@Ketchup детето ке ја надмине фазата кога-тогаш,многу попоразително е немањето воопшто емпатија кај родителите.Како Лили да сака да е такво,па и тоа самото,па ајде сега групно ке се буниме. Нит се удрени,нит закачени,единствено ги дефокусира кога искача. Ете полесно би било да организираат некоја средба на отворено родители и деца,да се здружат и видат во поинакво светло,па тоа можеби ке допринесе колку толку..
Или некое другарче што го има сега, немора од градинка. Прашај го директно се и дали би сакал ако продолжи вака и неможе да се навикне на оваа средина. Што вика он, зошто го прави ова/излага надвор среде настава, како му се допаѓа школото, учителката, другарчињата ? Пробај вака прво со разговор, тоа не смееш(да излагаш), мораш(да седиш) само му ствара одбивност, има контра-ефект во случајов, не допира до него и не ја решава ситуацијата. @LiliBoz
Ова воопшто не е загрижувачки, напротив ова однесување укажува на интелигентно дете. Уште во градинка имав повици од воспитувачка да ми укаже дека додека сите деца повторувале песничка која им ја читала да ја учат на памет, или играле на кореографија, син ми се занимавал со друга, своја игра. Од мал е прав, има свој став и се бори за него, независно дали со брат/сестра, врсник, родител/ учителка. Всушност и двајцата синови се такви, едниот е четврто одделение и често ми спомнува учителката дека додека е на час си црта но секогаш е во тек со она што таа го зборува и еве сефте почнаа со оценки бројчани и подолу од петка не донесе. Малиот пак е прво и исто ми спомнува учителката, ќе сработи задачата за 5 минути и станува, се движи низ училница, си бои друго, но секогаш е во тек со она што се работи на час. Па посебно по англиски јазик што учат, дефинитивно нешта кои ги знаат од бебиња, по музичко слушаат песнички за малишани, конкретно во трето кога држеше онлајн слушав, на репертоар секој час им беше Кап кап, па нему му беше испод части да пее на неа. Сакам да кажам, децата се заситени со темите кои ги учат, тоа им е познато и не им држи внимание затоа се такви и мора да им излезе енергијата. Посебно машки деца, "проблемот" го имаа и во клас кај ќерката до петто одделение, пак со машки од класот. Живи и здрави да се, радувај се што е таков, верувај
@LiliBoz од ова што го пиша за револтот и текот на настаните мислам дека ви треба помош од психолог. Ако не било ОК со психлогот претходно не значи дека некој друг нема да има други техники и методи што ќе имаат повеќе резултат. Ао се емоциите проблем мора да се средат. Во меѓувреме ти напрај му „плеј терапија“. Вадете играчки и играјте училница. Седнувајте кукли, нека зборуваат, нека учат и нека ти покажува тој кој што прави. Може да се отвори да видиш дали во школо има некој тригер или е од дома.
Кога се работи со дете, се работи и со неговите родители. Без разлика дали тригерот е од дома или од школо (што јас сум прилично сигурна дека најголемиот дел од тригерот е во разводот и заминувањето на таткото, школото и новата средина се само плус фактор), семеен психолог е клучен во ситуацијава, а воедно и таткото да се залага повеќе за детето @LiliBoz
Можи да е до наставничката, да не знае да му го задржи вниманието, разговарајте со детето, преместете го кај друга наставничка да видите дали исто ќе се однесува.
Како да не сме седеле сите мирни. Секогаш имало деца кои се потемпераментни и деца кои се посталожени. А и тоа не значи дека 'мирните' се ок, а темпераментните 'не чинат'. Да, на децата им треба да се навикнат на промени. Овде гледам проблем што ја убедуваат наставничките да не го носи во целодневна, оти им е полесно да не се 'расправаат' со него. А и родители што се бунат за вакви работи, за мене се луѓе без осет. Ќерка ми имаше сепарациона анксиозност и не само што родителите се подбиваа со нејзе, туку и наставничката (мирна беше, не шеташе, ама паничеше)... Се додека не им се заканив со тужба. Ене, видете ја темата за инклузија на што личи?
Ако разговараш со него и го третираш како возрасен , можно е да е ова. Му треба повеќе комуникација со возрасни,еден на еден, додека се адаптира. Бидејќи е љубопитен, не би било лошо учителката да го " вработи " како свој асистент. Нека го праќа да и копира, да носи " важни документи " кај други учителки, да " пренесува " информации кај директор,секретар, да реди книги во библиотека , да и купи нешто ако има некој објект во рамките на школото и сл.....едноставно да и биде дете од доверба и тој да го запознае добро просторот во кој се наоѓа од повеќе агли. Со тек на време, кога ќе увиди дека додека е отсутен ,меѓу децата се случило интересно нешто,а тој го пропуштил, ќе посака самиот да биде постојано со својата група. Најбитен е овде сензибилитетот на учителката и твојата и најзина соработка.
Sve mu e novo majka,ne panichi,samo dva meseca se pominati od kako e trgnat vo ushilishte I za poveketo deca shto predhodno posetuvale gradinki e “ normalno” vakvoto slobodno rashetuvanje ,zatoa shto ushte ne mu e svatlivo vo negovoto glavche deka ima nekakov red I disciplina vo shkolo za razlika od gradinkata vo koja shto igral i se rashetuval koga sakal.Mu treba vreme da ja prifati novata sredina so pomosh na uchitelkata..Ako jas se prashuvav za istava situacija ne bi go maltretirala bezpotrebno deteto za na psiholog.
@LiliBoz прво треба да се реши излегувањето т.е да се затворат врати од училиштето, обезбедување да обрне внимание или слично нивен проблем. На тебе како родител детето ти е загрозено со тоа излегување . Неможеш да знаеш следно дали ќе го примети учителката па ќе шета не само по школски двор туку и пошироко, дете се може да му текне…. Па после кој ќе биде крив Второ , ова ми личи на искажување револт. Ти како мајка си направила се, но искрено јас би го однела на стручно лице - дефектолог , психолог , да допре малку подлабоко и д најдете решение. Најтопла препорака би ти дала за Драган Даскаловски. Цел тим се , предобар е човекот.
@Cosmic Girl ако сака да даде мислење околу ситуацијава. Баш би сакала да прочитам нејзин стручен став
@LiliBoz овде е главниот проблем. Тој е вознемирен од присуство на многу непознати деца и возрасни. Затоа и бега од "хаосот" не се чувствува пријатно во непозната средина. Се му е ново. Дополнително е разводот. Не знае како да се справи можеби со одредени прашања од соученици. Затоа бега и знае дека ќе те известат тебе и ти веднаш ќе дојдеш на училиште да го заштитиш. Му треба време да се навикне на се и да се зближи со другарчињата. За тоа можеш да му помогнеш ти преку договорени средби со мајки и дечиња од училиште. Но не само со оние кои ги познава од градинка туку и со оние кои се нови во училиште. Консултација со педагог училишен во присуство на учителка не е на одмет или посета на психолог. Многу е мал но поминува низ тешка фаза, која секако дека ќе заврши но треба време. Ние возрасни да смениме работно место па ни е тешко претешко, не па деца да сменат друштво со години, нова средина и учителка. Ќе се среди се. Не е бесно детето, револтирано е и искажува на овој начин
@LiliBoz моето мислење е дека не е проблем разводот, тоа поминало, син ти се навикнал и тоа е тоа. Викаш тоа било пред 2 години, поминат е период, него тоа не му е нешто ново па сега да покажува. Повеќе мислам дека е револт за отсуството на татко му. Викаш дека татко му не бил тука одреден период. Штом имате ок однос, се гледате често, шетате заедно, детето е навикнато татко му да е присутен почесто. Мислам дека сака да го привлече вниманието на татко му, твоето внимание го има 100% ама не му е тоа целта. Плус сигурно знае, или сте му кажале или потслушнал дека татко му може пак да оди и пак да е отсутен. И затоа го прави ова. Привлекува внимание. Плус нова средина, нови учителки, нови другарчиња, се си придонесува. Јас би седнала и би му објаснила без криење, прикривање, туку како на возрасен дека татко му ќе оди ама повторно ќе се врати. Ако веќе не сте разговарале. А најубаво е ако може и татко му да е присутен. И не знам кој го зема од школо ама може да пробаш ако може одреден период татко му да го зема. Имав близок случај, кога таткото отиде странство на 3 месеци, детенце од 5 години почна да мокри во кревет. Мајката што не испита, каде не ја пратија. На крај излезе дека е заради отсуството на таткото. Кога се врати таткото, проблемот го снема. Многу се мали, не знаат да се справат со емоциите.
Учителката има голема одговорност тука и ако бара повеќе внимание треба да му се посвети повеќе. Секогаш имало и ќе има деца кои се побесни и поповлечени, и треба како педагог да знае да се справи и да ги адаптира сите. Ама повеќето се таму да пројде смена и да земат плата, несвесни за одговорноста која ја имаат. Имаат и стручни служби, должност им е да најдат начин да се справат со детето. За обезбедувањето исто така треба да си прашате зошо нема или е нефункционално. Брат ми е професор на поголеми деца во средно. Некогаш по половина час им зборува за работи надвор од материјата, за другарство, за анксиозност... со петиции бараат класен да им биде повеќето класови иако не води ниеден клас. Битно му е да бидат сите ок, да се дружат, да нема булинг ама он си знае по која цена. (Пс . И професоров и од градинка и од школо бегал си одел дома дека преку улица ни беа, ама у 90тите не се прсело галама, се барало решение) Инаку од тие мирните деца, а дома тепани за да бидат послушни треба да се плашите. На другарка детето скокна од 1 спрат во школо во прво одделение, ова мирново другарче му кажало да скокне, и овој го послушал. Среќа помина се ок со детето. .
Мака ми е да дочитам се. Ако наставниците се свесни дека детето лесно се снаоѓа со материјалот, можи и нема проблем со авторитет. Едноставно му е досадно. И ако јас бев наставник и видам паметно дете, ама како се трга од час - би му дала нахнадна активност како предизвик. За да го занимавам. Или ако му здосадва пишување, би му дала + активност со која ќе можи да менува. Као е македонски ете еднаш пишува, еднаш црта на темата, па пак пишува, па пак црта. Нека менва низ двете како шо му здосадва. И полека просторот на менвање ќе почнам јас да го контролирам и менвам кон то шо треба. Добиваш и авторитет и пријателски однос вака. Пиша и дека беше на психолог. На та возраст и не можи психолог поинаку да интервенира сем низ цртеж и игра. То шо му збора е оти детето шо и да прај - прима информации. Ама то шо игра и црта го запознава психологот со детето за да можи поефективно да интервенира. Ама то не ја исклучва можноста дека едноставно не сте кликнале на релација клиент- психолог. Не значи дека не е ефективно, само е бавно. Ама терапија никогаш не била брза. Исто мислам дека ако мислиш дека има проблем со авторитет, мора да се одговорат прашања: кај е наставникот кога детето излегва? Како сите реагирате? Какви чувства искажва на тие ваши реакции? Ако се работи за одредена хиперактивност, некогаш кога седам подолго се осеќам како екстермитетите да ми заспиват и морам да го вртам во чудна позиција или да свртам круг, многу помага да има нешто за да ја насочи та енергија. Топче меко шо се гмечи е тивок фиџет тој. Рубикова коцка. Од оние коцките со копчиња за прицкање. Пајаци и чуда шо се прицкаат, како со топчиња внатре шо се. Има и гласни фиџетс ама не би ги однела на училиште искрено. Ама јас прво би експлорирала досадата и нахнадни активности зошто неколку пати нагласи дека детето е фалено како напредно. Да си напредно дете, а и дете со академски потешкотии, во просечен клас е подеднаков предизвик. Зошто двете имаат потешкотии во тој клас. Едното не можи да стигни. Другото се досадва и бунтова. После можи да видите дали има некој проблем, дали со наставник или соученик. Следно како реагирате на негова непослушност и бунтовност е прашање шо мора да посветите внимание. И последно, зошто му треба внимание. Секое барање внимание знај да е симптоматско. Шо бара да замени, зошто баш вака. Дури и јас би одела на семеен пристап на терапија, не на детски психолог. Кај шо како родител јас би зборала за се шо е случено и да се најди да не има некој настан кој му тежи и детето уствари да се бунтова за "туѓа", "семејна" болка. И последно, ако ништо од ова не е, јас би експлирала неуродивергентност, адхд сепак прозорец на дијагностицирање кај машки е со почеток на школо. То е се шо ми текнува до кај шо сум со читање.
Искрено читав дел од напишаното, не стигнав да прочитам се. Дајте ми малку време да прочитам убаво па ќе пишам... @LiliBoz синот е школска возраст ама колку точно години има? Некако ми промакна информацијата.
Ок, прво одделение е. Мислам дека однесувањето на детето е последица на многу фактори и сите мислам дека беа веќе спомнати од различни членки. Прво-Поаѓање на училиште -промена на која мора да се адаптира. Да не се лажеме, во прво се учи да се седи во клупа, и тоа ако е целодневна да седи и по 8+ часа дневно. Тоа е првата и најтешката задача, не е стекнувањето знаење. Дете навикнато на еден ред и ритам сега се провикнува на друг. За децата како што сега одат со помала возраст во клупа оваа задача е уште потешка за нив. Може не личи многу голема разликата меѓу 6 и 7 години, ама за овој период во развојот на детето таа една година многу значи. И може да ја направи целата разлика во однос на прилагодувањето. Особено за дете кое со нови лица е малку порезервирано и не склопува лесно нови релации. Е сега дали е ова срамежливост како особина на детето или е и проблем со довербата кон другите заради тоа што едниот родител не е крај него, најдобро ќе знае мајката зошто знае каков бил пред, а каков е после разводот. Уште ако додадеме на тоа дека детето е потемпераментно и енергично, сето она што се учи му е познато и не му е интересно или не му е предизвик, стварно е тешко да издржи со часови да прави што му се бара. Второ-отсуството на едниот родител. Која и да е причината, за детето ова е многу тешко на емотивно ниво. Детето го искусува неговото отсуство, без разлика дали родителот заминал по своја волја или не. Пазете, овде плус се работи за високо интелегентно дете кое ментално разбира веројатно повеќе од што претставуваат возрасните. Дете кое како радар следи што се случува во средината додека навидум лучи дека не внимава... Тоа е дете што тешко ќе поверува на глумата на родителите, а лесно ќе ги прочита. Ваквите деца добиваат сознание, ама не знаат што со него. Не знаат каде да ги сместат чувствата што тие им ги носат. Немаат сеуште капацитет да се носат со нив, уште се личности во изградба, немаат научено механизми за успешно справување со нив. Едноставно, разбираат многу ама не знаат што да прават со емоциите кои ги осеќаат. Затоа некогаш почнуваат да се однесуваат бунтовно, некогаш прават бељи, кршат правила. Може да чуствува лутина, да ги окривува двајцата или едниот родител за тоа што решиле да се разделат. Некогаш чувстваат несигурност и страв со кој неможат да се носат. Заради тоа почнуваат да се навраќаат кон оние облици на однесување кои им давале комфорт и сигурност а кои веќе се надминати и надраснати. Навидум личи како наученото да го "забораваат" и почнуваат да се однесуваат на начин што е соодветен за помала возраст од нивната календарска возраст. Тоа се вика регресивно однесување и е исто така начин, механизам со кој детето се обидува да се справи со проблемот, конфликтот или што и да е она што го оптеретува. Во вакво однесување спаѓаат на пример губењето на контролата врз мокрењето, цицањето прст, бебешки говор, барање родителите да прават нешто со него што правеле кога бил бебе, и сл. Дали е тоа причината во конкретниов случај, не знам. Може и да не е, може и да е, а може и да не е само таа една причина, туку сите заедно и на куп. Ако тоа е причината или бар и една од причините, треба да му се стави на таткото на знаење. Да знае како му влијае и да превземе нешто околу тоа, ако сака да му е детето среќно. Мора и да жртвува нешто. Можеби и тој нема избор, мора да работи во странство заради финансиски средства, но има начини како да остане присутен во неговиот живот. За празници и одмори да користи да доаѓа или да го зема кај себе за распуст, измеѓу да се слушаат и гледаат преку видео повик, да го праша што правел дента, да играат онлајн заедно друштвена игра, и сл. Истотака, внимание од друга машка фигура во овој период од детството може да има клучна улога за него. Да даде пример со кој ќе може позитивно да се идентификува детето во ситуација кога таткото е отсутен и не може да биде пример за него. Вујко, чичко, дедо, постар братучед..да поминуваат заедно време и да прават заедно нешто што им е интересно. Да биде редовно со него, да му биде некој на кој може да му се довери и да рачуна на него во мака. Многу е битно што мајката кажува како нејзин впечаток и нејзино мислење за причините за однесувањето. Тоа што таа помислува на револт или на потреба од внимание, како причина не е случајно, најверојатно забележала нешто кај синот, освен бегањето од настава, што и дава таков впечаток. Дали има и некој друг проблем во однесувањето освен бегањето од школо? Дали има некоја друга примена во однесувањето? Не прочитав никаде одговор на прашањето што детето наведува како причина за неговото бегање кога ќе го прашаат родителите, психологот, наставниците, децата... Дали воопшто дава одговор на прашањето? Ако не дава или го избегнува или дава некој одговор колку да одговори, тоа е индикатор дека за него тоа е болно прашање, па најдобро ќе се дознае со некоја проективна техника: цртање, заедничка игра со кукли, и сл, а не со директно прашање. Раскажувајќи приказна за некој друг, ќе го проектира она што го доживува и чуствува. Ако гледате или читате заедно нешто што асоцира на неговото однесување или опишува ситуација слична на неговата или пак разговарате за некое друго дете (трето лице) што се однесувало слично, искористи го моментот и види што ќе каже во врска со тоа, како го сфаќа зошто мисли дека ликот од приказната така се однесува... И на тој начин може да проектира нешто лично. Мислам дека ќе се реши се. И затоа што ќе созрее, ќе се адаптира и затоа што ќе има поддршка и помош од возрасните. А се сложувам дека има основа за загриженост во однос на тоа како школото се справува со проблемот. Прво обезбедување на врата мора да има, или дежурен наставник низ ходниците. Не ми е замисливо да нема никој во основно..бар чистачките кај нас следат и реагираат ако нема кој друг... И во право е членката која рече дека наставниците не си ја прилагодуваат работата кон децата кои не се во просечните. Не само што тоа бара способен педагог туку и екстра труд од негова страна, а таа комбинација е ретка. Секоја чест на исклучоците... Сум била сведок на тоа како се наградува просечноста и послушноста кон авторитетот во школото. За среќа па се менуваат наставниците и не се сите исти.
Уште еден совет за сите родители на бесни, темпераментни и енергични дечиња: Решението е во тоа што ќе му давате начини, можности да ја канализираат енергијата на начин кој е прифатлив за средината, а корисен и забавен за детето. Значи слободно пуштајте ги на тренинзи, спрот, вон школски активности, работилници, курсеви, ново хоби и сл. Вклучувајте ги во натпревари и во ситуации каде што треба да си ја мерат силата и знаењето (последново особено за оние поинтелигентните). Ако имате дете кое во се е нај, нај, и носи дома само петки без посебно да се помачи мора да го ставате во ситуации на компетиција. Целта не е да победуваат што повеќе, туку да искусат и да губат и да знаат да се носат и со пораз. Децата кои се први во се тешко се справуваат со поразот зошто се под притисок да се претстават во најдобро светло. И тогаш кога ќе доживеат некој неуспех, ќе им биде потребна вашата помош да сфатат дека и грешките и падовите нешто вредно не учат и дека тие се неопходни за се подобруваме, да се мотивираме и да продолжиме. Ако детето е природен лидер, треба да му дозволите за некои работи да решава самостојно. Цврст, авторитарен начин на воспитување кај нив има обратен ефект. Барањето послушно и без приговор да прави како што му е кажано може да створи отпор. Кога одлучувате за нешто што се однесува на него, дајте му право да се изјасни и да учествува во одлуката. Ова се примери за тоа што значи позитивно воспитување кое се покажало дека има многу позитивни ефекти врз развојот на детето.