Нека е среќен денов мајки жени Си врне дожд. Ние сме домче После може ќе одиме до кај мајка ми. Како баш денес ми се погоди овошен ден од диетата ама нека ке преживеам ќе помине.. Ви посакувам убав ден на сите
Честит 8 ми Март мајкички Бебе гледа цртани во хранилката ,јас на брзина да ве поздравам па да го заспивам станати сме уште пред 7 ,а цела ноќ ни саат време сон не сврза .Кашла многу го носев на лекар ,вика мала настинка ништо не треба ако качи температура или ако се зголеми кашлицата дојдете во петок пак ,па по се изгледа утре ќе одиме. Душа ми се кине како кашла ама битно насмеано е моето јуначе ццело време . Од сабајле изненадување добив од маже ми подари ваучер за масажа и два часа во спа центар искрено многу убаво ме изненади не очекував Поклони купени за свеки ,мама и за двете мои баби да ми ги поживи господ . Да се пофалам си купив вчера патики нека се стопли и може да шетаме со количката Попладне ќе излезам на кафе со колешките ,а синко прв пат ќе го оставам со мајка ми да се чуваат до сега само со свеки има седено па ќе видиме како ќе поминат се надевам ќе биде умен Толку од мене убав ден на сите
Игонорирајте го дождот , наш е денот, каков таков , дождлив и тмурен, сепак убав е денот, ние сме главни денес (и не само денес). Среќен 8ми март мамици!!! Ние иначе арни, денес јас ја носев дадата во градинка, а бебо дома остана да си нанка и уште си нанка! Си нанка без вклучена правосмукалка да знаат комшиите дека јас на овој празник не работам низ дома Дадичката не беше нешто возбудена околу цвеќето и чоколадката за учителката, незаинтересирена беше! И го даде подарокот на учителката и побрза кај дечињата! Ви имам кажено дека ми е по малце крута кон возрасни лица? СО деца е друга, ами со возрасни малку повоздржана! Интересен и беше делот дека на татковци не се дава подарок, па и синоќа и утрово тоа прашува - зошто, та зошто на тато нема подарок?!? Синоќа изработивме честитки за бабите, денес ќе купиме цвеќе и ќе одиме да им честитаме. Дефинитивно саМО со цвеќе ќе минат оваа година подароците, нит време имам , нит идеа имам, нит пак пари ми се троши за нешто повеќе (себично, знам... ама искрено). Утрово една купа играчки исфрлив од собата на ќерка ми, се надевам нема да забележи! Уствари не беа играчки туку парчиња од играчки кои само зафаќаат простор. Ја средив собата, мислам се издиша откако ја испразнив од непотребните дрнгулии. Сега си пијам кафе, ручекот малце покасно! Ве сакам денес насмеани и среќни, убави постови да читам во темата, да ни се пофалите сите за добиените подароци, ако имате прилика обавезно да одите на прослава некаде, вечер задолжително со мажите да си прославите во спална (за ваш ќејф нека биде). Ете повод за уживање , шеткање , дотерување, водење љубов, подарување... туку, малце е клише ова АМА СТВАРНО да се потрудиме почесто да ни се вакви убави и исполнети деновите, не само денес!
@snegulkata и мене ме чека собирање на играчки. Преку глава ми е од нив. Вчера му викам на маж ми - Утре е 8ми Март. Што ќе ми купиш? А он ми вика - Па нели ти купив поклон. Јас му викам - Тоа беше за тогаш, а 8ми Март е утре. Сега ќе одам да си купам друг поклон. Не сакам цвеќиња.
Среќен нека е денот жени ! Одамна немам пишано,па викам да шкртнам нешто додека бебе спие... Вчера се изнашетавме,денес ќе одиме поклони да носиме Купив за мајка ми,свекрвата и сестра ми ,по нешто ситно Бепчо почна да јаде,денес цело тегличе слива и после наполни пелените Толку од мене денес,одам да се спремам , после палам колата и ќе шетаме Имајте убав ден
Добар ден мајкии нека ни е срекен празникот за многу години Јас пијам второ кафе синко спие а керка со свеки отидоа до град малку..Поклончиња си добив од свеки часовник од мајка ми знаеше дека сакав тексас кошула па заедно бевме и ми купи..Јас на свеки и купив пижами кај мајка ми не одам денес но имам шоља за чај со прекрасен текст испишан за неа и еден новчаник ке и земам цвеке и толку..Мм е на работа не верувам дека ке има поклон ама сепак надежта последна умира Да допијам кафево и правец у купатило да се средам вечерва мм рече дека вечерта ке е наша па ке видиме..Возбудена сум како мало дете се чудам самата на себе ама како и не би кога излегувањата без деца е многу ретко Заноравив и на умор и на се по цели вечери бе детево не спие неможе и неможе повеке од пола час сон да сврзе и во раце спие ке го оставам станува..Ама затоа вечерва малку ке здивнам Имајте убаав ден мајки
Добар ден! Среќен Празник на сите, овде не се слави па нема еуфорија кај мене со подароци и слично. Дури ни сопругот не ми честита оваа година, другите добивав по некој цвет денес тешко оти ми рече дека закажал на куглање после работа. Не верувам дека е намерно, нека оди и така воопшто не излегува, па за викенд ќе чува тој дете некој саат мама да прошета сама. Пред два дена пишав пост кој по грешка ми одлета во 40 темата, пишав и на модератор но гледам не го преместиле. Гледам лајкови од некои членови кои не се во оваа тема кога да видам јас сум се убацила во друга тема Дете спие, излеговме околу 12 да прошетаме ама дуваше ветер доста јако и ме заболе дури глава па се вратив за половина час. Важно не фати воздух и денес, а и на детево побргу му се приспа. Една машина испра, уклучив сушарата, направив ручек за дете и сега со какао во рака седам пред лап топ. Хев а најс деј
Среќен празник жени, мајки, кралици! Кај нас сонце, грее ли грее! До сега излезени кафе си пиевме со синко сами, испазаривме ситно за дома и ајт на спиење. Јас кафето од сабајле да си го испијам па да направам ручек за нас. Мм на работа цел ден и денес и утре, па може задутре едно цвеќе ќе ми купи... Некогаш дури криво ми е што не се труди денот да ми го направи посебен, туку аха ок празник, треба нешто да купам, ако стигнам нормално, ако не има она разбирање и тоа е тоа. Порака добив и детс ит. Ич ама ич не е романтичен и сетен. А да ви кажам јас за негови родендени што се правам, нормално дека ќе ми е криво. На крај си ја завршувам мислата со фактот, сама си го бираше И одлука сама да си се частам, во мол одам со дете да си изберам нешто. Цвеќиња многу сакам! А мм... Прво влагање дома некни како се вративме, се скаравме, не ми ги навадил цвеќињата, знаете што ми рече, не сум ни знаел дека постојат Ете толку сака цвеќиња. Ист како мајка му! @elcezelce ти љубоморам. Блазе тебе! На мојот да му нацртам и во кое студио да оди да уплати ќе го утне... Ахххх... Уживајте во денов и гушкајте дечиња.
Среќен празник мајки.Додека сме кај честитките @danichap нека е здрава и жива малата,голема да расте. Денеска празнично демек излеговме со мм на кафе,уште не стигнато кафето се јави свеки многу плачела малата и назад одма.15мин само што излеговме.Поклон не добив од мм,наместо поклон му реков да прошетаме до Охрид со малата викендов.Поубав поклон од времето поминато со неа нема.Застанавме пред една цвеќара и ми вика кое цвеќе сакаш,не фала му реков поубо едно каранфилче да ми купиш а не сама да си бира.Повеќе сакам мали изненадувања.За свеки купив пижами,и многу им се израдувам,а за мајка тањирчина за торта.Мислам дека ќе се израдува.Сите ми дадоа пари да си купам што сакам,а јас напротив повеќе се радувам на поклон па и цвеќе најмало да е.Вечер малата кај мама, а јас малце во провод со другарките на вечера.Убав ден мајки,и празнувајте го 8ми март секоја ден
Среќен 8ми Март и од мене. Јас лично овој ден го гледам како и сите други. Во Македонија малку му е извртена смислата ако мене ме прашате. Место да водиме дебати за права на жената што и било првичната намена на тие што на овој ден марширале за права ние купуваме поклони, одиме по кафани и што и уште не. Лично не ни очекувам нити па сакам посебен третман денес. Сакам убав третман секој ден, сакам мали изненадувања од време на време. Сакам почитување и поддршка секој ден. Сакам да сме сите весели и насмеани секој ден, не само еднаш годишно. На свекрва ми знам дека и значи денов па и купивме пижами. Пошто е на гости кај нас веќе го доби поклонот. Се израдува ептен. Мајка ми е иста ко мене ама да не остане покуса доби купон за масажа. Попладне ќе и го доставиме. Јас стандард работно. Среќа детево фативме некој нов ред па спие ноќе без будење за вода два три дена по ред.
Еве ме и мене Среќен 8 март. Добив букет неочекуван од мм. Не му давам некое големо значење на празников искрено да ви кажам. Направив тест за бременост ...негативен е требаше вчера да добијам па од нестрпливост го направив сега и се разочарав...и одма осеќам менструални болки Малку негативен постов излезе
Затоа што токму ние, овде, ја имаме најблагодарната улога. Затоа што сме МАЈКИ!!! СРЕЌЕН 8ми МАРТ на сите!!! Поклони купивме само за бабите, мајка ми и снаа ми, направивме и честитки, дете пресреќно дека учествуваше во изработката. Мм дури не ми ни честита, а камо ли да ме изненади со нешто.
среќен празник супер мамички се изначитав конечно да здивнам денес примивме вакцината па ни спиевме ни јадевме ама за играње први,па на секоја дремка негова брзо ги завршував работите . Во понеделникот бевме на контрола супер е 7115 кг сме па после заминавме кај моите на внуката и беше на роденден и јас да искористам направив ехо зошто претходно ме болеа бубрезите и излезе проблем на левиот не е како што треба да си пукне човек од нервоза точно не знам што ми е не ми кажа таков е вујко да не ме загрижува ама полошо вака За свекрвата купив цвеќе дрвце убаво а од нејзе добив 5 тајнирчиња за салата мали купив и за јатрвата исто такво само помало и не дојде така да ќе остане за мене и од маже добив кутија со шминки од дебора за да не купувам 2 години
Неколку минути пред истекувањето на денот, да ви честитам 8ми Март на сите, да сте здрави и живи, исполнети, и најсреќни мајки и жени.