Кратко да ве поздравам. Сите сме во фаза на оздравување. Од понеделник го планирам синко и за градинка, здравје. Денес шетавме скоро 4 саати. Дете не седна, на лизгалки, лулашки, трчаше. Кога си дојдовме се комираше и следните три саати ги преспа без да се помрдне. Попладнево го однесов на контрола, др вика добар е, доста е со сируп. Фала богу, што киндер јајца изеде за тој сируп. Ама што да правам, ако му ветам секогаш си стојам до зборот. @Mari* ако е од девер мислам јатрва се вика. Золва е сестра на мт. Како и да е, со арно, со убаво. Кога сме кај кашлање на син ми многу му помагаа инхалации со физиолошки и проспан раствор за инхалации. Прашајте си доктор.
Добро вечер мајки. Седам и чекам да заврши машина, за да префрлам на сушење, а ми се спие ми се плаче. Ама домаќинка сум нели на ефтина струја пуштам и сега ќе си чекам. Претходната ноќ синко ме почести. Стана само два пати. Ама затоа ноќеска ми наплати за се. Мислам на пола саат стануваше за цице. Добро што денов беше убав и шетавме, инаку незнам како ќе го издржев. Туку преокупирана сум со исхранава негова и веќе незнам што правам. Викендов сакам да воведам телешко, време е да се спремаме за втор оброк. Друго ништо ново освен тоа што му се радувам на убавово време па почесто да шетаме бебуши со другаркиве што ми се со бебиња. Туку како се ближи време за работа почнувам да осеќам немир. Синко треба да остане со мајка ми и татко ми, ама они ми најавија дека нема да можат да го чуваат до две години кога планирав да го пуштам во градинка. Ги разбирам, не се во цутот на младоста, ама ете ми падна малку криво. Ова повеќе зошто брат ми и снаа ми не прашуваат туку само известуваат да оди да се земе внук ми или да се однесе некаде. Значи јас се жртвувам за да не ги оптеретувам, а они без осет. И ај да е стварно по потреба, ама некогаш е за кејфовите нивни. Ми оди да си пукнам. Туку некоја мајка да не има искуство за продолжување на трудничко или како и да се вика боледување за нега за дете. Незнам дали ми следи нешто после операцијава на синко. Уште се мислам дали да продолжам уште малку дома, а појма немам како одат овие работи. Додуша и одмор имам бајаги останат(зошто се породив порано па не го искористив). Имајте убава вечер и се надевам ќе не служи времето наредниве денови.
Има опција не ме фаќај за збор колку плус месеци можеш да останеш дома ама како шо знам тоа ти се неплатени месеци. Пиши најубаво во онаа групата шо е за породилно сигурно има некој повеќе шо знае
Добро утро..... За мене може и добар ден не знам што ми стана будна сум уште од 04 часот. Мали стана за цицање и јас неможев да презаспијам и еве дремам на фемина цело утро кафе не ми се станува да си сварам изледа денес мрзата ќе ме фаќа....
Добро утро Последен ден од неделава Велат сабота сончево, недела врнежливо. Значи еден ден шетање, друг ден гушкање и готвење нешто вкусно јес да секој ден се готви, ама преку недела ретко се нафаќам да направам палачинки, пирошки, кифли... така да недела е за тоа.. Дете во градинка. Конечно е АДАПТИРАН. Што пие кафана Вчера прв пат спиеше час и пол таму, само ужинката не му се допаднала па не јадел. Кога стигнавме дома веднаш за фрижидер се закачи За денес немам ништо спремено за ручек. Недомаќинка Маж му реков да си спржи колбаси и јајца, има марула нека си напрај салата, а за дете ќе смислам нешто , ако изеде ужинка ќе имам време да му направам некоја крем супа.. Ве поздравувам мајки, имајте убав ден
Добро утро! Од сабајле стандард шема. Деца однесени, јас појадувам. Па ќе си пуштам филм. Одамна не сум се опуштила со филмче. Треба и на гинеколог да појдам. Надвор почна да врне, а планирав да пружам алишта. Ручек не правам. Маж ми сам ќе си прави. Само за децата ќе направам нешто. Викендов ќе бидам на гости кај систер. Поздрав женски
@Mari* тоа е јатрва @Ano исто и јас се изнервирав со моите за слична ситуација. Бев договорена да одам на лекар и мајка ми да дојде на 1ч. Ама друг план брат ми и снаа ми и мајка ми ѕвони не можела. Дека се сами си бркаме со мм и некако сите те земаат здраво за готово. Кукај, жали се и терај си како ти е одговара најарно. Од многу обзири стапот ние го јадеме (пардон мај френч ). Сум настинала и едвај дете гледам. Страв ми е и неа да не ја префати. Само ја дојам, мм тера се друго. Ќе се издржи 2-3 дена.
Добро утро. Големата во градинка, малава се успа, јас кафето во кревет и уживам во тишина. Три дена сме сами без тато, ручек не правам, денес ќе подзачистам и да бидам слободна да се занимавам само со деца викендов. Ако е убаво времето утре може и да се шернеме некаде ако не по дома ќе лумпуваме. Денес големава отиде во градинка со марама на косата врзана да и се влече по земја, да била како Рапанзал и да му ја пуштела косата на Михаил да се качел кај неа да си играат . Љубовџика на мајка убава. Ајде сега мамички кажете ми каде можам да купам костим сирена, надолу со опаш како риба. Ме пукна големава на крај ќе треба да и шијам. Убав ден на сите
Добро утро,а може и Добар ден Од 6 часот сме станати си сварив кафе ама никако да го испијам дада замина на градинка денес ќе нема шетање време се спрема за дожд,со бебче уште мака мачиме за јадење 5 лажици и толку уста затвара се тегла мака мачиме а уште еден месец тргнувам на работа а никако да изеде цел оброк И друго се мислам дали да се зачленам во TianDe гледам има доста корисни производи па ако некој има некое искуство може да ми каже како и што.. И така мамички убав ден на сите
Добро утро мајки Се разочарав времево вика ќе врне Вчера првпат ја активирав летната количка и ми дојде чудно зошто сум навикната на тешко . Цело време пазев кога се качував и симнував на тротоари мислев ќе ми излезе малово Бебе умно, разгледуваше а обично спие кога се возиме. Изгледа убаво му дојде промената Сврзани повторно 7 саати Сега се превртува на спална, па пак ќе задреме ,обично саат и пол два, а и јас ќе си прилегнам со него ...... Ова го почнав рано накај 5ипол. Бебе спиеше до 9 а јас неможев Јадеше сега јас пијам кафе, он се дружи со цртаните. Закажавме крштевка, мислам оти многу ја одложивме. И сега имам нов повод за шетање и шопинг Си нарачав од али разни тракатанци и планирам сама да си ја декорирам масата, само балони да нарачам . Закажавме викенд за следната недела ама времето се расипа Ќе се дреме во хотел изгледа . Мислев да барам купаќи ама сепак не. Незнам како ќе преживеам кога ќе се видам во огледало 4кг вишок и најмногу ми се познава кај грбот градите и стомачето. Долу немам гајле , дури ми висат фармерките Се мислам дали и мајка ми да си ја земам да истераме со маже едно сахлам пливање во базен , ама изгледа не. Гледам мај јуни продолжени викенди па до Грција ако се оди , ќе ни се најде Свекрва ми во пензија отиде. Не се понуди да го чува малото, ќе го чува големото од 5год на ќерка и. Т,е ќе го зема носи во градинка, ете толку ќе го чува А мајка ми да го чуваше, одма ќе се надува. Ама гајле ми е. Пораат. Имаат некој изговор дека нема татко и дека треба сето внимание кон него да биде. А нема врска. И да беше татко му тука, пак моето во втор план ќе биде. Дури еднаш се осудија на маж ми да му речат дека треба како татко да му биде Зар може да се замени? Ве поздравувам сите
Добро утро мајкички Бебе заспа ,јас си направив еден чај и земав да ви пишам на раат .Кафето го испив веќе уште во 7,бебе веќе неколку дена станува во 7 ,а заспива многу касно никако неможам да го легнам порано ,ноќеска пак стануваше и плачеше ќе биде така дури пробијат и горните запчиња ама ќе издржиме.Вчера денот убаво ми помина ми беше најдобрата другарка на гости со синчето па децата заспаа ,а ние си се изнамуабетивме на раат ,после шетнавме малку надвор ,па вечерта на гости бевме синко ептен им се радува на другите дечиња пресреќен е само им се смее За денес немам некој план ,а и времево не ветува баш па по се изгледа дома ќе си седиме . Убав ден на сите
Добро утро мамички Креветче сум, па досада ме фаќа, а не ми се испушта бебо ќе спие помалку, па ќе биде кенкав и ќе треба да го занимавам, а глава ми бучи, времево ми влијае Секој ден е различно годишно време, аман, аман веќе Деновиве се сме надвор, не шпартаме улици, ама терасата наша е, клацкалката почна да квичи од што ја користиме (лажам, квичеше и пред тоа ама не го толку ) па по цели денови ѕиу-лиу се слуша. Денес нека врне, ама ветер нека нема, за пак да киснеме на тераса Викендов лошо време или бар недела лошо ќе е, а имав планови, сакав да одиме на планина и да се сликаме со бебе.. Инаку бебе ми е нарцис, ехеее нешто да има и на мајка Сака да се гледа во огледало, да го оставиш и 1ч ќе седи пред него, па се мести, врти главчето, гуга, се смее правев клипчиња, абе се газиме од смеење Во кујна рерната ми е како огледало, па ќе вадам после хранилката и ќе го наредам пред неа да се огледува, а јас да искористам минутите сакам да правам солени/благи мафини. Мора да бидам креативна нели @TutiFuti колкаво ти е малото?? Да знам од кога на моево ќе можам да му дадам прскалката и крпата, па нека чисти Гледав и детски правосмукалки, викаат збирале по нешто, па ќе купам и тоа Море и џогер и кофа видов во Џамбо Мајка нозе во вис, бебе ем наиграно, ем чисто (Оставете ме да сонувам ) Туку имам Ровус, онаква сама што чисти правосмукалка, па гледам на нет клипчиња ределе бебе одозгора да седи и таа се врти и чисти. Дадилка бр.1 ќе биде, ем исчистено, ем дете прошетано, само уште да почне да седи самостојно бебчево Вчера мм даде идеа да шетнеме, па мене ми светна идеа да оставиме бебе кај мајка, па асално да шетнеме тие 2ч Мајка пресреќна, уште на врата го грабра транспортерот и ни лупна врата, абе не ме остави ни да докажам дека му се спие на бебе И бебе го зедовме пресреќно, ама тоа дека се искакал и седел така нема везе нели ќе пеам денес, дома го приметив Туку вчера што ден беше?! Четврток така, @danichap ајде фали се за фризурата, вреди ли за парите Јас од како ја скратив раат видов, уште паѓа, ама далеку помалку Друго не знам што да кажам, гладничка сум, си замислив ајвар и јогурт да јадам, па ќе ризикувам да се разбуди бебе и ќе спуштам некаде, глад е глад не се трпи Убав ден, убав викенд
Здравејте лепотици. Денес сум расположена, наспана, викенд доаѓа. Цуца синоќа вто пат сиеше долу со баба и и дедо и. Едно време ја слушам плачи мама мамааа мамаааа леле сакав да одам и да си ја земам, некако наспана см, но ми фали да се разбудам и да си видам како спие. Ајде јде, доста лигавенје Сарче, дете мора да се научи со баба и дедо, а и за претстојното отсуство мора да преспие долу. Утре ќе имам средба со другарки, кои одамна не сум ги видела, а искрено се радувам што ќе ги видам, плус едната е трудничка после 4-5г брак, радости еден тон, за детенцево ќе купам некоја играчка, иииииии конечно ќе го нарачаме мебелооооттт!!!! Дел од меболот, но ќе мрдниме од мртва точка. Викендов планирам да се фарбам, да потспремам што ќе носам на патувањето и опа цупа правец на шетање. Од сабајле кафето на биро, овошјето го изедов но не одолеав на едни медењаци па ги смачкав и нив.... А као демек нешто поздраво да јадам, не дека ова овошјето е без пестициди ама ај се тешам де, плус поубаво се чувствувам со овошје од сабајле. Ајде друштво оздравете сите кои сте болни и да нема болни дечиња. @Mari* честито јатрва!!!
Добро утро мајки. Двете моми во градинка, бебушка спие, а јас одмарам . Синоќа за нијанса помирна ноќ, со помалку плачки. Почнав да давам провен пробиотик и се надевам ќе ги ублажат грчевите. Со средната ќерка не спаси провенот, белким и сега ќе делува. @emkaemka бев на фризер и не се бендисувам. За тие пари ехе хе, цела година ќе ме шатираше мојава фризерка кај мајка. Овие ем ме обричија, ми ги зедоа паричките, ем не ме направија. Не е толку лошо ама нема никаква допирна точка со сликата која и ја покажав . Плус и шишки имам. Ај промена. Важно и веѓи исчупаа и обликуваа и сега на човек личам . Друго ново нема кај нас. Термини термини термини. Да можам да се клонирам за да престасам се или да бидам на две места истовремено. Мајка реди кори со праз. Некој и мене јадење да ми направи. И јас и мм како гладници се врткаме околу нејзе, и он ептен го сака зелникот наш. После има мм некој состанок, па ако е изводливо да земам една или двете моми и да побуткам со количката низ некој трговски центар во близина на местото на настанот. Убав ден на сите
@emkaemka малиот е 20м ама со помош почна пред годинка! Знае што е метла знае кај стој правосмукалката крпи кај има се знае. Тенџерија едно време му беа хит. Што го испофалив јас .
@danichap сликО молам! Стави тиквето на фаца и морам да те видам со шишки @TutiFuti аиии пред година викаш, ќе учам и јас со време
Одамна не сум пишала а ве читам секи ден Бебе почна во градинка па ред е блачко да почастам! Три дена по саат ипол до два со седиме заедно и не гледам потреба да сум таму, ама да запазиме протокол синко не ме ни приметува, играчки еден тон па јас сум не битна Проблем само со јадењето имаме... Кашите за доручек не ги бендисува (хељда, просо, во млеко варени, овесни снегулки со млеко и сл) а и не јаде сам Па од денес почнуваме со обука дома,значи хаос у најава. Не сме спиени ич асално. Бебе ќе стане за цицање па тешко му е да презаспие. Се вртка тртка место не го фаќа, положба не си погаѓа и поминале 2 часа во обид за заспивање. Еве сме дома, бебе спие, јас прво кафе да ставам па да му спремам ручек, после ручекот одиме да прошетаме. Сами сме цел ден денес, надвор врне, некој трговски ќе си најдеме. Единствената пријателка со детенце отиде на 2-3 мес на поседок кај мајка во Мк, па друштво јок,сами ќе шетаме по бутици. Може ќе ми се посреќи да си најдам нешто па ќе се подновам за б дејот на синко Ќе пишев за едно девојченце во група кај синко. Два мес оди во градинка и два месеци од пон до петок плаче по 8 часа. Ама без престан! Никој не смее да ја пипне, само учителката во раце цел ден да ја носи, ако ја остави почнува да заоѓа без воздух останува. Родителите рекле ќе се навикне, а тоа душа солзи крокодилски, очињата жар црвени, се тресе целото, па од плачење заспива и во сон липта. Јас би барала др чаре, дадилка дома да ја чува ако веќе нема баба дедо на располагање. Налет и пари и работа кога детето ми е потресено. Убав ден мами
Здраво мамици! И нас не пишете денес во ранобудните, благодарение на дадата која во 7 сабајле и текна да прави драми низ дома . Ете така, се разбуди и си плачеше полна гнев, лута на сите, причина - нема! Ја прашувам - Лошо ли сонува мамичко ? Ми одговара - ааааа (врескање на цел глас) Јас пак - да те гушне мама малку?!?! Ми возвраќа - бегаааај (со плачење) Уште еден обид од мене - Ај не ми се лигави многу голема си ти, дадичка си! Ми возвраќа - маааааааа (плаче уште посилно) Излгегов од соба и јас оставив да си поплаче. Игнорирам, лигавеш невиден бреее! Ова за добро утро и беше. По 15 минути ете ја на врата - Мамо, ај облечиме треба во градинка да одам! Абе друго дете, не она бесно и разлигавено туку смирено и умно девојче кое сама отиде да мочка и да мие заби, па сама се облече, си ја бакна сестричката (која патем ја разбуди од плачење и викање) и отиде во градинка. Немавме време да разговараме за случката и причината поради која плачеше, ама подоцна тоа ќе правиме! Друго, бебе спие, мама кафе пие, ММ на работа! Рано ќе го почнам ручекот оти сакам кај мамица да одам и да си поседам малку!