Наминав да ве поздравам. Си седнав и пушам една цигара на тишина сама со себе оптегната на каучот. Веќе месец дена сме овде, и покрај се убаво ми е на душава.. исполнетост.. среќа. Да зборувам за убавините, лошите работи кај секого доаѓаат и подакувам да си одат и одат.. Бебево мое или веќе дете не знам мислам дека овде е преродено, научи куп работи, по цел ден се шетаме, играме и се смееме.. Не би можела од дно на душава на еден ден да го оставам сам не пак на не знам колку... Околу животот би рекла само живот, подади рака и кога е најтешко, утеши, насмеј се и кога ти се плаче и подари подршка, од таму некаде надоаѓа некогаш среќичка, желба, сон, убавина.. За подобар живот... Така ни најмалку очекувано.. Би рекла јас дека е така. Детево ми дари живот и енергија секојдневно да со се се справувам и се спавувам, жива истина е да знаете . Честитики за сите и на сите убави работи, да уживате и да се смеете, поздрав!
Добра вечер мајки @danichap и овде да ти честитам да е среќна мајче @duffi добредојде @24.07 среќна годишнина Денес втор ден момето ми е со тт и покрај парацетамол,масажи,млака бања никако да се спушти Овие два дена незнам дали вкупно 2часа имам спиено Ми е страв да заспијам, дете се треси,гори од тт Мали не е настинат, фала му на бога ама ми ја црпи и таа малку енергија што е во мене Секој ден е се по активен Сака враце да е нон стоп, де таа де тој..... Многу сум уморна, некогаш не сум ни свесна како сум го издржала денот Јадење, куќа, деца, играње, менење памперси, миење, перење...до бескрај Физички издржувам,психички некогаш неможам Плачење,вриштење,тантруми...на раб сум со нервите А нема, нема кој ни 5 мин да ме замени Ме боли главата,притисокот ми е на нула,ме болат рацете, нозете, грбот, ми се спие..... Ама нема, сакам, не сакам,него морам Неможам некогаш да уживам во мајчинството од што ми е напорно и тешко На крајот од денот кога ќе заспијат и кога се најслатки си велам само да се здрави и живи,се друго ќе издржам Дури се разбудиме тоа после пак од почеток Толку мајки од мене,чекам да дојде мм и да одам да се избањам
Абе 1 ден не се уклучив и сум пропуштила мн важен настан , @danichap честито бебушка да е жива и здрава и да ве весели со дадите големи заедно. Се надевам дека добро помина се, да си уживате и да се гушкате сите Тоа само да пишам, мн се израдував па кога ќе стигнам нешто да читнам и пак да ве поздравам
Лелееее честитки мајче @danichap!!! Да е вечна и весела Александра! Давајте мекициблаговиска све! Преубави вести, тек сега прочитав. Се надевам супер сте и двете. Ја дочекавте баба значи, браво. Ние дома сме си веќе. Снегови не дочекаа, лудница... Паѓа ли паѓа... Од алишта не можам да ја спастрам куќава, ајде лето нека иде, инаку полудев... Имам мн работа, додека спијат мушкарците да досредам уште нешто, додека има уште малку сила во мене. Убава и мирна ноќ на сите
Добро утро. Пијам кафе па велам и за вас да ставам Дојдов на кратко да ви кажам сите што се плашите од коксаки да не се плашите повеќе. Не барем од лесниот тип. 2 дена и веќе нема ништо. За тие 2 дена јадеше нормално и играше нормално. Едино малце повеќе беше поспан зашто се будеше од болки во меше но среќа блокмакс постои и чај од нане такоџе па лесно поминавме. Е така. Да знаете. Имајте убав ден јас одам хаосот да го средам.
Добро утро Пијам какао а малово ми зборува нешто и се врти околу мене.Пак почна да станува рано. Јас едвај заспивам вечерно време а сабајле лесно станувам и во текот на ноќта по едно стопати се будам од навика ли од што ли... Вчера го носев пак малото да го ишишат оти косичката му беше многу голема му врзував репче ама се одра од плачење ама ја скративме па го избањав и 3ипол саати дете не мрдна од спиење.Па и јас се туширав цела бев влакна. И големиот заспа и ручек направив имав време за се. Вечерта отидовме до кај золва ми и однесов една вазна убава голема со светки,за 8ми март се израдува жената а децата се изнаиграа со нивните поголеми се но си играат. Ако верувате со мм и преку нет се рецкаме зошто?епа затоа што не можеме исто да ги разбереме работите.Јас му викам на децата им треба и татко да е покрај нив исто како и мајка им а тој ми вика треба да им обезбедам сигурна и убава иднина.и почнуваме да се караме за парите за животот и си кажуваме тешки зборови и на крај ние страдаме.Може ќе одиме и ние таму незнам ќе видиме тешка одлука.А највеќе се налути оти му реков јас да тргнам еднаш на работа мислам ќе се родам пак.Умрев веќе.И така тој се налути епа се грижам за 3 деца 2 мои и за свекор ми кој е исто ко мало дете.Готви му сабајле на ручек и вечер пери чисти и се му објаснувај...... Ние коксаки баш пред нова година малото полесно помина но мн плачеше и слабо јадеше а големиот мн потешко и кажуваше што го боли ај оди помогни му и траеше цели 2 недели.... Што друго да ви кажам Убав сончев ден
Комшиите ќе си речат, што вредна комшикава. Кај 2 деца, па и везден чисти Моето 3 и кусур е па без ред е Вондер викс вика по 15 недела се стварал редот
Добро утро женски! Времево е потопло денес. Деца однесени, а јас треба да се фатам за работа. После тоа ќе излегувам да купам поклони за учителките во градинка. Од маж ми вчера си добив поклон кујнска вага. Синоќа не се наспав како што треба. Малиот често се будеше. Одма би си легнала, ама ме чекаат еден куп обврски. Конечно ќе прошетам сама. Најубаво ми е така. Никој не ми виси над глава. Да каснеме нешто благо
Здраво женски, Јас на кратко да ве поздравам додека пијам кафенце Седам на работа и го гледам времево колку е убаво . Таманка за шетање.А јас со работа еден куп. Се тешам дека ке има вакви убави денови од сега па натака. Ние сме добри, вчера купувавме поклони за бабите, денес ке купуваме поклон за братучедот и ке го пракаме за Финска. Важно да сме на улица .. Кој нејке да шета Баш се радувам на празнициве што доагаат Поздрав за до сите, идам да поработам и да факам пат накај дома порано ..
Добро утро. Не сум пишала од којзнае кога,ама па и никој не ме побарал @danichap и овде честито трета среќа,среќни и вековити да сте. @duffi добродојде мила во ова наше слатко-шашаво катче. Кај нас ништо ново,секој ден исто дома,суредување,јадења,работа,дома... Синко во некој фазон ништо не сака да јаде,а види јадење пишти и вика не му требало вчера јадел Кафе пијам,маже се расонува синко цртан гледа. Па ќе излеземе да купиме по некој поклон за празников,па дома да се заспиеме,ручек да направам и на работа.... Утре вечер ќе излеземе со колешките да се почастиме. Мама иде у бољи живот Засега позз лепотици,ако не пишувам ве читам редовно. Од тел не ми е практично за пишување,а на раб нема ком. мак.подршка и некако ретко ретко пишувам.
Добро утро Првото кафе за денес на репертоар, а планирам и едно цигарце да дувнам . Бебе седи во лулашка се занимава. Да го допијам кафево па да се фатам за работа. Денеска мм и бебе сами ќе се чуваат, јас сум втора смена. Па треба да спремам се да им биде на готово. Ручеци, пелени се треба да им биде при рака . Иначе да ви кажам еве трет ден како тргнав на работа, ама некако напорно ми доаѓа. Последниве вечери како капак на се и бебе не спиеше убаво навечер. Се надевам ќе се навикнам. Тоа е мајки одам да средувам
Добро утро. Ако по утрото денот се познава, денес ќе биде убав ден. Ова дека е сончево, не дека кој знае што убаво се случило. Ние и вчера скитавме по улици. Ни тоа шти росеше од време на време не не избрка дома. На крај стигнав пред зграда и не ми се влагаше дома, па продолжив уште еден круг во нашето паркче. Е вечерта имавме на гости њдно детенце и синко се превозбуди. Досега видел дечиња, ама на кратко и обично немале интеракција со него. Сега му зборуваше и му подаваше играчки, а овој мојов го гледа поголем батко и од возбуда почна целиот да се тресе и лигу да му течат. И се супер, ама кога дојде време за спиење иди заспиј го. Имаше измешани емоции. Ќе го заспијам, таман ќе го спуштев во креветче се будеше и почнуваше да се смее и да ораи муабет, па по некое време да плаче. И така неколку пати. На крај се пикна во ќоше на креветчето и заспа, ама прувукуваше неколку пати во сон. Е затоа ноќеска после 1 неможев да го тргнам од цицка. Се на се по пола саат меѓу подои дали преспиваше во креветче, останатото време на цице. Ако се обидев да го тргнам почнуваше да цвили и како рипче на суво да бара цице.а кога ќе го пронајдеше се смееше во сон. И како да де налути човек кога ќе ја види таа бкажен насмевка. И така јас славо спиена денес. Битно кафето го пиев утрово во кревет додека он си играше во креветче. После тоа правевме заедно јадење во кујна, јадевме и еве го спие, а јас малку да се изрелаксирам и да доручкувам. И после ќе се фрлиме на шетање да го искористиме денов. Незнам дали ќе најдеме друштво, ама и да не најдеме сами ќе си шетаме. Се распишав ептен. @Ava.84 многу му е жал за сестрати. Ама ќе биде. Само позитивни. И јас 6 години се мачев за да го добијам синко, ама не паднав никогаш психички. Мали кризи нормално, ама никогаш не се откажав од борбата. Само пред последното ин витро правев пауза од секакви испитувања и доктори, малку се опуштив, спортував, се дружев, шетав и на крај кога бев психички спремна почнав постапка. А сега веќе мислам да одам да си земам од замрзнатите па да има сестриче/братче за синко. Имајте убав ден друшки и искористете го максимално
Добар ден. Денов ни почна околу 8,а се надевав дека ќе поспиеме до кај 9.На ѕверов мој не му смета дека ноќеска журка ни правеше од 3 до 5,си се разбуди свеж како да спијал цела ноќ. Вчера му се среди столицата,но сношти со мм пијавме чоколадно млеко и бараше и тој цела чаша ми ја испи.До сега му немам дадено,а и млеко не пиее од година но дете посака. Четири дена го држам на диета поточно два дена другите два дена ништо не сакаше да јаде штрајкуваше со глад. Многу е гадлив вчера доручкуваше јаболко со банана и на пола изручкано му се згади и поврати.На татко му е тој бил и сеуште е таков се гади од се. Времево мислиш мерак за шетање дури се облековме почна да дува многу.И да не биде за џабе облекувањето појдивме до продавница купивме лепче и назад домича. Денеска во план ни е да излезиме со мм да земиме поклони за празникот и едно кафе да испијаме на рајат. @Ava.84 до тебе и сестра ти. И мене до негде ми е позната оваа болка.Снаа ми остана бремена после некое време по мене,но за жал го изгуби.Многу ми беше тешко и мене и на сите нас. Господ да дава секаде,секоја жена да стане мајка да ги доживее овие наши слатки маки.
Денес пак дома ќе се седи. Надвор магла и дожд истовремено си има. Добро е што вчера направивме еден круг со синко до маркет, купивме леб и секако киндер јајце Детето се научило дека в натре има спрајс и упорно си бара, чоколадото не го ни погледнува, играчката е битна Узпат влегов да прашам мислење околу тетоважата што планирам да ја правам. Се поблиску сум до целта Името на син ми со дата на раѓање во симбол на вечноста Мајки слушнавте ли за бебето во Скопје? Како е можно толку мало бебе да падне од зграда? Душичка мала починало Многу ми е жал кога слушам вакви работи.
@danichap честитки. Жива и здрава нека е Александра. Сега имте полни раци гушки. Јас да си пишам вака дека периодов и јас како и голем дел до вас тука сум како психички исцрпена од многу обврски. Физички постигнувам ама се фаќам себе си како мечтаам за одмор. На работа имам голем обем на обврски, дома дете не стои ни минут во место, во последно време и касно легнува рано станува нема простор за сон. Се тешам дека си има он такви периоди па ќе му помине. Никогаш не бил спанко, ама периодов беше ептен густ. Ќе помине. Вчера и некни успеав да откраднам саат/два за шетање и сфатив дека ми фали време за такво шетање по продавници или едноставно низ град сама. Во Понеделник бев сама во маркет и бев како Алиса во земјата на чудата. Обично влегуваме и земаме вообичаени познати работи зашто мора се брзо да се заврши инаку маилот ќе збесне. Си викам еееј на обична посета на марект се радувам будала жена. Вчера бев сама до Сити Мол. Завршив порано со работа па искористив. Како куче од ланец. Штета што тоа што ми се допадна не ми стоеше убаво па ништо не се подновив. Баш ми требаа панталони за со новите чевли ама цврц. Секогаш сум имала проблем во Македонија да најдам панталони. Се нешто тесни, низок струк. Ќе си барам нема друго чаре.
Здраво, се надевам ќе успеам да допишам. Бебе спие и цица, или цица и спие, кој како милува. Цицкава цуцла и мења. Добри сме. Викендов пиминавме супер. По пат натаму спиеше цело време. Таму весела. Само тоа музиката прегласна. Тоа не е роденден, мислиш свадба. Прв роденден. Малава весела, се смее. Срцка. Него, бујрум на торта..отиде таблата јајца
Добар ден мајки! Не можам да ве пратам, а многу сакам. Редовен демнач бев претходно. На малиша му почнуваат грчевите. Се витка и пртка. Утре е на контрола, па да видам што ќе земеме за нив. Дома на домашниот доктор(мајка) многу и верувам. Па се што се дава оди и во консултација со неа. Кога ги оставам двајцата знам дека е на сигурно, па користам прилика да дремнам, да соберам сили. Ред уште немаме никаков. Цицка кога сака и колку сака. Давам и Хип од страв да не е најаден. Во меѓувреме спие во количка или тутнат до нас. Убав ден да имате со малишаните. Надвор баш убаво запролетува. Кај и да е ќе почнеме до шеткање.
Здраво! Ете го сонцетоооо... му се израдував од срце! Ние бевме на воздух од сабајле, ама во раце ја носев бебата, ММ никако да ми ја извади количката од подрум па убаво да се прошеткаме. Овие денови треба да се искористат. Кафе пијам, прво за денес! Бебата спие во креветче, кхм,кхм правосмукалаката бучи оти нели вредна сум многу , знаете! Ма гајле ми е, само беба нека ужива... Инаку навечер многу потешко ја заспивам, само ми дреме во раце и никако да заспие цврсто, па ни правосмукалката не помага (инаку би била вредна јас и во 2 сабајле ) Е дури кога длабоко заспа, отспа 5 саати без да се буди, па така се наспав и јас. Реков јас, нит ред имаме, нит знам како треба со толку мало бебе. Свекрва ми ќе дојде да ја почува бебката додека спие за јас да одам дадичката да ја земам од градинка. Пресреќна беше кога вчера јас ја зедов, денес пак ќе ја земам и ќе ја носам на слатки. Сакам да ја израдувам, а секако ќе имаме еден час за нас двете додека свекрва ми ќе ја чува бебата. Ако одиме во парк се плашам дека нема да биде само еден час шеткање, а душа ме боли што толку топол ден не можеме да го искористиме максимално. Вечер пак мајка ми ќе ја почува бебата еден час (значи два часа гратис за мене одмор од беба), па ќе одиме со ММ и дадичката да купиме подароци осмомартовски. Во план ми е и честиски да изработиме за бабите, а и цвеќе ќе им купиме. Дадичката ќе биде среќна во тоа, ќе си има занимација вечер со изработката на еститките, а богами и јас со неа! @Mari* Верувам дека е тешко кога немаш некој близок до тебе барем малку да ти помогне! Ви се восхитувам како издржувате! Убав ви ден на сите, искористете го!
Добар ден мајки. Најпрво добредојде на новите мајки во ова забаво катче исполнето со секакви чуда од секојдневието со малите. Викендот бевме до берово големиот само трчаше пред нас се измори а малото се возеше во количка после на ручек и дома. Убавина. После во колата заспаа и до сабајле не мрднаа. Убаво ми дојде раздигнав по дома и после кафенце мм направи. Се спремам овие денови да идеме на шопинг така убав да им земам на децата по нешто не дека немаат ама веќе ке се подстопли и патики за малата треба. Имате ли вие проблем со дете нејадач. Големиот е 4 год и кога ке си дојде од градинка несака ништо да јаде ептен некогаш земе малку. Се мислам да му земам некој сируп за апетит кажете некој асален белким ке помогне. Денес на работа досадно па чекам 3 да дојде и да гасам комп и да одам по деца а после ми е план да излезам и да купам поклони за утре. Ве читам секој ден ама ретко пишувам.
Како сте женски? Се изнашетав денес. Убав сончев ден. Сега се наоблачи и почна да дува. Се натоварив како магарица. Купив поклони за учителките и плус нешто за дома и за децата. Најсмешното е - Сум се качила во погрешен автобус за накај град. И уште се чудам зошто автобусот оди во друг правец. Среќа што се освестив на време, инаку ќе отидев на Клиника. Имав само 10 минути одење пешки. Бидете поздравени. Одам да ги земам децата.