1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчина книшка

Дискусија во 'Бременост' започната од ivanovicka, 9 јули 2012.

  1. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    јас мојата ја носев и зашто за џабе па дури и ја скинав несакајки хахаха
     
  2. Balea

    Balea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки.Мојата матична ми даде мајчина книшка и има листа за ехо прегледи,но ете не сум стигнала да ја прашам што значат кратенките. Следен пат обавезно ќе ја прашам. Дали во меѓувреме некоја знае што е тоа ТАЗ
     
  3. dacysh

    dacysh Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    На мене матичниот гениколог ми отвори мајчина книшка уште при првиот преглед кога ми кажа дека сум бремена, секако прво ме праша дали сакам да ми отвори ми објасни за се што ми е потребна и јас се согласив, па ете кога дознав дека сум бремена (кога ми ја отвори мајчината книшка) бев 8 недели па се до денес сега сум 35 недела ми запишува се во неа целата бременост ми е напишана во неа. Исто така имам слушнато дека треба да ја носеш мајчината книшка со себе кога ке одиш на пораѓај треебало да ја носиш со себе за да се знае целата евиденција за бременоста
     
  4. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    и јас сакам мајчина книшка :( еве влагам у 9ти месец и никој не ми спомна дека ќе ми се отвара таква книшка. Едино што имам е едно ливче во кое ми впишуваат килажа и притисок почнувајќи од 3ти месец, а 3 пати до сега ми имаат евидентирано килажа и притисок- има некоја од вас ваква евиденција на ливче? има ли врска ова со мајчината книшка? :?:
     
  5. JustBlack

    JustBlack Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Јас пред некој ден го мрашав мојот мојот Др. и ми рече дека министерството од неодамна пак ги вовело мајчините книшки и сега ќе им ги праќале во сите ординации па ќе ми дадел.Иначе како што читам по формуниве и не е кој знае колку потребна(убавото е тоа што се ти е запишано на едно место).

    Мене ни на ливче не ми пишуваат ама ме водат во комјутер,така да ако сакаш побарај си да ти испринтаат повеќе податоци
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не ми е јасно зошто така? Јас не ја побарав, сестрата ми ја отвори истиот преглед кога потврдивме срцева акција. Внатре пишува притисок, килажа, ехо, резултатите од скринингот и приската, наредната недела треба да правам Комбсов тест дека јас сум рх негативна а мм е позитивен, и тоа е забележано, секој упат што ми го има дадено е забележан. Веројатно зависи од лекар, зависи од тоа колку памет имаат. Па не е тоа бре некое ливче за јас дома да си го носам?! Тоа е книшка која секогаш ќе биде сведок за целата бременост, за сите позитивни/негативни работи. Барајте си, сите имаме исто право!
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Денес матичната ми даде мајчина книшка, но ништо не ми пополни внатре.
    Дали, јас сама треба прво основни работи да попослна, или да и речам на неа да ми ја пополни.
    Колку што разбрав, таа мајчина книшка е всушност со истите податоци што ни се наоѓаат во картонот кај матичната? И служи за истите инфо, кога не сме кај матичната,така?
     
  8. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    по правило треба она да пополнува и на секоја следна контрола ти ја бара да види што напишала зошто неможе за сите да памти а и попрегледно и е се е пред неа, зошто ја оставила празна баш ме чуди нема што ти да пополнуваш има работи во неа за кои она прашува ти одговараш и пишува секој изгледа работи како сака бог да чува, тебе не ти е таа за украс тука за следење на бременоста
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^во вторник ќе треба да одам по резултати од брисеви и крв, и баш ќе и спомнам.
     
  10. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Секој преглед треба да ја носиш и да ти ја пополнува,но треба мајчината книшка и здравствената книшка да ги носиш секоја заедно и секогаш со тебе кога одиш на лекар.За нешто ако треба да се знае да може да се види од книшката,се во врска со плодот,твојата тежина и притисок...
     
  11. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    јас вчера му спомнав на докторот за мат.книшка,ми вика- а бе каква книшка, што ќе ти?! :o и толку, што ќе ми :^) а стварно за што е таа? ако е задолжителна сигурно немаше така да ми каже :?:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^мое мислење, дека таа книшка во недеј боже случаеви, ти се слоши, на пат...или било каде каде што не е твој доктор, ти е максимално добродојдена. И подобро да ти стои,да си ја имаш и да ти ја пополни.-Мое мислење пак ќе речам.
    Ама изгледа ги мрзи.
     
  13. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    е има логика, мене едино што ми кажа при утврдување на бременоста (5та недела) е да носам секаде каде ќе одам со мене- картончето која крвна група сум. а за мрзење сигурно ги мрзи, поготово овие постариве доктори и сестри :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Денес кога ги носев резултатите кај матичната, и велам на сестрата, сега секоја контрола да си ја носам книшката за пополнување?
    -Маа неее, што ќе ти е.... :^)


    А искрено, сметам дека за недај боже е потребна. :?:
     
  15. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Таа навистина е потребна посебно за пораѓај. Мене матичниот ми рече на секоја контрола да ја носам за да запише како се развива плодот.
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Јас инсистирав на мајчина книшка, и сите наоди што ги правев во текот на бремеоста си ги чував педантно спакувани во папка заедно со мајчината книшка и си ги понесов во болница. Таму никој не ми ги побара! :(
    Само еднаш една сестра ме праша дали имам мајчина книшка (кога ми ја отвараше историјата), и јас ја прашав дали да и ја дадам...ми рече не, само прашувам :wasntme:
    Пред да се пораѓам си ја држев во раце и никој не ми ја побара, докторот дури ми рече `што си го фатила тоа во раце, остај го не ми треба` :)
    Така да незнам, мене никаква работа не ми заврши за во болница...едино за мене да си имам евиденција.
     
  17. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Same here :hai: И јас настојував на мајчина книшка и сеуште си ја чувам папката со сите испитувања и кога лежев на ГАК никој не ми побара ама буквално ништо . А матичната ми рече, Џабе ти е мајчина нема да ти ја побараат ....
     
  18. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Дали ќе ја побарат или не е неважно,важно е да се има и секој преглед да се пополнува.Нека им е неважно вие барајте си да ви ја пополнуваат.Должни се без пари да ја даваат а не да ги мрзи да ја поплнуваат.
    Таа е за мајката ,а и наводно за поднесување на еднократна помош од социјално барале мајчина книшка.
    Ништо проблематично ама барајте си.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Пред 2 недели кога бев на контрола,ми ја побара мајчината книшка, а претходно кога прашував ми велеше не треба. љ :fubar:
    И нормално јас не ја носев,бидејќи ми рече не треба.
    И после ми вика, ај дома пополни си сама тоа што знаеш.
    Па ај со мерак седнав дома и пополнував.
    А вчера ми ја попара, и само притисок и тежина запиша,др. не.
     
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    146.457
    Пол:
    Женски
    би требало сите контроли што ти ги правел да ги запишува.тежина ,притисок,хемоглобин,и мерките на бебето мене тоа ми запишуваше секоја контрола до36та недела.после тоа еве одам еднаш неделно не ми ја ни бара.мајчината е за да имаат во породилиште информација како ти се одвивала бременоста .