obicno ja imat doktorite i tie ja davat ne znam zosto tvojot dr ne drzi majcini,zar na nikoja ne i dal do sega.
И те како се пропушта без мајчина книшка. Наместо др. да отвори и цела бременост од почеток до крај да види како одела, треба да се објаснувате на секое како било, па снимки, резултати со вас, крвни слики... За жал здравството во мкд е катастрофа и мене искрено ми е жал кога читам како се води бременост во мкд како да си на пазар, без ред, па доктор ти се понаша, па еден ден ваму друг ден кај друг, па трчај по крвна слика, па врати се, страшно. Во Југославија без мајчина книшка не можеше. Во Европа исто. Мајчината книшка да си ја имате и носите секаде со вас. Ако некаде паднете во несвест во неа пише се што досега сте имале или немале, крвна слика и терапија.
Јас тотално го разбирам ова и знам дека е повеќе од пожелна, но знаејќи дека оваа книшка никој не ја користи, а членката сака да ја има чисто ради себе, затоа ѝ кажав дека "не пропушта". Ниту има кој да ѝ ја пополни (освен сама), ниту пак некој ќе ѝ ја побара.
Јасно. Али ако сите земат со себе и инсистираат да им бидат внесени сите податоци внатре ќе почнат да се менуваат работите. Незнам, толку ми е испуштена од раце таа држава мислам дека никогаш нема да се среди ништо.
И нема да се среди. Стално ќе биде средено како "мачката со опашката". А ете на членкава погоре веќе ѝ кажале дека не ги ни произведуваат мајчиниве книшки. Џабе да инсистираш кога не е ни до докторот.
Жени ако нешто не следува зошто да не го имаме, јас се зачудив поради тоа што видов дека некои членки имаат а мене ме лаже др. дека не се произведуваат затоа сакав да знам. Плус другарка ми која кај истиот др. ја водеше бременоста од пред 1 година баш сега ми кажа дека нејзе др. и дал и дека истата може да се искористи за еднократна помош,тоа не сум го знаела пр. Мислам дека треба секој да ја поседува ама кај нас се е обратно така да....
Мене ми даде мајчина книшка и кога ми ја даваше и рече на сестрата види јави се немаме веќе книшки зошто не се стигнати. Пред недела дена кога бев на преглед сестрата после преглед ме седна и ми бараше податоци за електронска мајчина книшка.
Дали сите имате майчина книшка? Йас бреметоста йа водам кай двайца др, ке одам кай матичниот другата недела па ке му побарам. 30+1 сум.
Збунувачки мене сестрата кај матичната така ми кажа, рече нема потреба од книшка зошто се' се води електронски, но ако сакам за мене може да си купам.
Мене матичната докторка ми ја даде во 6 недела кога слушнавме срце и кога одам кај нејзе на секој преглед ми ја бара и си води евиденција се што правам и која недела одам. Исто и на клиника кога ме задржаа ми бараа мајчина книшка
Мајчина треба и за породилно и за исплата за прво, второ ... дете. Бар мене ми кажаа кога бев со првото дека е облигативно .