Мајки на бесни дечиња

Дискусија во 'Дете' започната од LiliBoz, 2 ноември 2022.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Насловот може е малку чуден, но сметав дека е најсоодветен.
    Не се работи за хиперактивност или било каква дијагноза, туку зборам за деца кои ете, се потешки за соработка, потешко прифаќаат авторитет, потешко склопуваат другарство.

    Син ми има многу другари. Да не речам куп. Тоа се должи на воспитувачката во градинка која беше златна жена и ги научи како да се сакаат. Но стигнавме до школо каде се е поразлично.
    Него му треба повеќе време да прифати дека има нови авторитети над глава кои треба да ги слуша, не доседува, знае да излезе од час без прашање и да си шета низ двор во школо ( (facepalm) ).
    Од друга страна, пренајпаметен е! И кога прави нешто друго, тој сепак слуша и прати што зборува учителката...

    Лонг стори шорт, има ли мајки во слична ситуација, не само во школо, туку општо..?
     
    На Frosty!, gjoker4e и JoyJoy им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.630
    Пол:
    Женски
    Можеби треба да оставиш малку на времето?Во градинка таа дружба сигурно не започнала одма.Можеби е одреден револт.Моево прваче на почетокот мислеше дека нема да најде ниедно другарче,си го бараше неговиот Коко од градинка.Ама еве со тек на време се зближија.Не којзнае колку ама доволно како за почеток.Има и едно другарче што нејќеше да влезе и да седи без мајката.Еве тек сега деновиве почна да останува без мајка му,она седеше со дечињата на клупа.За да не му се створи одбивност наставничката предложи да одат полека.
    Он што кажува,зошто не слуша?Во градинка слушаше имаа авторитет врз него?
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    26.783
    Пол:
    Женски
    Ако малку те теши ќерка ми поголемата е едно девојче во 9 машки деца :) прифатена од ним мн повеќе од втората што се 10 девојчиња
    Прво малку време му треба да се вклопи, друго битно е и какви се другите деца во класот. Мора да се навикнува дека не може стално негов збор да се слуша и дека не ќе може стално по негово да биде.
    Ќе се навикне ко ќе гледа дека сите дечиња истото го прават
     
    На Осе и LiliBoz им се допаѓа ова.
  4. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Исто син ми е 6 години и може е малку хипертактивен ама со тек на време драстично се намалува како потпораснува... Нејсе истиот проблем го имаме... Значи не му е проблем да се здружи со непознати, социјализиран е премногу... Но има маана што кога ќе му се каже нешто, како нож под грло да си му ставил.
    Бунтува и во школо и дома... Додека другото дете ми е дете за пример, еве исто се воспитуваа на ист начин.. Едното мирно послушно, културно... Друготокако се вика :D нека е живо и здраво:D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Јас оставам на време.
    Ама имаме родители во класот што им смета се, знаеш спешл сноуфлејкс синдром.
    Не е дека он им штети на другите деца. Најголем проблем е тоа што излегува од училница без да праша.
    И замисли, клан родители против МЕНЕ зошто детето ми е такво. Ова како јас да го бирав табиетот на пазар :D
    Немаат разбирање.
     
    На gjoker4e и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    95.187
    Пол:
    Женски
    Лили а на кој начин се засегнати родителите?
    Ако нема врсничко насилство,да ги закача,навредува лично и сл,не гледам проблем.
    Си има нескротлив темперамент детето,но учителката е пред се педагог,ке најде начин да му на насочи енергијата и да го смири.
     
    На KuklickaSk и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Не можеле да учат децата :|

    (збориме за првачиња)
     
    На Cosmic Girl, dunika и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. WetWetWet

    WetWetWet Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz дали е природно според тебе од немајкаде да излага од час и да шета низ школскиот двор?
    Ете од икс причини не го трпи авторитетот на учителката или му е досадна па на некој начин тоа му е знак на некој таканаречен бунт.
    Не осудувам ама прашувам каде си ти во целава приказна?
    Зар и тебе те гледа како авторитет па не можеш да му објасниш дека треба да истрпи и да не прави тоа што не се очекува од него?
     
    На snegulkata, Мамичка, Lady D ❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Природно е да (не е по вештачки пат постигнато боже сачувај) ама не е дозволено.
    Мене ме гледа како авторитет, знае дека следува казна. Знае и дека следува награда ако помине денот без да излезе.
    Друго прашање што уопште не помага имаш?
     
    На Lija.ska, sj *O*, elenaklasik и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Имам неколку првачиња во фам ама не сум чула нешто сами да излегуваат. Он како излегува без наставник сам? Кај внук ми родител праќа смс дека е доле или се јавува и ги пуштаат до влез иначе не им е дозволено да излезат сами. Не ти е шубе, може да отиде негде или треба да ја прашаш со кого оди во двор кој го гледа?
    И да го прашаш со другарите да нр се закачаат и да го предизвикуваат во стил " немаш храброст ај излези да видиме"...
     
    На Мамичка, cresa-jagoda и shz им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ми е шубе.
    Не смее така да прави.
    Адаптацијава во школо многу тешко му оди.
    А од друга страна па обожава да учи и премногу е фален за неговото знаење.
    За разлика од дечиња што мака мачат со песничка или пишување, ние мака мачиме со седење на час.
     
    На JoyJoy и Milkiway им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    40.060
    Пол:
    Женски
    Па во право се родителите. Учителката треба да им се посвети на децата бидејќи се сепак прво одделение и се им е ново. Ако едно дете им скренува внимание како ќе го постигне тоа? Него ли да го брка по дворот или другите да ги гледа? Малце сум груба,ама и твојто фалење за детето дека е се нај, нај а другите нежни снегулки не е во ред. И мене би ми пречело ако има бесно дете што им скренува внимание и пречи во наставата. Мислам, се знае зошто се таму.
     
    На Мамичка и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    јас пренесувам како ми е кажано. не го фалам, да го ставам на пиедестал.
    и не ја отворив темава за " што е правилно а што не", насловот јасно кажува.
    груба си но и јас сум груба.
    на пазар табиетот не го бирав.
    и јас сакам се да е ок, ама ете, такво дете имам и не можам да го оставам на тел цел ден како некои родители што прават туку морам многу да работам со него .

    и не ме цитирајте ако немате конкретен совет. за осуди знаеме дека сите сте тука, у реду је.
     
    На Осе, ane.bella, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Ама така е, ти не си таму она мора да си го контролира. Пример со казна или нешто да направи, нека му даде на табла да пишува, да брише нешто да прај вака кај нас се справувале со галамџии. Тие одеа креди бараа, сунѓери, пишуваа на табли, правеа нешто трето само да им дадат обврска . Значи таа треба да се потруди и оди си го тпа на повисоко ниво со педагог ако треба. И треба да и кажеш дека не смеат они надвор сам да го пуштат сепак се мали. Па ние некаде вп 5то одд имавме дозвола на голем одмор да излегуваме надвор сами да купиме за јадење, до тогаш не смеело.

    Да се едитирам Ај сега ние неа да и го организираме часот и како да се справи. Малце тоа што учела на факс во пракса нека го примени. Не може 5годишни деца да очекуваш статуетки да ти бидат. Па уште сметал, ајде бе за што сметал. Ќе си најдеш решение како да ги мотивираш децата да ти седат. Ако не ја бива па има и други школи на крајот од денот
     
    На Осе, sj *O*, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Скроз.
    Реално тие многу се трудат околу него. Стварно се ок.
    И еден ден ќе е се супер, нареден пак излегол на сред час.
    Живци искинав веќе и претешко ми е, се што можам правам.
    а родителите баш како овие погоре реагираат.
    не сфаќаат дека тоа можеше да биде и нивно дете. дека не е само моето, има повеќе такви во одд (и во генерација), дека и во наше време имаше такви деца.
    Не сеа одма родителите не ги бива затоа е такво детето.
    Страшен револт ми прави тоа што луѓето имаат изгубено скроз емпатија.
     
    На green.eyes, Осе, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    40.060
    Пол:
    Женски
    Извини што мислеш дека те осудив, се ставив на другата страна. И во градинка кај големата има такво дете. Дури во една приредба не ни беше вклучено од што не можеше да доседи и одглуми.
    Да пробаш со учителката, педагог,психолог и што и да имаат во училиштето да разговарате и најдете начин, да му најде занимација учителката за да не им смета на другите. Они треба да знаат како треба со ваквите деца, иако некогаш не е ни до нив, не е ни до разговор, едноставно такво е детето и нема што тука. Само страшно е мало дете само да излегува.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Лесно е од другата страна.
    Пробај замисли како ми е мене.
    Свесна сум дека не е во ред ова што се случува, на раб на лудило сум од што не знам што повеќе да сторам.
    Пет психолози велат- надпросечен IQ иде со оваа тврдоглавост барабар.
    Затоа велам не го фалам. Не е за фалење основни работи на 6 год да не се знаат.
     
    На Cosmic Girl, JoyJoy и Milkiway им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Затоа ќе си одиш на состанок со неа и од тоа ќр видиш ако таа крева раменици онда не сака да се потруди, ама ако има идеи како да се постави како авторитет тогаш ок нека почне. Дали милум, дали силум ќе му свика итн. Ќе го премести до некое друго помирно дете кое би му било влијателно, значи има милион работи што они како институција треба да ги преземат.
    Да ми речеш не може да се справи со проблематично дете од 14-15г кога е најпроблематична возраст па да сфатам, ама со 6г да испаѓа да те манипулира малтене и да дозволиш да прај што сака на час епа треба прст на чело да си ставиш. Ти не си таму со него, они се. Дома детето е друго, друго е во парк, друг е карактерот во школо.
    Ја би им одела уште денес да си го средат тој проблем пошто е нивни проблем.
    Тоа е исто како ја да седам дома со син ми и без збор да стане да излезе надвор и ја не знам он кај е. Мислам безвезе е, сигурно син ти дома те прашува ајде да шетаме, ајде да излеземе. Значи не е дете да има аутизам, проблем некој...и нека не го прават со сила. Вака мене ми правеа во државна градинка ме убедуваа аутизам дека има малтене да не го носам уште да кажеа... се двоел од групата, ги будел децата...
     
    На JoyJoy, senjorita-v и LiliBoz им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    40.060
    Пол:
    Женски
    Да проба учителката со некакви казни или награди и тоа секој ден да му го потенцира. Се е во нејзини раце таму, нека му обрати повеќе внимание, ако треба и строга да биде.
     
    На sj *O*, JoyJoy, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.781
    Пол:
    Женски
    Дома и на мочање кога оди ми кажува.
    Не знам што се случува со него. Во градинка не беше вака ае со момент кога ќе е оставен на други воспитувачки кога неговите се на одмор
    Нов човек не го врти ни 2%.
    Вчера пред неа му кажав- за оваа врата да ја пречекориш треба дозвола од наставничката. Во спротивно си казнет и крај!
    Не сум човек - ај ќе помине. Стварно мислам дека сум строга.
    Не е да речеш да сум оставила и ништо да не правам...
    Сега ќе оди само на часови со надеж дека ќе се смени што поскоро ова .
    Фала ти на сите совети, се што сте чуле или примениле кажувајте зошто јас веќе мислам нема што не пробав ..
     
    На JoyJoy и Milkiway им се допаѓа ова.