Во Чаир ми рекоа дека ми важи,се дури има убаво разбирлив печат од трансфузиолог. а мојата има за среќа
Јас имав мајчина книжка и за двете деца. За првото скоро празна беше, а за второто кога отидов нс ГАК ми кажаа дека пополна книшка не виделе до сега. Што значи дека повеќето се со празни книшки. И покрај книшката се ме прашуваа, полесно им е така најверојатно. Значи за сите оние без мајчина книшка да не се грижите. Доволно е матичниот со упатот да ви даде извештај. Ви посакувам на сите мешиња со лесно.
А задолжително ли е да се носи пред прием за пораѓај мајчинска книшка? Искрено, бремена сум со второ дете и ниту за првото дете, ниту до денес, додека не падна муабет со докторов за евентуален прием во болница,никој ниту ми спомнал ниту ми побарал ваква книшка. Денес првпат од докторов слушнав за такво нешто.. И дали има поента да вадам книшка допрва,ако ја носам празна?!
па за големина на плодот си ги чувам сликите од ехо од докторот, таму ги има сите мерки, ќе им ги однесам, нека си запишат а притисок освен дома самоиницијативно, ниту еднаш не ми мерел матичен..
На ГАК не ме ни прашуваа за големина на плодот. Само ми ја побараа книшката и ливчето за крвната група.
Мене до сега матичниот гинеколог не ми спомнал Мајчина книшка, а сум трет триместар. Треба ли сама да си ја побарам? Реално дали има потреба од неа за породување или вадење документи за бебето? До сега сите резултати и мерења ми стојат во картонот кај гинекологот, јас си ги имам само сликите.
Мислам не е задолжителна Јас сите прегледи ги правам приватно Мајчина книшка имам со три прегледи во неа и толку
тоа е за мајчина книшка, крвната група. лабораторија обавезно се прави, тежина ти запишува... и тоа е, ти ја отвара матичен
Iskreno neznam koja e poentat na majcinata kniska,nekako mnogu formalna rabota eve za prvoto imav a sega sum 7mesec i nemam kniska
Во неа се води евиденција за прегледите во бременоста. Јас и за двете бремености имам книшки, ама не ми ги побараа на ГАК.
Da znam,megutoa eve sega ne mi otvorija kniska a bas sakav ,na sekoj pregled go prasuvav maticniot za kniska no toj ednas mi rece: ti treba za negde?i poveke ne prasav
На мене матичната самата ми спомна за книшките. Ти побарај од твојот матичен. Кажи му дека си слушнала дека на ГАК бараат книшки.