Добар ден женски! Од саботата сум нервозна. Си бендисав едно фустанче, ама маж ми најде 100 маани само за да не го купам. Многу ми се меша околу купување гардероба и често знам да си излезам нервозна од бутик. Ако нешто не му се допаѓа ќе најде многу изговори само за да биде по негово. И уште се чуди зошто му се лутам. Од сабајле чистам и уште не можам да досредам. Фрлам се што е непотребно. Па ќе месам леб. Утре имам обврски, така што ќе морам да излезам рано. И двајцата синови ги научив да мочкаат во нокшир. Откако им извадив пелена, не им ја ставив пак. За брзо време научија да кажуваат.
Хаха се сеќавам една баба кај нас во маало внуката на лулашки кога ја носеше си носеа и нокшир во кеса , изгледа во фаза на одвикнување беа. Не ми се ни прави муабет на темава мојава не сака да чуе пелена да и се извади. Има седнато и на нокшир и на адаптер ама ума уплав од што имаше проблем со какање па сега има ептен одбивност а не сакам да ја форсирам, нека и помоне стравот. За се е голема ама за гаќи била мала уште, така вика госпожа . Како сте девојки, одамна не сум пишала. Ние арни од работа надвор ме уморија збеснаа и двајцата, сега со нозе на гарнитура сите тројца на компјутери телефони... да соберам сила па да почнеме со бркање за туширање и спиење.
Добро вечер мајки. Ме немаше неколку дена, ама оправдано. Шетавме малку странција. Синко е добар. Докторите задоволни постоперативно. Останува да се гушкаме и уживаме и здравје боже по наредна контрола да не тргнат од терапија. Инаку секој ден е се поинтересен. Последниве неколку дена ептен ми е смешен. Почна да се кара со нас. Прави лута фаца и испушта звуци. Е ново ни е тоа што и надвор веќе не спие како порано. Поспива малку, а останатотот време се му е интересно и само гледа. Утрово си продолживме со ритуалите. Менуваме пелена после спиење, се пресоблакаме и синко игра на спална додека мама пие кафе. После тоа прошетавме на воздух, пиевме кафе во маало и си се прибравме. Друго немам посебно што да пишам. Имајте убава вечер.
@24.07 само ти мислиш на мене На кратко ќе ве поздравам Ние сите болни Мм,јас,деца... Жално, напорно, трагично,нервозно Децата и двете со бронхитис градите им се полни шлајмови Се инхалираме,сирупи,парацетамоли и подобрување нема Веќе 2 недели се сторија Ќерка пак смее лимонче,лукче,супи Синко греота ништо, само инхалација а нај болен ми е Кашла ужасно Утре пак ќе го носам кај матичен да видиме што ќе правиме понатаму,секој втор ден кај него одиме Излегуваме по малку колку да не фати воздух и за пазарење Време скоро и да немам,двајцата се нервозни, плачливи и нон стоп со некој враце сум Сила немам никако, се чуствувам како камион да ме прегазил Секое ковче ме боли, грозница,кашлам..... А тек мм тој во несвести ми паѓа од сите деца тој нај напорен ми е Сакам само да помине,да ми оздрават дечињата душата ме боли кога ги гледам вака Толку од мене мајки,заспа и синко па да се паркирам и јас вспална Добра ви ноќ
Добро утро женски! Вчера чистев и пак не успеав се да исчистам. Нема крај чистењево. За доручек тазе домашно лепче и сиренце. Многу се подобри домашните лебови од купечките. За десерт штрудли и рум штангли. После да се дочисти и да се шета. Треба сметки да плаќам. А времево не е како што треба. Поздрав женски
Добро утро и од мене , Ние денес сме подобри .Вирусов како што дојде така и си отиде .. што ке беше ! Малово го држеше 3 дена ,денес фала богу е добро и нокта ја поминавме без тт. Јас ненаспана од неделата . Се будам на 2 саата за да го проверам .Многу ми е страв од висока температура . Вчера малото и мм шетнаа во населба за јас да можам да одморам бидејки ми беше лошо . И убаво ми дојде. Денес е подобро, ке си одмараме цела недела заедно со синче. Се радувам за велигден . Многу го сакам тој празник. Да можам ке си вапцам цел ден јајца Сега кога сум дома планирам и некој мини одмор во јуни . Имам време да пробуричкам на нет. Каде ова лето на одмор женски? Убав ден
Добар ден. Нас денов ни почна малтене во 01часот. Стана за цицање и до 5 се штрекаше. Во 5 цицна и едвај кај 6:15 дремна уште пола саат. Колку се нервирам кога некој ќе ми каже не сме спиени у 3 стана седеше до 5(легнати у 10), а тоа 11 саат тие тогаш станале. Повеќе од 8:30 никогаш не сме спиеле макар и цела ноч да сме биле будни. Јас да поспијам така до 10 среќна ќе сум. Ама тоа е. Се случило и во 5 да станам и да не легнам до 12 па не де жалам. Се случило и на мочање со неа да одам. Место да се радуваат што децата до покасно им спијат се жалат. Башка и дење им спијат, моево еве од кога е будна, неќе да спие. Него може е уште нервозна од вакцината мада ок помина. Синоќа качи само 37,2 ја истуширав и толку. Лесно си заспа. И така. Баба ја чекаме. Да ја погњавела малце. Море и ја сум глупа. Остај дете и излези на тараса испи си кафе раат. Таа нек се поти малце. Ама уште 3 да родам пак ќе сакам сама да ги чувам. Стварно се осеќам ок. Некогаш да преморена сум, ама у глобала и не ми е страшно. Ај одам беба кенка да видам дал е пелена.
Добро утро Ве читам редовно, ама се некако немам време да пишам. Денес станав во 7. Мајка ми е на гости она остана со бебе јас и мм отидовме да средуваме документи за пријавување во ујп . После сум втора смена на работа па да зачистам малце. Викедов цел се изнашетавме. И на бебуш убаво му дојде. Вечер ќе го носиме кај мајка ми за кога сум прва смена да го чува. Натака навака ќе правиме додека не не примат во градинка. Тоа е женски друго се исто работа, дома, кај мајка... Убав ден
@emkaemka и мајка ми иста ко твојата! Запнала детево ке го учи на нокширче,ама моево е поголемко е малку Ч)) Немам многу што да кажам мајки....Синко,љубов мајкина,секој ден по нешто ново ми кажува.Ама дете ич не се заигрува со ниту една играчка.Оној ден плачел по метлата,ке метел он ко мајак ми! Сакам да го пуштам на пролет градинка,бар по пола ден,ама па и ја одложувам ММР вакцината..Некако периодов многум и се појавија морбили,и страв ми е туку така невакциниран да го пуштам... Незнам,ќе видам како ќе се прави... Сонцево ме мами некаде да си организирам патување кратко,ама че почека тоа...No money for now.... Поздрав мајки,имајте пријатен ден!
Да ве поздравам на кратко. Хаос деновиве на работа и само кратки постови пишувам поради тоа. Дете во градинка денес прв пат до 16ч ќе ви кажам после како сме прошле. Вчера до 14 и 30 не сакал да спие... А го зедов ко да спиел 3 часа. Расположен весел..и само бутка нешто во уста кога е дома хахаха. Само нека е здрав да си оди и среќна ќе сум. Утрово се буди и се гушка се бута во мене, знае дека ќе оди, додуше немаше плачки, само малку закенка ама и тоа брзо пројде. Се враќам на работа. Имајте прекрасен ден мајки, надвор е права пролет Едит- @Annath голем да расте
Здраво и од мене Бебе нана па јас да ве поздравам да пишам нешто ,откога ни проби и второто запче доле почнавме колку толку подобро да спиеме навечер се надевам дека ќе продолжи така дури и подобро Да ви кажам искрено како поминува времето и се наближува време за бебе да појде во градинка ,а јас да се вратам на работа во паники сум цела многу ми е страв што ќе биде и како ќе биде периодов се некако со тоа сум преокупирана . Бебе мое од кога му проби и второто запче најинтересно му е да не гризе сега па го учам му викам не така ,додуша незнам колку ме разбира меѓутоа се трудам несакам да се научи да гризе .Вчера вечерта ми помина во чистење се сум средила па затоа денес денот и онака е убав ќе го искористиме да шетнеме. Убав ден на сите
Здраво мајки. Ме немаше ама ве читав редовно. Викендов удривме на шетање . Со мм и бебе дома не се прибравме,ама убаво ни дое. Инаку нема ништо ново , синко сака да оди па сега сме во таа фаза за рачиња држење и одење , а не е вреден , ама многу се радувам. Да ве прашам кога вашите почнаа да викаат мама , ние еве 9 месеца сме , а уште нема кажано , а јас одвај чекам. Денеска на контрола сум кај матичниов гинеколог , циклусот скроз ми се поремети ,а мм и бебе ќе шеткаат. Толку за денеска мајки, гушки до сите.
Ok, aerolinot e salbutamol. A da prasas dali da stavas plus flixotide? Vo Germanija pod drugobime e mozebi. Za da se iscisti slajmot e, samo so salbutamol ne e dovolno stom 2 nedeli se polni so slajmovi.
Да ве поздравувам и јас Вчера бевме на гости кај моите,на дадичка и дадов слободен ден од градинка се изнаиграа таму со внучето.. Денес дома стандард од сабајле,како и сите други сабајлина ништо различно @elcezelce и јас сум иста како тебе значи точно за еден месец почнувам со работа и јас незнам како ќе биде и што ќе биде бебче повеќе сака да цице одколку да јаде цврста храна...а ни запчиња имаме што значи уште мака ќе имаме,ама ајде со Господ напред само знам дека ме чека тежок период и мене и на бебче
И јас се пријавувам во ненаспани. Ноќеска на ѕверов мој жешко му беше дека спие како плескавица во лепче(меѓу нас),жеден беше бараше вода,па едно време сум заспала го слушам вика мама мама.Јас легни го тој стани.И како и секогаш го оставив на мм јас заминав да пуфнам една цигара и заспале и двајвата до 6:30. Се надевам дека е период и ќе си спиеме двајвата пак до кај 8. Денеска за ручек колбаси со пире за нас,а за синко само пире со јајце.(само така го јаде варено јајцето). Од денеска почнав да правам слатко/солено за велигден.Ќе правам 5 врсти на слатки и 3 врсти на солени.Направив едни слатки со млеко во прав не ми чини камерата инаку ќе ги сликнев. Сите ми викаат рано е имаш време ама никогаш не се знае кога си со дете. Пијам салеп и чекам вода да дојде да измијам еден куп вагани, (работат на улица и ни ја затворија цело сабајле сме нез вода) . Имајте убав ден мајки
И јас сум вечито ненаспана. Посебно мразам кога се будам рано на сабајле па бебе се враќа у кревет а јас чмаам без сон.. Цел ден превртен отпосле.. Хаоси откако дојдовме. Трпение спасение си велам ќе биде се само здравје. Сакам малку мир и оптегавање у кревет, друго ништо не ми фали. Се шетаме со бебе се радуваме на мачињата и одиме по терасата, голем е веќе колку толку па почнува фазата на нешто од нешто разбирање, во кое спаѓа "чаото" нормално и мирен како бубаче стои пред врата и чека . Си го носам често надвор и си уживаме на сонцето што со години го немавме видено.. Толку многу би сакала да пишувам, а толку многу си мислам и зборувам во себе на себе.. ми помина фазата на целодневиот жагор па ми фали и малку отповеќе мир со нас 3 јца . Здравје.. Уживајте женички поздрав