Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Добар ден!
    Пијам кафе и го игнорирам нередов околу мене! Се правам дека се е цакум-пакум, уствари ништо не е на своето место! Така решив денес да биде, кафето прво па после се по ред, ако се има време за друго да се сработи. Ми треба расонување, затоа му дадов предност ка кафето!
    Бебката моја не ќе да е јагне како што мислев, но но, започнува и оно да диктира некое свое темпо. Тешка за заспивање ептен, душа ми вади. Ја нишкам во раце а она плаче! Не знам што ќе се прави! Спие сега, спиев и јас до скоро!

    Дадичката моја слатка утрово ја испратив во градинка! Уште е под импресии од снегот. Пред зграда ни личи нејзиниот снешко Белчо (така го викаме) кој со татко и го правеа. На патот до градинка мавала рака на сите други снешковци кои ќе ги видела. Се лути на сонцето оти ќе растопел се, додуша снешковците можеби веќе и се растопени, ама кој да види, јас секако не можам оти во куќен притвор сум.
    Баш така се осеќам, куќен притвор. Затоа нит снег сакам, нит зима сакам... сакам пролет, лето... да излезам и да се вмешам меѓу луѓе.
     
    На duffi, tina-63, Sanja1105 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    22.716
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,
    да ве поздравам од работа,исцрпена сум и очи ми се затвараат ќе треба 3то кафе да пијам...
    Фала за честитките околу првите чекорчиња.;)
    Вчера напраиме квалитетн муабет со маж ми,расчистивме недоразбирањата,и наздравивме со винце:) Затоа денес едвај очите отворени.Синко е супер за сега,освен оние тантруми.Кога ќе му кажам НЕ,почнува да плаче и се треска на земја.Го оставам некоја минутка во таква ситуација и после го гушкам. Така читав препоракио д психолог. Навистина се смирува детево.
    Уживам у временцево,малку се раскашка снегов,ама па фалеше и да забели.И се спремам да седнам книга да читам попладне ама све ми се приспива...
     
    На duffi, Monella, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Јас вака може неповикана ама зошто вие што сте со бебчиња кога има надвор снег не ги вадите надвор? И вам ќе ви годи и на бебето ќе му годи.
    Во скафандер и покриено може до пола саат малку да прошетате.
    Моето е родено во Јануари и седевме дома до кај Фебруари затоа што надвор имаше магла па не смее да се шета по скопска магла ради загадувањето. Ама и во Јануари го вадев на пет минути надвор облечен во скафандер кога ќе видев дека Пм10 се под 50 паднати.
    Кога почнавме да шетаме шетавме секој ден, на дожд, на снег, само кога има магла не излегуваме. Ако врне гледаме да фатиме период кога ќе престане и надвор сме.
    Во Македонија сме малку додуше збеснати зашто им аме супер временски услови. Ако чекаат северњацине убаво време никогаш надвор нема да излезат.
     
    На duffi, M&M, TarantulaA и 20 други им се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Добар ден мамички и од мене.Ние еве ќе тераме дремка,се успиваме демек.Да ми кажи некој,дали постои некој трик побрзо да заспива,по 1ипол-2 часа се успиваме.Последниве две вечери многу начесто ми се буди,иначе еднаш се будеше.Се мислам да не не и е доволно млекото,да почнам да ја заранувам.А денски си е нормална,5+ сме. Иначе од вчера почнав да вежбам,а и сум на некоја диета не јадам бел леб,ретко црн за доручек,благо не јадам,грицки.Мора да се слабее како некое прасенце сум,иде лето,за убаво да е али 6 свадби имаме нема ништо да ме собере. Сакам снег,али снег во декември и јануари а не сега.Утре 1ви март,ме асоцира на пролет топло временце,Март е мојот месец многу го сакам али сакам потопол март,да почнат да цутат цвеќина,да расцутат дрвата.А од друга страна барем ќе се прочисти воздухот,ќе престанат вирусиве. Ајде поздрав мами од мене
     
    На duffi, muchacha_a, Monella и 16 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.074
    @Ava.84 И јас составував такви албумчиња.
    Една поголема, стои на еден ѕид каде се закачени фамилиите на сите дечиња. Треба да сме сите фамилијарно, или може повеќе помали од потесна фамилија. Плус едно албумче со многу слики од сите членови на потесна фамилија.
    Детето кога ќе го фатело носталгија да си ги гледа сликите или пак да им покажува на другите дечиња кој е кој на сликата.
    Ние до толку со тетки, вујковци не правевме.
    Најчесто се од децата и со нас. Некоја со баби/дедо ако има, ама не се замарав многу. Малите сликички, им ги лепат на шкафчето со резервна облека, закачалката за јакна, столчето на масата за јадење и орднерите каде е досието за детето.

    @Mari* честитки за станот. Ќе се привикнете, не бери гајле. Коеолеснување ќе ти биде што се ти е на дофат.

    Кај нас се по старо.
    Треба да се цензурирам и да не ми биде дозволено да пишувам(читај кукам:tmi::rofl:).

    До вчера бев фит што бев, ама нели, чудо ќе беше една трудница со така слаб имунитет да ја заобиколи грип, па цела ноќ со 39 изгорев. Стандард, и големата, качи 39 кај 03, а малото во 06 и до 40 стаса.
    Не знам што ќе беше ова, ама сите сме како покосени. Волку тежок период сме немале. Како повампирена цела вечер шетав де во кујна за да цедам протокали/лимони и на сила да пијам, па во веце оти бешикава ништо не додржува, па едната проверуј ја, па другата.

    Сабајле првен со децата на педијатар бевме. Малото ништо не му било:envy:. Чепче по потреба и течности.

    А брис превентивно оти сестра и има стрептокока НЕМА. Не знам кој пат да го фаќам со оваа педијатарка. Ај крвна слика не мора демек, ама две мали дечиња, голема е веројатноста една на друга да си пренесат, ама не даде и не даде. Секаде каде што пробавме да не примат, да ја смениме, не одбија. Полни биле. Само ако доставиме потврда дека ќивееме во нивната општина ќе не примеле, а на приватно нема...

    После педијатар, исцрпени одвриштењето во хор, а и вожната, среќа заспаа во кола, па маж вртеше кругчиња а јас на преглед во болница(facepalm).

    Бебето уште е карлично, ама и спонтан пораѓај ќе изведувале во таква позиција, газе доле.
    Господ нека ми е напомош.

    Сум се отворила два прста. Можело саати, можело денови, можело недели да терам.
    Си знам тоа, туку да земамалиштата што се исушија да запеглам и да пакувам куферот па ќе чекам болки.Се смејам, и викам на докторкава а како ќе ги познаам болкиве кога мене и така се ме боли или ми протекува на секое кашлање:tmi:.
    На сета мака зедов мерси бонбоњерчето кое ми го поклони мм за св. валентин да се почастам :angel:.

    Пријатен ден мајки.
     
    На duffi, M&M, JuLleE и 35 други им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    40.512
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Еве ме и мене да се пријавам.
    Утрово си поплакав од мака. Веќе неколку дена синко ноќно време се буди многу често, а плус и викендот сама со него го истерав и ми дојде замор. Ама плачките не беа од замор, туку така мака ми падна. Плус малку и на мм сум му лута. Врзува цела ноќ сон, зошто синко и онака не сака кај него ноќе, се буди само за цицање и продолжува. Вчера поладнето сум задремала додека синко спиеше и кога се разбуди наместо да стане да го земе да ме остави да подремам, тој спие. Станав и си го земав детето па ете ти го он после 10 минути станува да го превземел. Му го дадов и се покајав. Уште повеќе ми се крена притисок зошто на раце со шетање најлесно му е да го смири. А дете си сака да му зборуваш да го играш. И така ништо од мојата дремка. Ноќеска згора на се хрчеше како никогаш. Јас кај со детево само што сум го спуштула и сум задремала ете ти го пак, мм од другсва страна хрчи се мислев дали да го избркам од спална. И врвот на се е, сабајле станати сме од 5:30. Синко свеж муабет правеше. Пробав да го успијам со цицање, ама немаше шанси. Се закачаше и си играше. И така будни од рано утрово.

    Мм си дојде порано од работа. Сакав да го прошетаме синко, ама ко за бељантој заспа баш сега. И тоа во количка со капа. Штета што не му го облеков и скафандерот барем спремен за шетање да беше:rofl:. Така да ништо од прошетката, туку и јас под кебе се испружив и се надевам да дремнам малку додека спие.

    @Mari* честитки за новиот стан. И не тагувај. Секој нов почеток е убава шанса, а нема да ти ги избрише убавите спомени. Јас без проблем бу се преселила во поголем стан. Ама:!: населбата не би ја менувала:D.
    Почнав да тресам глупости од премор.

    Имајте убав ден мамички:f::f::f:
     
    На karibian, duffi, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Пишувам и рацеве уште ми се тресат. Мислам животот за 10 год ми се скрати. Го оставив бебе на гарнитура и само една секунда се свртев и слушам трес. Кога се свртев он на земја. Поплака малце и престана. Го следам сега весел си е како ништо да не било. Уфф уште неможам да се соземам :whew:.

    Иначе друго ништо нема свеки ми е дома цела недела, не е на работа и така
     
    Последна измена: 28 февруари 2018
    На duffi, muchacha_a, Monella и 13 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене.
    Синко се заигра сам со штишките за алишта,а јас да шкртнам нешто.
    Нема ништо ново синко хрчи со носето само навечер преку ден е супер,но слабо почна пак да ми јади.

    Овие два дена не ми се јаде ич јадам еднаш во 7 вечер и тоа со сила.А кога држев диета само ми се јадеше,па не е лошо да почнам.Но пијам по 3-4 кафина и нешто грицки преку ден и затоа не ми се јаде.Ќутете мм што е по цел ден на работа инаку да знае ќе вика јади крвта ќе си ја расипиш и триста други работи.Кога сум кај него да кажам дека денеска ќе работел до кај 6 и ако не е уморен ќе излезиме малку јеее.

    Денеска синко беше многу умен спиеше два и пол часа.Завршив многу работи кои не ни мислев да ги работам денеска.Стигнав и коса измив и ја сплетив во плетенка.Докажано е дека жената можи повеќе работи да работи истовремено.
    Кога се разбуди синко бев во купатило го слушнав како плачи и од брзање гајчите наопаку сум ги облекла.(facepalm)А свеки беше в соба кај нас,ама пуста мајка....

    @Mari* честитки за станот.
    Јас да имам таква прилика да сме финансиски спремни ич не му ја мислам одма би заминала.

    @danichap Идол ми си мајче.
    :hug::hug::hug:


    Одам да играм со синко,остави штипки и се јази на креветче мајмунче мое.
     
    На duffi, muchacha_a, Monella и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Вчера синко се надмина од 5 сабајле до 23 имаше грчеви па цел ден не го пуштив од раце. Целата напната сабајле кога писна во 5 му викам на мм спремај се идеме у болница ова не е нормално, за после пола минута да приметам по плачот дека е гладен, не ни помислив дека 4 саати не е јаден.
    Јадеше он, го успав па под туш и кафе испив спремајки се, бев на гинеколог прв пат после пораѓај. Таман го спремив синко комшиката вика остај ми го мене кај ке го носиш по ветров. Па го оставив, бил мирен спиел цело време во раце:?:. Еве цел ден ми е во раце, некогаш е доволно да ппмислам да го спуштам за да се разбуди.
    Тука нема снег, ама има ветар -11и real feel - 17. Па деновиве излегуваме само на 5 мин или помалце. Од утре снег и пониски температури па со мм се договоривме ако бебе нема грчеви да одиме на ручек негде. Се надевам нема гости да се најават.
    @Mari* честитки за станот, знам колку тешко се наога стан тука.Во новиот те чекаат исто убави моменти.
    Толку од мене. Убава вечер
     
    Последна измена: 28 февруари 2018
    На duffi, Monella, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.193
    Допаѓања:
    124.713
    Здраво мамички.
    Бебе нана, а маж го пратив по нутела и нормално да прави палачинки:worried: Иако ништо не ме собира како ќе почнам на работа, леле, леле (facepalm) Вчера во зара колку убави комплети си начекав, ништо не земав ;( Во градите тесно и стомакот и ако земам поголем број па широко:@
    Купив 3 пара кондури иначе, ќе се пофалам утре :P И сакам уште еден :angel: Измеркани се8-|
    Друго... бебе е нервозно од вчера, дали заб ќе му никнува којзнае.... Денес нервозна и јас , добив циклус и нејќе да цица... првиот ден е секогаш така:(
    Пробуваше денес брокула за првпат, јас пеглав и и реков на мајка ми, да даде 2,3 лаж , се враќам бебе изело пола тегла и отвара усте :o Греота било 2,3 лаж кога сакало да јаде :envy: абе оди разбери се.
    Среќа ништо не му е:whew:
    @Skorpija989 уф знам како е:( Синко ми падна дури бевме во болница. Се изгубив сестрата неможела да ме освести ... Не се сеќавам на тоа , ама знам дека ме прашуваа дали има џумка, дали повраќало или сум приметила било што невообичаено...
    @Mari* честитки со љубов и хармонија да си седите :)
     
    На karibian, duffi, muchacha_a и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Денес денов ми е како петок 13ти.
    На лева нога станата и јас и детево.
    Ми нацрта на ѕид со боичка, ми откорна од едно како тапета, ми го преврти цел полн тајнир на под, јас си повикав и потоа стандард, ми беше мака :(

    Да не останам покуса и јас зедов да правам мафини, истурив брашно, заборавив млеко, па дополнително го ставав, испрскав :x хаос.

    Сега заспа, па вечер до кизнај кога ќе се дружиме.

    Овој пат ќе ја оставам да дремни, ми треба пауза.

    Маж уште на работа, се задржа... цеел ден сами ние...надвор камен -16 некаде, не ни помислувам да излезам на толку ладно...и така.


    @Skorpija989 следи да не повраќа и да се однесува како вообичаено.
    И мене ми се има случено, знам колку е тешко :hug:

    @tarantula мислам беше...лесни чекорчиња :)

    @Mari* честито! Ќе се навикниш. Поголем град, повеќе работи достапни, сигурно ќе има и некое паркче со животни ;)
    Малку преселувањето е мачно, но ќе помини и тоа.
    Доколку ви е потребно, можам да ви дадам контакт од фирма за преселба. И позитивно, како што си знаеш :*

    @danichap :bow: и мн :hug: :hug: :hug:

    Ве поздравувам сите :)
     
    На danichap, duffi, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добар е фала му на Бога. Не повраќаше и весел си е како и секој ден. Ама во тој момент мислам цела се тресев
     
    На gjoker4e, Chantal, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски

    Мило ми е :hug:
    Само Господ да ги чува. Секунда невнимание и можи да падни.
    Еднаш ние и на болница завршивме, цела вечер ја следеа...а не падна од високо, ама поврати...уплав имам сега.
     
    На gjoker4e, Skorpija989, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро вечер на сите. Недичка денес ми се раскашла и на крај завршивме на лекар. Докторката рече не е ништо ама сепак утре и задутре да ја носам да ја гледаат оти малечка е и брзо можи да развие нешто. Сега до мене лежат двете и спијат а јас ги пазам. Аман веќе нека заврши оваа зима да куртулиме од вирусиве.
    Мирна вечер на сите ви посакувам
     
    На duffi, mal.ecka, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    :bandit: Шо прајте бе?:D
    Да ве поздравам додека беба спие. Сместена во кревет, истуширана, алишта за утре извадени за двете, маж испеглан и ручек спремен. :sweat:
    Од утре помалку ќе работам по дома, детето да си го играм малце 8)
    Специјално се уклучив и за @Skorpija989 Штом е весел и не се понаша невообичаено тогаш уживајте. Нема дете што не паѓа. Педијатарот наш така вели. Вашиот пад не е опасен, не бил на глава.
    Е сега моето патешествие е следно. Седиме во неделата сите тројца во спална, бебе во креветче трча, јас кревет местев, мм расфаќаше по соба. Двајцата тука, а во дел од секунда бебе се префрли од креветче и падна. Високо е креветчето
    Буквално ја гледав кај што паѓа и не успеав да ја дофатам. Едвај ја смирив, зедов да ја играм и дете поврати. Кога реков јас плачам и паничам, буквално се најдов во состојба на безсознание. Се јавив кај др ме упати на неврохирург. А каде, снег до колена, недела вечер, неврохирург само државно и тоа кој знае дали имаше вечерта.
    другиот ден рано ја виде. Добра е, но јас изгубив многу години од животов, а ако нешто и се случеше ни живот не ми треба.
    Сега за се што би и се случило во иднина ќе се обвинувам себеси. Иако докторите ме убедуваат дека се е во ред ;(
    Доста замарање, заборавив и што друго ќе кажував. Не пишав на јубилејната страна:| Иако читам постојано, работата ме надвисна, премногу е веќе! Кој те прашува, работи таму :!:
    Ај да одам.да спијам, ноќта е долга, не се знае само колку долго ќе се спие |(
    Поздрав мајки:hai:
     
    На duffi, muchacha_a, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    40.512
    Пол:
    Женски
    Уф уште повеќе ме настрви за палачинкиве. Неколку дена ги мислам. Утре ќе ја терам мајка ми да прави. Не за друго најубави ми се нејзините. Јас никогаш не ги погаѓам, или може така ми одговара:lol:
     
    На duffi, gjoker4e, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Дојдов да послужам кафе :coffee::coffee::coffee: да ви посакам убав ден и се враќам на спиење...ако успеам да презаспијам8-|
    Малоно само што го презаспав, а стана во 4 и до сега си играше на спална:drunk:
    (heidy)
    Нека поминува студов, три дена немам мрднато од дома, а сакам шетање и дотерување и шопинг и кафе на сонце...па и цигарче патем:tmi:

    :hai:
     
    На duffi, TarantulaA, muchacha_a и 13 други им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки!
    Сакав и ја да покукам,но ја прочитав @danichap ,и не нема да се жалам.Според нејзиното секојдневие со меше до заби и две болни деца,срам ми е да се пожалам.
    Кај нас се по старо.
    Снегов преку глава ми е.Ни синко веќе не му се радува.Некако закаснет е,уште елка ни фали. А први март денес.
    Мене фустанчиња и купаќи ми врват низ глава.:)Бебе уште нана,батко на школо,јас пробувам да сработам нешто на компјутер амаконцентрација 0.Тоа е,замор.
    Инаку сакав да ви пишам за паѓањето,не се плашете мајки,ми има големиот како бебе два пати убаво дрецнато ништо не му е.МАлово на татко му му има од кревет еднаш паднато еднаш сам од спиење го оставив сам на спална и со ползење бам.Ми се чини како дрвени глави да имаат.Веројатно така растат.
    Следете,повраќање,поспаност,крв од нос. Секако сакаат пазење многу,но ми се чини Господ ги чува,да не ги скршат тоа главчињата мали.
    Убав ден!
     
    На Belabelinakinder, duffi, *Лорена* и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    14.542
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пофалам дека сум наспана 8) бебе си легна во 10, јас во 11, па во 5:30 се разбуди само за млеко и продолжи уште 1 сат. Почна да врзува скоро цела ноќ, ретко се буди по 2 пати ама не се жалам. ;) Дојде маже од работа го позанимава малку и си легнаа двајцата. Малово можда не спиеше ама ме остај мене до кај 8 да подремам, мило мое :inlove: Го однесовме вчера кај матичната да го види шо беше поднастинато и не ја најдовме, на одмор до понеделник. :| Ајде да не ни е џабе спремањето бевме кај другарка ми шо ни се врсници бебињата и пресмешни беа душички како се гледаа. :*
    Планот за денес стандард домашна шема, некако многу ладно ми се чини за шетање, освен ако не се премисли маже да му текне да излезиме. Золва ми рече ќе дојделе па ќе ја чекам за кафе и муабет. Туку ме потсетивте за плакариве, мојов вришти за средување ама се само ме мрзи, и онака пола работи не носам, а за каде? Срамота е да кажам дека од мм е средено под конец :tmi: ама пак тој нема друга обврска, барем то нека си го средува :) За од бебе да не прам муабет, еден куп мали работи за пакување и вакумирање, и викам на сестра ми и да е женско твоето ќе ти ги дадам работиве зошто немам место за чување. Ух, едвај го чекам август да се породи, пресреќна сум :dance:
    За паѓањето напишав претходно како ми летна бебе од транспортер и мислам животот ми се скрати. Сега и врзан да е го држам, нив дел од секунда им е доволно за да направат нешто непредвидено. Само Господ да ни ги чува, а ние нормално пазиме најмногу шо се може ама некогаш не треба многу.
    Ете толку засега да не пишам реферати, бебево мое пак си заспа со играче во рачето, а јас ќе си напрам кафе и ќе си го пијам в кревет, и онака никој не е станат.
    Убав ден на сите :f:
     
    На duffi, *Лорена*, Saraa и 14 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.761
    Допаѓања:
    38.582
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки! :hug:

    Снегов полека се топи, ама времево е се поладно. Малиот и денес не го однесов во градинка. Не сакам да го малтретирам на времево. Да станат децава, па да го однесам големиот во школо. После тоа ме чека еден куп работа. Завчера ни стигна новиот плакар, па треба да ги местам алиштата. Коса ми се крева од тоа колку алишта имам за редење. (facepalm)

    Повелете кафенце

    [​IMG]

    Една тема за муабет - Што ве нервира кај сопругот?

    Кај мојот ме нервира што многу ми се меша во работата. Ако му речам он да измие садови, одма се повлекува со изговор - Тоа е твоја работа. Му викам - Па ако е моја, што се мешаш. Друга работа е што е неодгвоорен за некои работи. Ако треба да направи нешто, ќе го чекам со денови. :tmi:
     
    На duffi, mal.ecka, 24.07 и 10 други им се допаѓа ова.