Не падна на глава, изгледа прво удрил на колениците зошто има модрица. Знам дека така растат, ама нека не паѓа
Само што сакав да кажам нешто во врска со тоа мешање. Синоќа син ми му одржа убава лекција на маж ми. Обично јас не се мешам кога нешто ќе го скара маж ми, ама тоа е многу ретко. Повеќе го гали и кога треба и кога не треба. Во некои моменти знам да подречам дека мм претерува оти синко апла манипулира и тренира живци. Тогаш маж ми ми се обраќа со: Ти не се мешај! Синоќа доста доцна, а децава никако да заспијат. Дури и се заиграа, се смеат, мислиш само што почнал денот. И маж ми неколку пати проба да ги стиши и да им рече дека треба да спијат. На ова син ми само му одбруси едно: Ти не се мешај! И еве денеска се смееме за тоа и маж ми конечно призна дека синко му ги отворил очите оти овој не бил ни свесен дека тоа го употребува. Си призна дека не звучело убаво и дека детето било во право.
Zdravo @tarantula lesni cekorcinja,da cekori lesno niz zivotot. @Mari* cestito za noviot stan.Sama pisa deka ke imas mnogu pogodnosti tamu i se na dofat,taka da za prirodata sekoj vikend tamu i nema da im nedostasuva tolku. @danichap tebe ti posakuvam so lesno da pomines na poragaj .Ti trudna so dve deca i so site peripetii okolu se snaogase perfektno,taka da sega posle poragaj ke bide pesnaPlus ,srekna si -ke imas tri devojki za pomos doma @Skorpija989 kako e maloto?Jas tolku tragicno go dozivuvam pagjanjeto na malata kako nikoj drug.Strav mi e mnogu.Ama stom bila vesela ,dobro e Ne sum ic raspolozena za pisuvanje-umorna ,so glavobolka,luta,nervozna.......Taka da na vas samo ke vi posakam ubav den (mojot otide vo bestraga...).
Добар е фала Богу не се удри на главчето со тоа се тешам. Несмеев да дозволам ни толку да се удри ама ете се случи. Повеќе внимавање. Ова му беше прво паѓање, се надевам и последно (знам дека нема да е последно). Само да не паѓаат лошо.
Ајде и јас да се јавам на темава денеска. Бебе си игра сега па малку одмор за мама.Бевме излезени еден круг околу зграда , го изнесувам оти знам дека е добро за него , ама кога ќе почнам да го спремам него па мене процедури. Сега сфаќам оти повеќето ми викаа да си купам чадор систем количка , со оваа крајот неможам да си го најдам ама поука за друг пат. Пролетва обавезно земам една. Инаку бебе нешто кенка денеска незнам што му е а и јас некако нервозна , треба да ми дојде , ми се јаде , а овошен ден ми е денеска . Врв на се ми се јави мм денеска ќе заглави цел ден на работа. Толку од мене . Убав ден.
Добар ден лејдис. Малата ја лулам во раце и пишувам со една рака. Денес сонце ама -12 беше сабајле во 7 шти би рекле наште и пингвините паѓаа од ладно Го дадов преска проектот во градинка , на земање малата многу ми го испофалија.Многу убави биле сликите од бебе што ја сликам веќе 19 месециДа кога беше бебе успевав ама сега тешко не сака да се слика бега, мрда .Ама решена сум до 24. Уште 5 ќе се помачам Плус на сликите додадов и зборови како кал мјам мјам каде целата е буквамно извалкана од кал од што се фрлила во ѓолче Инаку за паѓањето и мојата има паднато @Skorpija989 па 2-3 пати.Потоа спалната на која спиев со нејзе ја спуштивме само на душек .Лето беше и не беше ладно и пак паѓаше само од 20цм.Тоа беше периодот околу 7 месеци кога прелази и не знаеше за опасностите.Периоди @SummerGirl маж ми јас некогаш си го викам свекрво .Се му велам ако имаме син ти ќе си свекрвиштето Се ова овде ова онаму се мора како каже така да биде.Јас велам ок ок и кога ќе ми здосади му се дерам. Да ја оставам малата раце ми паднаа и да правам ручек и да се надевам дека малата ќе апне. Многу е маанџика и нејадачка , а не сака ни да проба.Имајте пријатен ден.
Кој е за кафе нека повели Бебе спие, маж на работа, јас на фемина се релаксирам. Ручек има од вчера, дури и бомбици здрави сум стигнала да направам, сега само уште садови да средам и на ефтина да пуштам машина ептен домаќинка сум, пазам на ефтина/ скапа струја а сметка никако под 6-7000 да дојде...некогаш мислам дека џабе пазам. Последниве денови маж ми го заспива малиот навечер и многу ми олеснува тоа. Ич несакам кога треба да лежам саат време за да заспие. Вака додека они се успиваат јас ќе раскренам играчки и после можеме да си посветиме време со мм Инаку може да сум трудна ама ај ќе почекам уште една недела па ќе проверам. Кога најрано може да се дознае ? Од сега се молам да е мирно бебето и двајцата во исто време да спијат Толку од мене. Имајте убав ден.
Добар ден друштво Денес од мене нека биде чајот богами на снежното време добро ќе ни дојде. Овде така нема навеано снег со години. Му се радувам ко мало дете на дедо Мраз Синко во овие години и немаше баш видено снег, сега само гледа низ прозорецот и чека да престане да вее па да одиме надвор да направиме снешко и да се санкаме. Периодов со мм вртиме многу теми на муабет. Откако синко почна да не преспива преку ден, во 21ч. е во кревет. Ние си продолжуваме како во старите времиња, сами, пијалок, по некоја цигара и муабети од минатото ( млади луди години ) па се до пензионирањето Одсекогаш сме биле добри другари, сега сме најверни Така низ муабет му реков: се сеќаваш колку сакав да си направам тетоважа уште пред да се земеме? Се нешто ме спречуваше а и, не бев сигурна што сакам, потоа бременост па мало бебе и се така. Ми вели па зошто сега не ја направиш? Готово ми ги даде бубачките. Решив ќе ја правам во скоро време, ќе биде симбол за фамилија, посветено на син ми и негова дата на раѓање. Се распишав јас, пријатно попладне. @Mari* само убави мигови во новиот дом!
@sunshine2015 мене ми покажа тестот бледа линија 6деба пред датум за добивање. За рано детектирање е го има по аптекиве. Ама и чувството не лаже... со лесно и со добри вести наскоро од тебе
Моето кога падна од кревет не му ја видов главата и се уште го памтам доле ама глава не видов како да му се свиткала наназад, се тресев цела, едвај чекав да се врати мм мислев дека е во маркет а тој во веце да ти бил, во бесознание бев. Мислам дека добро поминавме но и ден денес се плашам од тој пад да не му е нешто а да дознаеме во иднина. И мојот живот е скратен за 10 години. Жените се посилниот пол. Не знам кој измислил дека мажите се. Што жена може да направи никој не може. Па нели и ѓаволот во шише го затворила. Господ ни дал сила над силитр. Да ја употребуваме мудро. Дојдов за да ви кажам сфатете колку сте среќни така ненаспани и несредени. Неколку дена правам кафе и ми се гади, не го пијам. Така беше со првата бременост. На натална ми гледаа спонат до крај на август. Се плашам. А личноста што ми се гледа до сега се точно предвиде од А до Ш. Мм бил мн плоден и само женски деца ќе правел, мн деца имало а јас пуста со едно едвај на крај излагам. Ај да не тресам зелени... Убав ден! Сите на снег. Спремањето е тешко додека да го облечам кичмата ми вришти едвај се исправам. Па не дај боже да се искака и да треба од ново. Мајките се најсилниот пол! Ние можеме и тоа што не можеме!
Здраво мајкички Се послужив еден чај Монела фала ти Ние стандард со бебе низ дома ,ноќите сеуште се исти непроспани .Синко за прв пат ми настина му тече носе и хрчи од време на време на педијатар го прегледаа рекоа ништо нема добар бил . Денеска на свекорот му е роденден па спремаме ручек печен лосос со варени компири се надевам вкусен ќе биде . Чекам да дојде некој да го почува синко да тркнам да купам поклон на брзинка заслужил човекот @Mari* честитки за новиот стан со среќа да си седите и само убави нешта да ви случуваат во него . @gjoker4e И мене еден од првите симптоми кога останав трудна беше ми се гадеше од кафето неможев ич да го пијам ,а инаку обожавам кафе .Гледај позитивно на работите не мисли на лошо мајка Убав ден на сите
@Ava.84 ме насмеа за тоа со маж ти. Јас вчера се скарав со него. Почна да ми кажува како да ги наредам алиштата во плакарот. Јас му кажувам - Е па тогаш, ти нареди ги. Он почна да ми се дере како јас не сум слушала што ми кажувал он. Јас почнав повеќе да се дерам и му викам - Тоа е моја работа. Ако ти сакаш да ги наредиш, слободно. Почна да се повлекува. Најмногу ме нервира кога ми се меша околу преуредување. Што се однесува до симптомите за бременост, ми се појавија дури во втор месец. Имав гадење и мачнини. Ама ретко се појавуваа. Ама јас мислев дека ми касни од други причини. Не ми беше редовен циклусот. Отидов и на гинеколог и таа ми вика дека тоа ми е циста. Ми даде да пијам Примолут нор. Е веќе кога не добив, се посомневав и направив тест. Втората црта беше апла црвена. Вториот пат немав никакви симптоми освен доцнење на циклус. После 5 дена направив тест и втората црта беше многу бледа.
Добар ден. Добро што се појави сонцево малку да ме разведри. Инаку денов малку наопаку ми беше. Со недели го молам мм да викне мајстор да ни ја среди вратата од туш кабината зошто минатиот пат кога правеше вака, на крај ни се скрши шарката и ќе ни паднеше. Пошто нема абер сабајле го потсетив да не заборави. Замислете ми се јавува и ми вика, ќе дојдат мајсторите за 15минути. А јас сама со синко. Во моментот ми се споија жички. Жива среќа моите се блиску, па се јавив да дојде татко ми. Ииииии.... Дојдоа, ми влегоа со кондури, едниот се сопна и ми згази на тепихот(најтрагично е што е една недела стар), влагаа излагаа по алат и на крај не ја направија зошти баш таков инбус немале. Ќе дојдат пак.... го чекам мм да му го дадам џогерот да изриба и да клекне на колена да исчисти каде што згазнаа на тепихот. Инаку синко за среќа ноќеска убаво спиеше, ама станати од 6 сме. Во моментов спие покрај мене, а јас не мрдам. Ова за да не го разбудам, не за друго. Друго и немам што да кажам. Имајте убав ден
Да шкртнам некој збор и јас, да не ме мислите. Сите спијат а јас уживам . Како викаат, среќата се бара во малите нешта, или поточно во кратките моменти, па работава радуј се додека можеш, не знаеш кога ќе се разбуди некој . Јас и мм поарни божем, деца средно трагично. Синоќа алармот ми беше наместен во 02, ама психа, се будев нон стоп за да проверувам дали се топли, па во 01 изненаџење. Малото 39.5. Дежурав до 03 додека не падна до 37 и после пак на секој саат аларм. Во 05 големата 38.5, па и дадов чепче, почекав пола час да падне барем до 38 и кома. Продолжив да спијам до наредниот аларм. Среќа денот помина добро. Јадеа добро, внесуваа доволно течности и најважно без тт. Се молам и ноќва да е лесна. Очигледно ноќите се секогаш критични. Денес и гости имавме, свекор и свекрва. Закрепнале малку па двајцата на врата. Им реков одлично штом сте тука. Влегов да го успивам малото и си дремнав и јас 1.5 час со него . Секако и мм беше дома, па сите тројца ја играа големата. После тоа уште еднаш ја искористив истата финта, па си се избањав, сушев/пеглав коса . Ама па на човек не личев. Обично навечер, пред легнување, одвојувам пола час за овој ритуал додека мм игра со децата, ама сега да искористам си викам. Туку прееска кога ми се увртеа кајмаци во глава. Саатот 17.45 а пекарата во која има работи до 18.00. Маж се спотера да оди, да ми купи, ама немало. Уште ги мислам. Се сеќавам така беше со кадаиф кога бев трудна со второто. Го купив ама не стасав да го пробам, се породив. Јас се држам, малку болки и контракции како да имав, ама далеку од вистинските. Пријатна вечер мајки
Добар ден, мојов денес отиде по ѓаволите. Малава синоќа крена тт и завршивме во 1 по полноќ во Систина. Денес крвна слика, брисеви да носам кај матичната и ни дадоа антибиотик. ЦРП покачено ќе чекаме до понеделник да видиме дали има бактерија во нос/ грло. И така сега сме на Зинат . Тоа е....сите дома со вирус, стоечки го поминавме ама ова бебе ќе го окрка изгледа. Ме теши тоа што не одбива млеко/ чај, битно да не дехидрира. Вечер пан ќе дежурам, утре зомби. Мајкички мои вака лошо не сум изгледала никогаш. Поради тоа и се чувствувам лошо, за себе да немам време, срамота. Мирна ноќ на сите
Втор пат денеска да пишам тука се гледа дека дете се ставило во ред. Си заспа во 9:20 а јас пресреќна бев, па земав набрзина средив машина за садови, измив нешто малку што останало, пуштив сушара, сварив чај и сега ќе одмараме со мм. Ќе земам и нарачка авон да си пуштам, ќе треба и за мм залихи да направам на пена за бричење и балсам за после бричење зошто многу се нервира кога нема, а јас редовно заборавам да му порачам затоа сега по 5 од се ќе земам Прееска си купив тест за бременост... ама наредна недела ќе го правам, секако од 5-11 добивам па да не покаже лажно негативен. Како ќе издржи срце јуначко да не проверам порано не знам.
Јас им зимав обично мерси бонбоњера во градинка, многу деца се рачунај сите носат колку им се собира. Во школо фала богу успеавме од 1во одд да се организираме за заеднички поклон така и годинава ќе птавиме. Ја прошуштив јубилејната страна, имам и уште 2 за читање. Кај нас се по старо, големи во школо, мало дома, ное по работа. Попладне што попрво, едвај го чекам викендов вчера цел ден мислев петок дека е . Малава минатата недела пак почна да кашла, среќа на инхалации е ионака па до чистење нос чаеви се извлековме овој пат. Нарачував пулмикорт од србија, у државава нема никаде, немало увоз а не знаат ни кога ќе има и тоа во ек на болештии. Пробувам од 6 да се извлечам од кревет малово не ме пушта, во сон ме влече за рака. Морам да станувам веќе и синко да го будам. Убав ден на сите како знаат да залепат децава да се чудиш . Јас и викам на малава пред некој ден *остави го мама телефонот доста е* она легнала на спална до татко и прекрстила нозе и ми вика *остави ме на миwa не ми досаѓај* Него @danichap како ја прочитав на прошлата страна дека е отворена некој прст скокнав сите постови да видам дали има нешто ново, гледам уште се држиш. Збирај сила уште малку каде баш сега сите ве покоси грип, ти се дивам на смиреноста, јас од температури имам уплав па двете во исто време па и маж и ти уф . Добро што доаѓа мајка ти уште малку инаку се пакувавме сите и доаѓаме на испомош
Добро утро. Дојдов на второ кафе и да проверам Дани да не се породила па да свртам некоја мекица во темава
@danichap и јас вечерта имав болки и мислев не се вистинските Па ко ојдов болница 10цм отворена бев Со лесно Да ве поздравам само Немам многу време за пишење Цевките кај пералната пукнати и замрзнати па дежуриме да не се пушти мразот и да се поплавиме Башка синко вчера вакцина прими и денес како да сака да се настине Ќерка со тешки тантруми Селидба ме очекува па по малку се спремам Ама се држам ....уште Ќе шкртнам нешто повеќе кога ќе имам време
Добро утро мајки. Тука сум јас, мајка додека не дојде и не ми замеси зелниче и кифли никаде не мрдам . Ноќ без ттwhew: За право капната сум, ко воз да ме прегазил од алармот на секој саат и стани легни да ги пофатам за чело, ама добра е. Сега се јавив во банка, термин да барам, сакам да зедам картичка за он лајн плаќање. Одолговлекував долго за да се поштедам од он лајн шопинг , ама отворив ново конто на амазон, направив нарачки(@Ava.84 фала за советот за носибоо, да одобрат кредитнава и се надевам ќе стаса) и ми ги одби голем дел од нарачките. Ми требало кредитна, јас сакав со плаќање на рака или префрлање од аутомат. Сакам инхалатор на батерии, како попрактичен оти со две зверчиња кои рипаа скакаат околу мене, па и бебе, тешко да допазам да не ги измкнат каблите на овој што го имам. Па и едно за влечење мрсулу, нов термометар за во уво, еден обичен... и еден жиж црвен тесен фустан. И тој за здравје, за психичко По тел., во банката, кажав дека сум многу трудна, побргу да ми дадат термин. Рекоа ќе се јават за да видат за денес да не имаат слободно. Треба и да се пазарува. Мајка стасува утре вечер па пак ќе се полни фрижидерот до максимум. Малово средено и најадено, во полн елемент. Да искористам додека спие големава кафе да се напијам. Убав ден мајки