Нејзиното однесување во јавност и себедеструктивноста нема да ги коментирам зашто нема да кажам ништо поразлично од сите други кои ја критикуваат. Како изведувач не ја сакам. Ептен ми грачи некако, рапав глас има, абе и кога зборува не можам да ја слушам, камо ли па да пее. Долго време ја избегнував Wrecking Ball од тие причини и првиот пат кога ја слушнав не ни забележав дека била таа, ми беше уклучен телевизорот. И се воодушевив. Навистина преубава песна, и со чувства ја пее, прекрасно. Што секако нема да ми го промени мислењето што го имав претходно за Мајли. Порадо Џемјс би го слушала. http://www.youtube.com/watch?v=oHKpXAPTVNU Спојлер или http://www.youtube.com/watch?v=Oc2ByRFHzE0 http://www.youtube.com/watch?v=ptZ4uW0qZkI Аууу кога ќе го ѕвекне она JOLEEEEENEEE!!! Од чорапи ме вади. http://www.youtube.com/watch?v=wOwblaKmyVw
Се заљубив во преработката, ме изненади како и текнало да се облечи ко чоек http://www.youtube.com/watch?v=93CZ6oFR8Q0#t=164
За тоа како се однесува, облекува, какви спотови снима и што се друго прави немам коментар, ама дефинитивно We Can't и Stop Wrecking Ball се преубави песни.
Мене ова и не ми е толку добро. Дали оти сум навикната на бојата на гласот на Лана и не можам поинаку да ја замислам песната. Инаку никогаш не сум ја сакала, ниту сфаќам што има во неа за толку популарна да биде, ама тоа денес и не е толку чудно. Новиот имиџ и е за никаде, како ефтина проститутка ми е. Може и на друг начин да покаже дека е порасната, као демек, ова глупирањето повеќе на тинејџерка ми личи. Додуша Wrecking Ball не и е лоша. А и општо има некои подобри песни, но ништо посебно не е. Страшно популарна е поради дечињата и тинејџерките, кои сега не можат да се помират со новиот имиџ .
Искрено мене ми е поубава песната кога Мајли ја пее Во неа има нешто што се вика ТАЛЕНТ и затоа е популарна.Преубава е
Треба само да си го корегира первезното однесување.Се останато ми е сосема во ред.Песните и се многу по квалитетни од претходните,фризурата е баш лајк,облекувањето ми е океј само не треба толку да е разголена.Девојчето решило да се смени,не ми се гледа ништо толку не океј,толку правење чуда.Мајли ми е една просечна пејачка.
Се изопачи девојкава...Од девојче што на телевизија си играше со "играчки" со простете ми ама изглеа како стриптизерка...УЖАС .Песниве не се толку лоши,ама спотовиве не се осмелив ни да ги гледам
http://www.youtube.com/watch?v=W1tzURKYFNs#t=166 Погледнете го новиот спот на Мајли, песната е убава ама спотот катастрофа. Мајли ми беше омилена пејачка и сеуште ми е кога и ги слушам старите песни, преубави и се и се е на место а не вака, не сфаќам што и е поентата во спотот ниеднаш да не се појави облечена катастрофа е иако има глас нејзиното облекување и понашање и се чиста 0
Песнава нова убава и е но,за спотот немам коментар се изпоачи веќе.Еве баш го гледав The last song со неа и да ви кажам ептен сакам да се врати старата лепотица и културна Мајли.А,не изопачена како сега што е.
Нека си го прибере јазикот, и нека не се однесува како во штала. Порано не беше лоша, сега не ми е ни убава :/
Порано беше океј рандом девојка со татко богаташ кој ја проби во шоу бизнисот, сега кога порасна и го нема тато, го нема ни Лијам не и преостанува ништо друго освен да изиграва чудовиште...таков е животот кога незнаеш да застанеш на свои нозе. :/
ми се свиѓаат 2-3 песни (23,wrecking ball, we cant stop) иначе премногу ми е страшна па и ме плаши по малку