На мене матичната ми ги запишуваше неделите и резултите од крвниот притисок. Ми рече дека биле потребни, ама кога отидов да се пораѓам не ми ги побараа.
Da i kaj mene vo prvata bremenost se zapisuvase pritisok ,tezina,pregledi no nikoj ne mi ja pobara mozebi zaradi toa sto se porodiv vo privatna bolnica
Феминки здраво. Извинете може е поставено веќе прашањево, но ме интересира каде се купува мајчината книшка?
Мене ми ја отвори матичната. Не платив ништо. Секој преглед ми го води во неа, податоци за мене и за бебето. Убава работа. Но, ако докторот нема пракса да пополнува мајчина книшка не верувам дека и да купиш од некаде ќе ја пополнува само за тебе.
Мамички. Ми текна дека сум слушала за мајчина книшка. Вие имате ли? Кога ви ја отворија? задолжителна ли е?
Ми ја отвори докторот кога ми земаше брисеви, а внатре ги пишуваат податоците која недела си притисок, тежина.
Во Штип, во болницата барат мајчина книшка, нели таму има информации во врска со бременоста, крвна група и рх фактор, прегледи, брисеви и др. па полесно им е на др за пополнување на историјата. И мене мојот матичен не ми е уште отворил, ама ќе го прашам наредната контрола.
Ne ti treba ene ja od merak ja zemav prazna si stoi. Kaj sto ti ja vodat bremenosta imaat sve vo samiot tvoj karton. I ako privatno te vodat si imaat evidencija za sve. Eve me pred poragaj nikoj ne ni bara veke majchina knishka Si imam papka so ispituvanja i dokumenti, pokazav sve i sve si vnesoa vo kompjuter.
Mene mi otvori maticnata i si zapisuva za sekoj pregled pritisok i tezina i sto ima videno na pregledot,isto i od skrininzite gi zapisuva merkite.
Значи сите различно. И јас матичниот кога го прашав ми го рече истово, демек имаат историја за се дека не ми треба. Ама ај вика да си прашам за секој случај искуства од други. Јас од мерак ќе го прашам уште еднаш нареден пат кога ќе одам по упати да ми даде Па тоа е работата кај мене што кај него одам само за упати. Греота човекот ниеднаш го нема видено бебето. До пред прв скрининг одев кај докторот што ми правеше ивф, а сега си одам приватно на контроли и скрининзи. Затоа не му инсистирав минатиот пат да ми даде, а што вика софи си имам копии од сите испитувања што сум ги правела. има и кај него и јас си имам мои примероци.