1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчина книшка

Дискусија во 'Бременост' започната од ivanovicka, 9 јули 2012.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас до 5-6 месец немав мајчина книшка. И потоа во еден ден ми изнапиша се. На наредниот преглед ми вели, кај ти е мајчината книшка? А јас бидејќи ја заборавив и реков-па немам :rofl:
    И ајде од ново пишување пак. Едната си ја чував дома, а другата ја носев постојано со мене :D
    Порано мајчините книшки беа плави, големина прилично како здравствените книшки што се. Само корицата е изработена од картон.
     
  2. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Не верувам дека кога ќе стигне Денот за буце да излезе, дека ќе ме вратат ако немам мајчина книшка :lol: Зборував и со други трудници исто како мене добиле одговор дека нема од фондот мајчини книшки, наместо тоа на обичен лист (копија од една страница од таква книшка) им биле запишани притисокот и тежината. Јас тоа го добив од матичниот и си го носам секогаш кога одам на преглед.
     
  3. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Најново за книшките: Министерството за здравство платило 4000 мајчини книшки од Уницeф и биле распоредени по 100 кај сите матични гинеколози, а има 25000 трудници годинава, НА КОГО ПОПРВО. Матичните заедно со породилиштата се договориле воопшто да не ги пуштаат во оптек тие книшки додека не се набават доволно за сите, затоа при пораѓај не бараат мајчина книшка (виолетови се многу убави, ги видов).
    Јас си купив од книшарница 45 денари и му ја однесов на матичниот и тој ми го кажа ова погоре. Старите плави мајчини книшки не се валидни. Мојот матичен ми рече да не се секирам ако дојде нож под грло работата ќе се договорат со гинекологот што ќе ме пораѓа.
     
  4. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    па мојава бела е.... не сваќам сега која треба да ја имам? :?:
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    мојата е лила ги даваат во пластифицирано како две книжулиња едното е мајчината книшка а другото како проспектче здрава бременост исто лила боја. Мене баш ми се слатки но ме нервира тоа што освен килажа и притисок друго не ми пишува.
     
  6. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    и сега сите со различни книшки :) мојава не е убава обичено бело картонче и све и свашта бнатре да запишат.и од каде да знам сега јас со која книшка ке ме примат во GAK? :?:
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мојата е бела, ништо посебно, на прват страница ја пишува ординацијата, и внатре се си имаше матичната запишано , уредно...
    е денес докторот шо ме прегледуваше на болница ја отвори и си читна нешто внатре шо е како е ;)
    веројатно сите имаат различни книшки...
     
  8. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    знаев дека ќе пишеш :) поддршка си ми за се :lol: ти си на ред за да се породиш ако тебе те примат со бела книшка и ние идеме по тебе :D
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    хехехехех баш ми е мило :*
    абе уште не ме сакаат на болница , покасно да сум одела ми викаат :D
    п.с ама мајчината книшка помина :lol:
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.317
    Сабајлево ми се јави золва ми,била во посета патронажа кај неа и и побарала мајчина книшка,инаку докторот никогаш не и спомнал такво нешто,и сета е во паника тој и рекол некој во Скопје нека ти купи,само таму ја има по книжари :^) ма да нема врска таа книшка :^) .И кај да одам да ја барам сега?
    Инаку 8ми месец е ,не верувам дека на крајот ќе и заврши работа :^) иако тој и рекол ќе ти препишам се од досегашниве контроли,ма да не верувам.
     
  11. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    епа ти ако си од скопје убаво ви рекле дека ги има по книжариве 50ден е. бела :lol:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.317
    Фала Форко,ме чуди што во Штип и рекол ја немало,само Скопје :^) Ма немој,овој и матка нешто :^)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    и тоа што викаш... не може за една книшка до скопје да се иде.распрашај се и тамѕ ако не па ке помагаме :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    а заошто сами да си ја купувате??? па нели треба да ја има докторот во ординацијата??? или нека му се јави на докторот и тој нека и каже кај има ;)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    ооо што те гледам чудна.. тие не гледаат ко пари а не па да не тинтарат за книшки :)
     
  16. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Mojata e sina...ne e bitno kakva e po boja koricata na kniskata,tuku sto ima zapisano vnatre.Sepak pozelno e da se ima,kakva takva...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    мојата книшка пред 3 год беше плава , а сега после втората контрола ми даде матичниот лилава и рече дека се нови :?: јас до душа не бев во тек ,ама гледам дека се запишува внатре после секоја контрола
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Се породив...

    Eдно прашање до сите породени мамички: Дали ви побараа мајчина книшка? :^)
     
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Јас пред 3 години кога се пораѓав не ми бараа а сега како е незнам како е секој различно кажува.Баш утре одам на гинекологија ќе прашам и ќе е известам ;)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Како што ветив да е известам :)
    Ја прасав докторката за м.книшка а таа ми реше гинекологот да си го прашам :^) (не е и некој одговор) ми рече не е толку битна ти за секој случај чувај си ги во една папка сите документи :) Абе сите различно ни кажуваат :?: јас не купувам од принцип што и првиот пат немав и не ми ни барааа вие како ви е волја,поздра мешиња и не се грижете многу :hai:
     
    На Delgadina му/ѝ се допаѓа ова.