за малку и јас ќе ја фатев јубилејната Добар ден Накратко да ве поздравам Деца напорни до небо и назад Таман едното ќе се смири се активира другото лудило Него вечерва одиме да гледаме стан Не сум баш најреќна дека сакав куќа а не стан,ама сепак држете ми среќа 20 фамилии за еден стан и те како треба да си среќен за да го добиеш Ако бидне тешко мене,од сега почнав да се жалам Селидба сама и децава Доброто е што во тоа село ни е градинката а има и маркети Толку мајки од мене Да зачистам малку и да се спремаме
Еве сум и јас Многу му се радувам на снегот да ви кажам. Односно повеќе се радувам на тоа што барем ќе го исчисти воздухот. Маж на работа беше до 6, па јас со синко се занимавав. Денеска убав ден се погоди, особено кога видов колкав бонус сум добила од работа ќе има частење. Спржив за ручек набрзина мевце, исецкав зеленчук и ручавме. Па ај благо бараа машкиве и им направив мрзлива палачинка Ја бендисаа и сега ќутат и гледаат цртани...т.е малово заспало гледам одам да ставам садови во машина и да уживам. Убава вечер.
@Saraa majka kalo ti pomina odbivanjeto? Jas psihicki se dpremam xa toj momemt... Здраво во оваа вторничка днежна вечер.Пре-емотивна сум денес,детето ми прооде! Кога го рпдив,кога почна сам да чекори?! Љубов мајкина!Јас на работа дур сум била,они се чувале со мајка ми,и и се истргнал од раце и си тргнал сам кон фотељата Друго...малку подразочарана од маж ми.Ми фалат муабетите со него,по цели вечери сме си збореле,а сега ко да го замара све што ке кажам.Така се осеќам.Ќе го кулирам некое време.... Ајде да одмараме во остатокот од снежнава идила од под ќебенце поздравввв
Пак јас Го добивме станот,мене душата ме боли за ќерка Овде макар дворче имаме... Врзана е и за магарчињата,нон стоп бара да трча со нив, или макар ќе ги гали од прозорот Башка овде се родени, најубавите спомени ги делиме со ова мало куќарче Неможам да заспијам колку сум тажна Станот е измислен за ова овде кај што сме ама сепак. . .најсреќните моменти во животот ги имам тука
Овде сум, ве читам чат пат ама ретко пишувам, всушност долго не сум пишала на форумот. Откако ми заврши породилното немам толку време, на работа, па деца да прибереме, домашни обврски, и тоа малку време што ми останува гледам да прочитам некоја книга или филм да изгледам. Форумот го отварам навечер кога го успивам синко со доење, ама најчесто пред него заспивам. Фала што ме помисли.
@Mari* немој да си тажна. Сигурно се селите поради милион бенефиции кои ги добивате заедно со тој стан. Тешко е да се напуштат спомените, општо на секој човек му е тешка секоја промена која го вади од секојдневниот колосек, но мисли на добрата кои ги добивате со селидбата. Ако си ти тажна ќе биде и ќерка ти. Почни да и зборуваш за што се убаво има таму кај што ќе одите, спремај ја помалку и залажувај ја со пример: прошетки во маркет, шопинг или не знам што она сака ...ќе и кажеш дека магаренцата ќе ги посетувате некогаш за викенд... Со среќа нека ви е и само позитивна мисла нека те води
Да се пријавам ,дете заспано јас и психички и физички заморна, се опоравуваме од роденденот а јас си почнав и на работа беба дома до баба но некако не им оди баш најдобро кога доаѓам двете се ужаш едната плаче по мене, другата плаче од неа демек заморна била госпожа бе,е па се нафати да ја чуваш сега чувај и молчи и не ми ја трупи главата кај што ми е од раработа натрупана, гледам дека не им оди најдобро, како ќе мине овој период на адаптација незнам, кога идам си удираме една серија плачки двете со беба па го тераме остатокот од денот, мајки вие како го поминавте периодот на адаптација ве молам за помош, како се навикнавте, како минаа плачките? А бе ќе си пукнам па се чувствувам и виновна шо одам на работа како некој криминал да правам, кога идам како некое убиство да сум извршила се осеќам виновна пред беба Друго ништо ново кај нас, најново р почетокот за двете на кој тешко ни оди, ќе поплачеме ќе муне, ве поздравувам и гушкам сите и ви благодарам од срце за искрените честитки за роденденот на беба @Mari* честитки ,со среќа и со убави моменти во новиот стан
Добро вечер и од мене. Ја видов јубилејната, ама се фатив со обврски и ми кидна. Ништо ново нема. Се чуваме со синко по дома. Се помислив да го изнесам денеска, ама излегов сама до маркет и некако многу ладно ми се виде. Сега ми е криво што не излеговме на сонце и снег малку. Инаку кога е надвор е бајче. Глас не му се слуша. Од денес нова финта за заспивање. Му ставам капа, го покривам со кебе и отвараме балкон, демек одиме папа. Се смирува и успива за 5 минути. Ќе го практикувам ова од сега, инаку многу тешко почна да заспива денски. Да се пожалам и јас малку. Прееска му се налутив на мм. Може претерувам, ама ме изнервира. Ноќе врзува сон, не станува, зошто синко и онака за цице станува. Прееска сум задремала додека синко спиеше. Се разбуди и он наместо да стане да го превземе да подремам, си спие. Станав нервозна и го земав бебо. Ете го за 5 минути станува и го превзема демек да дремнам уште малку и наместо да го заигра, го шета на раце, а знае колку ме нервира тоа. Прво се учи да го шетаат, а второ си сака занимација, да му зборува човек и ќе си лежи или седи во релаксатор. И толку од моето дремење. Сега конечно се испружив и се молам да не станува често ноќеска. Имајте убава вечер.
@tarantula se odbivavme dva tri meseci, najprvo bese strasno detevo place, se valka po krevet, vo race po celi noki. Taka vaka stignavme do dve cicanja vo vecer. Pa na kraj ne daavav voopsto I eve 5ta vecer ne cica. Do sega e I podobro od sto ocekuvav, davav sokce mesto cice, pa mlekce, I eve vecerva za prv pat I spremiv cajce, ke vidam kako ke bide. Inaku cuca e 17+, koga pocnavme da se odbivame bevme samo nokjni podoi.
@tarantula лесни чекорчиња на малиот @Надежна нашата адаптација беше во градинка. Јас пошто сум голема плачка мислев ќе плакам ама чудо бев не заплакав ниту еднаш туку се смеев кога ќе ме види и и викав браво супер беше, ти си добро дете(така ме советуваа од градинката) . Со баби не сум ја оставала толку долго само на неколку саата и не било проблем ја шетаат, ја занимаваат и супер било.Мојата не ги познава доволно бабите и дедовците само по скајп.Еве моите ќе дојдат за 2 недели па ќе видиме како ќе ги прифатиСо лесно побрзу да се навикнете @Mari* со среќа да ви е станчето уште поубави спомени да создадете во него Мајче немој да си тажна спомените ги носите со вас.Имате слики ќе се потсеќате. А најубавите моменти доправа следат.Многу сила ти посакувам за селењето и со лесно да се преселете и адаптирате Добро утро ♡ Дојдов само кафе да донесам еднаш и јас да се покажам како домакинка Малата на градинка однесена.Јас мора до ДМ да идам да извадам слики за проектот да ги залепам и да го однесам после ако стигнам де. Поздрав мајки и убав ден
Добро утрооо терам второ кафе дома па ќе се бањам и фенирам. таков е планот маж ми ме зеза вели сеа ќе ти се јават од градинка пошто реши да се средиш се надевам нема однесов дете испазарив и еве ме. маж ќе чисти дур јас се средувам Мари драга не смееш да се врзуваш за места и предмети. Спомените кај и да сте ќе ги нижете. Условите се побитни неголи локациите. Ќе ви кажам нешто од психолошка гледна точка иако знам нема да се сложите со тоа. Ако сакаме да живееме живот без туѓи влијанија без некој да одлучува наместо нас или во најмала рака да ни влијае а потсвесно тоа да не фрустрира-не смееме да се врзуваме за луѓе. Ниту за мајка татко што се вели. Јас ова дур го сфатив па дур го применив ми беа потребни 7 год. И морам да признаам сега полесно ми е. Но само во тој аспект. Од друга страна врзана сум за син ми ненормално. Тој секогаш ќе има влијание врз мене но други е твое дете а друго е личности кои дефинитивно знаат да се некогаш и кочница во животот. Нивниот страв нивниот бес нивниот очај знае да влијае врз советот кој некогаш ни е потребен и ни го даваат. И исходот на крај не е убав баш поради нивните измешани чуства додека ни го давале советот. Затоа кога морате нешто да одлучувате разговарајте само со партнерот. Зошто само Вие двајца носите исти чевли. Никој друг од страна. И така. Убав ден мајки.
Добро утро мајкички. Ние посабајле ги испративме дада и тато и назад во кревет. Недичка испи 90мл млекце, 50 мл чај и сега се надевам дека ќе нанка некое време за мама да испие кафето на раат. Што ми е убаво кога го пијан кафето во спална, беба нана до мене, а никој не ме замара (во спална никој не смее да ми влезе ) За попладне се договоривме со мм да одиме да уплатиме за одмор, најдов супер понуда со попуст за рано букирање ако се закаже до 28.02. После да ги носам на ручек, јас се обидов да го убедам да одиме сами, два месеци муабет раат не сме направиле, ми се седнуваше некаде со салата и ракија ... ама ништо, и децата да сме ги земеле, лут им е на сите па не сака да им ги остава децата. Бог да чува. Денес денов сончев, ветува, ми фалеше сонце да ме наполни со енергија иако и снегов се погоди да исчисти тоа ѓубрето од воздухот. Ќерче му се изнаужива на снегот, ептен и се направи меракот. Поздрав на сите, убав ден
Добро утро. Ја видов јубилејната ама не успеав да пишам Синко е во некоја фаза леле мори мајко. Држ не дај е работава. Му откажа љубов на денското преспивање,па по цел ден е обесен околу мене мама ова,мама тоа,неее,даааа Јас се маткам ба,забно скоро секој ден поправам,лечам,ставам заби. @tarantula лесни чекорчиња. @Надежна со големо задоцнување со среќа роденденот. @Mari* и јас сум како тебе,гледаме станови,бираме од една страна пресреќна од др тажна. Ама спомените не остануваат таму од каде што ќе заминеме. Ќе си ги носиме со нас,ќе градиме нови уште поубави. Радувај се се ќе ти биде на дофат на рака,нема малтретирања,автобуси...за едно пазарење,преглед. Или измислување на разни стратегии за малата да стигне во градинка. Горе глава остани позитивна како секогаш и гушкај лепотаните од нас.
Добро утро мамички Јас не се радувам на снегов, ама се радувам што падна па мајка зеде одмор не ми е за да ми причува бебе пошто ми е тешко, ама плакарине плачат за прередување и чистење и фрлање на алишта, искрено не ни знам што имам, а што немам, од неможност идам во 3 блузи и веќе се лити и за фрлање Па така денес ли, утре ли ќе има генералка на плакари. А и кај бебево да средам исто, купишта омалени алишата има па да пакувам во вакум ќеси Бебе стана во 6.30 за да се искака, ама не бидна ама затоа пуштив машини, средив садови и таман завршив му се приспа, па пак си прилегнавме, јас станав во 9ч, ама бебе уште спие. И прашајте каде спие, во количка не сум креветче И вчера пола ден во количка преспа, па искрено досадно ми беше на моменти Ми се шета, ми се оди некаде, ама избор имам или на тераса да си постојам или во двор да прошетам Сакам и бебе во снег да сликам, ама не знам колку ми е паметно да го вадам на минусни температури, иако е само -2 ама па си викам воздух да вдиши на 5-10минути, од ладно ништо нема да е, па и да му поруменат обравчињата убаво ќе е Нека се разбуди и ќе одлучам Кафе пиев, на какао ми текна па ми се припи, да допишам и идам да си направам, а знам штом станам марфи ќе проработи и бебе ќе отвори очи Од чаеви и домашни компоти и сокови ми се збоктиса, па решив неделава ќе одморам од нив, пијам само вода и купечки сокови За ручек немам никаква идеа, а ни апетит, може јајца да спржам, топол ручек да има А може и мајка ќе викне, прати дома е нели Бебе се распрде, изгледа се буди, па толку од моето какао
Добро утро мајчиња! @Mayyya мене ми фалиш во инстаграм темата крадев идеи стално @Надежна немаш опција градинка за да не поминувате низ адаптацијата со баба? Малку чудно така од баба да реагира. Сфаќам како Ава да е или мој случај, во разл држави живееме со бабите и дедовците, ама вака Јас и кога би имала баба покрај, за градинка пак би се одлучила. @Mari* пред да останам бремена сменивме стан, новиот ни донесе најголема среќа, моето бебуле, ви посакувам уште поголема вас да ве дочека! Кога и да се растажиш, сети се на убавите моменти кои тек ќе ги имате во новиот стан Бебе спие, одам да се спремам и сама у бољи живот да се пуштам, читај кафиња ќе пијам низ градов Имајте убав ден и уживајте во сонцето
Здраво мајки , Кафе и ве читам.Снегчево убаво ни дојде, со малото се изнаигравме првиот ден . За чудо одеше кај што имаше највеке снег ,пагаше се тркалаше,се додека не падна со лицето во снег . Е тоа беше плачење а јас се смеевме не можев да се соземам .Лоша сум ама сладок беше ептен Вчера пак , ама беше толку кенкав толку се лигавеше .Повеке се измалтретиравме отколку што уживавме. И си отидовме дома за брзо.Денес идам да му купам санка . Дали дека бев дома, па користи слабост не знам. Ама е во период кога со баба и дедо е супер , ама мама кога ке дојде има кенкање ,плачење, сака во раце... Тоа е женски од мене денес. Ми дојде малку работа на глава . А не ми се работи денес, ме има фатено така некоја мрза. Што куцам ми е тешко .Башка со диетава денес на овошен ден.Мачење.. Пријатен ден @Mari* со срека станот. Уште посрекни моменти да си имате . @Надежна и син ми го чуваат баба и дедо. Ние пред да почнам со работа го остававме кај нив по неколку саати . Ем средував низ дома, ем за да се навикне.Јас почнав на работа кога син ми имаше 13 месеци . Сме немале до сега проблем со плачки . Не знам со живеење како сте, нашиве живеат во иста зграда па полесно ни е. Но јас и до 2 сум на работа така да тоа ми е олеснително, иако имам неколку пати заглавено и до 6. Е тогаш кенкал плачел ме барал, стоел на врата . Ама како и да е зар бабата не знае да ја заигра? зошто плачки ? Може до детето е , може и треба адаптација подолго време.Бидете по стрпливи поготово бабата , нека не крева раце одма.
@Надежна не знам што да ти кажам. Моето го чуваат бабите на смена. Сабајле кога ќе ги види му се темни пред очи. Моли да не одам на работа, ама тоа трае минута време. Потоа сфаќа дека морам да одам и толку. КОга се враќам е весел, ниту една од нив не се жали. Баш ми кажуваат дека супер поминуваат. обично јас спремам доручек и излегувам они го ранат, играат дома и секој ден обавезно се надвор барем саат време. Имаме парк со игралиште во близина па таму има деца на негова возраст и кога ќе се приберат јаде ужинка и го успиваат. Попладнето сме јас, дете и тато. Инаку кај мене ништо ново. Уплативме мал одмор карј на Март покрај море во all inclusive аранжман. До тогаш работа, дома. Се израдувавме ептен на снегот сите. Сите ројца сме зимски бебиња и никој од нас не сака да се прибере. Дете е два пати дневно надвор и со плачки се прибира.
Здраво мајки. Еве ручекот на бебе ставен , он спие па ред е за кафе. Појаде бебе па бевме до маркет , со количката круг околу зграда и дома , ладничко беше , на бебе обравчињата му се вцрвенија , многу сладок беше. За денеска нема план , изгледа цел ден дома ќе си бидеме , ќе си одмараме. Убав ден на сите. да редактирам заборавив @Mari* честитки за новиот стан , само убави моменти во него да имате.
Добар ден, бројам денови до викенд. Можда делувам улава, ама само си пакувам по нешто секој ден а само на 2 дена ќе одиме. Си наоѓам занимација побрзо да ми помине времето. Ми треба промена. Иако мислев леле што ќе правам по цели денови бебе рано ќе станува, има нон стоп нешто. Еве 12 е бебе спие конечно јас сега ручек ќе ставам. Битно она е подмирена со кашичка за денес. Добри сме ама кај 14:00 часот станува најтешка а јас баш тогаш имам највеќе работа. Ќе издржиме до пролет па ќе фатиме некој ред да можеме и да шетаме. Излгуваме и сега ама мака е дур ја наоблечам ќе ја измачам, ќе стане нервозна. И така, се у круг. Јас ќе се спремам па ќе и дадам да цица, па мм се спрема и кога ќе се нацица излагаме. Обично по 2-3 саати седиме каде и да одиме. Се надевам за месец дена со кашички полесно ќе ми биде. Денес на дневен ред одмор и бањање. Утре роденден, задутре пакување во кола, за во сабота само да земам дете и тргаме. Јухууууу едвај чекам....