Добар ден. Денеска времево врнежливо и тмурно,од дома не сме излезени. Но затоа викендов дома не се прибравме.Во петокот после ручек заминаве кај мајка,а во саботата кај другар од мм.И вчера цел ден бевме излезени се вративме кај 4.Мм спремаше ручек,а јас за тоа време средував низ дома.И вечерта имавме другар на мм кој не е женет. Да се пожалам од синко. Една недела асолно немам спиено само се разбудува на еден сат.Кемка,ме бара,ич немирно спие само го влечкам или за рака или за нога,но ноќеска постигна рекорд на секои 20 мин менуваше позиција на спиење и ако не го фатев преку мене ќе паднеше на глава. Еве го сега водата ја тура јас го карам,тој ми се смее.Како да го удриш кога е многу сладок кога се смее.Мајмунче мое.... Денеска заедно вадевме алишта од машина, јас ги диплев тој ми кажува од кого се. Мм е постар од мене 6,5год.и пред некој месец вели -Леле остаревМЕ. Чек малку не кажувај во множина ,јас сум млада имам 25 год.И мене ми се обраќаат со девојче. Конечно завршив со благото денеска правев чоколадна обланда уште да ја исечам и да ја замрзнам. @M&M Среќен роденден на лепотанот. Побрзо оздравување на сите болни дечиња.
Јас и мм сме 10год и 3дена разлика За некој чудно за некој нормално. Мене ми е супер а шо ќе речат другите баш ме брига.
Ние сме точно 8 години разлика јас сум 23 год. И секаде ме викаат девојче дали дека не носам бурма оти ми е мала или пак така им личам . Кога веќе пишав може да се пофалам дека малку синко има подобрување во јадењето но нне и во плачките сеуште е лудото мое детенце кое плаче за се нешто.... Довиџења .
Ве читам и читам и се пронаоѓам многу и јас во пишаното. Умор, замор и се на едно место ама љубов огромна. Јас и ден денес си велам подобро ќе беше порано да си го родев .. Јас постигнувам со добра организација да бидам и јас колку толку одморена а и бебе да ми е намирено и океј, без организација пробав и се покајав оти распрашана банда... Мојот има ред и час скоро за се. Денес сме испоспале од дождот. Не го сакам ми пречи, сакам сонце и сонце нешто што не сум видела со години. Може на некого му е чудно ама на мене премногу ми влијае.. Се надевав дека барем овде ќе го имаме ама еве месец ипол ништо од сонце..скоро.. Јас сим пресреќна што бебево мое ми почна да разбира колку толку па да покажува, да бара итн.. Колку чекав за ова .. Мајки се ќе помине, стиснете заби само љубовта е таа што останува и она што не сме сами пу пу не дај боже. Се друго ќе пројде. Похрабро.. се ќе биде.. Ве гушкам.
Добра вечер мајки..Додека деца се заиграни да шкртнам и јас некој збор..Времево ни се расипа ама ако обавезно излегуваме во двор ли во маало ли саат два утепуваме Мм уште не е дојден..Се јави имале состанок па газдата порачил нешто за јадење мезење пивце и така рече ке се вратам покасно а го чекав кафе да пиеме..Ке чекам деца да заспаат па ке пијам..Се ближи роденденот на керка па уште се мислам дали тортатс да ни е велигденска иѓли некој лик..А баш најдов убава велигденска торта но ке видиме и цените им се изгор ама тоа е..Кога размислувам само најмалку 400евра одат а 3ти роденден се чудам и несакам толку многу ама тоа е..Во врска со годините јас за некој ден полнам 22 може и најмалда сум ама нерви 0... Тоа е мајки побрзо оздравување на дечињата @M&M со задоцнување срекен роденден на синко твој голем да расте
Добро вечер. Денес кај нас убаво сончево време со ниски температури. Се чуствувам како презентерка за временска прогноза да сум Оваа вечер ептен беше бурна како повеќето на 15 мин плакање на малата јас ја лулав па презаспиваше само штом ќе легнам се будеше. Едвај издржав, а алармпт за градинка не ми беше навиен во 7 па се успавме до 7:30 станавме јадеше малата и ја однесов во 15 за 9. Јас по маркети тргнав ама ништо немаше што барав и ништо не купив освен ајвар и фарба за коса. Не наспана прекапав. Па се вратив во 15 за 12 во градинка по малата. После ја заспав и легнав со неа за 30 мин пак се расплака ја оставивив да плака и сама се смири за 5 мин и си заспа.Спиевме до 15 30. Ручавме и во 17 отидовме на шетна со малата многу убаво во паркот прошетавме.Малку ладно ама убаво беше. Сега ќе правиме зајчиња од хартија за Велигден. Со мм сме разлика 3 години. Јас сум 33 и не се чуствувам стара , само на моменти си велам дека сум требала малата на помлади години да ја родам.За нервите зборамАли така било таму горе запишано Поздрав мајки и добра ноќ
Добро вечер. Ве читам и гледам се девојчиња сте биле. И јас сум 33 (за некој ден 34), мм е 5 години постар од мене. Мислам дека тој е помлад во духот од мене. Барем во физичката спремност е подобар и многу поактивен. И јас како @Ava.84 кога почнавме со маките за дете си викав, како не правев дете на млади години. Не се исти нервите на 25 и на 33 години. Ама така требало да биде. Ќе издржиме и вака. Барем јас не се предавам, а веќе размислувам и за второ. Друго што да кажам. Досаден ден. Утрово дури и не беше страшно. Се спремав да го извадам синко надвор на воздух, арно ама дождот не зезна и си останавме дома. Го извадив на балкон 5 минути, дете се прерадува. Туку прееска си игравме на земја и малку ми се потчукна на комодата. Срцето ми застана кога се расплака. Мислам животот ми се скрати за десет години. Среќа брзо се смири и си продолживме со игра. Се надевам не му е ништо. Вака не покажа знаци дека му е нешто. Немаше ни џумка ни ништо. Ама еве уште срцето ми е стегнато и ми се приплакува. Тоа е мајки од нас. Имајте убав остаток од вечерта.
Jas togas poarno da kutam za godinite,na @blessed.an mozam komotno majka da i bidam, ednas spomna deka svekrva i e moja genercija Fala vi devojki na cestitkite,dobro pomina i zurkata deckoto zadovolen toa najbitno. Demek ke spieme zverka go tera batko i da i cital knigi. Moreee kako naucil da cita mu se cudam duri, super moze da me odmeni malku Jas i mm sme generacija jas sum 5m postara
хелоуууу Втор пат денес да пишам Синко само што заспа,мм гледа нешто на тел.Јас си пуштив филм,пивце,грицки....и кревам све 4 у вис Само да ве поздравам. За годините јас и мм се 4,5 год разлика. Јас имам 28 тој 32 Битно јас се чуствувам како да имам 18 а тој 88 Јас функционирам со мн малку сон,нему му се потребни 8 сати. Т.е. не му се потребни тој така зацртал,кога сме излезени или покасно легне ауууу утредента,глава ме боли,ова ми е,тоа ми е. Позз другарици ви посакувам пријатна и убава вечер.
Не сум била најмала Блесед е помала. Јас 22 имам маже 26 точно 4 години сме разлика. Другиот месец правам 23 а маже 27 Ние и двајцата се чуствуваме постари така мислам. Сакавме и порано да имаме бебе ама не можевме, се преселивме овде и додека се снајдовме суредивме па дури бидна бебето и така. Инаку на 20 г се омажив не се каам убаво ми е. Имам нерви за бебуш не се жалам т.е ретко де. И размислувам за второ ама му немам кажано на мм Оти готово одма ќе сака си мислам си правам планови ама како ќе биде незнам. Мм сака многу деца јас велам две доста се. Не е само направи ги и роди ги треба и нешто на тие деца да му се обезбеди а ние овде во странцијава изгледа цел живот под кирии ќе си живееме, за наше нешто уште ни на сон не можам да замислам, тоа ми се гледа недостижна цел Но добро е не се жалам што вели маже било и полошо Среќна сум што сум овде и што заминавме од МК и сме далеку од сите. Инаку бебе одвај заспа во 10 часот нешто ми е вознемирен носето му е затнато аман нека поминува по брзо настинкава. Го слушам плачи и мм неможи да го смири отидов мајки добра ви ноќ
Како времето така и јас.. пред нервен слом сум ,ми иде некаде да избегам.. едното ми е 2 г а др 20 дена, сите заедно спиеме.. ме распнаа.. тој ме влече сакал со мене да спие малово се сака на цице.големиот е како запоставен, немам време за нњго.. незнам дали сум лоша и себична мајка. Ама сакам да додадаѓ ад за да можам барем малку време да бидам со големиот и вечерта барем малиов да поспие... знам дека изгледе грдо од страна ама незнам како да најдам др решение
Добро утро од нас ранобудни и полунаспани. Заспа сношти малото во 8, ете го за пола сат разбуден. ајде го презаспав, стави го во креветче, се ококорил, па можда 10 пати така, се мрднав. цел сат безуспешно го заспивав, на крај мм ми вика остај го џабе се мачиш, ќе заспие сам и пушти филм па сите заедно гледавме. Така, дури во 11 заспа и пак јадеше. Добро си викам таман ќе врзи сон до сабајле. И то неуспешно, се разбуди во 3:30 и сега во 7:30. Успат уште сто пати го покривав. маже прва смена, да беше тука барем уште 1 сат да дремнев ама ништо. Инаку ние сме точно година и пол разлика, јас во мај 29. Да, требаше порано да си родам ама ни се шеташе, па и еден спонтан, ама то е, здраво и живо да ми е, имам време за уште едно. Ама некако многу нервозна сум, мм е многу посмирен од мене и пострплив со бебе, јас сакам ко ќе го заспивам на пример одма да заспие, не да го нишам со саати. Се жалам без потреба со олку мирно бебе, ам да се погодеше некое нон стоп што плачи.... Денес пак дома, ужасно време веќе неподносливо, аман аман кога ќе се стопли. Колку беше убо во неделата права пролет се изнашетавме, сега цела недела дожд и ладно То е шо да кажам друго, одам да си направам кафе и ќе си го пиеме со бебе (патем вчера наполни 5 месеци ) во кревет, си го зедов до мене, а то со едно играче му вика нешто и го лижи туку да го пресоблечам прво, нешто ми мириса, па после кафето да се фатам за работа, ко не излегуваме барем да исчистам, да не дремам така, ручек свеки ќе си прави. Еве кафе и за вас да не речите скржава
Добро утро мајки Со бебуш на мене и кафето на масичка, да здивнам. Така е кога човек уморен станува од спиење. Насабајле секое ковче ме боли. Што од умор што од стави/вади и крени/спушти на најмалово во нејзината колевка или од што спијам стуткана во ќошето од постелата кое ми го оставила најголемава. Саботата шетнавме, ок мина денот. Ама затоа неделата ми наплатија. Буквално од утро до вечер сите три вриштеа со сите пропратни салтанати. Си викав аман, нека дојде понеделник, две барем во градинка да пратам, оти или една на друга се качуваат на глава(во буквална смисла на зборот), или мене ми се качуваат. Ноќта недела спрема понеделник кога зеде да се грчи и повраќа најголемава.. уште една бессона ноќ во низата. Понеделникот, во градинката, му рекле на мм ако може малото да го зедеме кај 12.00, од стомачниот вирус на сестра и не само децата туку и воспитачите биле фатени. Па пак испадна продолжен викенд за нив дома а јас ќе се шекнев со сите обесени на мене . И денес ја оставивме дома да седи. ама не и ги пткажав двата термини денес, нека си оди на терапија. Од вчера, скоро 24 часа нема повратено. Белким нема ни таму . @M&M најсреќен нека е роденденот. @Lonely1604 сигурна сум дека си прекрасна мајка, нема потреба да се обвинуваш или наметнуваш грижа на совест. Што и да одлучиш сигурно ќе биде најправилно за вас. Периодов е тежок, како емоциинално така и ментално и физички. Ќе биде полесно а и ти ќе бидеш поуходана. За возраст сте збореле. Јас една од повозрасните сѕм тука а со мм сме 9 години разлика. Се олади кафево додека пишував. Убав ден на сите.
Добро утро женски! Се разбудив со главоболка. Од времево ми паѓа притисокот. Вчера цел ден ме болеше глава, дури и вратот ме болеше. Сега апче се напив, па ќе видиме. Ќе земам и кока кола и солен чипс. Тоа ми помага за кревање на притисокот. Маж ми често ме зафркава - Не се секирај. Јас ќе ти го кренам притисокот. Изгледа јас и маж ми сме најмала разлика. Веќе пишав дека е постар од мене 7 месеци. Јас 30, а он 31 година. Таман ми е разликава. Отсекогаш сум сакала да имам врсник за маж. Млада родив - поголемото го родив на 24, а помалото на 27 години. Не ми е криво. Да се врати времето назад пак би направила исто. Не е исто да родиш на 30 и на 40 години. Нервите не се исти. Моите не добија на постари години и знам колку им беше тешко да не изгледаат. Одам да го однесам синко во школо. @M&M Среќен роденден на малото! Поздрав
Добро утрооо Дете уходано во градинка, ама многу плаче вчера и денес наутро го слушам на 100 метри од градинка. Потоа си игра ама првите 15 мин се налет.. Почна иначе да спие уште минатата недела и седи до 16ч. Па дека уморен максимум во 20ч е заспан. Едвај го гледам преку недела... Затоа викендашки не се двоиме. Завчера вечерта му текна дека сака да ме клоца додека спие. Абе бубрези ми помести. Од 22 до 01 30 око не склопив. Ставив перница меѓу нас и се прекачи со нозе за пак да ме клоца На раб на толеранција помислив во креветче да го ставам ама душа не ми даде па си трпев и едно време сум заспала. Се будам накај 3 и го гледам со главата прекачен преку перницата за да лежи до мене, другиот дел виси на другата страна Не го сликнав за жал а баш ќе ви пуштев колку беше смешен. И синојка иста песна. 2 саати клоцање. Јас пак на раб на толеранција и пак кога ми пукна филм место да го преместам си го гушнав Не знам зашто така... Секогаш кога нешто ми е најтешко јас место да го решам јас го зимам и го гушкам.. Инаку утрово се сретнав со една мајка во градинка од септември што ја запознав.. Има 2 со 2 иначе. 2 дечиња пораснати и близначиња. Женава личи на топ модел како ја одржаваат во форма Се посмеавме малку па си појдовме.. Фина женичка ептен. Алал да и е како се снаоѓа, вели товарам кола од сабајле и едно во едно школо друго во друго школо и на крај маливе во градинка.. Инаку гледам за години сте збореле.. Јас сум 30че маж 37. Среќен роденден ММ со задоцнување убав ден на сите
Добро утро Моите деца спијат што чудо ќе беше незнам ама нека потрае да го испијам кафето Иначе сношти еден шок ме мавна,другиот месец ќе ми дојдат свеки со свекре Се трудевме со мм да не дојде свекорот дека луѓе поголема напаст во животот неам сретнато ама јбг не ми успеа Нема да се долго,една недела ама пак Иначе јас сум 26 и мм е 26 генерација сме оваа год правиме по 27 и заедно сме скоро 10 год љубов бе Се разбуди плодот на љубовта толку од уживањето Како Могли ми е Ајде довиџења
Добро утро Јас малку подобра ама затоа синко се разбуди со кашлање Аман веќе само во круг се вртимесо болестиве. Еве гледа цртан,јас кафе пијам и да ве поздравам. Да каснеме нешто,да се инхалираме и ке тргнеме у бољи живот Видов сонце грее па да го искористиме. Чекам денес треба да ми се јават од топ шоп имав тава и еден сад за сос нарачано па ми рекоа вторник ке стигнеле. Им се радувам како дете мало Полека,полека се спремаме за во новиот стан. Уште да се одлучиме кој ќе биде. Синко вика мама ако не е убав новиот ќе се вратиме овде во стариов со баба пак Ахам му викам Како и да е убав ден мамички.