По неговото излегување одма почна да се прикажува во кино Милениум, купив карта меѓу првите затоа што бев љубопитна зошто толкава прашина се дигна, и искрено не зажалив за неколку часа. Прекрасен филм, убаво прикажано. Едно големо за Манчевски.
Мајки ми се допадна. Особено ми е драго што мое комшиче има улога во филмот. Така баш фино ми дојде. Сега, иако јас нападнав со критика во дискусии, иако мене ме нападнаа откако малку подобро размислив, филмот е одличен. Едноставно луѓето си зборат и не знам дали бидејќи е наш филм, или нешто има во народов, грозни коментари беа дадени. Разочарувачки, особено што да излезе филм од било која друга земја, со тотално иста приказна ќе има навала на фанови.
Ми се допаѓа филмов. Иначе девојки ќе може ли да ми кажете како се викаше глумецов на видеово http://www.youtube.com/watch?v=ukS8SeIjXz4 кај 0:41? Ве молам....никако не ми текина името
Предмалку го гледав. И тотално е шокантен. Крајниот дел од филмот мислам дека сака да ни долови една друга реалност. Реалност која не се презентира во јавноста. Реалност која сака да ги скрие можните соучесници на новинарот. Бидејќи според мене нема шанси да го правел сето тоа сам. Првиот дел е исто толку кошмарен какошто е и третиот. Небаре невини деца кои всушност уште од мали се злобни. Се започнува со тоа што доколку на ваквите деца кои имаат огромна имагинација не им се ускрати истата, може да си дадат слобода да продолжат да ја сеат нивната несовесна злоба. И притоа многу лесно да ги заведуваат и потикнуваат на истото и другите луѓе (како малото девојче коешто го примами другото девојче лажно да сведочи). И така се појавува нестабилна личност која е способна да оди од екстремности до екстремности. Тенка е линијата меѓу добрината и злобата. И испомешаноста на тие двете. Средниот дел некако е недополнет. ОК, има стари напуштени луѓе, а и тоа е жално, но што понатака?! ... Степенот на осаменоста на човековото битие! Глупоста која прави брат со сестра од дрскост да не разговараат, иако само тие се единствените живи луѓе кои живеат во одредено место. Одредени клетви и суеверија! Човечката желба за секс и прељуба. Се на се комплексен филм. Тежок за гледање. И остава невидена горчина.