1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајки и ќерки (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од mar.n, 25 ноември 2014.

  1. mar.n

    mar.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2014
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Што мислите за серијата?Ја гледа ли некој?

    Нова турска мини серија на Канал 5



    Од понеделник на Канал 5 телевизија започнува турската мини серија "Мајки и ќерки". Низ 13 епизоди, секој работен ден во 18:55 часот, веднаш по вестите, ќе биде раскажана приказна за две жени со иста судбина, две мајки со ист проблем - како да ги зачуваат своите деца и како да им обезбедат светла иднина.



    [​IMG]

    Содржина:

    Ѓулизар живее со својот сопруг Ферман и двете деца во едно мало и конзервативно гратче. Иако тие не се богати, сепак живеат среќно во својот дом. За да најде подобра работа и да овозможи подобро школување за своите деца, Ферман инсистира да се преселат во Истанбул. И додека трае свадбата на неговата сестра, тој добива информација дека неговата апликација за работа во големиот град е прифатена. И кога се' се чини убаво, се случува една трагедија, еден куршум од прославата залетува во Ферман и тој умира. Ѓулизар е скршена од болка, а свекорот бара Ѓулизар да се ожени со братот на Ферман како што вели традицијата. За да побегне од обичаите и злобниот свекор, Ѓулизар бега во Истанбул со двете деца.


    Од друга страна, ја гледаме и приказната за уште една мајка, Дефне. Дефне живее според модерни сфаќања во Истанбул заедно со нејзината ќерка и сопругот. И нејзината судбина се менува на денот на една прослава. На денот кога слават роденден за малечката ќерка, сопругот умира во сообраќајна несреќа, па нејзиниот свекор ќе сака да и ја одземе ќеркичката Јагмур.



    [​IMG]


    Две жени со иста судбина, две мајки со ист проблем, како да ги зачуваат своите деца и како да им обезбедат светла иднина. Во име на љубовта кон децата, двете мајки ќе ја жртвуваат традицијата, а животот ќе ги запознае меѓусебно за да може заедно да се изборат за својата среќа и за среќата на нивните ќерки. Приказната за Ѓулизар и Дефне и нивните ќерки започнува во понеделник.

    Улоги: Ebru Özkan, Feride Çetin, Levent Üzümcü, Ozan Çobanoğlu, Hüseyin Soysalan, Ali Hürol, Dilşad Bozyiğit
     
  2. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ја гледам ми стана интересна ...
     
  3. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Jaс ја гледав о збрши без веза....односно без крај....погледнав и на јутјуб и таму така звршува. Завршува со 13 епизода каде Ѓулизар ја остава малата кај Дефне и оди во село и го наоѓа синот и крај. Ниту судкиот процес за старателство за ќерката на Дефне ниту пак Ѓулизар се врати со синот во Истанбул....Ова не им е прв пат на Канал 5 !! Како откупуваат вакви незавршени серии не ми е јасно.
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.