Добро утро мајки. Едно прашање до вас. Големава вчера со татко и беше во месара. И си пикнала паштета во џеб. Прво му ја дала на татко и да ја плати ама кога он ја вратил она ја зела и ја пикнала. Ја видел мм ја вратил паштетата ама во кола ја карал многу. Детево цела вечер тато, тато викаше, не е научена он да ја кара. Јас кога ја прашав зошто ја карал тато она ништо не ми кажа. Во петокот во градинка учителката ми рече дека му ја изела ужинката на друго дете па и таму се карале дека да се зема без прашање е кражба итн итн. Ви се случувало ли ова? Како да реагирам? Иннаку има 3 години и ова до сега прв пат и се случува
Мислам дека не постои ваква фаза. Повеќе би се запрашала да не посакала нешто а да не и дозволиле па да бара начин да го добие тоа без прашање за да не е одбиена. Пример сакала репете за нешто во градинка и и рекле не. Разговарај, кажи и дека се што сака ќе добие само треба да праша. Верувам е минливо.
Добро утро женски! Синоќа сум се испотила во спиење. Нетипично за зимно време. Не поднесувам многу топло. Вчера времето се погоди, па прошетавме со децава. После некое време збеснаа. Денес никаде нема да се оди. Женскиов месец зафркава. Што се однесува до 8-ми Март, ќе купувам подароци за учителките на помалиот. Мислам да им купам нешто за домаќинство - стаклена здела, чинија за сервирање, даска за сечење или шолји за кафе. Барем тоа ќе им користи. Лани колекции им купив. За учителката на поголемиот ќе собираме пари. Очекувам и маж ми да ме изненади. Секој ден го потсетувам дека се ближи 8-ми Март. @danichap нека ти е жива и здрава ќеркичката!
Дани се породи? ?? Честитки мајка жива и здрава да е Дајте алкохол за со мекиците. И не ми велете не иде . За трето дете све иде.
Добро утро мајки @LiliBoz со помин Се спремам твојата торта за 8ми да ја правам. Еве од мене ќе имаш парче, две, три... Јас да не бидам покуса од @Ano го купив дезинталот и сеа само тој ми е во рака Секој втор ден гледам бар околу нас во дневна со вода да пребришам, а еднаш во неделата малку поасално. Маж ми е задолжен за подот, па кога ќе си легнеме 2,3 пати во неделата го чисти. Е машина уште го немам испраксирано ко на @irena.1 мажот, ги меша алиштата Кога мора, вади се од корпа и прашува-црните фармерки може? А плавата маица? А белата? И ми пука филм Ама ако така ќе се научи Само што му дадов на синко ориз, авокадо и јаболче сега гледа цртани да испијам кафе раат И да допишам За 8ми март му реков на мм цвеќе не. Не сум јубител некој. Сега за Нова година кога красев ги качив горе и признавам намерно не ги вадев Не дека мразам ама имам многу, он купува, од други што сме добивале, сега имам само 2 орхидеи и едно бонсаи и таман ми е Не ни сакам поклони за 8 ми март , ама знам дека ќе купи. Само му напоменав саксиски цвеќиња не Ќе купам по нешто за моиве и они ќе ми купат знам и толку
Јас подот го чистам со средство Вики, комода со политура Мил, купатило со Глос, садопер со Клинко, стакло со Вики (убаво ги брише прозорите). За плакарот купив од оние марамиците Глос за чистење на дрвени површини. Машина за перење полнам јас. Мојов не е баш заинтересиран за тоа. Еднаш го натерав да ја наполни и постојано ме прашуваше а ова треба, а она треба... И така јас имам обврски околу машината.
Здраво друштво. Гледам убаво почна неделава @LiliBoz иде алкохол со мекици ,да упие мрсното @danichap жива здрава ќеркичката.Само радост да ви носи .Дадите да ја чуваат и збеснуваат Ме фака мерак за 2 бебе Убав ден мајкички
Јухуууу... Дојде штркот и ја донесе третата принцеза во семејството полно принцези и една кралица мајка Не сум спиела цела ноќ, ама исклучен ми беше нетот и касно видов дека пишала. Едвај чекам да ги видам и да ги гушнам сите три заедно. Сваќита нек се гушка со сватот, јас снајка и малите свакички ќе си ги приберам. Јас си почастив за сваќичка и сваќита, еве и за вас од тортата Одам да работам, да не ме избркаат ,па да се чудам од каде после парички за шноли и туфки за малото сваќиче
@LiliBoz и благо оди со мекиците. Кога сме кај благото, треба да спремам нешто за 8-ми Март. Уште во петокот планирав да правам, ама се зафатив со друга работа. Поздрав со една убава песна
Поминав само да честитам ќеркичка на @danichap Да е здрава, жива и пред се смирена како мајка ѝ. Само јас ли не дочекав 8-ми март за торта? Еве ја дојадувам, за друга да правам мн.ќе ни дојде Мм не го бива за перална. Ниту знае како да ги полни алиштата, ниту како се уклучува а богами и да пружи, па затоа нека мие чинии
Здраво мајки! Конечно сонце и повисоки температури, доста беше студ редно е да се стопли, да се истрчаат децата и настинките да заминат заедно со зимата. Деца во градинка, јас сто работи започнав од сабајле и ништо не завршив. Зедов да читам, да вежбам, да зачистам нешто и резултат ништо до сега. Барем излегов и прошетав, нешто испазарив, нешто после, сигурно до после ќе измислам уште нешто. Па и едно чоколадо изедов Ќе правам кафе па да сработам нешто не ја бива вака. @danichap честитки нема е жива и здрава ќеркичката! Убаво име
@Monella и мојов миеше чинии, па исто беше како да не ги измил. Ич не е педантен во кујна. Се додека не ги извади сите чинии и чаши, нема да му текне да ги измие. Многу е мрзлив кога треба да заврши некоја работа. Со денови треба да го чекам. За некои работи не го бива. Демек ќе ги поправа и на крај ќе ги расипе. И кога ќе го искритикувам одма се лути.
Само да ве поздравам мајки и да ви пратам една на сите. Сакам да и кажам на @AngelOfArh дека ја видов во Ситимол во Рамсторот пред некое време Останете ми добри и чувајте се
Ами оти не викна, гарант сум урлала, или М урлал на цел глас "удала" "куРенцеее", омилено му е во маркет да вика дека бил будала и куренце
Добар ден. Денеска ни е годишнина од брак 2 години поминаа а мене ми летнаа како 2 недели.Вака да поминуваат сите години..... Да ве почестам со по едно парче торта и кафенце. Мм во саботата не платил неколку сметки па јас бев денеска платив.Сакав и да му купам нешто за мајка и свеки за празникот ама другите пари дома сум ги заборавила и на лево круг и дома.Добро е тоа што видов пред време дека не носам инаку ќе се устрамев Ќе треба пак да излегувам деновиве. Синко дома со свеки го оставив плачеше дека не идеше со мене.Но брзо се смирил и ме чекал застанат покрах врата. Уште има пролив но барем тт нема еве втор ден.Незнам дали да го носам на матичен.Ака има и денеска пролив ќе го носам утре. Синко заспа да одам да се фатам за работа. А вие имајте убав ден мајки.