Мајка на службен пат, детето само со тато

Дискусија во 'Дете' започната од awl, 18 октомври 2016.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Ја отворам темева зашто не најдов ваква...

    Треба да патувам наскоро, не на долго на 3 дена(мене ми е долго, ама тоа е друга тема :), се обидувам да откажам ама мислам тешко ќе оди. Дете има 15 месеци и ќе биде дома со мм. Навечер баба ќе припомогне за капење, толку помош смета мм дека му треба.
    Два пати имам заглавено до доцна на работа, супер се снашол. И вечера да му направи, да го искапи, вториот пат дури и спакуван беше за во градинка.
    Дебатава на темава ми е во насока како вие сте постапиле при ваше отсуство подолго време. Правите ли дневно мени за бебето, замрзнувате ли храна за сопругот, полните ли фрижидер или оставате на слободна волја? Каква беше реакцијата на бебуш кога ве виде после отсуство?

    Свесна сум дека ова е стрес за возрасните, детето ќе тагува можеби ама се тешам дека нема да му остане траума...
     
    На rose60, fallenangel и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    50.827
    За некој ден има еден настан пред мене и треба да сум отсутна цел викенд, значи две ноќевања.
    Само мм треба да биде со децата. Тој вели дека нема да му е проблем, само со храна треба да го обезбедам.

    Малата ми е 16 месеци, за неа ќе го снабдам со купени кашички и тој само ќе подгрева, инстант каши со житарки за доручек и вечера, овошна и зеленчукова со мевце.
    Син ми е поголем и ќе јаде што ќе јаде и мм. А ќе јаде тоа што ќе спреми, или купи де :D

    Штом тој самиот се нафаќа, не сакам да се грижам. Доволно е вклучен во животите на децава, така да може да му биде малку фрустрирачки (како и мене на моменти), ама верувам дека ќе се снајде.

    Во собата малите спијат заедно. Батко на кревет на спрат, малата (дека сеуште е мала) во креветче, а мм ќе спие на долниот кревет и така сите ќе спијат заедно и ќе им биде убаво. :D

    Малку се и јас замислувам и предомислувам на моменти, ама само да се здрави и всушност нема потреба да се грижам.

    Е за нивните реакции, всушност за реакција на малата ќе пишам накнадно.
    Ама колку е врзана со татко и, и колку го обожува не верувам дека ќе прави некаков проблем што ме нема.

    @awl траума сигурно нема да има :)
     
    На Outlook, mareane, iloveyou29 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.507
    Првпат ја оставив на 18 месеци, бев отсутна два дена (службено) и малата ја чуваше баба и затоа што мм беше заедно со мене отсутен од дома.
    Е сега, преднос ми беше тоа што малата секојдневно се чуваше со баба и по 4 часа а ја имав и претходно оставено да преноќи кај баба и (многу ретко но се беше случило), па тоа ни дојде некоја предност кога веќе морав да ја оставам за да одам на службено патување.
    За јадење не спремав јас ништо, баба и се погрижи за тоа затоа што веќе и беше познато што треба да и дава, кога и како затоа што како што реков ја чува секојдневно.
    Редот на спиење предвреме знаев дека ќе биде нарушен но некако не ми беше гајле, искрено приоритетно ми беше да не плаче и тагува. Затоа ги ангажирав братучедите да ги посетата баба и дете па да разбијат малку монотонија и да му ја направат интересна на детето.
    Оставив и клуч од кај мене дома, ако се јави потреба да можат кај нас дома да седат, мислам полесно им е на свој терен на децата.
    Тежок бил делот кога ноќе во 3 се разбудила и барала ,,мама,, и малку плачела, па свекрвица некако ја смирила, преку ден немало проблем.
    Кога се вратив дома немаше некоја посебна реакција, можеби затоа што новата играчка беше поинтересна од мене (ова да бидам искрено ме разочара), но затоа наредните неколку дена како мајмунче беше закачена за мене. Најверојатно се плашеше да не ја оставам.
    Јас додека бев отсутна од дома мислам потсвесно ја мислев цело време, и така е секогаш кога морам да ја оставам на 2 дена, а отогаш наваму сигурно 5 пати се има случено и ќе се случува затоа што работата ми го налага тоа.

    @awl опушти се, таткото сигурно добро ќе се грижи за детето. Ете им шанса да се зближат уште повеќе.
    Ако мислиш дека нема да се снаоѓа со спремање јадење тогаш подготви го тој дел предвреме, наполни го фрижидерот со харана за двајцата, купи некоја нова играчка која ќе му биде занимација тие неколку дена, ангажирај некои роднини да ги посетат или уште подобро тие да појдат на гости кај некој кој му е познат и мил на бебушот. И одбегни да ,,се слушнеш,, телефонски со бебушот, мислам дека потешко ќе му биде. Ќе поминат брзо, три дена се не се три недели.
    Со среќа!!!
     
    На rose60, galapce, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    45.531
    Пол:
    Женски
    Моите не бебиња,малку поголеми беа кога ги оставив на неколку дена сами со татко им.Морав да отпатувам,немав избор.
    Претходно дома се им оставив испрано,испеглано,мајка ми беше задолжена за ручек,некогаш кај нас дома им носела ручек,некогаш кај нив на ручек.
    Маж ми ги носеше на школо и ги земаше(беа едното прво,другото трето одд).Јас се имав договорено со некои мајки чии деца одат заедно со моите,таа недела кога бев отсутна, да ги земаат и враќаат моите деца од активностите на кои одеа.
    Организацијата супер ,реализацијата исто.

    Сакам за друго, многу поважно да кажам.Кога ме пречекаа на аеродром,видов дека со син ми нешто се случува.
    Дојдовме дома и му го давам подарокот што му го купив и почна да плаче.Многу се секирал да не ми случи нешто,да не се расипе авинот и да падне,па да остане без мајка.Иако претходно цело време објаснував дека не може да се случи такво нешто.Од таму кога се јавував,ништо не приметив,дека му е тешко.И не му ни било ништо.Стравот за мене му бил само додека летал авионот.
    Ми рече, знаеш ли колку е тешко без мајка да бидеш....Срцево ми се стега и сега додека го пишувам ова,а поминати се многу години од тогаш.
    Нема страв од летање со авион,ама тогаш не знам што му беше,слушнал ли нешто слично на ТВ,реакцијата ли од што прв пат јас сама патував?А и многу е емотивен.

    А ќерка ми гајле немаше.Облече фустаните што и ги донесов и се вртеше по дома.
     
    Последна измена: 18 октомври 2016
    На kuc, Sunshine_1979, rose60 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, прв пат ја оставив сама кога имаше околу 12-13 месеци(поради службено патување). Преку ден ја чуваше жената што ми ја чува сеуште, а после 16.30 си остануваше со татко и. Тогаш и правев неделно мени така да за јадење се знаеше што треба да се спрема. Првиот пат кога ја оставив на едно ноќевање качи температура (вториот ден одкако и пуштив камера на вибер :|) и одбилава да јаде. Кога стигнав дома за 2 часа и се спушти температурата и се врати во нормала со јадење :) Втриот пат кога ја оставив (поголема за 2-3 месеци) на 2 ноќевања поминавме без никаков проблем :).
     
    На awl, joy1, ma4e1311 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    jas sin mi go ostaviv prv pat so tato i baba koga mase 11 meseci i bese na doenje ama morav da patuvam i bev otsutna 3 noki, preku den nemale nikakvi prob ama preku nok ivkova slava pravele oti sinko naviknat da cica pa sedele budni do 2-3 casot po polnok ama bitno vo globala super pominale.
     
  7. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Да пријавам дека убаво поминале, дури и помирен бил со мм отколку со мене, или пак сопругот бил помирен од мене па се пренело :) Шетале по гости, се бањале со помош на баба му. ММ пресреќен дека супер си поминале, и дека не сум му се јавувала да ги проверувам на 15 минути.
    Кога се вратив, малото ме изнагушка, па викна да плаче, па пак ме гушкаше и после се обеси да се гушкаме дури јаде. Злато. Поише мене ме потресе средбата, ама си поплакав на само :)
     
    На TIGARCE86, joy1, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Јас ќе треба некаде после нова година да патувам на службен пат надвор од државата на неколку дена,она што ме загрижува сум јас како ќе издржам без син ми не сме биле разделени ни една вечер не па неколку вечери,за него не сум загрижена многу бидејќи е многу поврзан со татко му дека татко му е до 15ч.на работа па се чуваат додека да дојдам јас се ранат се пресоблакаат сабајле исто во градинка тато го носи,и ептен се приврзани,јас што ќе праам ќе се шекнам (facepalm)
     
  9. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Da ja ozvezam temava i jas ke treba da odam na pat za mesec dena, ke bidam otsutna edna nedela. Maliot ke bide 13 meseci i moram da go odbijam od doenje. Ne znam kako da pocnam so toa koga e kako zalepen za gradava po cela nok. Kako ke odi toa zaspivanje prezaspivanje prvo bez cicanje, a otkako ke zaminam i bez mene. Do sega nikogas ne sum go ostavila noke.
     
  10. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.922
    Пол:
    Женски
    Еве ми и мене на страшна дилема! Треба за два месеци службено да бидам отсутна од дома седум ноќи! Имам можност да го одбијам патувањето но тоа искрено не сакам да го направам, некако сакам и професионално да напредувам, да се докажувам!
    Малата тогаш ќе биде 14 месеци, сега се чуваат со свеки и добро им оди, дома ќе бидат и мм и поголемата ќерка но никогаш не сум ја оставала ноќно време без мене...незнам како ќе биде?!? А плус тоа и цицањето не сме го одбиле, се мислев како да го направам тоа, можеби ова е идеалната прилика?
    До утре треба да кажам на работа, незнам што да правам!!!!