Вакви куршлуси како твојов нема врска со тоа дали детето седи или не на столче. Се слушуваат и зад грб на две учителки. И тоа баш од невоспитани деца и родители што мислат дека нивните се цвеќиња за мирисање. Мојот неколку пати се вратил со модрица на око. Често ненамерни од одмор, ама неколу пати со намерни модрици од деца што седат мирни на столче ама едвај чекаат прилика да треснат некого на одмор, во редица и слично. Скроз друг проблем е тоа. А најчесто децата на оние што се бунат против живи деца се тие што прават проблеми со тепачки. Родители од типот моето е дома бубачка. Е да де, ама на школо на другите маста им ја вади зашто дома не смее или не може или нешто не му е погодено па на школо се истура. Скроз различен тип на проблем. Такви се две-три деца во одделени, се знааат кои се ама нивните родители се увек најгласни за дисциплина и слично. @LiliBoz во услови во кои школото нема начин да спречи киднување надвор ќе мора ти да преговараш со детето да не киднува надвор зашто е опасно. Инаку да обезбедувањето би требало да спречи излегување надвор (ние плаќаме како родители за обезбедување во тек на настава).
Не само што седат во клупа со книги по многу саати, туку и читаат, пишуваат, собираат, одземаат, итн. Мојот е второ и по сите предмети имаат писмени работи со оценки годинава. Уште нема 7 години. Нашата наставничка е малку построга и нема шетање до сега надвор од клупа за време на часови. Лани се случило да побараат повеќе деца да одат во вц, не им дозволила и моево си дојде подмочнато, при што нормално реагирав. Има детенце што почна со поголемо знаење од останатите и многу пати му беше досадно во прво, неколку пати ја гледав дека го држи за рака надвор ко ќе ги вади, му посветува повеќе внимание. И вратите за време на часови ги заклучуваат од сите влезови, не смее дете надвор да шета само. Дури бев во образование не смеевме ни кај повозрасните ученици да бркаме надвор од час, наставникот е одговорен за учениците дури се на училиште.
Кај ќерка ми во класот имаше дете, кое беше слично со табиет. Ќе стане ќе шета, ќе седне на клупа горе од таму ќе пишува. Ќе оди кај корпа ќе стои, ќе излезе надвор и сл. Ние како родители имавме разбирање не реагиравме. Тоа дете со мојата ќерка одеа заедно во градинка и јас го знаев. Но одвлекува внимание на сите. Повеќе раскажуваа и знаеа децата како се понашало тоа дете, него што има за домашно. Воа во прво одд. Затоа едноставно можеш стручно лице да прашаш, тука ние некако различни совети даваме, И сите деца се пре паметни за своите мајки.
Иако ми одговараш надмено и шеретски јас ќе гледам да го задржам нивото на форумов. Па самата кажа дека има одбивност од авторитети а тебе те гледа како авторитет. Подобро би било да се поставиш на другарска база каде ќе можеш да се спуштиш на негово ниво па со убаво и на фин начин да му кажеш дека таму не е како дома и дека мора да се потруди да не станува за време на час а за возврат мама дома ќе го награди.
Ај да не идеализираме деца. Ниту едно нема концентарција подолга од 10 минути на таа возраст. И нема осет за други сеуште. Тоа е тоа што го учиме во текот на животот. Затоа во градинка немаат „часови“ и затоа не сме се родиле учени сите. Да сите се егоистични и егоцентрични на таа возраст. Вака наука вика. Учењето да се дефокусираме од нас и нашите потреби се развива во школо. Е сега има деца што ќе шетаат, децата што ќе задеваат другарчиња што седат до нив и деца што нема да пишуваат туку ќе си цртаат и бојат во соствена тетратка. Ова што шета ќе биде на тапет другите нема. Зашто неоговот однесување е повидливо. Ама тоа може највеќе ќе научи зашто брзо сфаќа, другите две помалку зашто немаат фокус на тоа што го работат. Овва првово им пречи на вторите зашто и тие вторите имаат „проблемче“ (немаат фокус на работа туку на се што се случува наоколу). Сите три ќе бараат различен тип на пристап. Затоа е тешко да си наставник на мали деца. Ама затоа па има техники за работа со деца што се учат. Треба соработка со родители. Секако, ама не може само родителот да биде битен или само наставникот.
Што убаво кажано. Со разбирање кон детската перспектива и повеќеаголно гледиште. Системов наш е сѐ само не про-децата. Како можат малите деца во клупа да седат? Особено овие денешни деца, кога се опкружени со телефонија! Порано ние можеби помирни бевме, посталожени, можеби повеќе надвор престојувавме. Времињата се менуваат, системот никако. Дури и полош е во однос на децата. Школствово за нив е премногу за она што тие можат да го поднесат. Учењето треба да биде преку игра, а не класично.
Не. Не е за мене син ми препаметен, не знам што толку се фативте за тоа. Пренесов што ми е кажано. Не мора да си го мерите одма кое колку е.
А учителките што велат за неговото излегување. Сакаат ли да најдат начин да се смени неговото однесување, да помогнат во ситуацијава. @LiliBoz
Јас мислам дека детето има некој револт во себе. Ама не знае да искаже. Ама за жал кај нас не многу се замараат со проблеми за децава. Се е сведено на остај дете е, фаза е, ќе порансе, како ќе остариш и слично. Никој ништо конкретно не помага а ти полудуваш. Мора учителката да си најде начин. Да се советува со психологот од школото, да соработуваат. Да го следат однесувањето одреден период. Да видат кога точно се случува, на кој начин се случува, што му предходи на тоа излегување од училна. Не е тоа туку така, и не верувам дека е. Зошто многу дечиња познавам, ете да речеме бесни, па не го прават тоа. Нешто има и нешто се случува. Еве ќе ти кажам пример, ќерка ми не збори со возрасни. Во градинка сите деца зборат како Сара не збори.. и Сара нормално, не збори пошо така и налага околината нели. Ама кај логопедот Сара збори. Си нашла жената начин, тактика, не знам шо е. Вика мамо многу ми е убаво на логопед. Јас пробав со сите тактики, сфатив само дека си го нервирам детето. Прашував психолози и ништо. Напредна е.... Фаза е... Срамежлива е.... Што ти вели тој кога разговарате на таа тема? Сигурно ли не го задеваат некои другарчиња? Јас искрено не би го барала проблемот само во детето.
Лили, нема потреба да ги нарекуваш "спешл сноуфлејк синдром" родителите кои што реагираат. Сама викаш дека имаш проблем за кој бараш совет за справување, нормално дека ќе реагираат и другите на тој проблем, секој родител за своето дете реагира. Како расте ќе го надмине ова, не е прередок проблем и сите дечиња го надминуваат. Другарка имаше дете што едноставно не можеше да си седи на газот и си носеше гумено играче во рацете да се занимава. Не направи некоја драстична разлика, ама имаше разлика дефинитивно, помалку шетања низ училница, па со време ќе ги гледа другите како седат и ќе почне да ги имитира. Соработка треба со родителите и со наставничката, разбирање од сите страни, ни другите родители да губат трпение побрзо од детето ниту ти да ги сметаш за снегулки, зошто па да имаш тивко и повлечено дете на кое му треба тишина да се сконцентрира или се стресува од многу мрдања наоколу, верувај и ти ќе се фрустрираш. Зависи колку сте спремни ти, родителите и наставничката да имате разбирање за сите деца, пошто сигурна сум дека ќе се надмине само му треба време и некои техники во меѓувреме. За детето таа препорака со играчето, друго не ми текнува, а препорака за тебе и другите родители би рекла, прво со "Препаметен е" ти не го мислиш со лоша намера, ама создава фрустрација пошто звучи како да алудираш дека иако си шета и станува пак си е во тек со све од наставата и ич не заостанува, па се создава чувство на привилегираност кај другите родители. А од друга страна препорака за другите би рекла да немаат очекувања од првооделенчиња да седат мирно долго време зошто лично сум видела дечиња што немаат проблем со седење, ама стануваат анксиозни по некое време, фрустрацијата ја насочуваат навнатре наместо нанадвор, зошто дотогаш биле растрчани, активни и сега се бара голема промена да направат за кратко време. Да не се поистоветува мирно со среќно ми е зборот. И нешто пребитно, обавезно да го средат проблемот со вратата и излегување, проблем на безбедност е и би рекла приоритетен пред све друго. *Пост напишан без никаква лоша намера и се надевам никој нема да е навреден
На 22 години едвај доседувам мирна на предавања на факултет и на вежби што траат 3 часа. Не држат внимание и досадно е, не па за дете. Јас како дете повеќе слушав и седев мирна, како пораснав ме нервираат вакви долги обврски, ми здосадуваат. Нешто обратно "растам". Досаден е образовниот систем кај нас, само треба да седиш и слушаш, не држат интерес, те заспиваат и здосадуваат, сакаш друго нешто да правиш, да шеташ, не да си таму, не се криви децата што не им е интересно.
Родители кои се запрашуваат како да им помогнат на своите деца полесно да се вклопат, дури и да знаат дека веројатно е фаза и ќе помине, прават многу повеќе за нив од оние со став -сите се исти, вашите поарни да не се, демек натпревар е. Им се посветува повеќе внимание и на мирните, тие што седат ама се исклучуваат комплетно и да ги прашаш на сред час како се викаат ќе им треба време да се "разбудат" и да одговорат. Порано имаше еден одговор -такво си е детето, и така пораснавме, мислејќи дека сите мали недостатоци што ги имаме ни се за навек од Бога дадени. И никој не работел со нас. Затоа имаме околу нас возрасни личности што уште не знаат емоции да контролираат, што се силат на послаби, што не почитуваат авторитети пошто такви се од мали нели, што поимот -одговорност уште не им е до крај јасен, што наместо да работат пола работно време летаат со паметот којзнае каде... Пошто биле оставени така и од родителите и од образованието со изговор -сите сме различни. Што е ок да сме различни додека основната е здрава и присутна и тука е разликата.
Одговор „такво е детето“ е знак за недоволно замарање од страна на родителот и околината. Има деца што не се најпаметни и родителите ги праќаат во школо за да стекнат знаење, така да мене не ми е чудно што и тие реагираат. Учителката јесте треба да е поозбилна ама на крај на денот иницијатива треба да превземе родителот пошто ако иницијатор е учителката, родителот ќе реагира со „која е таа така да се понаша со моето дете“. И ако се праќа дете у школо ваљда ви е совеста на мира дека е таму сигурно, а не да си станува на сред час и да оди кој знае каде. Бесно е, како и самиот наслов. Спојлер Ех и ако почнете да ми пишувате дека не сум мајка и затоа не смеам да коментирам, немојте да сте толку сигурни во тоа...
Сериозно ли? Времињата се менуваат, децата се окружени со телефонија и системот треба да се прилагодува на нивното окружување за да ги натера да седат во клупите мирни? Дајте ви се молам, од толкаво угодување децава незнаат што повеќе да направат. Кога сме можеле ние да седиме мирни и сталожени, значи во денешново окружување нешто не е во ред, а не во системот.
Кога излегува од училница и оди во дворот од училиштето,дали некој оди по него или го оставаат да излезе? Не смеат сам да го пуштат во двор,што прави кога ќе искочи во двор? Види, во школо се два месеци само. Колку што паметам со возраста е на време тргнат ,не е порано? Неадаптирани деца се обично кога ке ги пратат пред законскиот рок,па тие деца мака мачат да седат во клупа. Другите макар и 6 месеци постари побрзо се адаптираат. Според мене ова му е реакција на промена. Промена на живеалиште,промена на средина,премин од градинка во школо. Децата се адаптираат целосно на 7 год. ( Возраста на која ние тргнувавме во школо) Јас вина гледам кај учителката. Го гледа дека станува да излезе треба да најде начин и да му скрене внимание. Да не се плаши детево дали ќе дојдете да го земете од школо? Дека ќе остане во школо па оди надвор да провери дали сте дошле? Види дали е тоа. Зошто сепак е нова средина и се плашат дали ќе дојдат родителите по нив или ќе ги остават тука,особено на целодневна. Ако откриеш дека е тоа проблемот,направи резервен клуч од колата што го познава,и дај му го. Кажи му ќе дојдеш и ќе го земеш,да седи клучот кај него(Тој ке биде сигурен,клучот е кај мене мама/тато нема никаде да оди,ќе дојде и ќе ме земе од тука) Оваа финта имаше успех кај едно детенце.
Еве јас што мислам дека е проблемот, колку што можам да заклучам. Тој го сака СЕТО внимание за него и затоа им бега. Сака да го бркаат у превод. На час пишува колку му се пишува и знае да рече не сака повеќе. Во ред, го оставаат. Сепак се е ново нели. И таман мислиш не те ни слуша се заиграл нешто, велат кога ќе го прашаме тој се знае што сме збореле. Буквално нема што не сме пробале. Еве вечерва тоа правиме, се организираме како да оди во класична настава со надеж дека ќе навикне. Трагикомично е што ова во градинка не се случуваше. Не им бегаше, соработуваше ептен, ја сакаше учителката многу. Од каде се јави овој револт, што се случи.. јас навистина не знам. Одевме и на психолог. Проценката е дури и подобра од што очекував. Почнавме со одење два пати неделно и прекинав кога видов што муабет му прави. Буквално црташе само и му кажуваше што смее и што не смее. Па ние цел клан тоа му го збориме, за кој... плаќам психолог? Не дека очекував нешто посебно ама не очекував ни само тоа .
Можеби е револтот што останува повеќе во школо од други дечиња. Пробајте со класична настава па во второ полугодие пробајте пак целодневна. Штом слуша се на час значи паметот му е тука не надвор,адаптиран е,само се бунтува,може вистина бара повеќе внимание од учителката или го фрустрира долгото седење во школо,сепак во градинка се други услови и не е проблем колку долго седат,а во школо им е досадно на целодневна.