Мајки на бесни дечиња

Дискусија во 'Дете' започната од LiliBoz, 2 ноември 2022.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаме и така.
    Реално немаме баш избор.
    Воопшто не ми е сеедно да пречи на други деца, затоа си ја чукам главата. Претешко е од оваа страна. Јас не сум родител -ајде бе ќе помине. Зборам 24/7 на него, казнувам, забранувам, соработувам со учителки.
    Тие навистина се трудат околу него но откако видоа дека сум тука за се некако на глава ми се качија. Во ред, се сте во право, ама јас иако сум родител немам магично стапче нели? И јас сакам да го однесам се да е нормално и да го земам, но ете нема такво нешто кај нас.
     
    На theowndemon, JoyJoy, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    12.075
    Пол:
    Женски
    Сериозно.
    Во системот од секогаш и сега и понатака ќе е така.
    Зборуваме дека не можат да седат мирни, тоа е поентата. Ти бараш 6годишно дете да е мирно цело време?
    Некое е, некое не.
    Децата учат преку игра, во слободен процес, опуштен мозок, а не впрегнат во протоколи со внимание од 40 минути. Лудила.
    А системот не е дел од денешното опкружување?
    Браво што така без приговор се си прифаќаме, ама децата си покажуваат што им треба.
    Да ти се мочам во системот
     
    На BlackNight, theowndemon, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Јас ќе речев возраст и (не)прилогоденост на нова средина како причини.

    Но па го пиша ова. Ова е друга психологија.
    Има покажано знаци на вакво понашање дома?
     
    На Cosmic Girl и JoyJoy им се допаѓа ова.
  4. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    434
    Сам се враќа или одат и го враќаат внатре? Што ќе се случи доколку го игнорираат и не одат по него? Ќе се врати сам? @LiliBoz
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Одат. Одеа.
    Дома го има сето внимание.
    Пример, моментално спие и пишувам овде. Кога е буден сигурно нешто правам уз пат со него па и ќе пишам овде.
    Се заигрува сам, но ме бара. Од друга страна, кога е со другари од порано буквално нема никаков проблем, но меѓу дечиња што не ги знае ако јас не се уклучам од сам старт да им дадам насока (да ги запознаам) делува вознемирено.
     
    На senjorita-v, JoyJoy и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    109.811
    Пол:
    Женски
    Во целава ситуација пола проблем ти е решен само со тоа што си ја прифаќаш ситуацијата. Нешто ќе упали, ќе видиш. Само биди упорна, ќе се среди сигурна сум. Мене мм ми вика дека сум престрога, ама си го знам детето, ако го оставам така ќе се направи пекмез и нема да го прибере ништо. Нашиот и малку е самобендисан бидејќи е малку така понапреден и кај да се сврти сите му го потенцираат тоа, од учителки до раководство во школо, до роднини и пријатели, сите баш. Не им е својствено да дете прваче знае толку многу работи, ним им е интересно, ама на нас ни се одбива од глава таа негова самобендисаност.
     
    На JoyJoy и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Абре џабе ми е тоа што е препаметен, чоек. Џабе ми е!
    Има дечиња деновите не ги знаат во неделата. И што ако? Ќе ги научат. Овој све знае а види каков проблем испаѓа.
    Поаѓам од себе еве.
    Во наше време немаше дијагноза хипер. Да имаше јас ќе бев типичен случај. Моето темпо не би во темава да го кажувам, ама јас со иста енергија сум и сабајле во 7 и вечер во 12. И кога ќе речам преморена сум јас пак не застанувам. Само што сега , на 34 год не викаат хиперактивна си, туку вредна си :D
    Он е далеку од хипер. Тука е некој револт, нешто... немам поим што... прави да не слуша!
     
    На theowndemon, senjorita-v, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    109.811
    Пол:
    Женски
    Не си стварај толку склет, не си ти одговорна. Можеш да го моделираш ама ме и да го смениш така едноставно. Само работи многу на темава и ќе се среди.
     
    На senjorita-v, Осе, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    434
    Кај нас првите денови едно детенце и избегало на сред час на учителката, таа се уплашила да не му се случи нешто. Така да ги разбирам и учителките дека реагираат. Да го однесат тие кај училишниот педагог психолог чисто да види дека не е во ред тоа што го прави. Да пробаш да го заплашиш дека сам ќе се изгуби , ќе го однесе некој и нема да можеш да го најдеш. Да има некој да го следи од далеку до каде е спремен да оди и што ќе прави. Да не му доаѓа како игра оваа брканица на него. Мора да постои нешто што ќе упали кај него. Што вели кога зборите зошто така прави. А и мислам дека има револт штом ги сакал учителките од градинка а сега ги нема.
     
    На Осе, JoyJoy и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Он е тешко приспособлив на нови лица и средина чим и со другарчиња е таков, не само со авторитети. Ако не покажува дома нови знаци и поинакво понашање тогаш само до тоа е причината. Ете си пробала да му објасниш, но најбитно време му треба да се навикне на нова средина/структура и да развие однос со учителката/ите, не се нервирај превише ако правиш се во твоја можност, you can only do so much.:)

    Во меѓувреме и ова си пишала.
    Да пробаш да го запишеш на некој курс/активност што ќе му го држи вниманието и што ќе му биде интересно и забавнo, каде што нема да мора да биде секој ден, туку неколку пати неделно по час, во меѓувреме додека се научи на структура?
     
    На JoyJoy и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.276
    Допаѓања:
    259.082
    Револт е, и тоа поради сите работи кои ги минува. Коренот на проблемот сте ти и татко му и вашата разделба. Овде барај ја причината. Секое дете при таква траума на различен начин го манифистира револтот. Лут ви е најверојатно. Знае дека тоа не е правилно, ама намерно го прави тоа. Или му е само начин да си го манифистира револтот.
    Еднаш ти кажав, во целиот тој процес внимавај само на детето. Колку и да ти изгледа дека прифатил, за жал они најмногу страдаат. За нив, во нивните очи мама и тато треба да се заедно.
    Советот е со најдобра намера даден. Минав низ тоа, затоа се осмелив да коментирам. А ти како сакаш сфати.
    Јас би ти препорачала добар психолог и заедно со татко му да бидете вклучени во решавањето на проблемот.

    И запиши го на спорт, обавезно. Тоа што сака.
     
    На green.eyes, senjorita-v, do-re-mi и 14 други им се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Знам дека и развод имаше во случајов но не сум доволно запознаена, затоа пробав одоколу пошто сензитивна е темата, а и не сум доволно запознаена, овој револт може да е баш тоа па сега си има створено механизми на самоодбрана и safe place за себе. Каде што сака да го прави само она што он сака наместо она што му е наметнато и вон контрола(развод, мама и тато одвоени, плус и сега повторно промена што не ја сака нови другарчиња,учителка и поструктурирана средина каде што мора да седи 6-8h дневно).
     
    Последна измена: 3 ноември 2022
    На JoyJoy, Stormii, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.320
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz
    Кога некои проблеми не се разрешени како што треба, при најмала промена повторно се јавуваат. Ќе се согласам со членките од погоре, сметам дека детето не може да го прифати вашиот развод и своите емоции ги искажува вака. А самата нова средина, нов авторитет му прави дополнителен проблем, а всушност сметам дека коренот на проблемот лежи тука (разводот), и ако не се реши, истото можи да се случува и во пубертет, дури и да е понагласено тогаш.
    Ќе биде од помош да го запишеш на спорт кој тој го сака, но сметам дека е клучно да се поработи со семеен психолог.
    Воедно, каде е таткото во целата приказна?
     
    На Cosmic Girl, JoyJoy, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Кога моите се разведоа јас бев некаде на години на детево, веројатно само година или две постара, а сестра ми скоро завршуваше основно. Се повлеков во себе, не се дружев со никого цело основно, во свој свет си бев, се плашев и бегав од нови луѓе, мислев ќе ме остават и растажат како мајка ми. Во средно успеав за првпат да остварам конекции со луѓе, но уште имам стравови што не можам да ги надминам за љубов и нови луѓе и поврзувања во животот. Сестра ми од ученичка 5.00 тоа време почна се 1, 2 да добива, да се пијанчи, но се среди после некое време, сега е успешна и возрасна личност.
    Најголема траума е развод за едно дете и тоа родители да не ти се заедно, особено едниот ако прекинеш да го гледаш, за едно дете тоа е крај на светот.
    Не ја знам приказната и не знам што се случило, но во право си, те прочитав и се согласувам со тебе, споделив лично искуство.
     
    На Maca Macka, Cosmic Girl, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  15. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.320
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно реагира на разводот. Кај децата со помирен темперамент доаѓа до повлекување во себе, избегнување на останатите и сл., но со детето на @LiliBoz не е тој случај бидејќи станува збор за побурен темперамент, и затоа неговото искажување на емоциите делува како хиперактивност, а во случајов проблемот е всушност сосем друг. За жал, кога семејната динамика се менува-развод, принова или смрт на член од фамилијата, детето најмногу страда.
     
    На JoyJoy, LiliBoz и Stormii им се допаѓа ова.
  16. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Да, секој различно. Но, сигурно е тоа причината, кај дете на тие години такви работи влијаат на психа. Кој сака родителите да му се разделени и да има проблеми дома, дури и како возрасни сакаме да е фамилијата на едно место, а не пак како мали деца кога уште ништо не сфаќаме...
    Па нови партнери, промени, секој гледа да си најде нова љубов, децата само страдаат. Ни на непријател да не му посакаш..
     
    На Осе, JoyJoy, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Сите можности ги разгледувам. Ние сме скоро две год разделени, но не ја исклучувам можноста и тоа да е причина.
    Откако се врати татко му од странство ние многу време поминуваме заедно тројцата. Ок, може не премногу ама за викенд пример шетаме заедно, за да гледа дека ние сме ок. Некад и преку недела знае да дојде кај нас дома и да седиме заедно. Останал и на ручек. Сето тоа го правам за него, сигурно не за себе или за татко му.
    Остај што се разделивме, повеќето знаете, не беше тој тука 6-7 месеци. Е тоа мислам ептен тешко го прифати. Сега во јануари ако замине повторно којзнае што ќе биде.
    Ама луѓе тоа е нешто што не можам да го променам. Можам да зборам (и зборам), можам да ветувам... ама не можам настаните да ги сменам.


    Немало нешто потешко од родител да си ...
     
    На gjoker4e, green.eyes, AngelOfArh и 17 други им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    12.075
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz мислам дека татко му е многу битен сега. Да му е поддршка, утеха, да го насочува правилно. Многу важна улога има таткото во вакви ситуации, да влева цврстина и храброст.

    Впрегни го во процесов, нека се даде максимално, не се оставај самата да се снаоѓаш. Не знам дали имате контакт да доаѓа кај вас дома или го носиш кај него, ама добро е да е заинтересиран што му се случува на детето, да поминува време повеќе заедно, да се интересира за школото со прашања - што учат, како му е, дали нешто му пречи...
    Нека се вложи сега. Детево гледа дека му фали татковиот присуство и кураж.
     
    На Cosmic Girl, Осе, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.633
    Пол:
    Женски
    На наши блиски детенцето тешко им го поднесе разводот и се јави агресија кај него.Таткото до ден денес не е присутен во животот на детето.Кога одеше на психолог кажа дека знае дека татко му згрешил и дека му е лут,ама лут е и на мама зошто не му простила и се развела.Неможеш да знаеш што има во главчето ама мора да се најде некој што ќе допре до него.Во моментов мислам дека не сте тоа вие двајца зошто кај него може да има некоја лутина револт и на тој начин ви враќа.Ова е се нагаѓање и незнаеме што е ама мора да се среди.Тоа е долг процес.Комуникација родител наставник психолог се ќе се среди
     
    На Cosmic Girl, sj *O*, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Јас не сакав да одам во школо затоа што не ми се свиѓаше наставничката и одделението. На мајка ми ѝ кажав и ме префрлија во друго одделение и сѐ беше во ред. Знам дека е процедура, ама можеби треба да пробаш.

    Работа што мислам дека е битна, ако децата биле сложни во градинка, да подискутирате со некој од родителите за ако сте во можност децата да ги запишете во исто училиште. Многу полесно се адаптира во околина кога во истата имаш некој познат.

    @dunika, имаше родители на машки деца што беа навредени кога наставничката ќе ме пофалеше како најмирен, најкултурен и слично, така да за ова ич не се сомневам што се бунеле. :D
     
    На senjorita-v, sj *O*, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.