Супер објаснето. Дали имаш некои интернет страници да споделиш за родителство, да си читкаме да се едуцираме...
Јас имав таков проблем со дете во на ќерка ми класот и стварно мислам не е фер другите деца да трпат ради едно дете , затоа што учителката излегуваше го бараше и го молеше детето да влезе а внатре за тоа време додека учителката надвор го моли друго дете ги тепа на другите деца. Така да не си во право, посветувај повеќе внимание и зборувај дека тој е веќе голем и дека во училиште постојат правила кои треба да се почитуваат ако не е така чичко полицаец ќе дојде и ќе те казни тебе. Прашај го сакаш ли мама да добие казна од чичко полицаец . Прашај го зошто не сака да седе, најди го проблемот инаку не може тоа така не е само период на адаптација од искуство кажувам. Што правиме ако секое дете почнува да прави работи кои они сакат.
Плашењево со полицаец е скроз 91ва однесување. Зошто да плашите со полицаец, старо купуем или со вештерка дете? Учителката ако е добар воспитувач, ќе знае да се справи со сите деца во класот во соработка со родителите. Тука мајката соработува. Пс. Детето што тепа не ви смета? Ова што искача смета
Се се промени преку ноќ. Веќе одреден период е супер, работи и на проекти Сега иако го зимаме порано, тие велат да седи во целодневна за да постига со проектите. Но се јави друг проблем. Неколку дечиња му се фрлиле со боксови и шамари добива одбивност да оди во школо... Сега од другата страна на реката сум.
Можи и цело време тој е проблемот, не е прифатен од другарчиња, разговарај со учителката и со родителите, толку мали да се тепаат срамота.
Ми смета и дете што тепа баш поради тоа што учителката е околу детето што не сака да седи на час и надвор го моли да седи на час, друго дете внатре во училница ги тепа другарчињата. Не го оправдувам ни едното, ни другото дете. ПС. Подоцна видов дека проблемот е во целодневната, а не во училиште. Моите одат во целодневна и на почетокот ни кажаа да однесеме некои играчки. Сигурно и во вашата целодневна има играчки, ако не сака да пишува и да седи може да си игра.
Абе се е супер и идеално кога имаш дете што со радост си оди во училиште се дружи со сите дечиња,учат само паметни нешта,никогаш не замавнало,си игра во целодневна зошто не му се учи итн. Арно ама не се сите дечиња вакви.Еве моево дете оди во целодневна со деца поголеми од него.За два месеци слушна еден тон лоши зборчиња.Поголемиве деца ги закачаат и ги учат свашта.Седат во една иста просторија од 07:40 до 16.Немаат место каде да седнат освен на столчиња итн.Значи мачно ни е на нас,на нив,на учителката,ама во моментов друг избор немаме. Не е работата дали ние подржуваме насилство него како да се реши проблемот.Како што читаш Лили е отворена за соработка со учителките а не и е ни испод чест да побара совет тука.Жената си има мака рече применува и казни,така да не верувам дека му рекла ок синко ако не ти се седи стани шетај си.
Деца мали деца 8 + саати седат во една училница и на стол? Уфф па ништо чудно што и бегаат и се шетаат и што не. Не ве обвинувам секако, само ми е трагично какви услови обезбедуваат школите за децата и после очекуваат да бидат сите мирни. Стварно се греота.
Ова кажувам за кај нас.Во истата училница што се одржува наставата продолжува и целодневната.Нема простор за играчки,кревет,нешто во тој стил за релаксација.Едино оние коцки за под ги редат и таму седат.
Види вака сеа, тебе ако ти смета може детето дома да си го чуваш и завршена работа. Во школо на се ќе налеташ. Ете син ми седна на газ у рок од 10 дена со огромна соработка помеѓу мене и наставничките, па сега имаме друг проблем и тој го решаваме. Пак ќе повторам, ако не сте биле од другата страна нормално дека сакате ружи да цветаат.
Ако налетам на добра веб-страна секако ќе ја споделам тука. За позитивно воспитување може да ја читнеш книгата „Децата се од рајот“, на Џон Греј. Многу корисни совети има, ми се допадна. Еве едно интервју на јутуб со авторот каде што зборува на темава:
Нема зошто јас моето дете да не го пуштам на училиште кога истото знае како се однесува во училиште, ти твоето не го пуштај. Доколку има соработка од твоја страна знај дека ќе има ефект, има родители кои не се замараат и не соработуваат со учителката, и во тој случај нема ефект.
Токму така. АМА и тие деца имаат право на школување исто колку твоето. Затоа смањи доживљај, за жал во јавно образование е така. Нема што ние сакаме.
Ај еден совет од мајките на бесни дечиња,како да го посоветувам син ми да се однесува со ваште дечиња.Он сега несака да оди во училоште(1 одд) затоа што секој ден е малтретиран,удиран(не враќа кажува на учитрлката),денес боицоте сите му ги изгрузал,сите деца со ред ги мавал,дури и од др. Одд.Учителките за овие 3 месеци се пробаа ,нема напредок.
Ќе се жалиш кај педагог и психилог. Истово ми се дешаваше ама не во прво, понатака. Ноќна мора ми беше идењето во школо, дома не кажував за да не се караат моите и дополнителнк да бидам реметена. Со плачење идев и се враќав од школо, сите имаа другарчиња само јас не. Ми се плаче дур пишувам. само ми се собираше бесот, и на крај станав од жртва, јас були, и во средно се иживљавав врз кој стигнам. И до ден денес коа некој ќе рече основно, мене ми се темни, пола основно не го ни памтам, од основно зборам со неколку души што биле океј онака со мене. Решавај го тоа со време. Или ти, син ти, и децата малтретатори и нивните мајки искочете и објаснете им дека школото не е сала за борење, не е место за лечење фрустрации, дека идат да научат нешо, да се дружат, да си играат, буквално тие им се најбезгрижнк години
Син ми два пати ми се има жалено дека го удирало едно дете во градинка и му ги земало играчките. По вториот пат се пожаливме на воспитувачката, она ги смирила и им кажала да се гушнат. Он па е многу мирен не знае да врати.. Може затоа толку плаче и не сака да иде во градинка.. Но еве искрено си кажувам, пак да осетам така друг пат јас ја барам мајката на детето па ако треба и со детето јас ќе зборам. Тоа и за во основно важи. Јас моето дете не го праќам во школо некој да се иживљава врз него. Дури планирам и на боречки вештини да го запишам, нека знае да се брани. А јас како мајка ама никому и никогаш нема да дозволам мое дете да се плаши да иде во школо од некои невоспирани деца. Истото важи и за моите доколку би станале такви
Нашите не се тепачи. Нашите се бесни Син ми втор пат по ред неколку деца истовремено го тепаат. Реагирав кај родителите, некои стварно се загрижени, а една мува не ја лази. Нешто што мене предходно ми помогнало е надвор од школо да се дружат децата. Пример после часови со детето заедно на лулашки. Некако да сфатат дека се на иста страна.