Има има @Ava.84, 20 заби на годинка имаше големава. Како што е живец не ме ни чуди што толку рано и испаднаа. Ние божем ќе се успиваме. Не бре. Цела куќа во вис ја крена. Јас не знам од каде ја наоѓа енергијата ова дете. Ај што не преспива она на пладне, и сестра и намали на само една дремка од час. Мислам дека нема похиперактивни деца од моиве. Најново, во градинка ни рекоа да ку пакуваме повеќе јадење на средново. Им зимало на другите деца и се криела под маса додека не изеде. Мислам дека повеќе и од мене јаде. Не смеам ниту секунда без надзор да ги оставамнсо големата. Големава почна да ја турка, а помалово иако само 6 заби, па ја апе. Најмалото највеќе мора пазење пти не дај боже ако го дофатат. Чекајте ме за бусот накај Бардовци. Ништо посебно не кажав. Мислев ќе искористам додека средново е во градинка до 15.00 а најмалово спие, да дремнам со големава и јас. Ама не ми било пишано. Синоќа дали 2 дали 3 часа спиење се на се. Одкако сум породена не сум спиела повеќе од 2-3. Кога ќе размислам не дека и предходно бев многу наспана. Па и снегов и студов. Сикрет играчки играчки... Купувам од големите пластични кутии со капаци и делумно во подрум, што не се веќе за возраст. Делумно во шпајз, што не и се омилени. Делумно во детска, за да се на дофат оние кои секојдневно ги употребуваме. Сортирани ми се според вид(фина, груба моторика), боење и креативност, со батерии, штофени...За полесно да наоѓам тоа што сакам во моментот.
Од собирање секоја вечер играчки нема да се спасиме наскоро, ако сакаме децата да ни се среќни и наиграни мора да се помириме со расфрлените играчки. Јас играчки чувам во детсата соба, некои од нив ги собирам во кутии пластични кои ги имам купено специјално за да ги чувам играките во нив (а сум чувала и во памперс кутиите) или пак во оние кошеви за играчки, плишените играчки ми се наредени по полици и по кревети во детска соба, оние насјитните кои ме нервираат ги собирам во помали пластични кутиички и ги кревам на високо за да не ги гледа и поретко да ги растура ! Поголемите играчки како (кујна, огледалце исл) си имаат свое место во детсата соба (по ќошеви) и таму си се стално (ок де, некогаш ги размонтира па навечер и тоа правам, склопувам кујна на пример). Игрчки кои мислам дека нема да ги игра повеќе а се во здрава сотојба пакувам во кутии (пак памперс кутиите) и местам некаде на скришно каде нема да ги види оти пак ќе ги врати меѓу другите играчки. Пред некој период исфрлив една полна вреќа играчки т.е делови од играчки и мислам собата се издиша откако се ослободив од ѓубрето. Сфатив дека тоа треба почесто да го правам.
@LiliBoz @Saraa generacija sme bile Маж ми е 2 години постар. Само што се вративме од шетање го искористивме сонцето денес. Бебе спие јас се мислам што ручек да фатам да правам. Од околу комшии на големо трескаат а бебушкава ич нејќе галама. Се надевам нема да се разбуди за брзо време. Сонцето ми дава енергија па затоа денес супер расположена. Ве читам сите ама ретко се има време за пишување. Скоро никогаш. Секој ден имам еден тон обврски па се нема време и за јадење некогаш. Затоа пак сум не се жалам. Ме мачи помислата за бебево кога ќе го оставам за да тргнам на работа. Почнувам од 21 април. Уште еден месец . Срце ме боли кога ќе ја оставам на бабиве да ја чуваат. Како јас што ќе ја чувам никој нема нели? Се договоривме до 2 години да не оди во градинка. Ваљда правилно постапуваме. Се тешам со тоа што 6 саати работам на 10 мин од дома. И тоа е нешто за утеха. Си воспоставив ред на бебево се молам да не го изгуби тој ред. Му реков на мм пред да појдам на раб ќе им одржам едно предавање и на двете баби. Друго нема се тоа па тоа. Мм повеќе на раб отколку дома. Јас сама по цел ден ама тоа е. Ќе ми недостига ова за еден месец . Толку од мене користете уште сонце од денов шетајте и уживајте
Убав ден и од нас! И јас се разбудив со главоболка и ни кафетини ни кока коли ни милки не помагаат, боли цел ден. Мм проблем со окото, пецкање црвенило и болки, подолг период. Вчера се накани за лекар, ама термин за кај двајцата специјалисти во нашиов град,дури во јуни, едниов има приватна амбуланта, термин за порано, во мај. А ваму човеков вика не можам веќе, боли, око е, не е играчка. Ајт правац, бараме термин во соседен град. Битола нема, Скопје има ама крај на март, и каде, Кавадарци. Маж вика давај упат, само нека ме види очен лекар. Ај денес сите на преглед. И како што очекувавме, циста во окото која ќе мора оперативно да се отстрани. Мигренозните болки кои тензично траеја долг период си го направија своето, мислам. Дете пресреќно дека ќе сме ,,шетале,,На сите блиски кажа дека татко му на лекар ќе гоносиме Си искористи додуша и патики, едвај најдовме и пак не по наш вкус, ама голема нога, висока кај прстите, широка, па мораше таков модел, на неполни 4 год, 29 број патики. Нека ни е здрав и жив само. Вечерва ќе истераме гости, секој ден ние дочекуваме по некој,доста е. Со мм разлика сме 4,5год,јас сум помлада и поубава, дека пред 30тите, 28,5 имам, а сите околу ми велат дека изгледам многу помладолика, може гени се во прашање. Додека пак мм на своите скоро 33 год, за жал косата му паѓа по малку(наследен ген) не изгледа, туку некогаш се однесува како да има 73. Заедно сме скоро 11 год инаку. Ве поздравувам!
Здраво! Чекам ред на гинеколог, бев во близина па реков да ме ѕирне, имам деновиве некои чудни болки во долниот дел. Малку се бунеа оти сум дошла без да се најавам, требало да се јавам, ама навистина мислев ќе помине како шетав цело време се осетив напрегната па им се трупнав. Е сега гарант последна ќе бидам на ред, сопругот дома ќе здивее со детето или подобро да кажам детето ќе здивее без мене. Деновиве само термини веќе ми се смачи, плус од сабота сме со настинка или што и да е, среќа само еден ден имаше температура ама се гуши дете во шлајмови ниту може да спие навечер хаос сме сите тројца. Ја носев на лекар сируп и капки ништо посебно, се надевам ќе помине веќе. Друго немам паметно што да кажам, јас сум помала од сопругот три години тој уште три и здравје ќе слави јубилеј со 4 напред па рачунајте Ама како да сме иста возраст сакаме исти работи сеуште така да јас сум само помлада на папир а и тој е многу младолик и си одговараме. Значи колку ве има млади овде со деца алал да ви е јас на ваши години гледав само што ќе се дотерам и уште колку испити имам. Дете, маж ни на крај памет не ми идеше. А баба кога ја родив малата ми рече еее до сега во школо ќе ја пратевте ама не вие сто години се влечевте. Имала може баба право. Останав последна и сега ако ме изнервира докторката дефинитивно ја менувам, така викам секогаш и пак кај неа идам Убава вечер.
@Saraa честито брм брм, да ве служи долго. @danichap се надевам дека еден ден ќе слушнам барем дека сѐ изел! За репете не мора еве. Дечиња си има во градинка што си јадат, си бараат репете, трошка не им паѓа. Има и такви кои видат ли храна се чешаат за коса и трткаат на сите страни - читај моето дете. Денес едвај и дома јадеше, супа направив во 5 почнавме во 6 завршивме со јадење. Среќа па се изеде. Заспа во ниедно време и еве чекам да стане. Сабајле пак ќе биде кенкав во градинка, мал е премногу не издржува до 12 да не спие. Ги гледам повеќето плачат веќе во 11 ипол па од ручекот едвај 3 залчиња да каснат и одат сами легнуваат. Значи гладни на спиење. Не знам стварно зошто околу 9 - 10 барем пола час не ги легнуваат... Ручав пред малку, со градинкава и иди ми дојди ми се ни се поремети. Сега па и жал ме фаќа се мислам рано дека почна да оди. Се договоривме до средина на април ќе оди до 12, после ќе останува на спиење. Денес успеавме и на фризер да одиме, шишан 4 пати на фризер во 11 мес, плус јас 2 пати дома Одам да будам бебе, да поиграме, вечераме и во кревет. Се надевам ноќеска ќе спиеме убаво и нема во 5ч седнат кај мене на глава да ми прави ѕе со ќебенцето А чекајте за години, мм е постар година дена само, а јас уште сум со 2ка напред, годинава 8ца ќе залепам покрај Се си мислам 23 имам, а изгледам за 20... Едит: @Seline спомна гинеколог, па да ве прашам што мислите, има ли простор за паника, јас уште немам добиено менс, инаку дојам се уште.
Одамна не сум пишала во темата, ама редовно читам. Требаше денес да се видиме со пријателка, ама ја фатил грипот, па се растури планот. Морам да ја пазам малата, уште да се разболи ми фали Па за да не сме дома, а убаво беше времето излеговме низ парк, лулашки. За прв пат ми дозволи да седнеме и да испијам кафе на раат Обично седи 5 минути и почнува, ајде мамо стани одиме А сега се заигра, па јадеше топол сладолед и така Испазарувавме, па бидејќи бевме пешки со точаче среќа начекав една комшика па не префрли со колата, иначе којзнае како ќе се искачевме до горе Кога легна да спие, на неколку пати се накашла. После кога стана почна носето да и тече, а онака е добра сега за сега. И дадов витамин ц само превентивно, друго незнам што можам. Само се молам да не ја префати грипов, страшен е. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Сега ги собравме сите играчки, бидејќи претходно патот неможевме да го најдеме од нив , и се договоривме да не ги растураме. Обично тоа правило трае 15-20мин, па ќе видиме дали ќе достојат до утре така скоцкани Уште малку ќе се успиваме, бидејќи цел саат си лежиме во кревет и пееме, се смееме само не спиеме Тоа како игра и стана и секоја вечер така си прави. Наутро спиеше повеќе, еее кога пишував дека спие до 10... Убави времиња беа тоа, сеа почна во 8 И ајде мамо стани, заби миам И толку е Убава вечер мајки
Добро утро и убав ден. Прв ден од пролетта ама нешто разлигавено денес. Ја дотерав големата во нов фустан, кариран тегет/ бело, не го сакаше не бил убав ама ај се убедивме. Додека се среди татко и, јас со малово во спална, се на се 10 мин. Одам да и облечам јакна она фатила со шминките нејзини го обоила фустанот на еден ќош розов, на друг зелен, па син, портокалов, го направила виножито. Ми се стемни само ја избришав со влажна и така ја пуштив во градинка. #какванемајкасумјас Сега пијам кафе и чекам мали да стане. Еве ја почна да мрда а сакав кафево раат со вас да го испијам Се надевам на поубави, сончеви денови во скоро време, само шетање му е мајката. На диета сум, ако сум дома само на јадење мислам, ме гледа свеки дека не јадам и упорно ме нуди со триста чуда, еве ја сега ѓеврек ми купила не мисли она лошо ама јас се плашам од искушенија Ако збориме за свекрви и години мојава има полни 82 , а мм е 80 година роден. Мн би сакала да е помлада да може со децава да ми припомогне ама тоа е.
Добро утро мајки Испив какаото еве и за вас Вчера имав толку напорен ден рано станати цел ден боботење трчење и по двајцата.рано рано стана големиов и сакаше да копа надвор со новото багерче.Ги облеков двајцата и у двор.Ама големиов е толкав инат што не се разбира ништо.сакаше багерчето прво во песокот после над куќата во земјата и на крај се налути и ги укарав дома.саат ипол ме зезаше дете од 3 год.Де тука сакам не така вака не тука тамо и притисокот ми се качи.Немам нерви веќе.И ајде дома што незнаеш да си играш му викам. Косев тревата во дворот па заспа малото спремав ручек стана малото заспа големиот.После бевме до кај баба ми,па го носев големиот на шишање и тоа сам одеше и без плачки му даде и покана за роденден на кумашинот тој е фризер и после тоа си дојдовме па ми заспа малото мн касно и дур го избањав големиот батко стана малото па дојде чичо ми и после до 11ипол малово се вртеше се валаше по земјата и се мачеше да заспие. И сабајле пак рано си стана. Кога ќе се наспијам јас.....како се зголемува денот се некако е потешко е и рано станување и по цел ден надвор и трчај по двајцата уффф само се жалам. Денес ми е воден ден.според диетата.На вакво трчање со овие мое деца едвај издржувам и онаков ден немам сила ако ме јадам.Ама денес ќе пробам дали ќе успеам цел ден на вода и течност да бидам Ајде убав ден малово тегне а ова го пишувам тек од 7
Добро утро! Наспана, одморена. Да го однесам синко во школо, па да си посветам време на себе. Се мислам што да правам за ручек. Вчера бев на гости со децава. Збесна големиот. Не можам на раат да поседам од него. Поубаво ми е кога одам сама на гости. Денес никаде нема да се оди. Времево е ужас. Се нервирам кога сум дома затворена. А и на децава им е досадно. Ќе се напијам едно кафе. Осеќам дека ќе почне да ме боли глава. Имам проблеми со притисокот. Додека бев бремена со помалиот ми се поремети скоро се. И витамини почнав да губам. Косата почесто ми паѓа. Како реагираа вашите мажи кога им кажавте за полот на бебето? За поголемиот му се јавив на мм (тогаш дечко) на телефон. Беше на работа. Кога му кажав дека е машко, не ми веруваше. Морав неколку пати да му повторам. Беше пресреќен. За помалиот беше со мене на преглед. И поголемиот беше со нас. И тогаш беше пресреќен. Се фалеше на сите дека само он правел машки деца од прва. Која сакала можела да се обрати кај него.
Добро утро @muchacha_a дава какао,јас кафе и чај кој е за бујрум. Ние стандард станати рано рано со петлите Ова мое блесаво дете само брбори,меле ко празна воденица Мм вика на мене бил во тоа Ајде се тешам имал нешто и на мене,бидејќи е копија од татко му. Вчера ми стигнаа тавите од делимано Уште кашлам ама веќе поминува сега синко го префати,го инхалирам,чај,витамин ц.Да видиме дали ќе му помине. Ако не антибиотик не му бега Засега толку,имајте убав ден. Да редактирам за полот на детето јас не сакав да знам што е мм сакаше. Бевме ск на скринингот во 5 месец,ни докторката кажа што е ни пак јас прашав,све супер на излегување мм и вика а докторке се гледа што е?? Таа се гледа се гледа како не,машко е. Кога излеговме седнав на клупа и плачам и плачам зошто прашааа,јас сакав женско. Па ме тешеше дека второто ќе ми го направел женско.
Мм сака женски деца, јас машки. За второво бев толку сигурна дека е машко што на сите им кажував и име одбрав и се... а уште немавме потврда од лекар какво е. Кога ми кажаа женско му се јавив на мм ама сум звучекла разочарано он си помислил дека нешто не е во ред со бебето. Кога му кажав што е ме пцуеше 5 мин по телефон . Мн е среќен што има 2 ќерки оти они во фамилија се машки се
И мене така ми викаше ама второто пак машко. Му викам сакам 3то женско ама да го најдеш рецептот оти мењам мајстор го зафракавам ама не сака тој 3то вика нека ни бидат живи и здрави и овие 2
Добро утро, да се пријавам тука па да продолжам со работни обврски. Синоќа легнав нервозна, цуца ме зезаше, не сакаше да заспие до 11, тоа за мене е касно, па и плус дека имав замислено др работи да работам, сакаше да ја нишкам и да и пам но не сакаше да спие. Изгледа и она беше еуфорична за новото ауто Се разбуди само два пати и вечерва, преродена сум во тој поглед, првиот пат ја нишнав и си презаспа, а вториот сирото дете ваљда се разбуди дека мокро, пак и протонала пелената, пуфис користиме и бев мнзадоволна, ама некако едно време 4+ и беа мали се префрливме на 5, сега некако овие 5ките како големи да и се па после ќе одам да купам најмало паковање пуфис 4+, ако не ќе менувам др фирма на пелени. До сега само памперс и пуфис имаме користено, некако ми е страв да менувам бренд да не ми се исфрла. Од памперсот се исфрла и затоа ги сменив. Легенда е, ја прашувам мама во која кола сакаш да се возиш душиче мало покажува со прстето на новата ни кола, и тоа знае што е поубаво. Почнува да се заигрува повеќе, но и да се треска за се и сешто ако не и се дозволи, изгледа сме во фаза на тантруми...... Туку после второто станување во 04:30 јас не легнав, земав да си ги завршам обврските што што ми останаа, алишта еден тон за пеглање, па и дека ќе бидам отсутна а и кога ќе се вратиме плус алишта, си реков дај да ја заиграм пеглата, оти пак мене ме чека, па згора на тоа пуштив и една машина. Испеглано, испрано, е сега тоа што испеглав не стигнав да кренам, ама битно испеглано е, дојде време да се спремам за на работа и така фино лео им откажав љубов на алиштата. Овошјето ми помина на дневен ред, сега густирам кафе, и тоа нес, немав турско.... ем без шеќер. Мојот за полот не се замараше, бев со ризична бременост па му(ни) беше важно само да е здраво и живо, иако цела бременост тврдеа дека е машко и спремни за СИН сероди девојче, најубава на мајка таа Поздрав и имајте убав ден, иако е дождлив кајнас ќе се потрудам да ми е убав. П.С. Когаќе одам по пелени во аптека ќеси купам и нешто за смирување, вака не бива, тоа е само дете, до мене е!
Мучача имав колешка која имала два сина и сакале женско трето.Тражеле тражеле рецепт, дури ми го кажуваше рецептот, и нашле и 3тото близнаци машкиПа сега 4 машки има На мене во 13 недела ми кажаа машко јас ок како сеедно ми беше и ако многу женско сакав.Ама чуствував дека е машко.Цел живот со мм си го викавме мешето Тино(Валентин) .А мм викаше женско е.После таму на 16 недела ми кажаа женско јас не се радував туку ми беше криво оти е женскоА мм викаше гледаш ти кажав дека е женско јас женско правев А еднаш ми призна дека цел живот си замислувал дека има дете со прцка значи женско Добар ден. Кај нас е лудница и дење и ноќеНемам што да кажам ќе се жалам само. Сонце има па ако соберам сила ќе шетнеме. Ах @danichap на 1 година тешко и било на ќерка ти. Кутри наши деца.Може средното апе оти и излегуваат заби .Мојата за тројките лом не направи со мм модрици бевмеЌе ти чувам место во бусот до бардовци @Seline генерација сме според моја математика.А математиката ми беше омилена средно и на факс сите предмети со математика ми се 9ки Дај некој друг проблем за решавање да си активирам акл @LiliBoz како е синот? Убав ден!
Здраво! Ќе не пишав добро утро оно веќе пладне станало. Некако многу брзо ми минува времето, кога ќе се сетам порано некогаш ми било досадно, сега нема време за досадување. Кафе испиено ќе дојде ред за друго а чајот го прескокнав, ајде ќе надоместам после. Децата играат местат сложувалки, претходно боеа, големата го учи мерак и е , малото си тера по негово и така. Варам шпагети, исечкав зеленчук за сос , маж ги сака строго потпечени со сирење и јајце па неговиот дел час кога ќе дојде дома. Јас пак знам обратен случај од оној на @Ava.84 , две девојчиња се оди на трето испаднаа близначиња девојчиња па четири ќерки. Мене многу не ми е јасна фрката околу полот дали оти нас ни е било сеедно какво ќе е, важно да е здраво и живо. Во ред е мерак , желба за син или ќерка но како што има примери кога мажите се лутат пример што не е син ми е ноу комент , можеби некој ќе рече порано така но верувајте има и денес такви случаи. За првото искрено сакав повеќе девојче така и бидна, за второто велев какво ќе биде такво бидна машко а мм мислеше пак ќе биде девојче и нему полот толку не му беше битен. Пријатен ден!
Добар ден и од мене Денешниов датум ми е посебен, пред 3 години се веривме со маж ми, а и синко полни 21месец И јас повеќе сакав девојче, најмногу заради името, ама уште пред да ни кажат осеќав дека е машко и сонував како шетам машко бебе Ќе да има нешто @Ava.84 @danichap со автобусот за Бардовци ќе ве чекам само ако ми дојдете на гости, ако дај Боже се преселиме таму
ДОбар ден од мене! Станати од 10 ама тек сега најдов време за кафе, откако ја заспијав бебката. Убаво нанкаше синоќа, а се плашев да не биде исто како претходната ноќ. Ете една ноќ лошо помината мене ми ствара страв дека ќе сме без ред и со лоши навики, дека се ќе сме со грчеви... Ама за разлика од моите очекувања беба спиеше супер и јас со неа како бебе. Дадата не ја пуштив во градинка денес оти синоќа многу кашлаше. Денес со татко и ќе одат на преглед, па да видиме дали спуштила на плуча. Ама се лутеше утрово кога виде дека не е во градинка, плачеше, денес во парк ќе ги носеле (како не, по дождот). Ме нервира со некои изрази, од кај ги слша и ги учи не знам, ама во последно време баш ме остава без зборови кога ќе откачи некој бисер. Утрово ми вели - ти ќе ми кажеш мене, многу знаеш ти! Пред некој ден кренала рака на баба и , а ја гледам дека сака и да наредува во стилот - одма станувај, доаѓај ваму, давај да не викам! Бљак ми се таквите деца, а ете сега моето ми се лигави, како 1% труд да не сум вложила во воспитувањето. Ок, нешто и од нас има научено ама повеќето изрази и начинот како зборува баш не се во нашиот дом видени и слушнати. Не знам што да мислам, па се тешам дека со зборување и укажување на грешките ќе престане така да се однесува. Ручек планирам компир манџа со телешко, уште да се наканев да ја правам веќе додека нанка беба