Здраво мајки. Пијам второ кафе,но ич не ми оди без цигара. Синко кувар ќе биде прави супа тура кеса,меша,пробува и прави мммм,киснеј колку е вкусна. И мојов чисти ама еднаш наместо прскалка со вода да ја земи,го зел шишето со јогур и масичката ја светна. . Чекам да му дојде времето за спиење и да се фатам за работа. Тоа се мајки,нема ништо ново. Убав ден на сите
Здраво мајки! @emkaemka не си сама. Креветче сум и јас во моментот. Преку ноќ се менуваме со маж ми, малку он е креветче , па јас. На смени. Кога ќе порасне ќе каже кое креветче е поубаво. Дете обожава да ни спие на гради. Не признава ни кревет , ништо. Евентуално знае да дремне во транспортер или количка. Ама тоа кога сме со арните. Или меѓу мама и тато. Да не слуша дека дишеме до него. Абе коте мало. Човече од 20 дена , уште е во мешко. Ни го смени биоритамот за 360 степени. Маж ми пред некоја ноќ го остава во креветче и вели цврсто спие. Нема да сети. Него му вели спиј тати тука малку мајка ти да ја гушнам. Е не поминаа 10мин, ете го малиша ококорен. Нема веќе гушкање на мајка му. Пак имаме проблем со столицата. Не знам дали јас му правам проблем со моето нејадење или Хип-от. Ама него го давам од сам почеток и немавме проблеми. Бројам и шкртам денови да поминат 40те денови, па асално да прошетаме. Мама пред тоа да се поднови нешто. Свечено да настапи.
@kukla21 баш така. Од многу обзир, други ќе искористуваат. Инаку дојде утрово и наместо да поседи со бебо да потсредам нешто, она за пегла се фати. И тоа замисли ми пегла чарша за кревет, нешто што ни во сон не ми паѓа на памет. Згора на се си потплакува, а не кажува зошто, иако добро знам. Ќе земам ќе ја скријам пеглата да не и текне во иднина вакво нешто. Убаво си правев додека не барав од никого ништо. Нит може да те разочара, нит да те изнервира. Ама ај демек внуче, па долго го чекаа, па и дозволував да помага и да доаѓа. Ама кога најмногу ќе ми треба ќе ме откачат. Ова за памет. Друг пат повторно не. Фала богу можам да земам жена, па нека се чуваат. Сабајлечки со негатива. Ама ќе си пукнев. Морав некаде да си кажам маката. Туку и времево лошо. Ама ќе спакувам дете и ќе го носам на шопинг во капитол. Не можам веќе дома. Супер што доаѓа викенд. Мм ќе си е дома и заедно ќе си се организираме. Имајте убав викенд мајки
Да ве поздравам и јас мајки Искрено скиснато ми е веќе од седење дома и обврски само околу дете и куќа Ми треба некоја промена, монотонијата ме гуши Па и градов што е еден, ништо нема да правиш... Бар еден мол да имаше, да се издува човек Жими едно езеро, ама само на топло време значи тоа Малиот во свој елемент, еден ден мирен, бубаче, другиот ништо не му се погодува Ги прими сите вакцини, раат сме до 6г. Ми фали друштво многу, да си направам муабет ама нема И тоа, доста мрчев
За ова знам. Три месеци според закон имам право на неплатено во договор со работодавец. Јас мислев ако некој ина искуство со платено боледување за бебе. Фала во секој случај.
Исто ко кај мене. А жена да земеш да го чува, криво ќе им е. Убаво знам што реакции ќе има. Искористи што имаш да искористиш - одмори, боледување, нек пркне па ќе бидеш посигурна на кого и да го оставиш.
Здраво мајки , Ние сме оздравевме и го чекаме викендов сонцето да потрчаме во парк Денес бевме на контрола се е ок свртевме едно кругче околу маало и си дојдовме дома. Еве малово спие,па јас кафе да се напијам и да ве читнам.Не бев активна неделава се некои обврски ми искачаа. Утре ако се е ок планираме со мм да искочиме вечерта со друштво малку да опуштиме Да пивнеме @Ano стариве оди разбери ги . Некогаш и моите знаат многу да претераат од такт да ме извадат . Убав ден
Ако не се лажам @iki26 еднаш спомна такво нешто за поголемата мома. Можеби она знае како одат процедурите.
@Ano немаш опција да искористиш поради операцијата. Во законот има ставка која дозволува продолжено платено породилно поради нега на болно дете (или дете кое бара дополнителна нега и грижа поради - не посакувам на никој никогаш - некој недостаток, аутизам, парализа и слични работи кои се малформации од рагање (но не настинка и вирус) или да се проодлжи поради постоперативна нега но ако операцијата е непосредно пред истекот на 9те месеци. И јас размислував за тие 3 месеци неплатен ама налет што е неплатен туку ти прекинува стаж, немаш осигурување никакво и кога се враќаш на работа како наново да те вработиле излегува. Оатанува барем з амене како опција да дотрошам стар одмор, да земам боледување за настинка за мене или бебе уште недела две и ако треба и од новиот одмор.... и така може до месец плус дома ќе стигнам - друг начин не најдов а на правдико го има законот читни го ако сакаш детално
И јас истооо Ајде да се најдеме ние да си муабетиме деца да си играат Нема човек со кого 2 збора да си каже не пак кафе или сок да испие Монотонија страшна Луѓе не останаа денес или ќе те зборат зад грб или ќе ти се смеат или сеирот ќе ти го гледаат...
Добро утро, ај сефте во темава да направам, иако бебе веќе месец ипол направи Од обврски околу неа не стигнувам ни да пишам, ни ништо, ама да не објаснувам, знаете како е Бебка си е мирна, не можам да се пожалам, туку јас имам црви, не можам да седам мирна. Те машини, те садови, си наоѓам занимации, а свесна сум дека не можам се да работам, туку колку бебе дозволува. Мајка ми и свекрва ми ме караат само, се нудат да помогнат, ама искрено, само ми одмагаат кога ми се мотаат по дома Знам дека имаат добра намера, ама ми го изреметуваат редот, а убав ред си фатив, и бебе ми се навикна, па не сакам кога ми се прекршува, а кога им кажувам, не ме слушаат и пак по нивно. Затоа ги пратив дома Бебе си е супер, напредува одлично, си цицаме и сега дојдовме во фаза кога сме будни речиси цел ден. Ама мирни, за среќа. Но затоа навечер ја преспива цела ноќ, вистински среќници сме, да не ја урочам. Се нервирам дека ми се враќа желбата за цигара, особено со кафе. Пред бременоста пушев, откако дознав дека сум бремена престанав и немам запалено оттогаш. Немав ни желба во бременоста, ама сега... Изгледа се стабилизираа хормоните и ми се вратија на старо Ама не се давам, се додека цица не палам. Може пак ќе ми исчезне желбата дотогаш Денес нема шетање, времето мутаво, па дома ќе се занимаваме. Ве поздравувам, одиме ние да цицаме, бебе отвори уста
Фала многу на инфо. Баш ќе ги испрочитам и законот па ќе видиме. Ако не имам уште 17 дена одмор, па ќе се молам со матичната или гинекологот да ми пишат уште 15 дена. И ако не најдам друго чаре ќе го оставам со моите до одморот, а во меѓувреме да си најдам жена, зошто и тоа е тешко да се најде како што треба, плус сите околу мене што имаа жени имаат бебиња слична возраст како моево ѕверче, па нема од кого да превземам. Инаку пораат ако не е твој човек. Повеќе ќе слуша директиви, за разлика од бабите. Абе убаво си планирав јас со жена да е уште од почеток и воопшто да не молам, ама откако се издеси ова со операцијата многу пари ни повлече, а плус и ни отвара очи дека стално треба нешто на страна да има човек, па викам ај да подзаштедиме, а и баби/дедовци се, ама раатот е најбитен. Камо да не побарав да го чуваат си викам. Немаше вака да се разочарам, а пак излезе дека со жена ќе е.
Ne se budi ni za mleko? Sreknjice! Mojava pa mn malku e budna, sem vcera. I sin mi bese ko nea spanko
Emkaemka. Сакам да прашам каква е таа ровус правосмукслка ,што сама чисти. Зарем има такво нешто, како изгледа, навистина ли сама чисти, од каде ја куши и колку чини.Ако можеш малку повеќе да објасниш и да ставиш слика. Јас сама чистам немам помош од никој, сите си гледаат своја работа да си заврша прво, ако им остане време за бебе и тоа ретко а и се жалат дека неможат се ги боли. Може сум надвор од тема ама навистина ми е битно. Поздрав
Денес изнашетана изнатрошена пари и сега дома водам војна со мали неќе да јаде и крај!..... Мрзата ме пушти од сабајле што ме држеше! Ај па да не ме пушти кога се работи за пари трошење.... Туку вашите јадат ли луто???? Мојот овие денови само бара нешто луто . Нема некој проблем онака само што штрајкува за јадење оти бевме нели настинати т.е уште сме кашла како магаре.
Начекав време за лап топ па да си пишам раат. Малава синоќа заспа во 9 за да спие до 2 без прекин и после да ме масира цела ноќ со разбудување на 15 мин до пола саат Станавме спремав беба јас се заоблеков колку без ич и тргнавме вчаршија.Ја почестивме беба релаксатор и неколку комплетчина аливца за сега.Имаме цели купови со повојница од убави поубави ама сите се скоро за после 6 месеци.На мерак конечно си одбрав што си сакав.Се преубаво да ме остават се ќе земам. Уште се борам со депресија не сум смеела ништо да пијам..па голтам б6 и магнезиум.Апетит 0 сум се стопила скроз..дури и помалку кг него пред да останам бремена. Малава низ чаршија ми беше типка со фармерки и прцле...колку коса има машала,многу ќе се поти.На враќање за до кола вриштеше на цел глас па едвај брзо на брзо заминавме.Се чудам на мајките на кои децата им седат мирни во количка па во кафич..јас тоа само ќе го сонувам. Некни и ставија вакцина,малку ставила на килажа ама повеќе се издолжила а ние двајцата ниски..малава можи на вујкое ќе биде висока и згоднаСе јавив и кај матичниот педијатар загрижена дека многу малку кг ставила вика супер е..се издолжила затоа,да остане само на доење.Совет мајки?? Тоа е мајки се сакам да пишам а немам концентрација..повелете на кафе.
Нос тече како чешма. И си плачам. Не знам каде побрзо да се бришам. Нит можам да се гледам, нит детето. Го пратив мм сабајле надвор со инструкции како да ја успие, се врљти за 40тина минути, разбудена. Нервозна не сакаше ни да цица. Мајка ми дојде кобајаги да помогне, а само ме нервира. Толку разлкчни гледања на работите имаме, чудо едно. И на крај се испокарав со двајцата. Дете им рикаше, гладна секако, тие земаа да ја успиваат Значи ќе си пукнам што се разболев! Ем дете нервозно, ем ја бетер си се затворив во спална и си плачам. Нека минува само!
@kukla21 нека ти поминува брзо и со лесно. Да не се нервираш вака земи маска и гледај си дете ако можеш. Ако си омалаксана и не можеш да ја чуваш ќе мора да се смириш и да не се нервираш, не си ставај на срце, како ја гледаат малата така, па ти ќе си вратиш ред за ден два. А во случај да е настинка со која можеш да си извршуваш работи околу малата стави маска и само не и диши директно. Не би требало да префати од тебе особено што твојот организам моментално се бори со настинката и има создадено антитела кои преку млекото малата постојано ги прима, па кај неа одбраната е на повисок степен од кај тебе. П.с многу плачки не имало на форумов