1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајки (Mothers)[2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од maja8, 18 октомври 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Новиот филм на Милчо Манчевски се прикажува во кино Милениум. Уште првиот ден се нацртав таму да го погледнам, и еве после 2 дена неможам да престанам да мислам на него.

    Прв дел - доловено скопско секојдневие, нешто што секојдневно се случува, сведоци сме сите ние, сведоци и жртви има и овде на форумот....

    Втор дел - доловено секојдневие на едно село, тешкиот живот, самотијата и сиромаштијата - нешто што секојдневно се случува, многумина не сме свесни за тоа...

    Трет дел - најемотивен и најпровокативен, опишана македонската стварност, македонската сурова стварност ...., нешто што се почесто се случува. Прикажани вистински приказни, раскажани од вистински луѓе - НЕ АКТЕРИ! Не напишани и рецитирани монолози, туку животни приказни, раскажани на лице место, создадени во истиот тој момент... И да мислиш дека се актери , ќе забележиш дека во нивните зборови нема глума.

    Сите три дела преточени во една приказна. Некои ја критикуваат дека деловите не се поврзани. Да, се.. но Манчевски сака да не поттикне да размислуваме, да го пронајдеме заедничкото....

    Но, можеби можеше и нешто поведро од Македонија да биде претставено во светот, како и да е, ние сме тие, ова филм од Македонија, и вреди да се погледне... И стискаме палци за Оскарот.

    Го гледавте ли вие?
     
    На TeenGirl345 и Nine25 им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    Едвај чекам да го гледам. Не се сомневам во Манчевски, очекувам да биде на негово ниво.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    И јас викендов би требало да одам да го гледам.
    Ме интересира што ќе видам, иако не сум водушевена од самата идеја. Не сум баш да седнам и во кино да го гледам тоа што го гледам на вести...
    Ама, веројатно е нешто поразлично.
    Ќе пишам впечатоци.
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мајки (Mothers)

    Девојки, од колку часот има проекции во кино Милениум, и колку чини картата?
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мајки (Mothers)


    Oд 17.00, 20.00 и 22.30, карта чини 150 денари :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    Разочарана - очекував многу повеќе.Изреволтирана до степен што едноставно посакав да се развикам и некултурно да си заминам , но само си пцуев во себе и трпеливо чекав да заврши- од лични причини ,нешто за Владо.
    Публиката критикуваше во главно , повеќето рекоа дека се чувствувале како да гледаат "Код" на А1.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    Манчевски го почитувам премногу, и во почетокот очекував одличен филм.
    Потоа читав многу лоши коментари и критики и отидов вчера не очекувајќи да се воодушевам.
    Еве го мојот впечаток: Филмот е прекрасен!
    Сурово, болно реален, ја прикажува калта на општеството, најниското дно. Депресивен е, не можам да речам дека ми е омилен филм бидејќи ми создаде чувство на мачнина од кое се’ уште не можам да се ослободам. Го покажува најлошото во човекот, демоните кои тлеат во секој од нас.
    Не очекував да ми се допадне глумата на Ана, не ја почитувам многу како актерка, но буквално се’ ми се допадна (добро, освен боксерките кои ги носеше таа).
    Трите дела се поврзани, со самиот наслов - МАЈКИ... Модерна мајка која погрешно ги воспитува децата, мртва мајка која оставила празнина, тажна стара напуштена мајка, мајки изгубени на ужасен начин, мајка која создала монструм...
    Не, не е светски филм, и само ние тука можеме добро да го разбереме, но тоа е стилот на Манчевски, не можеме ние да му кажуваме каква тема да одбере.
    Фотографијата е феноменална, сцените прекрасни. Имаше и убавина во филмот, само покрај толку многу очај, лесно поминува незабележана. Внимавано е буквално на секој детаљ и мислам дека ќе го гледам уште еднаш наскоро за да ги фатам моментите што ги испуштив.
    Преку третиот дел, документарецот, неверојатно е доловен профилот на еден убиец. Во секој човек го има и најдоброто и најлошото, само умот е тој што контролира и не’ чува од второто. Го гледаме како игра на веселби, кажуваат дека бил добар татко и сосед, но одеднаш станува монструм кој извршува ужасни злосторства (ужасни е мал збор). Токму тоа дека е изработен како документарец го прави реален, не би се пренело тоа чувство на никаков друг начин. Се запрашав како би било да можев да знам што се крие во сите луѓе, чудесно е тоа какви се’ личности и карактери постојат.
    Мајки го прикажува дното, смрдениот пад и пропаст на човештвото.
    Филмот е одличен, според мене.
     
    На Phyramide, OrdinaryGirl и Nine25 им се допаѓа ова.
  8. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    Да го гледав филмот добар филм убаво е секој што е во можност да го погледне.Иако мислат дека сите три делови во филмот се различни не се поврзан е целиот филм само кој може да чита меѓу редови.Филмот е феноменален многу ми се допадна многумина ќе речат дека наликува на документарен филм но секој има различен вкус и нормално не може на сите да ни се допадне :D
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мајки (Mothers)

    Да не беше филмот добар, веројатно немаше да биде кандидат за Оскар, нели?

    Лично филмот ми се допадна. Го гледав без да трепнам.
    Не очекував дека филмот ќе биде таков, дека воопшто ќе се работи за тој случај за кој сите сме запознаени. Можеби филмот е за некои досаден, ама тоа е нашето секојдневие, нешто со кое сме запознаени, нешто што го гледаме и слушаме...па нормално е да сме презаситени од тоа. Ама размислете како странците гледаат на тоа? За нив ова сигурно не е нешто вообичаено.
    Глумата на Ана е фантастична, можам само браво да кажам! Вториот дел ми беше највпечатлив, најинтересен, а третиот и по малку шокантен.
    Сепак мислам дека Манчевски инзворедно ја претставил својата мисла, улогата на мајката и нејзиното влијание врз целокупниот психо-физички развој на една личност.
    Значи сосема сум задоволна од тоа што го видов.

    И само да додадам нешто, зошто тоа е типично за нас, за нашиов народ. Имаме страшно голема маана, и голем недостаток да си плукаме врз нашите дела. Сакаме другите да не видат во најдобро светло, а не ја даваме почетната точка на поддршка за нашите филмови. Ако ние не си ги почитуваме нашите дела, некој друг сигурно нема!
     
    На lovely91, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Мајки (Mothers)

    Сакам и јас да го погледнам филмов. Излезен ли е воопшто на CD за на DVD? :(
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.206
    Пол:
    Женски
    Oдам вечер да го гледам во кино, мислам дека го фаќам последниот воз барем за прикажувањето во Скопје. Утре ќе напишам мои впечатоци! :*
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.206
    Пол:
    Женски
    Ме натажи, растревожи и сеуште сум под импресии за да напишам мој став за филмов.
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Денес го гледав,без да трепнам.Многу ми се допадна...Трите дела се и те како поврзани еден со друг,самиот наслов ги поврзува-Мајки...Секакви мајки,првата мајка е мајката која погрешно ги воспитува децата и тоа се манифестира преку нивното однесување.Вториот дел е исто така многу убав,ми се допадна глумата на Ана иако искрено не очекував толку многу од нејзина страна.Тоа е всушност нашето секојдневие,нашиот речник,овде е старата и изнемоштена мајка,напуштена и оставена сама во сред пустелија.Напуштено село,жива душа нема.Третиот дел беше суров и личеше на документарец.На Македонија податоците за овој трагичен настан и се познати бидејќи беа емитувани на ТВ.Во секој случај,сурова и потресна приказна околу новинаров.Само не сфатив,дали полицаецот од Кичево го убил Владо во кофата бидејќи го видов приведен од страна на полицијата...Овде има напатени мајки,убиени мајки на нечии деца кои ќе тагуваат дур се живи бидејќи ги идентификувале во таква состојба.Исто така не ми е јасно зошто жената на Владо му верува толку и нон стоп го правдаше и велеше дека му простила.Па такво нешто се простува ли?
    Толку реално,чисто,наше секојдневие,трагична приказна.
    Убав филм,ми остави добар впечаток.
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Го гледав и ми се допадна. Посебно ме импресионираше вториот дел кој го доживеав многу емотивно. Едноставно допре до моето најдлабоко јас и предизвика треперење.
    Глумата можеби не беше ексцелентна, но тоа на Милчо најверојатно не му ни беше најважно, барем јас така мислам.
    Што се однесува до 3-от, документарниот дел, е тој не ме остави рамнодушен. Ме запрепасти, на моменти шокираше и наежи. Ужасно е да се сфати дека она што некогаш било само дел од американски холивудски сценарија, реално се случило недалеку од нас.
    Сепак истовремено документарниот дел ми отвори многу прашања, работи кои не ми се најјасни.
    Од друга страна пак за одредени личности кои се појавија во филмот само си го потврдив сопственото мислење, но за тоа не би сакала премногу да одам во детали вака јавно, од лични причини.

    Поентата на филмот или поточно на трите дела е кажана во самиот наслов - мајки. Понекогаш во едноставноста се крие убавината на едно дело.
    И Милчо Манчевски уште еднаш ми се потврди како мајстор кој многу реално ја отсликува актуелната состојба на Македонија. Да, во Македонија по улиците има ѓубре; има осамени мариовски села во кои навистина едно такво згрбавено, старо мајче те пречекува со сета радост и среќа бидејќи одамна немала гости; да, во Македонија истураат манџи од балконите; да, кога врне навистина шетањето низ Скопје е борба со возачите да не те испрскаат до врат - единствено ако не ви е целта да се избањате како Цацко итн итн...
    Модерен, урбан, традиционален, тажен, емотивен и фрапантен. Ете со овие зборови би го оценила Мајки. Не ми е омилениот филм на Милчо но ми се допадна и ме импресионираше во секој случај.
     
    На lovely91, baguf4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Прекрасен филм! Неодамна имав можност да го гледам и навистина мн ми се допадна. Вториот дел онака ептен ми влезе во срце, додека третиот баш и не ме воодушеви, со самото тоа дека се она што е прикажано веке го иамме видено на вести, ама сепак ок е!!
    Милчо Манчевски го почитувам многу многу!
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.206
    Пол:
    Женски
    Не багуф4е, полицаецот беше уапсен за поткуп, а нели во претходната сцена раскажува за неговиот интегритет, чест и професионалност.

    Мене вториот дел од филмот ме расплака, толку искрена приказна а толку реална и вистинита. Ана ми е супер девојка згодна и мила ама некако не ми се допадна нејзината глума, ама ајде јас не сум филмски критичар :$
    Јас имам проблем со третиот дел од филмот...не затоа што е документарен туку заради сензационализмот, заради бруталните кадри од убиените жени, заради полициските снимнки, затворските камери ми се чини не им е место во филм. Поентата да се доловат профилите на различни мајки ќе беше постигната и без ова. А за сопругата на Владо Таневски :x немам коментар, зошто по ѓаволите се согласила да се појави во филмот????
     
  18. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    И јас го имам гледано филмот...и мене ми се допадна не беше лош :rofl: ...Само малце језив...
     
  19. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    ми се допадна филмот само можеби не очекувавав толку документарни работи,но сепак го гледав во кино и бев растревожена од него,конечно ја видов целата приказна која пред неколку години ја слушав :) алал да му е на човеков,сите филмови му ги гледам редовно ;)
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.