и јас сум во слична ситуација како тебе Look само што кај мене не се работи за дечко со многуууууууу пари туку каде ми одат парите од платата, дали штедам итн. кај нас само мајка ми работи, а имам и брат кој е средношколец(нормално требаат мн пари). татко ми не работи. е сега колку можам помагам со пари за дома или пак пазарувам по нешто што треба. не можам веќе вака и јас нз што да правам
Не ти ја знам ситуацијата со дечкото и колку е вредно да ризкуваш се, ама ова твоите што те уценуваат не ти давам ова она/ епа речи им: епа добро чим не ми давате ќе си седам дома, можеби ќе бидат посреќни ако ќерка им остане неедуцирана, ама немој да се ставаш во позиција на огромна жртва, прво родители се со балкански менталитет да си најдеш чобаџиско дете, добро бе до толку се твоите едуцирани по мустра праени со многу пари? Ај прашај ги нив зошто се земале и дали некој им ја бирал љубовта? Може? И дај не дигај паники, сталожено дејствувај, учи си напредувај, балансирај со дечко ти, ако ги напнува 3 пати да искачаш, искочи два пати, играј умно и придобивај ги..
Леле леле што читам Знам дека постојат такви родители а и такви деца, се чудам само какво време ли ке дојде кога ке треба ние да си ги воспитуваме децата (немажените) Имам срека што мајка ми никогаш не ми велела -Ќерко ти богаташ да си најдеш! Ме воспитувала дека секогаш што и да правиш кај и да идеш со ПАМЕТ ВО ГЛАВА, јас искрено не би можела да истрпам таква тортура некој сега на 24години да ми управува со животот. Секој со свој ксмет за секое лонче има капаче, ако имаш љубов, разбирање, упорност за све, среќа секој ке си успее во животот од ништо ке си створат нешто, неможе секој да биде директор... за жал. А што мислите тие што се земале така ЗА ПАРИ САМО, многу среќа и љубов имаат ееее имам милион примери не само од моја околина, и од познативе ни наши фаци во градов, од бизнис фелата па и од непознати во јавноста..... Има многу СИРОМАШНИ деца, што не добиле ништо од своите родители освен пари И мислите дека таквите утре ке знаат да почитуваат некого и да ценат, хмм се сомневам во тоа.
Ист случај. Се сака да знае. Ама буквално се. Ми има посравено правила и јас морам да се држам до истите. Кога ќе добјам некоја послаба оцена од 5 или 4 паничи и тоа на велико. Но, сепак ја сакам и ја почитувам и овој притисок е за мое добро. Верувајте, мајка ви мисли само на вашето добро и неизмерно ве сака.
Немој да дозволиш мајкати да влијае врз твојот живот,јас бев во слична ситуација како твојата но успеав да се средам,едноставно кога веќе несака да сфати нема ништо да знае.Се одалечив од неа едно време и се однесував како што се однесуваше она со мене.СТАВ.Тоа ти е потребно.Имај свое ЈАС!Ако сега дозволиш толку многу влијание врз твој живот од мајка (наместо да те подржи и советува) што ке биде утре со твојот маж/свекрва итн?! Ако несака да си се разберете со убаво тогаш мораш да бидеш јака и силна и да се спротивставиш.Тешко е знам,боли,сепак е мајка,но мораш.. Ти посакувам многу среќа
Што кога вашата мајка ве навредува? Денес се случи ситуација мајка ми да ми кажи дека сум проста и глупава. Ова не го прави често, ама секогаш кога ќе направам нешто што нејзе не и се допаѓа ми кажува такви работи. Можам да кажам дека таа е навистина добра мајка и има мн.добри страни, но кога правам нешто што не и се допаѓа секогаш ме навредува, иако знае дека сум многу чуствителна. Дали да го занемарувам ова,што да правам повеќе, не можам да ја трпам, секогаш кога ќе се налутам јас почнува да се жали како и е жал, како не може повеќе, да не ја сеќирам, сваќам дека ја искористува мојата слабост. Ама едно сватив, таа ја намалува мојата самодоверба...кажете ми што да правам, не можам да и се лутам, не можам да се карам, се ова веќе е испробено, дали да ја игнорирам и повеќе д ане разговарам со нејзе за ништо или и јас да почнам да ја навредувам...
Направи го истото што и со секоја личност која кон тебе на случен начин ги искажува своите емоции во манир на топло - ладно. Кажи и дека греши и дека треба да си го контролира повеке однесувањето импулсивно затоа што те повредува со тоа а и ги доведува во состојба на несигурност и во прашање твоите повратни емоции кон неја. Понекогаш лугето се забораваат и искажаните зборови им се како ветре од едно увце влегува а од друго ислегува. Затоа не е лошо да го земеш примеров мој и да го примениш(пробај не е ништо страшно) Едно утро кога сте дома сите мајка ти нека најде порака напишана за нејзе додека ти спиеш со напишаното погоре и дека ја замолуваш да биде по внимателна кон односот кон тебе и да ги бира зборовите затоа што тие некого го болат повеке а некого помалце(затоа што сите не можеме да бидеме исти).
Здраво,нова сум на сајтов ми треба ваша помош односно совет! Живеам со мајками и сестрами до сега заразлика од другите тинејџери на моја возраст имам видено нешто што тие го немаат видено.Сакам да кажам дека поминав низ многу тешки ситуации уште поминувам ама едвај се борам.Сакам да имам слобода како моите другарки да ми биде убаво.Разбирам дека ништо не е совршено и дека сите поминуваме низ нешто во животот но не сакам да не бидам толку стегната сакам да бидам и по весела ама никако све пробав.Разбирам дека мајками се грижи како и секоја мајка која сака да знае детето што и прави каде е и со кого ја разбирам и дека и на неа и е тешко многу секогаш сакам да ја развеселам насмеам пробувам да разговарам ама џабе.Од секогаш сум сакала да имам добро семејство и да бидеме сложни но јас ја немам таа среќа кога сакам да зборам со мајками се стегам од старв да не ми се развика цело време мислам дека сум и одвивна ама имам чуство дека не ме сака.Секогаш кога пробувам да ја насмеам не се смее,да разговарам со неа ми се дере или почнува да ме навредува или обезбехрабрува,нема ден да не ме обезхрабри за 2 секунди може да ми го направи тоа дури некогаш плачам многу зашто вака мене ми се дешава? Она сака само да седам дома како неа а јас имам навистина потреба да искочам некад не сакам дома само да јадам да лежам да не посветувам внимание на мене сестрами може да прави што сака и да искача кога сака да купува што сака може све да прави зашто има слобода а јас немам.После долго време кога ќе решам да се нашминкам нешто да направам и онака ќе излезам мајками крева паника и до бензиска да отидам она ме бара 25 пати и ми се дере а ништо лошо не правам не ми дава пари не ми помага во ништо не е заинтересирана за мене повеќе е во сестрами,мајками знае да ја пречека сестрами убаво муабет јас веќе 4 години се лечам од депресија примам терапија мајками знае само да ми ги дае апчињата друго ништо се осеќам како ѓубре.Сакам слобода,сакам да почнам да живеам ова се најубавите години,претешко ми е неможам ве молам како постари дадете ми совет побарав и стручна помош сто пати ама џабе од што не ми е убаво дома си го мразам животот едноствно не глеам надеш знам дека сега почнувам да живеам ама мајками ми вика постојано дека нема да успеам и дека животот е многу беден или ме навредува!
Не знаев каде да пишам па ја најдов темава, морам да кажам дека и јас имам голем проблем постојано трпам притисок од мајка ми, спомнува некои богати луѓе, што не си го фатиш тој и тој и ми вика да си фатам богат дечко дека мене тоа требало да ми биде главна цел, да сум се откажела од мојот сон за наоѓање на работа која мене ми се свиѓа, да не се занесувам да работам во странство итн. Постојано ги омаловажува другарките кои немаат дечко и постојано се распрашува кој од моите другари колку пари има и што работеле нивните родители. Како јас да ќе трчам по некој од нив.
Незнаев каде да пишам за да ми олесни душава па ја најдов темава немора совети и сл д ами давате али кој сака слободно може или тука или лп. Прво ќе спомнам за тоа погоре што прочитав за богат дечко да порано ми зборела мајками бидејки беше и уште е под влијание на нејзините сестри али јас едноставно не ја рецкав па се откажа.Тетками на братучедките истото им го збореше едната се улета најде богат се фалеше ова она имал на крај ја откачи. Проблемот мој е долг и тежок болен и мачен...кој трае веќе со години.Од сето ова качив притисок,крв од нос,несоница и паѓање на косата. Пред неколку год кога работев 12 сати за 10илјади ден плата и 80 посто од платата и ја давав на мјакми ,а што ќе останеше за мене колку да имам за јадење бев најдобра ќерка од кога престана сето тоа и најдов подобра работа она се сврте против мене .Ми викаше глупава си,никогаш не ме праша како сум секогаш и беа парите во прашање дали сум земала плата.Кога ќе можев ќе купев нешто за дома ,али и веќе моите години одат натака што треба да штедам за свадба и за мојата иднина. Секој ден ме малтретираше и уште ме малтретира психички јас за нејзе сум никој и ништо ,а братми и се на светот многу пати ја прашав чим си немала пари зашто си ме родила? на сето тоа одговор не добив. Го буцкаше таткоми секој ден дека галје ми било за нив,дека пари не сум давала,дека дома не сум се вртела за на крај да добијам физичко малтретирање од таткоми и затварање дома,кога ќе им речев дека ке искочам ми викаа неможе дома ќе седиш зашто секој ден искачаш е тогаш им плеснав све што им собирав дека неможам да ги поднесам како секој ден се дерат и дека подобро ми е кога ќе искочам од оваа куќа и дека кога ќе престанат со нивното понашање јас ќе се вратам дома. Едно време мислев да најдам цимерка и да се отселам ама неможев финанисте понекогаш не се ок. Секогаш пред да знае дека ќе земам плата со мене беше царица ,а види дека пари не добива од мене почнува се од почеток дерење,како да сум ништо во семејството. Вчера доагам од работа утепана и место да ме праша како сум или како сум поминала на раб прво прашање и беше зема парички? и реков не и викам за јадење што има ми вика за нас има ти снаогај се , реков ок се налутив си отидов во соба и она се налути зашто јас сум се налутила и реков не сакамм ништо не ми се јаде иако ми се јадеше многу.Вечерта почна да уценува дека нема да не пере,дека нема да ни готви.Доколку не и дадеме одредена сума на пари од плата да сме се отселеле од куќата или да сме бирале или ние да си одиме или она. Ова трае со години еднаш избегав од дома без да знат и се вратив покасно јас на овие години да бегам?све ја интересира и само прашува на пр. каде биле родителите на дм ми каде шетале со кого шетале богда чува мене не ме интересира ,она прашува ... Кој колку зимал плата,дм колку зимал да се чуди човек.Јас психички паднав после волку години понекогаш халуцинирам..може некој од тука ќе се запраша како издржа до сеа?Искрено незнам како издржав и како издржувам ,некогаш кога спијам намерно влага во соба ко демек бара нешо ,пали светло за да се разбудам иако ми ја знае работата дека ми е доста напорна она по старо ...и мн мн др раб. Цел ден мислата во глава ми е каде ќе одам?каде да одам...дома не ми се стапнува преку глава ми е од викање,дерење,мислење само на себе .Еднаш ми го скршија срцето засекогаш закаснив дома да дојдам за ручек имавме работа и плус со гужвиве низ центар бетер и закаснив 15 мин негде доагам дома гладна уморна се...и влагам они седнале да јадат и ми вика касниш јас мислев нема да дојдеш и викам за јадење што има ми вика нема ништо ние све изедовме мислев нема да дојдеш те гледам касниш реков само браво алал да ви е и си искочив. Ќе порачам на тие што имат слична ситуација како мојата да бидат посилни од мене и што побрзо да бегат од вакви проблеми да не се затварат во себе и да речат стоп!
@orevka Ако ти е мајка, не значи дека има за право да ти прави и каже што сака. Добро е што си свесна за околината ама знај дека мора да најдеш решение, за твое добро. Ако смеам да прашам колку години имаш и дали си во сериозна врска со дечко ти? Ако второто е да, зошто не прозбориш со него да живеете заедно сами под кирија? Ем ќе спознаеш што е заеднички живот со него ем на раат ќе си од мајка ти. Тешко е без пари, ама уште потешко е немањето мир.
Не би можела со оваа плата во Скопјево каде што кирија е 200 евра . Али се надевам дека ќе најдам решение. Фала ти за подршката Викав ајде мајка е ама сум згрешила изгледа. 24 имам и да сериозна врска имам за дечкото ми има речено да отидам кај него дома да се преселам иначе имаме планови двајцата да се тргнеме негде сами да бидеме само треба и време со финанси не сме нешто нај нај ...само се надевам на подобри денови. Фала
Мене не ми е нормално да ми каже Nema za tebe. Мене ми рекле нема ништо готвено за јадење ама имаш фрижидер земи си што сакаш. Искрено ситуацијава не е во ред, нека не те пере де, пери се сама не е страшно ништо. Ако знаеш да се переш, пушти преку ноќ машина со твои алишта и готово. Чисти си ја собата и готви си сама.има сега готвени јадења во тинекс и веро ако можеш земи си. И би ти рекла да седнеш да разговараш сериозно, ако нема исход - батали.
Нема да живееш сама, ќе живееш со уште две цимерки и ќиријата со сметки ќе ти биде околу 100тина евра. Барај активно, биди упорна и ќе најдеш (на ФБ во групата Цимер дека си бе цимер има многу огласи секојдневно). Срамота за твоите, немам зборови.
^ Секогаш сама се перам ,али вика ќе си купиме прашок и сами ќе си переме со наш купен прашок. За јадењето ми вика види снајди се ок ајде ќе се снајдам ,али кога правела јадење не оставиле за мене епа повеќе нема што да кажам тоа те убива до крај. Многууу пати имам зборено со двајцата многу дека веќе сум доволно воздрасна за да си ја гледам иднината и за заштедувам за нејзе и дека е време да се освестат али на дрво да зборев ќе разбереше до сеа и затоа веќе дигнав раце за зборење. Од една страна ми вика штеди си пари за еден ден во др куќа да не отидеш без гаќи ,а од др страна ми вика да ми дадеш пари за ова за она за тоа за второт трето епа не зимам јас 500 евра плата . За готвени јадења ако земам ќе ми рече а ние не сме ти родители ние не сакаме ,а претходно ништо не оставиле од ручекот затоа гледам на работа да јадам повеќе или при крај на работно време. ^ Немам коментар на ништо мн родители вакви познавам али за моите не ми се веруваше Фала ви девојки за советите и за подршката навистина ми значи
@orevka, не знам за тебе, ама мене многу ми е битно да бидам во добри односи со најблиската фамилија. За секој проблем може да се најде решение доколку се разговара. Седнуваш, покажуваш дека си зрела личност, им даваш на знаење што ти пречи дали те гушат, фино лепо да ги средите сите недоразбирања и зошто постојано мајка ти да бара пари од тебе. Ги имаш следниве опции: 1. доколку твоите те сфатат и дојдете до заедничи договор по дома, си остануваш и мирна глава 2. доколку не те сфаќаат твоите дека те гушат и те притискаат , разговараш со блиски другарки и дечко ти за совет , дури и роднини некои што ги сметаш за доверливи би можела да прашаш бидејќи ти е проблем сместувањето. 3. аплицирај за работа на брод, 6 месеци ем ќе се тргнеш од дома, од твојот коментар забележав дека си вредна, работлива личност, па ќе можеш и пари да си заштедиш за да си планирате иднина со дечко ти. Значи акција девојко, биди храбра и едно по едно ќе се средат работите.
Можете со дечкото да изнајмите нешто помало, како гарсониера, еднособен стан, сосем доволно и функционално за вас двајца, а потоа кога ќе решите да формирате семејство здравје, ќе побарате поголемо. Ова, како привремено решение додека да се подобри ситуацијата. Погленете по огласите, видетете како се движат цените по разни населби и одлучете.Така и заедно ќе готвите, чистите, сами ќе си се организирате и нема да трпиш викотници, караници и слично. Претпоставувам, сакаш да заштедиш и за нешто свое, но едноставно засега и ова би било решение.Како и да знам дека ти е тешко и страдаш заради односот на твоите пред се, и дискримиацијата во однос на твојот брат. Сеуште не можам да сфатам како може двајцата да ве двои и зошто би го преферирала него при сета твоја помош за домот. На крајот, ми делуваш скромно, а кога сам свој есап си води, човек многу подобро си располага со средствствата.
Не ме сватиле многу пати сум зборела сум дрднала ама џабе за работа од мои 6 години дома сум готвела сум ја чувала бабами ,од 17год почнав да работам и факс не учев. Од кога почнаа сите овие работи сама на себе сум сама се перам сама се чувам проблеми ништо не кажувам собирам во себе,ако сум нешто болна исто така кјутам . За со дечкото планираме сл.год да купиме плац за градба за куќа штедиме инвестираме на секој начин се бориме за да успеме и да ме тргне од дома али треба време и трпение. Планирам и покрај работава и дополнителна работа да најдам за плановите побрзо да успеат. Дм ми вика кај него да отидам ама не е исто што ли ќе кажат родителите негови,дома моите се со размислување од 15ти век ,проблеми ќе направат сиг ќе дојдат кај дм дома и тука ќе настане се и сешто така да не сум ни натака ни навака.
Оф бе душа напатена, те сфаќам. Јас едно време имав такви проблеми со моиве дома оти и они се со старомодни сфаќања, но кога видоа дека можам сама, она што го побарав од нив беше да ме пуштат странство сама да се снаоѓам. Сигурно ме имаш читано низ темите оти и јас се жалев, психички бев изморена од околината и не можев да функционирам. Не дека се фалам ама сум премногу дисциплинирана личност и сум секогаш 10 минути пред закажаниот термин. Исто како тебе од дома сакаа да ме контролираат демек они ми плаќале сметки , знаеш под нивен покрив, ама не, кога ме фати инает им реков во очи само да ме остават што знам како знам јас сама ќе се снајдам, верувај никаква помош не им барав. Откако поминаа веќе 11 години како сум иселена, на нив им е јасно дека сама можам да постигнам, можам да заштедам, знам да се контролирам, да почитувам закони, правила, арно ама и ден денес ме гњават за дечко да сум нашла. Иако знаат да ми вршат притисок кога се слушам со нив на Скајп, јас пак си правам мене како ми одговара. Ти си барем во предност, си имаш дечко, ахххх кога би знаела мене колку ми треба љубов, ама да не почнам да се жалам , си се фокусирам на кариерата. Од срце ти посакувам да ти се остварат замислените планови, пробај како знаеш да се оттргнеш од твоите дома за да осетат тие дека ти си возрасна и способна сама да си го средиш животот, дека не зависиш од нив.