1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчина книшка

Дискусија во 'Бременост' започната од ivanovicka, 9 јули 2012.

  1. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво девојки ја отварам оваа тема затоа што никаде неможам да најдам информации околу мајчината книшка. Нели пред некое време Министерот за здравство ја воведе мајчината книшка повторно како задолжителна. Е сега јас сум 12 недела и незнам колку пати веќе бев на гинеколог (и кај матичиниот и во систина на приватно) а на 17 месецов имам и скрининг закажано а за мајчина книшка никој ништо не ми спомнува. Го прашав матичниот последниот пат но тој само се насмеа и рече да баталам.
    Ако некоја знае повеќе можете ли да објасните околу мајчината книшка и да не има некакви последици ако ја немаш.

    Фала ви на сите однапред... Лесна бременост идни мамички :*
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    37.933
    Пол:
    Женски
    Мајчина книшка ?????????

    Јас си имав мајчина книшка и во неа ми ја водеа цела бременост . Ми ја отворија при првата посета на гинеколог кога останав бремена. Иначе живеам во Германија.
    При разговор со други мајки сите рекоа дека немаат мајчини книшки дека не им ги барале , немало потреба :|
    Па јас може секој преглед ке идам кај друг доктор и од кај ке знам како до сега било на прегледите , растот на бебето , притисокот и ред важни работи :!:

    Кога отидов да се порагам прво што ми рекоа да не заборавам е мајчината книшка
     
  3. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Мајчина книшка ?????????

    јас да ти кажам право во битола одам кај еден славчо и тој одма ми отвори мајчина книшка,и сите со одат кај него уштре пред мене имале значи тој си давал иако не било задолжително.секој доктор различно размислува.без гајле биди си тоа не е нешто важно.во неа пишува колкав е плодот,која недела си дали,ги мери обемот на главчето стомачето колковите и се запишува во неа.јас не оти разбирам што пиши :D не е нешто посебно.поззз до тебе и уживај во брменоста не се оптоварувај со глупости ;) ;) поззз
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Мајчина книшка ?????????

    Не се сеќавам во која недела од бременост матичен гинеколог ми ја отвори мајчината книшка. Бидејќи тој неможеше (приватен е лекар) да ме пораѓа ми кажа кога ќе појдам накај болница да ја однесам. Ја носев и незнам дали некој и погледнал нешто во неа затоа што имав нормална бременост.
    Таа повеќе на него му служеше затоа што редовно нели пишуваше кг и резултати од крвна слика (железо)
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Мајчина книшка ?????????

    Девојки фала на одговорите. Искрено малку ми е чудно што мојов гинеколог не се замара со мајчина книшка а на сите страни министеров збореше дека е задолжително дека ќе имало контроли по гинеколошките ординации. Ама изгледа кој како си сака исто како и за тоа дека преглед кај матичен гинеколог не се наплаќа а тој секое гледање и доагање кај него како на баци рака да сум .Оп на сестрата толку треба волку треба а нема ништо посебно освен обичен преглед. АМа тоа е .. фала ви многу па што биде нека биде
    Поздрав до сите :*
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Мајчина книшка ?????????

    јас мислам дека е особено важна мајчината книшка, како ич не била битна :^)
    мене уште во 8 недела кога го слушнавме срцето на бебето докторката ми даде мајчина книшка и ми рече постојано кога одам на преглед да ја носам со мене...
    во неа се запишуваат податоци за бебето ама и за мајката, крвна група и слично, плус и ако си користела некои лекови во бременоста, ете јас користев утрогестан па и тоа ми е запишано, каква бременост имаш и слично, што е особено важно кога ке отидеш на болница
     
  7. viki-viktorija

    viki-viktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Мајчина книшка ?????????

    vo prvata bremenost imav otvoreno majcina kaniska kade sto se zaveduvaa site pegledi a sega treba da se porodam so vtoroto dete ama nemam majcina kniska i ne sum barala po so mojot maticen ginekolog site pregledi mi gi zaveruva vo zdrastvenata kniska pa taka i nemam nekoja dilema okolu toa ako trebat podatoci za tekot na bramenosta gi imam vo zdravstvenata kniska :) i preporacuvam deka bi bilo najdobro taka site lekari da rabotata zaradi sigurnos od podatoci vo tekot na bremenosta.pozdrav :)
     
  8. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Мајчина книшка ?????????

    Јас мислам дека е многу важна мајчината книшка, и некаде прочитав дека сега ја барале кога ќе одиш да се пораѓаш. А плус и министеров за здравство стопати кажа ама изгледа тоа само декларативно е. Во пракса кој како сака. И во таа книшка ќе си пишува све,фино лепо, па тоа се корисни информации и за пациентот и за докторот кој ќе ја гледа.
    И мојава матична абер нема од книшкава, и очигледно не се ни замараат, и дури ни во обична книшка не ми заверува, само во картонот нивни. Аааа ќе и кажам јас следниот пат убаво...
     
  9. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Мајчина книшка ?????????

    Мајчина книшка ми отвори Таше на 6 недела од бременоста. Мислам дека е доста важна да се има оваа книшка поради податоците кои ги содржи за плодот. Инаку кога се пораѓав а тоа беше пред 1,5 год. мајчината книшка беше задолжителна на државна болница зборувам (незнам како е по приватните) ,а исто така е потребна и во центарот за социјална работа кога се поднесува барање за парична помош за новороденче.
     
  10. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Мајчина книшка ?????????

    Цела бременост немав мајчина книшка, е на крајот пред да се породам матичниот ми отвори и освен име и презиме ништо друго не стои во неа. А мајка ми ми кажуваше дека они порано имале мајчини книшки и се им запишувале во нив, од сам почеток на бременост до породување.
     
  11. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    475
    Мајчина книшка ?????????

    Мене матичниот ми ја даде уште на првиот преглед кога констатира бременост.
    Меѓутоа, докторот кај што идам на приватно, не ми ја ни погледнува, он си води свој дневник и таму се си запишува, и плус мене ми дава ливчиња со податоци за секој преглед.
    Инаку снаа ми во Ремедика одеше за време на бременоста, кај неа мајчината книшка е полна од почеток до крај. Таа се породи во Државна, и ми кажа дека таму и ја барале пред породување.
    Според мене битни се резултатите, дали ќе бидат во книшка или на ливче, оној кој ги гледа знае што гледа. Не се секирајте за тоа, само позитивна мисла, сега сме во најубав период :*
     
    На Џиџи91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    и мене ми дадоа мајчина книшка уште на првио преглед и мислам дека тоа е најправилно зошто сите информации за нашите малечки се во нив
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Логиката на книшката е веројатно да имаш уредна документација за бебето без разлика каде си ги правел прегледите и на крај каде ќе решиш да се пораѓаш. Јас до сега 4 пати бев на прегледи во Ремедика, ни м од мајчина книшка не ми спомнале. Само од првиот ден ми рекоа, да си ги чувам сите лекарски извештаи што ми ги даваат на крај на прегледот, да си бидат со мене пред пораѓање како документација, а исто така гледам дека ко ќе внесат матичен број, излегува цел историјат за мене како пациент.Со оглед на тоа дека планирам и таму да се пораѓам, не гледам дека ми е неопходна мајчина книшка.
    Мене ми е за друго, другарка ми ми кажа дека кога се оди во социјално за да се поднесе барање, освен потврда за плата од последни 6 месеци, обавезно барале и потврда од матичен лекар за водење на бременоста, без матичен гинеколог не ги примале барањата како комплетни,сите што одат на приватни лекари,мора да бидат пријавени и кај матичен гинеколог за да имаат комплетни документи за социјално. Па да не испадне по најново дека во социјално бараат и мајчина книшка како доказ за целата бременост?
     
    На Gemini2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Епа мене тоа ми беше муабетот. Затоа и сакав и со сите вас да се советуваме затоа што ова матичниве не ги чуе за објаснување или пак за некои законски процедури. Бог да чува мојов матичен не само ни м од мајчина книшка туку ништо ако сама не му ги дадам резултатите од крв или друго испитување дури и заборава дека сум имала преглед или упат за некаде па искрено среќна сум што имам резерва приватен гинеколог во систина (што е многу по ок) Испаѓа да имаме матичен за документација а приватен за добар преглед. Ама па тоа повлекува чепатење на две места затоа што матичниот ќе дигне нос ако му кажеш дека сакаш само документи. Јас разбрав нешто и дека при пораѓај ти ја бараат мајчината книшка така да ништо чудно и во социјално да ти ја побараат како тргнала работава.
    Абе наместо да уживаме во најубавиот период од животот ние се зезаме со папирологија .

    Поздравче мамички :*
     
  15. Gemini2

    Gemini2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас разговарав со една акушерка што случајно ја запознав преку пријателка. Ја распрашав околу мајчината книшка и ми рече дека порано била задолжителна потоа ја снемало и сега министерот повторно се обидува да ја воведе. Ми објасни дека е добро да се има бидејќи се случува различни гинеколози да ја водат бременоста и на крај кога ќе биде пораѓајот, докторот да нема ни појма дека бебето можеби е свртено карлично или дека тежи над 4кг и дека ќе мора царски на пример а не спонтано итн... поради такви причини, потребно е сите информации да се на едно место и без разлика колку гинеколози ги направиле прегледите сето тоа уредно да е напишано за да нема никаков проблем при пораѓање. Јас се уште немам книшка и тоа малку ме загрижува кога ќе одам на породување.
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Јас немав мајкина книшка, ниту пак некој ми ја побара.
     
  17. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Pri prvata bremenost imav majcina kniska, ama dr skoro nisto nemashe zapisano vo nea, imav tezina, pritisok isl, ama za bebeto 1-2 pati zapisano samo od pocetokot, a tie slikickite i drugo gi ostavashe kaj nego vo karton, verojatno za da ne gubi vreme so zapisuvanje :^) , pa koga otidov so problem na specijalisticki pregled, rabotava kriticna (na kraj pod itno me porodija so carski), toj dr mi veli daj rezulatati i sledenja - nemam, kaj maticniot se, ok veli, ama barem treba da imash majcina kniska, imam, koga ja vide lugje taka ubavo me iskara :$ , ne tolku kritika kon mene kolku kon maticnite sto ne 'gubat' vreme da stavat se na edno mesto i da moze koj bilo da prosledi razvoj na bebe i da proceni dali ima problem ili opasnost ....
    Pomina sto pomina, pa koga mu otidov posle na maticniot pa jas na nego :swear: :fubar: :$ i sega za vtorata bremenost se mi zapisuva vo majcinata, bashka mi dava kopija od rezultatite, za da si imam se kaj mene... Daj boze se da e vo red i da ne vi ja baraat, t.e. da nema potreba, ama ako e nesto itno ili se vo nedoumica ili ne se zapoznaeni so slucajot, doktorite pred poragjaj najcesto ja baraat za da prosledat razvoj na bebeto... Izvinete za dolgiot post :tmi:
     
  18. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    а дали тие што скоро сте зеле мајчина книшка плаќавте за неа?///
    јас денес бев само да си ја земам,ми се јави дека ми е готова и ми зема 500 денари??????????????
     
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227

    Зошто ти зеле пари за мајчината книшка???
    Што е работава? Мајчина книшка не се наплаќа, тоа е исто како здравствена книшка, не ја праша зашто ти зема пари?
     
  20. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Mene mi zedoa 50den.za majcinata kniska.By the way znae nekoj sto znacat kratenkive NT(O,7) NK(pozitivno)