Мајки на бесни дечиња

Дискусија во 'Дете' започната од LiliBoz, 2 ноември 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Му се смена се'.
    Му треба време да се навикни.

    Не се навикнуваат сите деца од прв ден.
    Некои не седат, некои плачат, некои не комуницираат со никого, некои кршат/фрлаат.

    Дај му време.
    Нормално е.
     
    На KuklickaSk, Glasna, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    @LiliBoz
    Хиперактивност нема врска со интелигенција. Нормално дека може да е паметен ама да е хиперактивен.
    Дали само излегува од час како знак на револт некаков или плус не може да се фокусира, збори постојано, им смета на останатите, постојано мора да е во движење, не чека ред ко останатите... Не дека дијагнози барам ама со оглед на тоа дека и порано имаш пишувано како се жалеле од него, мислам дека треба да размислуваш за превземање мерки како психолог пример. Не смееш да минимализираш ако гледаш дека упорно се жалат од него и е тежок за соработка. Можеби одреден период разговор со стручно лице ќе направи огромна промена.
     
    На snegulkata, Ana Marija 1, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  3. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Мали се Лили за сета фама за школо.
    Има деца и деца.
    И мојава е слична. Не шеташе наоколу ама тотално беше и сеуште е без концентрација. Додека слуша, слуша
    Ко ќе се исклучи крај.
    А трето е, да речеш дека до сега би требало да научи како што.
    Не сака авторитети, мислам на други деца што се замислуваат како авторитет. Се бунтува. Последно се испотепала со "претседателката" на одделението.
    Со 5.5 год почна во школо. Сега нема полни 8 а е трето. Мали се сеуште, ќе се среди.
    Во градинка е друго, се беше игра таму, нема оценување и слично. Мојава беше прва во градинка, доаѓаше дома со научени песни од три строфи од таму, сега едвај два реда ќе научи од што има одбивност кон школото. Па си оди на дополнителни часови. Е таму учи, нема гајле :) интересно и било. Кај што плаќам по 400 ден час (facepalm)
     
    На 24.07, sj *O*, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Одевме бејб, и тоа не на едно место.
    Да беше дијагноза ќе беше полесно. Ова јас на 'мој стручен јазик' го велам- не прима наредби.
    Му треба време.
    Ама при крај сум со живци од што ете, се збори баеги...
     
    На sj *O*, andrejko82, Bridget и 2 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    48.356
    Пол:
    Женски
    Не знам како им се одвива наставата денес на 6годишни деца, седат во клупа и учат со книги со се?? зошто ние на 6год одевме во забавиште немавме книги и такви ствари.
    @LiliBoz смири се најпрво соземи се, знаеш и сама дека си имаат децата свои фази и периоди кои поминуваат, на оваа тема што вели наставникот? Кои се нејзините методи при вакви ситуаци? Како тоа надвор излегува зарем главната врата нели е заклучена во спротивно кој кога сака би влегувал
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Дур трае наставата е ок.
    Знае да почне да се занесува, ама тоа се контролира.
    Е помине ли ручек е крш. Ако излезат надвор се е ок, ама во училна не му се седи.
    Во вакви ситуации препорачуваат да не седи во целодневна, туку класична да оди, што мене ми е огромен проблем јер нема кој да го чува....
    Периодов ај до после ручек ќе седи и ќе го зима татко му, ама тој колку ќе е тука- само Господ знае...
     
    На sj *O*, Bridget, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    48.356
    Пол:
    Женски
    Не е толку страшно и вознемирувачко како што ја започна темата, знам дека мајка тешко ти паѓа ситуацијава ама со смирена глава и полека ќе се свикне треба време, ова е се ново за нив а и мали се многу а толку преоптоварени, стави се во нивна кожа, еве ние на тие години по некој саат бевме и си игравме во школо, никако ли нема простор да размислиш да комбинираш некако дома за класична настава да оди?
    зошто јас разбрав дека воопшто не седи на часови си заминува на сред час ноншалантно и го нема детето
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    36.948
    Пол:
    Женски
    Мислам сепак дека учителките може да го решат проблемов најдобро. Нормално ако се кадарни и ако сакаат.
    Кај ќерка ми имаше дете кое нонстоп си шеташе. Ние како родители не се буневме, а учителките си беа лабави (пошо сто учителки и се сменија до трето одд :whew:) Оваа година има нови учителки, прилично строги и за чудо детево е мирно :!: Седи на час, работи, не шета без прашање. Значи можело, само требало да се најде начин.
    Сега кај и да е ќе имате родителска на тромесечие. Јас би го разглабала проблемов пред родители и наставници.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.699
    Допаѓања:
    40.070
    Пол:
    Женски
    Чекај малку сега. На редовната настава си седи, а после тоа кога ќе завршат часовите ескивира?
    Па можеби и му е досадно на детето, едноставно нема трпение да седе цел ден. Има ли можност после часови да оди во игротека некоја додека го земеш?
     
    На 24.07, No Makeup, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски

    Му треба време да се навикне. А и кога ќе се навикне нема да биде од најмирните. Особено ако брзо сфаќа.
    Мојот е таков. И еве сега е второ одделение и седи со нозе под газ и се ниша напред назад со столче, особено на математика кога брзо решава задачи и има слободно време. Сто пати сме рекле дека може да се повреди, ама интересно му било.
    Нашите наставнички не креваат нешто многу врева околу тоа. Викаат до трето било прилагодување да се седи на столче со полна концентрација зашто се мали сеуште. Кај нас е олеснително што никој не се буни за однесување. Има дете со посебни потреби и образоване асистент па нема бунење дека некој е понемирен или посмирен.

    Реално пробајте со наставничката заедно да постави правила на однесување за него. Што може да се прави, а што не. На пример шетање низ ходник е ОК (на 5 минути да се издува е ОК особено после 12 во втор дел од денот), ама излегување надвор од зграда е опасно. Може да биде помошник, да брише табла, да собира нешто и слично. Чисто да се занимава со нешто.

    Она што може да помогне е физичка активност. И сама си кажа. Така што ако не може надвор нека оди во сала да се истрча. Така ја троши насобраната енергија и ги смирува емоциите. Секогаш е поголем проблем кога не се излезени надвор.

    За компнезација секој ден јас дремам по два саати пред школо или на љуљашки у маало да се истрча и да се изигра. И плус дома се скока по кревет.
     
    На KuklickaSk, Tajnaotrovna и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    На часови не е страшно. 80% од часовите ги тера без проблем.
    Фактички после часовите е најголемиот проблем.
    Дефинитивно решение е класична.
    Џабе е карање.
    Само што од немање опции во животот мора вака.
    Го напнав вчера татко му, со него се испокарав. Нема да можел секој ден да го зима. А не ни работи во моментов! Од такт ме извади.
    Од друга страна кога ќе речам другите родители се терсене - стварно го мислам тоа. Не дека децата им се терсене. Туку ТИЕ се терсене. Знам дека не се однесува како што треба и работам на тоа. Што кој К мене ме ставаат во уста јас не сфаќам. Кај директорката ќе оделе зошто мојов излегува од час. Да се смеам или да плачам...
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Ви иде математика и вам?
    Ко дигитрон да има вградено во него. :|
    Сака на кошарка ама му реков, дур не научи да слуша што ќе се каже- нема одење. За трчање низ сала не мора да се плаќа нели? И го чекам да го соџвака тоа и да го запишам.
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Исто е и мојов дигитронче сега за сега. Сака математика и прирордни науки.

    Низ сала во школо после ручек не би требало да е проблем да се истрча (ова како замена кога не можат да го извадат надвор после ручекот).

    Можеш да искористиш кошарка како мотивација. Мојов сакаше фудбал и го запишавме и тоа донекаде исто помага да се издува. Ама тек во второ го запишавме. Во прво побитно ми беше да научи да седи во школо.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Значи раат се нема чоек
    Ако не е ова, ќе е друго.
    Ако не е друго, ќе е трето...
     
    На senjorita-v и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.699
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека те ценам и почитувам, ама мораш да смениш нешто во пристапот. Нормално дека не ја знам цела ситуација, нормално дека и не ме ни интересира да навлагам во детали, ама мора нешто да направиш за да допреш до него. Тоа излегување надвор е опасно за него, а морам да искоментирам и за другите дечиња бидејќи учителката ќе мора да тргне по него а нив да ги остави без надзор. Не е во ред пристапот на другите родители, но потруди се да ги разбереш и нив. Ние имаме во одделение едно детенце со аутизам, скроз тема неповрзана, ама детето е со сличен проблем, не трпи авторитет и нема седнато еден единствен ден на столче. И ние тоа го толериравме, ама вчера син ми си дојде со модрица над веѓата, на 1цм од окото, учителката ги оставила веројатно сами на кратко и се десило куршлуз. Стварно се трудам да имам разбирање за родителите на детенцето, ама ако еден ден дојде дома моето осакатено (нападнало друго со молив, што ако го нападнало моето со молив, без око ќе останел) не можам да имам разбирање. Не велам дека твоето еден ден ќе нападне некого, одоколу сакам да ти ја доловам поентата, ако еден ден учителката тргне по Д и ги остави сами, ќе се деси некој куршлуз како кај нас и после што?!

    Кај мене функционираат казни и награди, и моето не гледа телефони и лаптопи, гледа јутјуб на тв, ограничено, казна ни е најчесто забрана за гледање јутјуб, недела, две или како последниот пат цел месец и досега не се десило да ја повтори грешката.

    Авторитети цел живот ќе има над него, мора да знае да ги почитува, не да ги трпи, да ги почитува до разумна мерка, колку што е реално и потребно и нормално. Не по секоја цена, важно е и тоа да научите, дека не треба слепо на сите да се тресе, туку во случајов учителката е таа која ги поставува правилата и крај. Е нивниот начин дали е за коментирање и тоа не знаеме, не знаеме колку они и како они постапуваат реално, можеби се дистанцираат за да не создадат одбивност, а можеби и целосно се незаинтересирани, тоа само ти го знаеш.

    Те молам не ме разбирај погрешно, знам дека во моментов тебе ти е најтешко бидејќи не си ти таа што си сакала детето така да се однесува туку едноставно и тој си има мешаница во главчето и не му е сеедно, но за негово добро ќе биде подобро да се скрши гој карактер со време и да постави граници до каде и каде смее да дава отпор. Нешто налик на муабетот со мјаукање што го правевме.
     
    На sj *O*, senjorita-v, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Ангел децата со аутизам имаат право на личен асистент. Мајката може слободно да побара за да не го одзима вниманието на наставничката. Бесплатно е тоа.

    За другово што да кажам.
    Вчера беше казнет, од сабајле пак зборев.
    Еве денес пак им киднал од физичко.
     
    На senjorita-v, JoyJoy и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.699
    Пол:
    Женски
    Не оди така лесно со личните асистенти, верувај. Лани одобриле на сите, оваа година не, така да детето нема асистент.

    Не сакав да ви ја поистоветувам ситуацијата, туку последицата од ситуацијата. Се надевам ме разбра.
     
    На sj *O* и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    36.948
    Пол:
    Женски
    А немате обезбедување во училиштето?
    Кај ќерка ми детенцето што излегуваше од часови, обезбедувањето често го враќаше на час или си седеше со нив на врата и си муабетеше :D Во секој случај не беше небезбедно.
     
    Последна измена: 3 ноември 2022
    На KuklickaSk, mal.ecka, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Вратата ширум отворена си стои.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.699
    Пол:
    Женски
    Кај нас е многу убаво организирано, секоја училна си има свој влез, зборам за првачиња, не од главен туку од надвор се влага. Сабајле е отворено и после кога ќе завршат часовите пак отвараат. Не знам искрено дали има опција децата сами да излезат.
     
    На senjorita-v и LiliBoz им се допаѓа ова.