Мајчини книшки веќе не се печатат, ако некој има тоа е останато од 2015/16, од тогаш наваму нема. Вие што сте со втори деца можеби имате, но останатите нема како да добиеме. Го прашав јас матичниот. Така да, не верувам дека ние би имале некој проблем .
Се печатат јас имам од почетокот. Сите што ги знам имаат. И според мене се доста практични. Сите испитувања, компликации се е запишано внатре па кој доктор и да те прегледува ја има на увид целата твоја историја.
Можеби, не знам. Јас прашав и тој одговор го добив. Бидејќи бев на едно предавање каде се спомна мајчина книшка и кога не прашаа кој има, од сите таму само една трудница имаше. Затоа знам дека мнозинството немаат. А сигурно е практична, не викам не.
Другарка ми се породи на 30ти октомври. Ми кажа дека и барале мајчина за да и исплатат второ дете и за породилно. Не знам како е сега од мое искуство, 2016та знам дека бараа, баш ќе видам на прв преглед во четврток што ќе каже гинекологот.
Хм, ќе прашам и на ГАК, во среда сум на цтг баш да видам што ќе ми кажат. Во секој случај цела бременост немав таква книшка..
Јас кај матичниот гинеколог не сум била на преглед, одам на приватно. Претпоставувам на приватно не ја даваат. Ми мења нешто ако ја немам?
Исто и јас од првиот преглед кога дознав дека сум бремена одам на приватно и немам мајчина книшка. До сега не ми затребала за ништо а сум 26н4д. Но гледам дека ја бараат во документите за еднократна парична помош за новороденче, деновиве сакам да одам кај матичниот и да го прашам околу ова. https://panacea.mk/prava-na-patsienti-kako-da-zemete-ednokratna-parichna-pomosh-za-novorodenche/
јас немам мајчина книшка, досега кај матичната сум била само за брисеви во 12 недела и толку. бременоста ја водам на приватно во систина, кога ќе дојде здравје времето за пораѓај ќе ми бараат ли? Само извештајите ги чувам од систина досега од контролите што сум ги направила.
@Jana06 @Nairobi88 @Veki4kaa И јас бременоста ја водев приватно. Кај матичен одев за упати, брисеви и слично. Таму ми кажаа дека морам да имам мајчина книшка, сама си ја купив, пола град го свртев. Тогаш, летото, најдов во Просветно дело до Јосип Броз гимназијата. Еднаш ми пополнија и повеќе не. Се породив во октомври во Ремедика и таму никој не ја спомна ниту побара. За поднесување за пари за прво дете и за породилното исто не ја побараа. Не знам дали бараат во државниве болници...
Вчера матичната ми рече дека ми треба мајчина книшка ама рекоа немале моментално. Да сум купела сама па да ја однесам да ја пополнат. Прашањето ми е каде има да си купам? Да не лутам по сите книжари....
Мајчина книшка ИЛИ потврда од матичен гинеколог. Така да не мораш мајчина. Јас само со потврда завршив работа.