на време подоцна ке се каеш.
    Мене животот ми беше вистински пекол пред 3-4 години кога тие одлучуваа за мојата иднина.
    20 години си мислам дека е време да пресечеш со ситуацијата.
    Покажи заби,во тебе е решението само.Ние овде можеме само да те тапкаме по рамо дека се ке биде во ред.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Дали ти тоа и даваш совет да го напушти факултетот, да си оди од дома и да бара работа? :D
    Како ти го реши проблемот со твоите родители ако не е тајна?
     
    На ljubam, Doozy, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Look, Јас мислам дека вината не треба да се бара кај родителите. Тие само сакаат ти да успееш, а тоа што се налутил татко ти, значи дека сака да поминуваш повеќе време и со нив, а не да леташ секој ден кај момчето. Можеби сакал да ти укаже на тоа дека ако не ги рецкаш нив, дека нема да те враќаат дома нареден пат. Мислам дека се во право и дека треба да ти предложат да му кажеш на момчето да те врати некој пат, па нели ти е момче и ако сака да сте заедно ќе отиде ќе те земе.

    MSkorpionka [​IMG]
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Look, и јас бев во иста ситyаЦија како тебе пред едно петчес години, еве што направив/не направив јас: НЕ одев по оној "guilt triр" што ми го трасираа, т.е не одев по ниеден пат што ми го трасираа, терав по свое, пред нив се правев дека сyм како нив, онака си бев своја, различна од нив. Да, Црна овЦа сyм y Фамилија, се гордеам со тоа. Откако завршив Факс отидов на печалба во странство. Да, што подалекy од перачи на мозок. Сега, кога сyм Финансиски независна и живеам сама, тие се се' yште тyка, со нивните мyабети "Фани си богат маж". Штом толкy сакаат да бидам користољyбива почнyвам од нив ги користам нив парите што ми ги даваат мислејќи дека манипyлираат со мене (со свој камен по глава) ги ставам во банка за да патyвам по светот еден ден. Нив ги лажам оти плата ми касни и оти парите y банка ми се орочени, така го имаат она лажно чyвство на сyпериорност дека се' yште ми се потребни. Look, види, не сyм добра во давање совети, ама.. I'vе bееn thеrе. Остани Цврста. Верyвам дека ќе yспееш. Loоk аt mе!))
     
    На Lolo5 и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Тоа е нејзино како ке одлучи ама додека зависи од нив нормално дека ке е ваква ситуацијата.
    Јас една година паузирав со факс,работев и подоцна се вратив на предавања и сега сум последна година и да ти кажам воопшто не се замарам дали ке дипломирам или не.Ама ако стигнам до крај прва прилика си одам од дома.Тогаш воопшто не бев во состојба да заминам од дома заради многу причини кои не сакам да ги кажам овде но сега барем знам дека од кога сум независна тие никогаш не ми се мешале во одлуките.
    Еве не мора да го напушти факсот привремено но може да си најде работа нели?да си го испланира времето :)
    И друго што сакам да кажам,можеби ке изгледа глуп совет но многу е подобро кога ке пресечеш и решиш да си го живееш својот живот.
    Млада е,цел живот е пред нејзе.Зошто да ги трпи тие однесувања?да бира богат маж?сепак на крај нејзина ке биде одлуката со кој да го помине животот нели?Нема подршка ми се чини.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.467
    Пол:
    Женски
    Не викам дека нема родители материјалисти ама па искрено што сакате да ви кажат
    -Фати некој голтар,живеј во шупа и немај пари за леб на маса да стаиш али битно сакајте се до бескрај?
    Нема родител што не му посакува се најубаво на своето дете и што сака да се мачи во животот.
    И мене ми го викале истото кога сум идела со погрешни луге и јас сум мислела дека се материјалисти,ама ете после толку години сфакам дека се во право за тоа што ми збореле.
    Што вика мама најубаво е да најдеш некој што има колку тебе па макар и малце поише .Не некој богат ,ама па и да не е некој голтар.Крај краева сите знаеме дека кај нас уште важи она патријахално правило дека мажот е тој кој е глава на куката и кој треба да носи леб на маса.Ретко кој сака да е зависен од жената и не го фрустрира успехот нејзин освен ако не се веке подолго во брак па се соочиле со разни подеми и падови.
    Не дека сум кој знае колку богата и дека имам некое богатство да задржам во фамилијата,ама не би сакала да бидам со некој таков.
    Крај краева сум била и сум видела како завршило.Муабетите ти имаш,твоите имаат јас немам,постојано седење дома и затварање уште еднаш не фала.
    Не барам некој со замок 3 стана и 5 коли кој идењето на Хаваи за викенд му е исто ко моето идење во Охрид ама сакам некој што во тој поглед ке биде на мое ниво.
    Да не се осекам лошо кога ке ми каже дека сака да шета натака навака затоа што он може да си го приушти тоа а јас не ,но не и јас да сакам да отидам негде со него а да неможам затоа што човекот не е во можност.