Добро утро. Не сум пишала неколку дена. Да ја претекнам @LiliBoz и да дадам кафе сабајлево Јас сите ќе ги испијам Болна сум труп. Кашлам,тт,се удавив од шлајм. Ќешки јас да,сум болна да не се синко или мм. Покрај кашлањето неможев да спијам,па и тоа што ќе задремев некои соништа глупи Викендов го поминавме што работно,што во прошетка. Засега толку од мене,да пијам кафето додека господинов мал е загледан цртан,па да се фаќаме за работа. Среќен роденден на лепотанот на @M&M На сите болни побрзо оздравување. И најискрено се надевам дека времево ќе се опорави веќе еднаш.
Јас сум земала порано позади бебето е продавничката ако мисли @Ano на тие . И тоа солиден убав квалитет беа
Добро утро и денес кафето од мене Мене и еден казан кафе да испијам сабајлево не би ми помогнало. Бебе цела ноќ не спиеше носот пак му се затна неможеше убаво да дише температура цело време од 37.6 до 38 ноќта катастрофа. Сабајлево весел си игра се смее мрсули течат температурата исто си стои. Ми спие во раце моментално прв пат ова се случува во овие 8 месеци ама штом го спуштам на креветот почнува да се дере не да плач туку се дере Знам дека кажаа дека од заби не се качува температура ама исто така беше минатиот викенд во после тоа проби второто запче доле, дали сега горните ќе пробиваат незнам.После пак ќе го носам на лекар по 4 пат месецов ама ако нека го види докторот за да бидеме мирни. Вчера денот не ветуваше многу ама изненади па се изнашетавме во парк со бебе. Ви посакувам убав ден на сите и побрзо оздравување @eli25 јас имам неколку пати купено од зелено пазарче најк адидас пума има какви сакаш 1500ден се и сум презадоволна ги утепав од носење.
Добро утро. Викендов се прошетав. Деца се израдуваа. Малиот не го однесов во градинка. Многу му се спиеше. Големиот е втора смена во школо. Да се најаде и ќе го однесам. Па малку надвор со малото. За ручек спанаќ. Синоќа си размислував колку брзо поминуваат годиниве. Не ми се верува дека имам 30 години. Уште 4 месеци 31. Стареам. Ме теши тоа што изгледам помлада за годините што ги имам. Никој не ми дава повеќе од 25 години. Вие по колку години имате?
Гуд морнинг... Вчера пола денот дома со малото после кај мајка ми деца се изнаиграа изнатрчаа а големиот цел ден не спиеше и тоа цели 13 часа и повеќе море на нозе замислете беснеење трчање рипање... И така ги избањав и во 8ипол и 2та спиеа. Јас еден туш и си легнав ама се вртев превртував мижев не бре не можев да заспијам.Дури накај 3 саатот и после пак станував. Се ме мачи.... И сабајле пак рано се издигаа и двајцата. Спремам роденденот на големиот.Уште ни торта не сум порачала ама тоа денес ќе завршам и патики може ќе идеме да најдеме. Друго ништо ново. Ај како ми се спие.Каде е денот а каде е вечер 22ч И децава пак кашлаат ли кашлаат стварно мир да се нема зошто толку да се разболуваат ќе пукне човек еј аман веќе!! И поп ќе доаѓа сега вода да светел. Немам сила ич... @M&M среќен нека е роденденот голем дечко веќе станал.. А за годините јас во јануари наполнив 25 а се чуствувам како 20 да имам а и сите секаде ми викаат девојче а ретко жена или женичка. Тоа е мајки убав ден....
Здраво мајкички Ме нема оф се нема време натаму наваму по работа ноќе не спијам лудуваме со малава, роденден ни се ближи во подготовки сме на шести април ни е, исто малата почна да ги прави првите чекори се пушта сама по малку и се сме во брзање, порано ве читкав ептен сега кога имам време. Поздрав до сите
Добар ден од мене! Одамна ми е сеедно дали е понеделник или недела, мене исто ми се фаќа. Дома затворена со бебе, куќен притвор. Ако дозволи времето може една кратка прошетка, ама кога ќе се сетам колку тешко ми е излегувањето со бебе од дома одма се разочарувам. Не ми се оди кај никој, одма се ремети ред на бебе. Сакам топло и сончево време, ете така по тренерки да излеземе без да се плашам дека ќе настине малото, да го ставам во количка и да одиме во парк. Ама до тогаш уште месец или два, па останува само да сонувам како би било тогаш. Пијам прво кафе затоа што сега станав. Бебе продолжи да спие! Ме зафркнува станувањето во 8 кога ја спремам дадата за градинка, откако ќе ја испратам пак легнувам да спијам и ете ти 11 часот! Ама сакам да си ја гушнам од сабајле, а и она сака да се бацкаме на врата и да си мавнеме рака, па се договара со мене прва да ја земам од градинка... си имаме некои ритуали од сабајле. Синоќа во 19 беба заспиена ја оставив на ММ а јас и дадичката прошетавме малку. Меѓувремено бебето се разбудило и многу плачело оти сакаше да цицка. Такси не можев да најдам па пеш до дома. ММ нервозен па дури и исплашен од што без престан плачело малото. Многу неодговорно се испонашав, како можев млеко да не оставам! Нема да ми се повтори, а инаку вина уште чувствувам. Ајде поздрав сега, бидете среќни и насмејани цел ден!
Добро утро... Наспани недоспани... Кенкави, мрсулави дома си останавме. Што дека ќе отидевме на саат време во градинка, само ќе го измалтретирав повеќе а и времето баш ни е погодено. Надвор зима си имаме, снегче и ладно е премногу. Едно ветре што дува алпско, не се излегува од дома. Бебе заспивам, па доручек за нас да направам. За ручек месо со компири, на кој му се јаде добро на кој не, пак добро. Мм попладне тек ќе оди на работа, па ќе се подружиме денес. Убав ден мами!
@M&M да не заборавам прво со задоцнување да честитам роденден на баткото. Во самиот пазар на тезгите. Има и на зелено како што кажа @elcezelce ама на битпазар има повеќе избор, а и може да се исценка човек, ако знае нормално. Мене многу ми се имаат погодено.
Добар ден со второ кафе. Бебе заспа,големиот замина на школо,малку напорно ни дојде и саботата учеа,ми се чини дека сум второ одделение јас,обврски со домашна,да му покажам што не му е јасно,па ако им дадат некоја изработка,додуша во тоа уживам,редовно ми ги зема учителката (ова ваљда дека сакам и јас по струката да работам).Само што ние во второ не учевме дропки и сончев систем ама тоа е. Ручек денес брзински,супа,ќофте од мелено месо и зеленчук и компири пржени.За бебе ставив башка,варено,нашето го приготвив само да спржам. Времево ужас,аман. Ве читам за годиниве,јас имам 32,и напротив не ме плаши стареењето,туку баш се осеќам младо,особено кога гледам дека некои на моја возраст се мажат и раѓаат,а мојот ене го осум ќе полни.Плус бебе. Веројатно од ова што ја се осеќам младо блиску 20 25 ,мм епостар од мене 4 години и се понаша ко дедо право да ви кажам.Станува мн рано и кога не е на работа.Сум приметила дека повеќе му оди муабет со постари 50 годишни.Веројатно од тука се караниците.ЈАс си сакам да си поспијам,(кога немам обврски),да излезам, да знам што е во мода,да слушам музика па се дешавало и да го терам да поиграме дома,добивам блед поглед. Искрено,кога би семажела пак само со некој минимум две години постар.
@eli25 јас од Шутка шоп имам купено, пред 3 години и уште се читави Добар ден Дождов ептен ми мава по психа, на сонце ако не друго во двор ќе излеземе За ручек денес спанаќ со ориз, со надеж дека ќе јаде малиот Години имам 24,5, изгледам помладо, кога сум сама дури и со девојче ми се обраќаат И јас како @supergirlmb сакам и шетање и музика, а маж ми ко пензионер(6г.е постар) И ми се смее кога ќе заиграм Имајте убав ден
Да ве поздравам мајки Се помалку време имам за форумов Синко уште болен, градите му се полни шлајмови Многу ми е мака што неможам никако да му помогнам Упорно инхалирам ама еве скоро две недели и без некое значително подобрување Му дадов обврска на мм да го бара педијатарот за да ни даде нешто друго,ако не утре одам кај мојот матичен Момата е скоро оздравена и во среда ја паркирам во градинка Колку ме уморува само, цел ден по неа трчам Се вози со колата а и ја користи како столче за недостапните места Вчера со мм седиме и слушаме ѕвони ѕвончето,стана тој да отвори и има што да види,нашата луда мала Ќерка ни излегла а ние не сме ни сетиле Не дека не внимаваме ама седеше на подот и си играше,кога ли има излезено.... Ќе ме полуди ова дете Синко расте,денес 4 месеци правиме како брзо поминува времето Секој ден се поактивен е,душа мајкина Си ја скратив и косата до половина ми беше а сега скроз кратка и баш ми е убава да ви кажам ....макар така ми рече @Lorins Многу ми паѓаше а и децата како ми ја мрсеа требаше по 15 мин да се чешлам Вака многу полесно било Се распишав јас да одам нешто корисно да правам мајки довиџења Едит: @M&M среќен роденден на баткото,па вие големи сте биле
Маж ми е постар од мене 7 месеци. И он се понаша како пензионер. Му викам - Тешко мене кога ќе бидеме во години. Ќе бидеш како дедо. А он и постар изгледа. Има бели влакна во косата.
Понеделнички,дождливо,! Чекам кафе второ дами донесат, божем главоболкава да ми размине. Незнам што ми се случи сабајле,ама одвај се разделив од синко,само го гушкав.А он па гајле нема,штом ја виде мајка ми,одма потрча накај неа.Ако,само он нека ми е весл,јас ке се справам некако со моите емоции. Планираме наредна недела до Солун една поршетка,ама со вакво време потешко тоа.
@M&M среќен роденден на дечкото голем да расти. @SummerGirl мислам најмала сум овде Побрзо оздравување на сите дечиња Здраво мајки, синко спија па да пишам нешто и да ставам ручек за него. Викендов супер го поминавме. Саботата прошетавме низ град ама заврна дожд па ај по молови, вчера овде во селцево прошетавме пошто јас не го знам убаво а мм го знае и пешачевме. Мене ме мрзеше и сакав да се вратиме а мм ме излажа дека наредната улица ќе свртиме и имаме уште 1 километар и сме дома, леле 7 километри пешачевме Ми се идеше да го задавам и сега нозе ме болат. Ама количката јас ја туркав на долу а него му ја дадов за на горе на угорница Синко сношти во 9 си заспа. Се разбуди во 7 за млеко и си продолжи до 10 ама јас не презаспав. Малку ми е подобар не кашла толку многу само носето му течи, уште денес сируп и го прекинуваме. Туку овде снег врни, аман веќе таман се израдував толку од снег, сабајле гледам пак снег сакам сонцееее сакам да шетаме. Денес не правам ручек за нас има од вчера доста е, не мора секој ден да се готви, битно за бебуш ќе има. Ај одам да му спремам ручек на бебе, имајте убав ден
@orhideea пиши колку години имаш. Да знам на која листа да те ставам. Јас сакам да си останам во 20тите. Најубав период.
Мене ми се стемни веќе. Бебе стана уште од 5:30. Ја надоив, ја остаив на татко и до 7:20 дремнав слушајќи се што се случува. Заминуваат на работа и таа автоматски станува кенкава. Плаче вришти се дере, зајдува се гуши. Цркнав. Малце се смири пола ручек некако го направив, уште компир да испечам. Она пак зајдуваше. И дадов пола доза ефералган зошто не се пофнесува. Ништо неќе, цицка, во раце, количка, релаксатор, играчки...ништо. Само 1 саат е спиена од сабајле, па еве ја сега дреме нанцицка не оти цица. Задутре 6м па ми текна дека е скокот. Заби, какање(потешко и иде откако почнавме храна) и уште ова фали. Во петокот мм углави до 20:00 на работа, саботаа пак углави, па после кај неговите, таму спиевме, вчера излеговме. Убаво го искористивме денот, ама јас сум претепана. Капак на се и добив. Втор месец, без болка ама претерано обилно. Денес сакам дубак да барам. Ама ќе видиме. Ако не паднам до после. Не знам стварно што и стана. Ноќе супер си спиеше сега на пола саат прокенкува. Дење војна за спиење. Или во количка нон стоп со нишкање, а предходно ќе си цица и ќе се успие нит нишање нит шетање...се надевам само дека е фаза и дека е пролазна. Па и заби нека се, нек пробијат веќе. Иначе бевме на ортопед. Може да седиме и стоиме(џампер,дубак) и секако што помалце во раце(јупииии) па ми дојде срце на место и им реков ортопедот рече да ја оставаме сама да седи лежи да се врти, во раце не. И гледам ме слушаат. и така се изнажалив јас. Времево додатно ме уби. Гладн сум ко волк 62кг сум станала а паднав на 58. Ај ќе де движам па може ќе заслабнам. И доста више зборам.
Колку убаво врне дожд! Мх мх погодено со мојава мрза денес. Ништо не ми се фаќа а богами нит се труфам д афатам. За бебе оброци спремено и околу него врткање и толку. Убаво е и кога шетаме со количка и сонце мами надвор ама за брејк е убаво и вакви денови А се штедат и пари вака инаку секое излегување се купува нешто де за мене де за бебе :/ Моментално на тераса уживам во дождов. Јадам второ пакетче елвита бисквити, чаша кока кола о цигара. Ми фали кафе ама ме мрзи да правам, бебе спие, а јас се мислам како довчерашната диета ја заменив со глупостиве што ги бутам денес ...се тешам од утре пак се ставам во колосек, убаво ми тргна наналив некој грам. Стомаков да се вовлече до мај! А и колковите! Друго нема ништо ...шетање, обврски околу бебе кое бара мнооогу внимание...само планови правење и тоа па тоа. До следно пишување ! Едит: 25 имам ама за некој месец 26