За тоа што викаш 10 мин си секогаш пред термин иста сум и јас Сакам мир во куќа,сакам согласување ,нормално има проблеми ама тие се решават со муабет а не со дерење имам уплав од дерење. За тоа што ти викат за дечко да си фатиш и ако фатиш не им кажувај ,еве ја си фатив тргнавме озбилно веќе две години кога ќе се мажиш.кога ќе те зима,ајде што чекате ,до кога ќе ве чекаме да се земете и мн др раб слични на ова.Не сакам да се мажам и мн пати сум им кажала не сакам да се мажам рано ми е не сум спремна млада сум има време за се на тоа одговор добив до кога ќе го трпеле моето секој ден да сум искочена и доста сме се мафтале со дм време било ,да сме се земале па после што сме сакале тоа да правиме ,ко демек додека сум дома ќе правам они како што ќе кажат Среќа што го имам секогаш знае да ме охрабри и насме во најтешките моменти Браво што си успеала и си се тргнала алал да ти е треба сите девојки да го гледат твојот пример. Фала ти за зборовите ќе пробам на секој начин да успеам ,а кога ќе успеам е тогаш ќе ме барат,ако сеа се иселам пак ќе ме барат да се вратам дома.
Каде со такви луѓе зборење, нема шанси, на своето дете ако еден ручек не сакаш да му оставиш, кога до јадењето и перењето дошла ситуацијата не верувам со зборење да се оправи. @orevka излегувај, шетај, дружи се, дома претежно за спиење. Штом дечкото те поддржува оди почесто на гости кај него, пробај да почнеш да вежбаш на пример во теретана или слично да си го исполниш времето, а воедно и да ја намалиш тензијата и нервозата од дома. Разговарајте сериозно со дечкото, па размисли и за преселување кај него, ама само ако си сигурна дека го сакаш и сакаш да бидеш со него, не само за да побегнеш од дома. Нека те побара од твоите чисто да не прават скандали што ќе рекол народот и после живејте си верени.
Мајка ова на дете да му го прави.... Бог да чува! Па,прав родител секогаш гледа детето да му е најадено и згрижено.Па,уште пари ти бара.Ај,разбирам да е за да припомагаш со плаќање на сметките,ама немаат право цело време пари да ти бараат. Тешка ситуација.... И јас ќе ти речам како и другите,ако си сигурна во врската со дечко ти,заштедете си поголема сума на пари и одете под кирија или собирајте за сопствен дом.Батали ги другите,гради си ја сопствената среќа!
@orevka Собери храброст и излези си од таму очигледно така би ти било најдобро. За почеток ако не можеш сама под кирија биди со цимерки има поевтини станови по Скопје сигурно ќе најдеш нешто до твоја финансикса можност. Од друга страна дечко ти те вика да живееш со него, оди не мисли на твоите. Колку и да прават проблеми ќе трае кратко време и ќе се соочат со реалноста. Дури и да не те сакаат повеќе нема многу да ти смени од сегашната ситуација. До сега многу ситуации знам кај децата ги имаат избришано своите родители од сопствениот живот за да продолжат понатаму со убав и мирен животот. Додека не рискираш нешто нема да добиеш подобро. Зборувај со дечко ти и донесете правилна одлука, изгледа како човек кој те подржува и кој се грижи за тебе. Како што видов планирате и заеднички живот па ова ќе ти биде како еден тест да видиш како ќе ви биде заедно.
^ За дечкото ќе кажам дека сум имала среќа да најдам таков како него во ова лошо време. Нит е богат нит е сиромашен како мене ист. Дури ми го чита гласот по телефон што ми и како ми е одма ми нуди решение. Да го сакам многу неможам да го замислам животот без него и он ме сака мн пати ми докажал. Ме носел во болница во раце ,кога и да не ми било ок се тресел над мене. Имаме зборено за заедно живење баравме стан али во скопјево тешко мн е скапо ,па затоа решивме да штедиме и да си градиме сопствена куќа бидејки и двајцата сме повеќе за куќа неголи за стан. Дома сум по 2-3 сати и искачам не спијам дома веке подолг период ,за теретана во план ми е во брзо време да отидам али наогам време да испешачам мн километри за сето тоа да искочи од мене. За кај него почесто сум ете денес планираме да одиме по кревет заеднички и послека полека да се тргнаме на страна Фала ви девојки на сите за советите и за подршката и јас се чудам за вакви родители знам дека не се само моите мн познавам али ете уште го има она балканското во нив.
Супер, полека, полека ќе си се средите и се ке си дојде на свое место, да не се секираш, чувај си здравјето и воопшто не мисли на нив. Гледајте си се со дечкото, да ти е ок со него, а со твоите од едно уво влегло од друго излегло.
Читам и се чудам дали е ова реално ? Како бре родители да се понашаат со своето дете на таков начин што луѓе ќе беа ама стварно се прашувам.Човек од надвор ке нахраниш и ќе угостиш дома а не пак своето дете.Извини вака @orevka а татко ти ништо не зборува. Мајка ти вработена е ? Незнам мила моја како да те советувам а не сте размилувале да одите во друга држава да работите и да живеете.Ако веќе сте сериозни со дечкото тргнете на тој чекор .Биди храбра само тоа можам да ти кажам знам дека не ти е лесно зошто подршката од дома е најважната подршка на светот од никој друг. Ти испраќам многу подршка и многу прегртаки.
Двајцата се вработени таткоми некогаш е на моја страна некогаш не е кога ќе го набуцка. Мн пати и има речено дека се нервира кога не дели со братми и да престане веќе со тоа. Ме прашал и зашто дома не се вртам сум му рекла дека неможам да седам дома во таква околина и дека ќе ме разбере. Планираме да градиме негде подалеку од населбата каде што живеме После ова мн работи наулчив како да не ги воспитувам моите деца Се надевам на подобри денови Фала на подршката и за советот фала на сите девојки погоре што ми ја дадоа подршката иако сакав само да напишам за да ми олесни вие ми дадовте и совет и подршка ... Бидете силни ,никогаш не се предавајте и борете се за себе. Во еда слична тема пишав дека ќе пробам да напишам книга за ваквите работи што се случуват ,може со тоа ќе помогнам некому . Имајте убав ден девојки ви праќам
Заморна е некад и ме гуши ама сфатив како да го санирам тоа без да се искараме. Спротивни сме и едвај наоѓаме средина.